Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Претставници на протестното движење предложија Сушила Карки, првата и досега единствена жена врховна судијка во земјата (2016–2017), да ја предводи преодната влада. Дел од собраните пред штабот на армијата, сепак, се спротивставија на овој предлог. Во Катманду во изминатите денови владееше хаос, а полицијата не успеа да ја контролира состојбата, поради што армијата беше мобилизирана – ретка појава за Непал. Според воените власти, уапсени се ...
„Дроновите што претставуваа директна закана беа уништени,“ напиша Туск, додавајќи дека ова е првпат руски беспилотни летала да бидат соборени на територија на НАТО. Во операцијата учествувале два полски F-16 и два холандски F-35, а германските системи „Патриот“ биле ставени во состојба на готовност. НАТО соопшти дека ова е „без преседан“ и јасна агресија што претставува ризик за безбедноста на цивилите. Туск побара активирање на член 4 од ...
На 12 септември, во скопскиот Паблик Рум, публиката ќе има можност повторно да ја доживее магијата на еден од најавтентичните македонски бендови, Фолтин. Настапот доаѓа во пресрет на големиот јубилеј, 30 години од нивниот прв концерт. „Тоа е добар стаж, но за пензија е сè уште рано, така што можноста за нови приказни е секогаш отворена,“ вели Пеце Трајковски – Брада. Фолтин се познати по својата жанровска слобода, сценска разиграност и ...
Откако вчера Турција и Грција го комплетираа првиот полуфинален пар, денеска на програмата на Евробаскет 2025 се двата последни четвртфинални дуели. Од 16.00 часот ќе се сретнат изненадувањата на ова ЕП, репрезентациите на Финска и Грузија кои во осминафиналето ги елиминираа репрезентациите на Србија, односно Франција. Од 20.00 часот на програмата е дуелот помеѓу фаворизираната Германија и репрезентацијата на Словенија. Победниците од овие ...
Пожарот што што вчера попладне избувна на депонијата Дрисла сè уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи. „Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина. Во гаснењето на пожарот интервенираат 7 пожарникари со 2 противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Според моменталната состојба, пожарот не се шири и не ...
Дужарик посочи дека транспортот од Газа може да чини повеќе од 1.000 долари, дека крајбрежниот пат е едвај прооден, а центрите за раселени лица во јужниот дел на Појасот веќе се пренатрупани, пренесува Times of Israel. „Повеќето луѓе веќе безброј пати биле раселени. Исцрпени се, без пари и гладни“, нагласи портпаролот. Според податоците на ОН, околу 9.400 лица успеале да го напуштат северниот дел на Појасот и да преминат кон југ, со што ...
Dow Jones порасна за 0,43 % и достигна 45.711 поени, S&P 500 се зголеми за 0,27 % на 6.512 поени, додека Nasdaq напредуваше 0,37 % на 21.879 поени. Оптимизмот на инвеститорите се заснова на ревидираните официјални податоци за вработувањето, кои открија дека во изминатата година биле вработени околу 900 илјади лица помалку од првично прикажаното. Ова укажува на поголема слабост на пазарот на труд од очекуваното и го засилува притисокот врз ...
„Сакам сите заложници и телата на загинатите веднаш да бидат ослободени, и овој војна да заврши – СЕГА! По нападот разговарав со премиерот Нетанјаху. Тој ми рече дека сака мир. Верувам дека овој несреќен инцидент може да биде можност за МИР“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social. Тој додаде дека разговарал и со емиратот и премиерот на Катар, на кои им се заблагодарил за „поддршката и пријателството“ кон Америка, уверувајќи ги дека ...
„Оружјето е распоредено, а службите активно работат на лоцирање на соборените објекти,“ информираше Оперативната команда на вооружените сили, повикувајќи ги граѓаните да останат во своите домови. Полска е членка на НАТО – трансатлантскиот одбранбен сојуз кој функционира според принципот дека напад врз една членка претставува напад врз сите. Според анализата на BBC, овој инцидент може да биде пресвртна точка во зголемените тензии на источната ...
44-годишната политичарка од Зелената партија ја презеде должноста од претходникот, поранешниот премиер на Камерун, Филемон Јанг, на почетокот на 80. седница на Генералното собрание во Њујорк. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, истакна дека се радува на соработката со новата претседателка во решавањето на глобалните предизвици. Бербок беше избрана на функцијата во јуни со убедливо мнозинство, и покрај противењето од Русија. Таа е ...
„Се надеваме дека пожарот ќе биде целосно изгаснат за кратко време“, изјави Томевски, додавајќи дека е побарана и помош од авион на Дирекцијата за заштита и спасување, но поради условите тој не можел да интервенира. Командантот посочи дека се работи за пожар од поголеми размери и дека постоела опасност огнот да се прошири кон околната борова шума и да загрози објекти во близина. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче ...
На снимките што брзо се шират на интернет се гледа како Лан полека се наведнува нанапред додека го слуша говорот на друг колега, а потоа паѓа преку пултот. Премиерот Улф Кристерсон, други политичари на сцената и дел од новинарите веднаш ѝ пружиле помош. Лан изгледала без сознание по падот. Според локалните извештаи, членови на владината заштита веднаш реагирале и ѝ помогнале, а министерката подоцна се вратилa на сцената и го објаснила ...
Неговите снимки, направени со професионален фотоапарат, ги собра во серија фотографии кои го прикажуваат небесниот спектакл во неверојатни детали. Скопското астрономско друштво ја сподели оваа серија на својот Фејсбук профил, истакнувајќи дека Кузманоски со своите фотографии „навистина се надмина себеси“ и дека љубителите на астрономијата може да уживаат во прекрасните снимки од затемнувањето. Фотографиите ја прикажуваат постепената промена ...
Влагата продира во објектот, подот е распукан, витражите се скршени, рамките на прозорците кородирани, а водата стигнува дури и до гробот на Никола Карев, претседателот на Крушевската Република. Надворешниот изглед на споменикот не е во ништо подобра состојба – фасадата е оштетена и оставена без одржување. Одговорните институции признаваат дека нема средства за темелна санација, а дополнителна пречка е и недостигот од стручни кадри кои би ...
Во Охрид е приведено лице осомничено дека предизвикало пожар на глисер во сопственост на неговиот брат, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пламенот од пловилото се проширил и зафатил дел од станбена зграда, како и едно патничко возило. Лицето, со иницијали З.С., било задржано во полициска станица и во разговор со службените лица признало дека стои зад настанот. Од МВР информираат дека против него ќе биде поднесена кривична пријава по ...
Дел од граѓаните кои дошле на закажани прегледи или за рутински анализи велат дека чекале со часови без да добијат здравствена услуга, а некои од нив биле приморани да си заминат. „Имав број 91, стигнаа до 30 и потоа застанаа. Луѓето се собираа околу шалтерите да прашаат што се случува, јас се откажав и си заминав“, сведочи еден од пациентите. Директорот на „Мој термин“, Фикрет Шабани, уверува дека системот денеска не е целосно ...
Вели дека по повеќе од 30 години живот меѓу Балканот и Европа, секогаш се враќа во Македонија, но овојпат почувствувал потреба јавно да реагира. „Мојот град и мојата земја не сум ги видел во полоша состојба – запуштени, занемарени, оставени сами себе да се изглодаат однатре“, пишува Стефановски, додавајќи дека не сака да критикува, туку да предложи решенија. Во своето писмо тој изнесува пет конкретни предлози: „Сакам Македонија да ми биде ...
Во вторникот наутро, силни експлозии одекнаа во главниот град на Катар, Доха, по, како што потврди израелски извор за CNN, „прецизен напад“ насочен кон раководството на Хамас што дејствува од територијата на Катар. Според истиот извор, цел на нападот биле водечки членови на Хамас кои со години ја користат Доха како своја база надвор од Газа. Иако не е прецизирано кои поединци биле таргетирани, нападот следи веднаш по средбата меѓу главниот ...
Вонредната мерка опфати неколку блокови во централното градско подрачје, вклучително и големиот мост преку реката Дунав. Јавниот превоз и целиот сообраќај беа прекинати за време на утринскиот метеж. Специјализирани тимови планираат да ја деактивираат бомбата, која тежи 225 килограми, до пладне. Таа беше пронајдена во понеделникот навечер за време на градежни работи. Рафинеријата за нафта што се наоѓа во таа област била цел на сојузничко ...
Денес, 9ти септемви во 18:00 часот иницијативата Сите за Палестин организира протест пред Министерството за надворешни работи, во пресрет на македонското учество во генералното собрание на обединетите нации. Иницијативата во рамките на овие протестни настани ја повикува јавноста да се потпише на петиција каде ќе се бара владата и меѓународните претставници на Македонија да гласаат со поддршка на Палестина во текот на ова собрание. Share this: ...
Европските берзански индекси денес бележат раст, додека цената на златото достигна нов рекорд од околу 3.650 долари за унца. Овој скок се должи на очекувањата дека Федералните резерви на САД (ФЕД) ќе ги намалат каматните стапки до крајот на 2025 година. И покрај политичката нестабилност во Франција, каде што премиерот Франсоа Бајру поднесе оставка по падот на неговата влада на гласање за доверба, европските пазари останаа стабилни. Според ...
Двете изведби ќе се одржат на 9 септември во Центарот за култура „Антон Панов“. Публиката најнапред ќе може да ја проследи претставата „Народен пратеник“ со почеток од 20:00 часот, а веднаш потоа, од 22:00 часот, ќе биде изведена и „Бели ноќи“. Годинешното издание на фестивалот беше свечено отворено на 8 септември, симболично – на Денот на независноста, и ќе ги обедини најдобрите камерни театарски продукции од Македонија, Србија, Бугарија и ...
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска кај грчкиот остров Евиа и силно се почувствувал во Атина, соопшти Институтот за геодинамика при Националната опсерваторија во Атина. Епицентарот на потресот, кој се случил околу 00:30 часот по локално време (23:30 по средноевропско време), бил во морето, на 45 километри североисточно од главниот град Атина и само 4 километри од летувалиштето Неа Стира, на ...
Според објавата на портпаролот на израелската армија за арапски јазик, Авихај Адраеи, Израел е „решен да го порази Хамас“ и најави дека ќе дејствува со „голема сила“ во градот Газа, исто како што, како што рече, дејствувал и во останатите делови од Појасот Газа. Во објавата, жителите се повикуваат итно да се евакуираат преку крајбрежниот пат Ал-Рашид, во правец на ал-Маваси, јужен дел од Појасот Газа, кој Израел го означи како „хуманитарна ...
Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер е регистриран нешто по полноќ на јужниот дел од островот Евија, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина. Епицентарот бил лоциран пет километри северозападно од местото Неа Стира, на длабочина од 13,6 километри. Земјотресот проследен со силен звук, бил почувствуван во Атина и поширокиот регион на Атика, но засега нема информации за материјална штета. Професорот Ефтимиос Лекас нагласи дека ...
Dow Jones порасна за 0,25% и изнесува 45.514 поени, S&P 500 се зголеми за 0,21% на 6.495 поени, а Nasdaq скокна за 0,45% и достигна рекордни 21.798 поени. Најголемо влијание врз растот на Nasdaq имаше технолошкиот сектор, особено акцијата на Broadcom, која скокна за повеќе од 3%. Компанијата објави дека очекува силен раст на приходите благодарение на развојот на вештачката интелигенција, со што нејзината пазарна вредност достигна 1.600 ...
Студијата „Онлајн запознавањето на партнери е поврзано со пониско задоволство и љубов: Податоци од 50 земји“, објавена во научното списание Telematics and Informatics, анализирала повеќе од 6.600 испитаници од 50 држави ширум светот, вклучувајќи ја и Европа, САД, Австралија и земји од Африка, Азија и Јужна Америка. Истражувањето, предводено од Марта Ковал од Институтот за психологија на Универзитетот во Вроцлав, покажало дека дури 84% од ...
Илјадници млади луѓе во понеделникот упаднаа во зградата на парламентот во Катманду, барајќи укинување на забраната за 26 платформи, меѓу кои Facebook и YouTube, како и поефикасна борба против корупцијата. Според податоците, во насилствата биле повредени повеќе од 100 лица. Министерот за комуникации Притви Суба Гурунг изјави дека забраната е укината за да се излезе во пресрет на барањата на младите демонстранти, познати како „Генерација З“. ...
Францускиот претседател Емануел Макрон во наредните денови ќе именува нов премиер, соопшти француската претседателска палата, откако францускиот парламент му изгласа недоверба на францускиот премиер Франсоа Баиро. Бајру, кој побара гласање за доверба, ќе поднесе оставка утре наутро, соопштија од кабинетот на премиерот за Ројтерс. Францускиот премиер пред две недели побара гласање за доверба за да ја потврди валидноста на неговиот буџетски ...
Инфлацијата во Европа во 2026 година се очекува значително да се стабилизира, според проекциите на Европската централна банка (ЕЦБ) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Инфлацијата во еврозоната, која во 2024 година изнесуваше 2.4%, се предвидува да падне на 2.0% во 2025 и 1.6% во 2026 година. Највисока инфлација ќе има Турција, со 18.5%, иако тоа претставува голем пад од 58.5% во 2024 година. Меѓу останатите европски ...