Главниот нафтовод којшто испорачува нафтени деривати во Москва експлодирал во руската регија Рјазањ, дознава Ukrinform од извори во Украинската одбранбено-разузнавачка служба (DIU). Како што наведуваат, силна експлозија на нафтоводот Рјазањ–Москва, еден од главните правци за снабдување на руската престолнина со нафтени деривати, се случила вчера. „Гласна експлозија на дел од нафтоводот“ Според изворите од DIU, откако локалните Телеграм-канали ...

Според најновите податоци, јавното мислење во клучните европски земји силно се противи на идејата за испраќање војници во Украина, дури и ако се постигне мировен договор со Русија, при што најмногу во Франција – 67 проценти, а во Германија 56 проценти. Тоа го покажале анкетите на јавното мислење во Германија, Италија, Франција и други европски земји, каде што граѓаните сметаат дека таков потег би бил ризичен, пишува порталот Censor.net ...

Академскиот пленум го повика деканот на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Миливоје Алановиќ, веднаш да поднесе оставка, откако тој го заклучи факултетот и на студентите им повика полиција. Од Пленумот сметаат дека со тој потег деканот донекаде ќе придонесе за смирување на напнатата ситуација, која, како што велат, самиот ја создаде, повикувајќи ја полицијата да интервенира на факултетот. „Полицијата, од друга страна, уште еднаш докажа дека е ...

„На ден 26.08.2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Република Северна Македонија има вкупно четири пожари на отворен простор, нема активни, три се под контрола и еден пожар е изгаснат. Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума); Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар); Општина Долнени: с. Долгаец (мешана шума); Изнаснат во Општина Куманово: ул. Доне Божинов ...

Пакистан започна масовна евакуација откако соседна Индија пушти големи количини вода од своите брани, предизвикувајќи опасност од поплави во пограничните региони. Официјални лица потврдија дека десетици илјади луѓе се префрлени во побезбедни области, откако надојдените реки и акумулациони езера се прелеаја кон источниот дел на Пакистански Пенџаб. Индија го извести Исламабад за можните прекугранични поплави, што претставува прв директен ...

Во услови на воена состојба, украинската влада направи значаен пресврт: мажите на возраст од 18 до 22 години ќе можат слободно да ја напуштат земјата. Оваа одлука, објавена од премиерката Јулија Свириденко, се однесува на сите воени обврзници во таа возрасна група и претставува обид да се создаде простор за образование и личен развој надвор од границите на Украина. Според властите, мерката има двојна цел – од една страна, да им се овозможи ...

Како што пренесе ДПА, млазните авиони полетале од воениот аеродром Росток-Лаге за да го идентификуваат рускиот авион „Иљушин Ил-20М“. Тој летал без сигнал и без известување и останал во меѓународниот воздушен простор, изјави портпарол на германските воздухопловни сили. Ова беше 10-то алармно полетување над Балтичкото Море оваа година. Ситуацијата во областа станува сè позатегната по неодамнешните шпионски инциденти и осомничени акти на ...

Претходно, студенти од Правниот факултет успеале преку спореден влез да се вратат во објектот, кој утрово беше испразнет по наредба на деканот. На терен пристигнаа припадници на Интервентната единица со неколку полициски возила, а присутните граѓани реагираа со гласно негодување. Во текот на денот на студентите и дел од професорите им се приклучија и земјоделци и поддржувачи од различни здруженија. Академскиот пленум побара оставка од ...

„Треба да успееме во согласност со човечкото достоинство,“ вели Меркел во интервју за германски јавен сервис. За неа, хуманоста и достоинството се најважните критериуми во бегалската политика. Десет години се поминати од нејзините познати зборови „Ќе успееме“, кога Германија ги отвори границите за илјадници бегалци кои пристигнаа преку Балканската рута. Од тогаш, многу работи се случија, а Христијанско-демократската унија (ЦДУ) направи ...

На состанокот со канадскиот премиер Марк Карни во Берлин, тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин намерно го одложува состанокот со Володимир Зеленски кој би имал за цел да се стави крај на војната. – Путин смета дека е исправно овој состанок да се поврзе со предуслови кои, од перспектива на Украина, а исто така и од наша и од моја лична гледна точка, се целосно неприфатливи, рече Мерц. По состанокот со Путин на Алјаска, а потоа и во ...

Крајбрежната стража соработуваше со Министерството за одбрана и пресретна 19 бродови и чамци кои пренесувале дрога околу островите Галапагос во Еквадор, Венецуела, Мексико, Доминиканската Република, Јамајка и Аруба, соопшти службата. Некои бродови биле забележани и од авиони, по што биле пресретнати од истражните тимови. Крајбрежната стража соопшти дека во акцијата се уапсени 34 осомничени трговци со дрога. Запленетата дрога била истоварена ...

Според неколку медиумски извештаи, американскиот претседател Доналд Трамп поддржал мировен план што предвидува отстапување на териториите на Донецката и Луганската народна република на Русија, со обврска на Москва да ги прекине непријателствата на другите фронтови. „Украина ќе мора да го проголта „горчливиот апче“ за отстапување на Донбас. А потоа ќе видиме како ќе го сварат тоа“, изјави поранешниот министер за надворешни работи Вадим ...

Вкупно 10 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот на територија на државава. Нема активни во моментов, три се под контрола, останатите се изгаснати, информираат вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Гевгелија и Долнени. Во „Јасен“ опожарена е мешана шума. На планината Кожуф има приземен пожар. Мешана шума е опожарена и во подрачјето на ...

Според Би-Би-Си, околу 40 студенти ќе добијат финансиска помош преку државни програми и приватни стипендии. За да можат студентите да го продолжат своето образование, израелската Влада прво мора да го одобри нивното излегување од Појасот Газа, по што ќе се провери нивниот идентитет, соопшти британското Министерство за внатрешни работи. Односите меѓу Лондон и Ерусалим беа разнишани во последните неколку недели по најавата на премиерот на ...

Швајцарија останува на прво место во светот по просечно богатство по возрасен жител – 687.000 долари, додека Луксембург е лидер според медијалното богатство, со речиси 400.000 долари по жител. САД, и покрај тоа што се втори по просечно богатство со 621.000 долари, бележат драматичен пад на 15. место според распределбата на имотот (медијално богатство од 124.000 долари), што укажува на силна економска нееднаквост и концентрација на богатството ...

Околу 120 пожарникари работеле на ликвидирање на последните жаришта, а портпарол на противпожарната служба потврди дека „пожарот во големата хала е целосно изгаснат“. Според првичните информации, огнот избувнал поради запалено возило во магацинот, а дополнително биле предизвикани и експлозии од контејнери со гас под притисок. Полицијата сѐ уште не може да започне истрага поради присуство на токсични гасови на местото. Првично беше потврдено ...

Во рамки на второто издание на фестивалот за алтернативна, младинската и критичка култура „Ре-култура“ што го организира здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во соработка со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“, по вторпат се отвора донаторската акција за стари книги, плочи и цедеа. „Ги повикуваме сите пријатели, поддржувачи, издавачи, музичари, фанатични колекционери и сите кои сакаат да им олеснат на своите ...

По неодамнешните преговори меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, анонимни извори од двете страни открија клучни воени планови на Кремљ. Руската армија има јасна цел – да го освои целиот Донбас, а тој план ќе се спроведе со сила доколку Украина не се согласи доброволно да го предаде регионот за да се стави крај на конфликтот. Се чини дека другите делови од фронтот – од Сумската област до Запорижја – се помалку важни за Путин. Наводно е подготвен ...

Денес речиси еден од десет студенти во земјите на ЕУ доаѓа од странство. Вкупно, околу 1,8 милиони студенти од други земји се запишани на високообразовни студии низ блокот, вклучувајќи додипломски и последипломски програми. Меѓу земјите на ЕУ, Луксембург има највисок процент на странски студенти (52,3%), по него следуваат Малта со 29,6% и Кипар со 22,3%. Најниски проценти се забележуваат во Грција (3,0%), Хрватска (3,7%) и Шпанија (4,3%). ...

Активниот вулкан Етна, кој се наоѓа на италијанскиот остров Сицилија, повторно еруптираше, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија (INGV). Од кратерот на врвот на вулканот излегуваат силни емисии на пепел, а облакот кој се издигнува не може точно да се измери поради густината на материјалот и временските услови. Властите веднаш прогласија највисоко ниво на тревога за авионскиот сообраќај, со што се активирани протоколи за ...

Хрватска регистрира 15,5 милиони туристички пристигнувања и 79,2 милиони ноќевања досега оваа година, што претставува зголемување од 1% во споредба со истиот период во 2024 година, изјави министерот за туризам Тончи Главина за државната телевизија HRT. „Вклучувајќи го и 20 август оваа година, имавме рекорден промет на туристички пристигнувања и ноќевања, а истовремено и рекордни приходи и раст на туристичките активности“, изјави Главина по ...

Повеќе лица загинаа денеска во експлозија во магацин на една бродска компанија во Хамбург, јавуваат германските медиуми. Експлозиите во магацинот на бродската компанија предизвикаа голема интервенција на локалната противпожарна служба и полицијата. Огромен облак од чад се издигнува над местото на експлозијата, неколку населби и сообраќајници се блокирани, а според информациите од полицијата, бројот на жртви е помал од 10, пренесува Билд. Во ...

Поранешниот командант на украинските вооружени сили, а сега амбасадор во Велика Британија, Валериј Залужни, одбил телефонски повик од американскиот потпретседател Џеј Ди Вансс, објави „Гардијан“, повикувајќи се на дипломатски извори. Повикот следел само неколку дена по остриот судир меѓу претседателите на Украина и САД Володимир Зеленски и Доналд Трамп во Белата куќа на 28 февруари. Тимот на Венс наводно сакал да испита кој би можел да го ...

Според информациите, новинарите работеле за меѓународни медиуми, меѓу кои Associated Press, Reuters, Al Jazeera и Middle East Eye. Хамас-контролираната Цивилна одбрана изјави дека неколкумина загинале во првиот напад, а други – во вториот удар, кој се случил додека спасувачи и новинари помагале на местото на настанот. Израелската војска потврди дека извела напад во тој регион, изразувајќи „жалење за секоја штета нанесена на лица кои не биле ...

Се очекуваат урагански ветрови, обилни врнежи и бранови високи и до 12 метри, кои би можеле да го погодат ирскиот и британскиот брег. Јужните делови на Европа ќе бидат зафатени од повеќедневни бури и грмежи. Американскиот Океански центар за предвидување (NOAA) предупреди дека „Ерин“ и натаму произведува ветрови со сила на ураган. Таквите услови се очекува да потраат најмалку до крајот на неделата. Во континентална Европа времето ќе биде ...

По земјотресот со јачина од 4,8 степена во 21:58 часот вчера, до 7 часот утрово се регистрирани вкупно 221 потреси, од кои повеќето со јачина над 3, а посилните со 4,2 и 4,3 степени според Рихтер, соопшти Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Засега нема извештаи за штети или други последици од сеизмичката активност. Геологот проф. д-р Окан Тујсуз за НТВ изјави дека моменталната состојба не укажува на ризик од ...

Денес од 20:30 часот во кафе-книжарница „Буква“, ирскиот поет Џери Марфи ќе чита песни од книгата „Жалба до Музата / A Complaint to The Muse”, издание на ПНВ Публикации. Препевот од англиски на македонски е на Јулијана Величковска, која ќе биде и модератор на настанот. Џери Марфи е еден од најзначајните ирски поети, чија поезија се одликува со исклучителна свесност и сатира карактеристична за неговото творештво. Тој е добар пријател на ...

Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ и меѓународното поетско читање „Мостови“ вечерва на Мостот на поезијата во Струга заврши 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Наградата „Златен венец“ на словачкиот поет Иван Штрпка му ја врачи директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш. Уметничкиот директор на Фестивалот, Мите Стефоски на полскиот поет ...

Во најновиот развој на регионалните тензии, израелските воздушни сили извршија серија напади врз цели во главниот град на Јемен, Сана. Според локални извори, меѓу погодените објекти се наоѓаат претседателската палата, складишта за гориво и две електрани. Нападите се изведени како одговор на претходни ракетни и дронски напади врз Израел, за кои одговорност презедоа Хути-бунтовниците. Според претставници на здравствените власти во Сана, досега ...

Јавноста во Истанбул е потресена од смртта на двајца холандски тинејџери, на возраст од 15 и 17 години, кои беа пронајдени мртви во хотелска соба во центарот на градот. Тие биле на одмор заедно со нивниот татко, 57-годишен маж, кој е хоспитализиран во тешка состојба. Според првичните информации од турските медиуми, момчињата вечерале во ресторан во областа Таксим вечерта пред трагедијата, додека нивниот татко не учествувал во оброкот. ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
8.75
62%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
1.03
74%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
86%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
3.15
88%
1033
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.28
79%
1027
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
6.69
60%
1026
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1025
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.57
81%
1034
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.68
63%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
8.75
61%
1031
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Бакар

11.73

Калај

50.64

Паладиум

51794.85

Родиум

372948.66

Сребро

2711.59

Иридиум

231355.22

Платина

68963.35

Злато

166253.76

Цинк

3.24

Алуминиум

3.42

Рутениум

47358.05

Кобалт

66.14