Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Жителите на градот Газа изјавија дека армијата уништила домови и шаторски кампови во кои биле сместени раселени Палестинци за време на речиси двегодишната војна, додека здравствените власти изјавија дека најмалку 24 Палестинци, од кои некои деца, биле убиени низ Појасот Газа во текот на денот. Жителите на Газа потврдија дека израелските беспилотни летала пуштале аудио пораки со кои им се наредувало на луѓето да ја напуштат областа. ...
Во периодот јануари-август регистрирани се 961 сообраќајни несреќи, во кои животот го загубиле 138, тешко се повредени 149, а полесно двојно повеќе. Во истиот период минатата година, се регистрирани 1.086 несреќи, со 100 жртви и 131 тешко повредени. Меѓу главните причини за сериозни несреќи се возење над дозволената брзина, погрешното престигнување и употребата на мобилен телефон или алкохол и дрога при возење. Додава дека билансот со 138 ...
Јарец Јарците се симбол на дисциплина и трпение. Нивните соништа можеби не доаѓаат брзо, но доаѓаат сигурно. Тие не се откажуваат ни кога е најтешко и секогаш градат успех чекор по чекор. Лав Лавовите веруваат во своите способности и сила. Нивните соништа никогаш не се мали, а нивната гордост и храброст не им дозволуваат да се повлечат пред предизвиците. Тие сакаат многу и се борат за да го остварат тоа. Риби Рибите се водени од идеали и ...
По јулските проекции, филмската ревија во Кинотека во чест на јубилејот – 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) ќе продолжи во септември, по завршувањето на летните одмори. На 3 септември програмата ќе биде отворена со „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, а во деновите што следуваат публиката ќе има можност да ја проследи јубилејната филмска ревија од избрани македонски филмови кои оставиле длабока трага во нашата ...
Мечот траеше 3 часа и 27 минути. Триесет и осумгодишниот Србин сервираше 10 аса, направи осум двојни грешки и реализираше четири од девет брејк топки. Неговиот противник имаше 12 аса, пет двојни сервис грешки и реализираше две брејк топки од 13 шанси. Следниот противник на Ѓоковиќ се очекува да биде Шпанецот Карлос Алкараз кој вчеравечер го победи Јиржи Лехечка од Чешка со максимални 3:0. Вкупниот награден фонд на Грен слемот УС Опен изнесува ...
Бројот на загинати од разорниот земјотрес што го погоди Авганистан пред два дена се искачи на повеќе од 1.400 лица, соопштија талибанските власти. „Досега е потврдено дека најмалку 1.411 лица загинале, 3.124 се повредени, а повеќе од 5.400 куќи се целосно уништени“, изјави портпаролот на талибанската администрација, Забихулах Муџахид. Според Ројтерс, денес југоисточниот дел на Авганистан го погоди уште еден земјотрес со јачина од 5,5 ...
Нападот се случи на паркингот на стадион во главниот град на Балуџистан, Квета. Собирот беше организиран од Националната партија на Белуџистан (БНП), националистичка партија предводена од Сардар Ахтар Менгал, поранешен главен министер на покраината. Во Белуџистан во 2024 година регистриран е пораст на насилството за 90 проценти, при што загинале 782 луѓе. Од почетокот на годината загинале повеќе од 430 луѓе, од кои најголем број припадници на ...
„Тој е воен злосторник. Можеби е најтешкиот воен злосторник на нашата ера, што го гледаме во огромни размери. Мораме да бидеме јасни како се справуваме со воени злосторници – тука нема место за попустливост,“ изјави Мерц во интервју, а подоцна ја повтори својата порака и на социјалните мрежи. Ова претставува значајна ескалација во реториката на германскиот канцелар. Иако Мерц и претходно ја обвинуваше Русија за „сериозни воени злосторства“ и ...
„Србијо се слушнеме ли? Во петок, 5 септември, ве чекаме во Нови Сад. Доста е“, рекоа тие во објава на социјалните мрежи. Студентите на Земјоделскиот, Медицинскиот и Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад најавија дека протестот ќе започне во 19 часот како „реакција на полициската упадност“ на Филозофскиот и Факултет за спорт и физичко воспитување во Нови Сад. Минатиот вторник деканот на Филозофскиот факултет ги избрка ...
Одлуката на британската Влада во 2023 година да ја прогласи Албанија за безбедна земја има силно обесхрабрувачко влијание врз емиграцијата на Албанците во оваа земја. Според најновите податоци од британското Министерство за внатрешни работи, во текот на 2024 година 3.698 албански граѓани поднеле барање за азил, при што позитивен одговор добиле 100 лица. Во споредба со 2022 година, кога имало 17.340 барања, ова е драстично намалување. ...
Пред да излезе на улица и да им се заканува на полицајците осомничениот туниски државјанин нападнал четири лица, вклучувајќи го и менаџерот на хотелот и еден гостин. Додека им се заканувал на полицајците, тој рецитирал стихови од Куранот и извикувал „Алаху Акбар“, објавува Disclose.TV. Еден од полицајците прво употребил електрошок уред (ESP), но потоа пукал во човекот за да го неутрализира. Жртвите претрпеле сериозни повреди од долг нож и ...
Тој притоа предупреди дека „отсуството на емпатија“ кон Палестинците доведе до атмосфера на „неказнивост“ во опустошената енклава. -Понекогаш имам чувство дека сме кажале сè за Газа, дека ни снемало зборови за да опишеме низ колку страдања минуваат луѓето таму, рече Лазарини на форумот. Швајцарскиот хуманитарец е на чело на агенцијата која има 12 илјади вработени во палестинската енклава. Американскиот претседател Доналд Трамп го запре ...
Настанот ќе се одржи како неформална дружба во негова чест, место за сеќавање, споделување и препрочитување. „Препрочитувањето на поезијата на Игор за мене беше еден долготраен, мачен, но истовремено просветлувачки процес, едно искуство што го менува човекот. Читањето на овој корпус стихови – мрачни, љубовни, еротски, сурови, бунтовни, смирувачки – беше длабоко медитативно соочување со она што за Игор значеше поезија: ‘чувствено продирање низ ...
Мрежата го припиша нападот на Силите за брза поддршка (РСФ) кои веќе 16 месеци го имаат опколено градот во оваа земја разурната од граѓанската војна. Информациите не можеа да бидат независно потврдени, пренесе ДПА. Ел Фашер, главниот град на Северен Дарфур, е последниот град во регионот што сè уште е под владина контрола, иако од мај минатата година е под опсада на РСФ, паравоените сили кои се обвинети за злосторства, етничко чистење и воени ...
Револтот кулминираше по последниот голем пожар на депонијата, кога заради безбедност беа исклучени далекуводите што ја снабдуваат со струја Аеродром и Лисиче, оставајќи ги граѓаните пет часа без електрична енергија. Мирисот на запалено сѐ уште се чувствува, иако во интервенцијата учествуваа пет противпожарни возила. Жителите велат дека бараат итно решение и отворено истакнуваат дека не ги интересираат претстојните избори. Дополнително, ...
И денешниот земјотрес е регистриран на релативно мала длабочина – 10 километри. Според талибанските власти во силниот земјотрес загинаа 1.411 луѓе, 3.124 се повредени, а над 5.400 куќи се разурнати. Земјотресите се честа појава во Авганистан, посебно во планинскиот венец Хиндукуш, каде што се среќаваат индиската и евроазиската тектонска плоча. Источните провинции Кунар и Нангархар се најтешко погодени од земјотресот што се случи пред два ...
Од Министерството ги повикуваат граѓаните на особена претпазливост со цел спречување на појавата на пожари на отворен простор. Посочуваат дека и во периодот што следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор и дека граѓаните треба да бидат особено внимателни бидејќи, поради високите температури, ризикот од појава на пожари на отворен простор сè уште е голем. – Од суштинско значење е јавноста да ги разбере опасностите, ...
Дури и во моменти кога сè изгледа изгубено, тие остануваат убедени дека ќе го најдат вистинскиот пат. Нивната храброст и оптимизам често стануваат извор на инспирација за околината. Лав Лавовите се родени со самодоверба. Таа не е само површна – туку произлегува од длабока внатрешна сигурност дека секогаш ќе најдат начин да успеат. Дури и кога животот ги удира, тие се креваат брзо, затоа што знаат дека вистинската сила доаѓа однатре. Стрелец ...
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) со сериозна загриженост ги следат информациите поврзани со можни случаи на незаконско следење на новинари и медиумски работници во периодот 2019–2024 година, за што јавноста беше информирана неодамна преку брифинг за новинари од страна на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Дополнително, премиерот како и директорот на АНБ во ...
Изложбата ја организира Македонското еколошко друштво (МЕД), со цел да го приближи овој мистичен и загрозен вид до пошироката јавност и да ја подигне свеста за неговата заштита. „Со оваа изложба сакаме да ја истакнеме важноста од зачувувањето на балканскиот рис, кој претставува еден од симболите на дивата природа на нашиот регион, но и еден од најзагрозените цицачи во Европа“, велат организаторите. Посетителите ќе имаат можност да видат ...
Бразил испраќа силен сигнал за иднината на медицинскиот канабис. Неколку реномирани универзитети, меѓу кои и универзитетите Сао Паоло и Гоијас, соработуваат за да изградат најголема база на податоци за фитохемиските соединенија од канабис досега. Овие природни растителни соединенија не се одговорни само за бојата, вкусот и аромата, туку носат и огромен медицински потенцијал. Целта е да се евидентираат над 500 од моментално познатите ...
Од единаесетти септември ќе бидат достапни билетите за годинешното издание за еден од најзначајните фестивали за македонската културна сцена. На нивната страница веќе може да се најде целата програма со распоред по денови и часови, како и повеќе информации за фестивалот и изведувачите. Фестивалот има традиција од 44 години и континуирано придонесува за развојот на современата културна сцена во Македонија. Бројни значајни имиња од светот на ...
Еден од најголемите шумски пожари во Турција годинава ја зафати јужната провинција Денизли, а со него се борат 20 хеликоптери и повеќе од 2.000 луѓе, соопштија покраинските власти. Пожарот избувна на 29 август и неговото гаснење трае веќе четири дена без прекин, јавува Анадолија. Според информациите од локалните власти, шумскиот пожар во областа Булдан го гасат 20 хеликоптери, 619 возила и 2.205 луѓе. Интензитетот на пожарот се намалува, но ...
Украинската 425-та бригада го ослободи селото Новоекономичне во областа Доњецк и го подигна националното знаме, соопшти Генералштабот на украинската армија. Селото, кое пред војната броеше речиси 2800 жители, се наоѓа околу 14 километри северозападно од градот Покровск. Украинските единици воделе борби околу две недели, по што вчера знамето било подигнато во центарот на селото. Засилени руски напади кај Покровск Од средината на јули селото на ...
УНХЦР за 2026 година има буџет од 8,5 милијарди долари, што е за 1,7 милијарди долари помалку од буџетот за тековната година (10,2 милијарди долари). Поради намалениот буџет УНХЦР планира затворање на канцеларијата во Јужна Африка и да укине речиси 4.000 работни места. Затворањето на канцеларијата на УНХЦР во Преторија, административниот главен град на Јужна Африка, ќе стапи во сила на 1 октомври, а канцелариите во Источна и Западна Африка ќе ...
Активни се пожарите кај селото Марвинци во општина Валандово, кај селото Ајватовци во општина Илинден, кај селата Црнилиште и с. Долгаец во општина Долнени, кај селото Живиње во општина Куманово, кај селото Липково во истоимената општина и кај селото Никуштак, исто така во општина Липково. Под контрола се три пожари и тоа на планината Кожуф, на Јасен, како и пожарот кај Вардариште. Центарот за управување со кризи информира дека до 18 часот ...
На 4 септември (четврток) во 19 часот, галеријата ОСТЕН во Скопје ќе биде домаќин на меѓународната групна изложба на слики, цртежи и графики со наслов „ДЕВЕТ ГЛЕДНИ ТОЧКИ | Централна точка – Хенри Мур“. Оваа изложба претставува возбудлив уметнички дијалог помеѓу девет современи автори од целиот свет и култната фигура на британската скулптура – Хенри Мур, чии дела од колекцијата на ОСТЕН ќе бидат поставени како централна точка на изложбата. ...
„Одите кон воена влада. Вашиот план нè води таму. Разберете ги импликациите. Вашата одлука да го освоите градот Газа ќе доведе до освојување на бегалските кампови во централна Газа, а потоа тоа ќе биде воена влада, бидејќи нема да има друго тело кое може да ја преземе одговорноста за населението, предупреди Замир на состанокот на кабинетот за следните чекори во војната во Газа, одржан синоќа“, пренесе порталот Унет Њуз (Ynet News). Според ...
Во соопштението се посочува дека ваквите податоци претставуваат намалување во споредба со 2019 година кога загадување во нивната околина пријавиле 15,1 отсто од жителите на Унијата. Најголема стапка на пријавени проблеми поврзани со загадување на животната средина е регистрирана во Малта од 34,7 отсто, по што следуваат Грција со 20,5 и Германија со 16,8 проценти. Од друга страна, најниска стапка на пријавени еколошки проблеми се регистрирани ...
Според официјалните податоци, во Кунар животите ги загубиле околу 800 лица, а над 2.500 се повредени. Во соседната покраина Нангархар, бројките остануваат 12 загинати и 255 повредени, изјави портпаролот Забихула Муџахид на прес-конференција во Кабул. Еден жител на округот Нургал, една од најпогодените области во Кунар, опиша сцени на целосно уништување. „Целото село е срамнето со земја. Децата се под урнатините, старите се под урнатините, ...