Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица, припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец, веќе се пуштени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу. Кај хоспитализираната пациентка, која е со коморбидитети, се прават дополнителни анализи, се третирасоодветно и Алиу се надева дека бргу и таа ќе биде пуштена дома. Министерството за ...
Ирската радиодифузна мрежа РТЕ објави дека Ирска нема да настапи на Евровизија во 2026 ако учествува Израел. Оттаму кажаа дека учеството на Ирска „би било несовесно со оглед на ужасната загуба на животи во Газа“. На таквите најави на Ирска се приклучи и Холандија соопшти во петокот холандскиот јавен радиодифузер AvroTros. Ирска победи на натпреварот седум пати, последно во 1996. РТЕ ќе донесе конечна одлука откако организаторите на ...
Билјана Драгичевиќ-Пројковска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Наградата ја доби за улогата на Корин Фел во претставата „Гидеоновиот јазол“ од Џона Адамс, во изведба на Драмски театар од Скопје. Наградата, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и плакета, ќе и биде ...
„Секој двор е сцена, секој жител е домаќин“ е своевидно мото на новото издание на мулдимедијлниот фестивал за заедничарење „комшиLOOK“, кој денес се сели селото Побожје. „Целодневен настан исполнет со изложби во дворови, работилници, вкусна трпеза и музика под отворено небо“, велат организаторите. Тие веќе ја објавија и целосната програма. Taa заочна од 10 часот, а ќе трае се до 21 часот. „Во секој двор имаме прекрасни домаќини кои со цело ...
По периодот на високи септемвриски температури, Македонија денеска и во ноќта кон понеделник ќе ја погоди силно невреме. Под влијание на атмосферски фронт од север и северозапад, во попладневните и вечерните часови се очекуваат поројни дождови, силни грмежи и засилен ветер. Најмногу погодени ќе бидат северните и источните делови на земјата, каде нестабилноста ќе биде изразена со локални невремиња. И во Скопје и околината во погоре споменатиот ...
Се уште се издига чад од остатоците од пожарот што над 15 часа гореше во компанија за електронски отпад во Трубарево. Покрај чадот се чувствува и силна непријатна миризба во воздухот, а на лице место се и екипи на полицијата. Утрово, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информираше дека пожарот е изгаснат, но дека се уште чади од жариштето. Полицијата синоќа евакуирала дел од граѓаните кои живеат во непосредна ...
Украина во текот на ноќта изврши нов напад со дронови на руска територија при што биле погодени неколку објекти од клучната инфраструктура. Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, избил пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко. Тој потврдил дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени. Рафинеријата „Кинеф“ на „Сургутнефтегаз“ во Кириши е една од двете ...
Актуелниот светски првак Германија и репрезентацијата на Турција денеска од 20.00 ќе го играат финалниот меч на Евробаскетот. И двете репрезентации се без пораз, но вечерва една од нив ќе мора да загуби и да се задоволи со сребрениот медал. За Германија ова ќе биде шанса да го освои вториот златен медал на Европското првенство откако тоа последен пат им успеа во 1993, додека за Турција ова е второ финале по 2001 годиа кога беа сребрени на ...
Најмалку 100 лица загинаа, а повеќе од 4,4 милиони се погодени од неодамнешните поплави во источната пакистанска покраина Пенџаб, соопшти Покраинскиот орган за управување со катастрофи (PDMA). Според податоците на PDMA, поплавите предизвикани од високите нивоа на водата во реките Рави, Сутлеџ и Ченаб оштетиле повеќе од 4.500 села низ покраината. Властите соопштија дека речиси 2,5 милиони луѓе досега се преместени во побезбедни подрачја како ...
Полска и Романија вчеравечер беа во состојба на зголемена готовност поради руски дронови кои навлегле во граничните региони за време на масовен напад врз украинската инфраструктура. Во источна Полска, во Лублинската област, беа активирани сирени за воздушна опасност. Дел од граѓаните добија итни известувања за можна закана, а на аеродромот во Лублин привремено беше прекинат авионскиот сообраќај. Полската армија, заедно со НАТО сојузниците, ...
Советот за безбедност на Обединетите нации закажа итен состанок откако Полска – за првпат во својата историја – официјално го побара тоа. Повод за барањето е сериозно нарушување на полскиот воздушен простор од страна на руски дронови. Во барањето, кое го испрати постојаниот амбасадор на Полска при ОН, Кшиштоф Шчерски, се наведува: „Овде сме за да ја изразиме нашата длабока загриженост и да ја насочиме вниманието на меѓународната заедница кон ...
Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево. Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со поддршка на тимови од јавните претпријатија и Општина Гази Баба. Со оваа мерка се обезбедува навремена поддршка за ...
Денес, во рамки на XXI Конгрес на Македонското лекарско друштво, го претставивме првиот национален Водич за перименопауза, изработен во соработка помеѓу Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), со поддршка на национална мултидисциплинарна експертска група. Овој Водич претставува прв систематизиран документ во нашата земја со јасни насоки за матичните лекари и ...
На територијата на Република Северна Македонија денес се евидентирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои: 3 се сè уште активни, 2 се ставени под контрола и 13 се успешно изгаснати, информираат од ЦУК Ативни пожари се на 3 локации – Општина Гази Баба – во населбата Трубарево е активен пожар во дел со електро-отпадни материјали, Општина Пробиштип – помеѓу селата Дренок и Добрево гори нискостеблеста вегетација и Општина Битола – помеѓу ...
Бројот на повредени во експлозијата на гас што се случи во бар во населбата Пуенте де Ваљекас во Мадрид порасна на 25, од кои тројца се тешко повредени, јавува El Pais. Експлозијата се случила околу 15 часот по локално време, на улицата Мануел Марото, во бар кој се наоѓа во приземјето на станбена зграда. Од силината на експлозијата се урнал дел од соседниот влез, како и еден од ѕидовите на самиот бар. Итни служби на терен На местото на ...
Непријатните мириси во бањата често ги фрустрираат многу домаќинки и може да претставуваат проблем. Секогаш кога мислиме дека конечно сме ги отстраниле, тие пак се појавуваат. Може да биде вистинска мака да се исчисти целата бања и тоа неколку пати неделно, но сепак никогаш не можете целосно да се ослободите од ужасните мириси кои секогаш остануваат. Причините за ова често се маснотии и друг органски отпад кој се акумулира во ѕидовите на ...
Во близина на скопското село Трубарево горат објекти за складирање на електронски отпад. Црниот чад е видлив веќе неколку часа од сите делови на Скопје. Во гаснењето се вклучија и авион и два хеликоптери. Во изјави за медиумите директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кажа дека станува збор за хибриден напад. Ангелов нагласи дека се вклучени сите расположливи сили за гасење на пожарот каде гори пластичен и ...
Во рамки на фестивалот „Комшилук“ кој утре се случува во село Побожје, Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ продолжува со својот циклус поетски читања „Поетска епизода“. На ова издание на „Поетска епизода“ ќе настапат десетмина поети и тоа: Марија Велинова, Ива Петреска, Владимир Мартиновски, Викторија Ангеловска, Марија Ангеловска, Александра Спасевска, Стефан Спасовски, како и младите поети Ивана Јовановска и ...
Палестинското Министерство за здравство соопшти во саботата дека во Појасот Газа, во последните 24 часа, починале уште седум Палестинци, меѓу кои и две деца, поради глад наметнат од Израел. Најновите случаи на смрт го зголемија вкупниот број на починати од глад и неухранетост на 420 лица, од кои 145 деца, од октомври 2023 година. Според Интегрираната класификација на фази на безбедност на храна, гладот е веќе официјално потврден во северна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави „писмо до целиот свет“ на неговата социјална мрежа Truth Social. „Подготвен сум да воведам силни санкции кон Русија кога сите земји-членки на НАТО ќе се усогласат и ќе почнат да прават истото, и кога сите земји-членки на НАТО ЌЕ ПРЕСТАНАТ ДА КУПУВААТ НАФТА ОД РУСИЈА. Како што знаете, посветеноста на НАТО на ПОБЕДАТА беше далеку од 100%, а купувањето руска нафта од некои членки беше шокантно! Тоа ...
Новата операција на НАТО за зајакнување на одбраната на источната граница на воениот сојуз се однесува и на источната граница на Финска, изјави денеска финскиот премиер Петери Орпо. Во изјава за финската телевизија YLE, Орпо истакна дека Финска е вклучена во планирањето на операцијата за надзор и одбрана, иако не е официјално наведена како земја учесничка. Според податоците на НАТО, земји учеснички во новата операција „Источна стража“ ...
Полските војници нема да одат во Украина и да учествуваат во удари со дронови врз руските сили, туку само ќе организираат обука за управување со дронови за украинските војници, соопшти полското Министерство за одбрана. Министерството ги демантираше медиумските извештаи дека Полска е првата земја која официјално испраќа војници да се борат против Русија во Украина. Украинските експерти ќе ги споделат своите искуства со Полјаците на полска ...
Одлуката за климатската цел на Европската Унија за 2040 година, планирана за следната недела, е одложена, објави данското претседателство со ЕУ денеска. Овој потег дојде откако германскиот министер за животна средина Карстен Шнајдер се откажа од своето барање министрите за животна средина на ЕУ да одлучат за целта овој месец. ЕУ претходно си постави цел да стане климатски неутрална до 2050 година. Во јули, Европската комисија предложи да се ...
Земјотрес со јачина од 7.1 степени по Рихтер ја погоди источната обала на руската област Камчатка, соопшти Германскиот центар за геонауки (GFZ). Според нив, епицентарот бил на длабочина од 10 километри. Американскиот геолошки завод (USGS) процени дека јачината на земјотресот била 7.4 степени, а длабочината 39.5 километри. Пацифичкиот систем за предупредување на цунами објави дека постои можност за појава на цунами како резултат на потресот. ...
Побуненичкото движење Хути од Јемен изврши напад со хиперсонични балистички ракети врз повеќе цели во Тел Авив. Портпаролот на Хутите, Јахја Сариа, соопшти дека операцијата била успешна, додека израелската армија ја пресретнала една од ракетите. Засега нема извештаи за повредени или за материјална штета. Напад со ракета „Палестина-2“ Според портпаролот на вооружените сили на Хутите, Јахја Сариа, ракетата „Палестина-2“ со повеќекратни боеви ...
Германскиот автомобилски концерн Volkswagen денеска објави дека планира да вложи милијарда евра во технологии за вештачка интелигенција до 2030 година. Компанијата има намера да ја интегрира вештачката интелигенција во сите сегменти од своето работење, и очекува дека тоа ќе ѝ донесе заштеди од четири милијарди евра до 2035 година, пренесува Ројтерс. „За нас, вештачката интелигенција е клуч за поголема брзина, квалитет и конкурентност низ ...
Во Европската Унија, помеѓу првиот и вториот квартал од оваа година, 3,1 милион невработени лица на возраст од 15 до 74 години нашле работа, објави денес Евростат. Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека ова претставува 23,8% од сите невработени лица во првиот квартал. Во истиот период, околу 6,8 милиони луѓе (51,9%) останале невработени, додека 3,2 милиони лица (24,3%) излегле од работната сила, односно престанале да бараат ...
Израел денеска ја критикува како „срамна“ резолуцијата што ја усвои Генералното собрание на ООН со цел да даде нов поттик на решението за израелско-палестинскиот конфликт преку две држави, сметајќи ја дека ги охрабрува Хамас да „продолжи со војна“. „Израел категорички ја одбива одлуката на Генералното собрание на ООН“ која е „срамна“, објави на X (поранешен Твитер) портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Орен ...
Со транспаренти и свирежи, вечерва жителите на Аеродром излегоа на улиците во најмасовниот протест досега против Вардариште, кое го загадува нивниот воздух. Децата беа најгласни, гордо носејќи сопствени транспаренти со пораки како: „1 од 9 деца умира од загаден воздух“ и „Премиерот дише ист воздух или има друг“. Маршот започна кај мостот „Киро Глигоров“ и заврши пред општината, а граѓаните по спротивната лента ги поддржуваа со свирежи од ...
Принцот Хари, војводата од Сасекс, неочекувано ја посети украинската престолнина Киев, јавува CNN. Според извештајот на The Guardian, Хари ја посетил Украина по покана од украинската влада, а со својата фондација „Invictus Games“ ќе спроведува активности за поддршка на рехабилитацијата на ранетите Украинци. Ова не е прва посета на принцот Хари во Украина – во април годинава тој престојуваше во западниот град Лавов, каде се сретна со жртви на ...