Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Во Париз започна вонредната седница на францускиот парламент, на која пратениците ќе гласаат за доверба на владата на премиерот Франсоа Бајру. Бајру, кој е четврти премиер на Франција во последните три години, изјави пред парламентот дека ова е “тест на вистината” кој го побарал со поддршка од претседателот Емануел Макрон, пренесува BFM телевизија. „Најголемиот ризик беше ништо да не се преземе, да продолжиме со истата политика како и досега. ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез најави воведување ембарго на оружје за Израел, како дел од напорите – како што рече – да се „запре геноцидот во Газа“. Девет мерки, кои веднаш стапуваат на сила, вклучуваат и забрана за патување за лица директно вклучени во она што го нарече „масакр“. „Шпанија ќе биде на вистинската страна на историјата“, изјави Санчез, кој е еден од најгласните лидери во Европа во критиките кон израелските воени операции во ...
Netblocks, глобалниот набљудувач на интернетот кој работи на пресекот меѓу дигиталните права, сајбер безбедноста и управувањето со интернетот, денеска соопшти дека пристапот до онлајн платформите – меѓу кои се X, YouTube, Instagram, Facebook, TikTok и WhatsApp – е ограничен во Турција на повеќе мрежи. Netblocks соопшти дека блокирањето на пристапот до овие платформи се случило откако главната опозициска Републиканска народна партија (CHP) ...
Затемнувањето можеше да се следи од повеќе од 7 милиони луѓе во Европа, Австралија, Азија, Африка, како и делови од Хаваи, Алјаска и Бразил. Највозбудливата фаза на целосното затемнување траеше од 17:30 до 18:52 часот по ГМТ. Феноменот се случува кога Земјата се наоѓа точно меѓу Сонцето и Месечината. Наместо да исчезне, Месечината добива црвенкаст сјај, затоа што долгите црвени бранови успеваат да поминат низ атмосферата, додека пократките ...
Авторскиот концерт на Енес Беговски ќе ја спои моќта на перкусиите со убавината на поезијата, носејќи медитативни тонови, балкански призвуци и украинска поетска страст. Концертот ја носи идејата за спој на традицијата со современиот звук, на тишината со ритамот и на поезијата со музичката енергија. Енес Беговски е музичар и композитор чија работа опфаќа музика за театарски претстави и кратки филмови. Како мајстор на уникатниот инструмент ...
По феноменалната игра на US Open, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја освои титулата победувајќи го Јаник Синер со 3:1 во сетови. Со оваа победа младиот Шпанец се врати на првото место на АТП ранг-листата. „Ова ми е втор трофеј тука, но сè уште е исполнување на сон. Работев напорно за да го освојам. Враќањето на првото место беше една од моите цели за оваа сезона. Фактот што тоа го направив со уште еден грен-слем е уште подобро. За тоа ...
Македонската фудбалска репрезентација се врати на првото место на табелата, и таму ќе остане барем до октомври и до следните квалификациски натпревари, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје лесно и според очекувањата ја совлада најслабата селекција во групата Лихтенштајн со убедливи 5-0. Македонија доминираше на натпреварот, можеше да постигне и уште некој гол, особено во вториот дел кога имаше многу повеќе шанси. ...
Започнаа собирите „Граѓани против блокади“ во Србија на десетици локации низ државата. Александар Вучиќ, Ана Брнабиќ и Ѓуро Мацут се присутни на собирите. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва се придружи на маршот на поддржувачите на СНС кои се спротивставуваат на блокадите во Борча. Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, им се придружи во Борча, јавува Танјуг. Во Лештан (општина Грочка Белград), во преносот на ТВ ...
Оваа тенденција го потенцира зголемениот интерес кон лекови за слабеење – истите што се најчесто предписувани за хоспитализирани пациенти со дијабетес, но сè почесто ги бараат луѓе без медицинска потреба. Според Националната фармацевтска асоцијација на Британија, ваквите терапии се бараат и од оние кои не би имале реална корист од нив. Оливие Пикард, од радио NPR, коментира: „Инјекциите за слабеење се еден од изумите на векот, но поради ...
ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА ГРАФИЧКА КНИГА НА МАРИЈА ТРАЈАНОСКА И ЃОРЃИ МИТРЕВСКИ “Влажна симболична меѓуигра” е графичка книга која нуди невообичаен поглед на интимната комуникација помеѓу два карактери. Овие карактери во различни ситуации, кои се исполнети со несвесни емоции и жестоки контрасти, се вплетуваат во бескраен дијалог, создавајќи неизмерни интерпретации на човечките интимни состојби. Секоја сцена е цртана интуитивно, без било каква ...
Овие монети се појавија во 1995 година, кога Народната банка на Македонија пушти во оптек специјална серија во чест на 50-годишнината од основањето на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (FAO – Food and Agriculture Organization). FAO е позната по своето мото „Fiat Panis“ – Нека има леб, кое ја симболизира борбата против гладот и промоцијата на земјоделието низ целиот свет. Со издавањето на овие монети, Македонија се ...
Ова е првпат од почетокот на руската инвазија објект на украинската влада да биде директно оштетен. Од снимките и фотографиите се гледа како од покривот на зградата се издига густ чад, но сè уште не е потврдено дали станува збор за директен напад или за остатоци од соборено беспилотно летало. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, изјави: „За првпат владината зграда е погодена од непријателски напад, со оштетувања на горните катови и ...
Во зоната на ризик се наоѓаат Филаделфија, Њујорк, Алентаун (Пенсилванија), Пукипси (Њујорк), Хартфорд (Конектикат), Манчестер (Њу Хемпшир) и Портланд (Мејн). Метеоролозите најавуваат силни грмотевици и ветрови, а не се исклучува ниту појава на град или торнадо, пренесува ABC News. Очекуваните поројни дождови може да предизвикаат локализирани поплави, особено во урбани средини со слаба дренажа. Ризикот за поплави од Филаделфија до Бриџпорт ...
Нападот се случил во градот Дарул Џама, каде што има и воена база на границата меѓу Нигерија и Камерун. Според информациите, меѓу загинатите има и пет нигериски војници. Иако насилството од страна на џихадистичките групи е намалено во однос на најжестоките судири со Боко Харам (2013–2015), сепак, особено припадниците на отцепената група Исламска држава во Западна Африка (ISWAP) продолжуваат со напади врз руралните подрачја во североистокот ...
Официјалната истрага заклучила дека причината за трагичната несреќа е прекинато јаже. Иако бил активиран и итниот кочничен систем, тоа не било доволно за да се запре жичарницата и да се спречи трагичниот исход во кој загинаа 16 лица. Наодите се објавени во извештајот на Португалската канцеларија за превенција и истрага на авионски и железнички несреќи (GPIAAF). Чудо во урнатините Меѓу драматичните моменти од трагедијата се издвојува ...
Филмот е структуриран како триптих и ги анализира сложените семејни односи помеѓу возрасните деца и нивните емоционално оддалечени родители, сместен низ сценарија во Њу Џерси, Даблин и Париз. Улогите ги толкуваат големи имиња како Адам Драјвер, Кејт Бланшет, Том Вејтс, Вики Крипс, и други, додека на видео-форматот му недостасува експлозивна акција, а се препознатливи тивките, резонантни портрети во стилот на Џармуш. „Father Mother Sister ...
На социјалната мрежа X (поранешен Твитер), тие објавија фотографија со десетина празни чаури, за кои се претпоставува дека се од солзавец, пронајдени во близина на факултетот. „Следува хемиска анализа, ќе го објавиме резултатот“, наведоа студентите кои веќе неколку дена го блокираат факултетот. Во повеќе наврати, активисти и граѓани укажуваа дека полицијата на протестите низ Србија користи хемиски средства со одамна истечен рок на траење, ...
Голем пожар изби во фабриката “Макпрогрес“, позната по брендот “Винчини“, напиша во комуникациските канали со медиумите директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Во моментов со огнот е зафатен еден погон а локалните винички пожарникари со подршка на пожарникари од Кочани се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон останатите погони. На помош тргнаа пожарникари од Св. Николе, Струмица и Пробиштип“, информира ...
Секој гостин што влегува во вашата куќа носи своја нафака, како што вели нашиот народ. Ова важи и за инсектите. Со оглед на тоа што денес почесто гледаме богомолки во нашите станови и куќи отколку во природата, се запрашавме што значи ова? Бидејќи бувот е симбол на мудрост, бубамарата се смета за знак на среќа, а појавата на мачка на вашиот праг е знак на среќа – така и богомолката носи своја симболика. Поради карактеристичните позиции на ...
Австралиската полиција соопшти дека човек загинал додека сурфувал кај брегот на Сиднеј, по напад на ајкула. Полицијата објави дека жртвата починала „по напад од, како што се чини, голема ајкула“. На местото на инцидентот биле пронајдени два дела од даската за сурфување. Инцидентот се случил на подрачјето помеѓу плажите Лонг Риф и Ди Вај на северниот дел од градот. Поради нападот, повеќе плажи биле привремено затворени за јавноста. Ова е ...
Според нов извештај, најпопуларните вештачки интелигенции, вклучувајќи ги моделите на OpenAI и Meta, содржат лажни информации во секој трет одговор. Компанијата за проверка на факти NewsGuard откри дека AI четботите повеќе не одбиваат да одговорат на прашања за кои немаат доволно информации – што доведува до повеќе лажни тврдења во споредба со 2024 година. Четботи со најмногу лажни информации: Четботи со најмалку лажни информации: Драстичен ...
Според објавата, лицето имало Молотовлев коктел, но не беа дадени дополнителни детали. Министерството истакна дека „сите вработени во амбасадата се безбедни“. Белгиската полиција сѐ уште не ја потврди информацијата и не даде детали за можните мотиви на осомничениот. Ова се случува по неколку слични инциденти во Европа: во јули полицијата во Копенхаген испитуваше сомнителен пакет испратен до израелската амбасада, а во февруари е уапсен ...
Според Американскиот геолошки завод (USGS), земјотресот со јачина од 5,2 степени се случил во источната провинција Кунар, на длабочина од 10 километри. Подржувањето беше почувствувано и во Кабул, јавува DPA. Засега нема информации за жртви или материјална штета. Последните денови, источниот дел на Авганистан повеќепати беше погоден од силни потреси. Во неделата пред полноќ беше регистриран земјотрес со јачина од 6 степени, по кој следеа ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одби предлогот на рускиот лидер Владимир Путин за преговори во Москва и порача дека разговори може да има – но во Киев. „Не можам да одам во Москва додека мојата земја секојдневно е под руски напади. Тоа и Путин добро го знае“, изјави Зеленски за ABC News. Тој додаде дека предлогот на Путин го гледа како обид за одлагање на вистински средби. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ...
Смртоносниот напад врз брод во вторникот, за кој постои сомнеж дека превезувал дрога од Венецуела, се смета за прв сигнал на ескалација на американската кампања. Во последните недели, Вашингтон распореди бродови вооружени со крстосувачки ракети, подморница, авиони и повеќе од 4.000 војници во близина на Венецуела. Државниот секретар Марко Рубио изјави дека операцијата е насочена против нарко-картели, но не ја исклучи можноста од удари врз ...
Жандармеријата вечерва интервенираше кај Филозофскиот факултет во Нови Сад. Според известувањата на новинарките на Н1, силна полициска акција започнала ненадејно, насочена кон мирно собраните граѓани. Како што јави новинарката на Н1, во еден момент се слушнал силен прободувачки звук, по што жандармеријата започнала со интервенција, користејќи пендреци. Жандармеријата се движи кон зградата на факултетот и ги потиснува граѓаните.Се слушаат ...
Објектот располага со неколку простории од над стотина квадратни метри површина и комплетно е опремен и уреден со финансиска подршка на општествено одговорна компанија. Од страна на волонтерите на „Супорт Кочани“, Центарот за психо-социјализација (Центар за млади) е именуван „Гнездо“, затоа што, како што рекоа, тоа име симболизира место каде што се чувствуваш сигурно, безбедно, каде се поврзуваш со другите и на крај, подготвен си да леташ ...
Во оваа сезона на анкетата „Внимание” добивме огромен број одлични, духовити и пред сè мудри одговори од граѓаните кои ги анкетиравме. Го имаме најдобриот одговор од нашата анкета за првата половина од 2025 година. На прашањето од февруарската анкета: „Дали би се бакнале со машко кое има усни со ботокс?“ Една девојка одговори: „Да бе скроз, ако е океј за женски зошто не би било океј и за машки.“ Со овој одговор таа ја освои нашата симпатија и ...
Се појавија повеќе информации што сугерираат дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК Плус) ќе продолжи да ги зголемува своите квоти за производство на нафта пред состанокот овој викенд, а лидерот на групата, Саудиска Арабија, предничи во иницијативата, објави Trading Economics. Таквото зголемување на производството би се совпаднало со пазарот на нафта кој веќе е преоптоварен со големо производство од земјите кои не се членки ...
„Длабоко жалам за мојата одлука да не барам понатамошни даночни совети. Преземам целосна одговорност за оваа грешка“, напиша Рајнор во писмото упатено до премиерот Кир Стармер. Рејнор основала фонд за еден од нејзините синови, кој е хендикепиран, а потоа го продала својот удел во семејната куќа на северот од Англија на фондот за да купи стан, верувајќи дека нема да мора да плати повисока даночна стапка при купување на друг имот. Стармер ...