Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека прашањето за идниот статус на Донбас ќе биде централна тема на најавените трипартитни преговори меѓу Украина, Русија и Соединетите Американски Држави, кои денеска треба да се одржат во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати. Одговарајќи на новинарско прашање, Зеленски нагласи дека територијалното прашање останува најчувствителната и најкомплексната точка во преговорите за ставање крај ...

Американски, руски и украински претставници денеска патуваат во Абу Даби, каде што треба да се одржат првите заеднички трилатерални разговори од почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година. Средбата се смета за значаен дипломатски пресврт и потенцијален тест за искреноста на руските најави за подготвеност за мировен процес. Разговорите доаѓаат само неколку дена по средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и ...

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска во Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на разговори посветени на најновите случувања поврзани со Гренланд. Средбата се одржува во контекст на зголемената дипломатска чувствителност по најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можен „иден договор“ поврзан со островот, што предизвика реакции кај европските сојузници. Според данскиот портал DR.dk, на агендата ќе ...

Во Абу Даби денеска ќе се одржат првите тристрани мировни преговори меѓу Соединетите Американски Држави, Украина и Русија, потврди Кремљ. Средбата следува по разговорите меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Давос, како и по состанокот на американска делегација со Владимир Путин во Москва, пренесува Sky News. Потврдата за руското учество дојде откако Путин во Москва се сретна со мировниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и со неговиот зет ...

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во претседателскиот авион Air Force One, на враќање од Давос, при што накратко се осврна на актуелната состојба во Иран. Трамп изјави дека голема група американски воени сили се движи кон Иран, но истакна дека би сакал да се избегне нивна употреба во евентуален напад, во момент на зголемени тензии по бранот масовни протести во земјата. „Имаме многу бродови кои се движат во тој ...

Бројот на загинати во сударот на возови кај Адамус во шпанската провинција Кордоба се зголеми на 45, откако спасувачките екипи пронашле уште два тела, соопштија властите на шпанската автономна заедница Андалузија. Според информациите, повредени се 123 лица, од кои шест се во тешка состојба. Телата, како што јавува RTVE, биле пронајдени во еден од оштетените вагони на возот, а според првичните податоци, се работи за последните две лица кои беа ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се обрати на Светскиот економски форум во Давос, веднаш по разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп. Британскиот Гардијан ги пренесе клучните делови од неговиот говор, во кој Зеленски упати сериозни критики кон Европа и Соединетите Американски Држави поради, како што рече, недостиг на акција додека Русија продолжува со агресијата. Зеленски изјави дека Украина со „недели, месеци и ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Русија губи околу 1.000 војници дневно во војната против Украина, предупредувајќи дека европските сојузници не смеат да го тргнат вниманието од одбраната на Киев. Говорејќи на панел за европска безбедност на Светски економски форум во Давос, Руте истакна дека иако во последните денови се појавиле знаци за намалување на трансатлантските тензии околу Гренланд, „главното прашање не е Гренланд, ...

Говорот на Доналд Трамп во Давос предизвика конфузија меѓу европските дипломати. Додека американскиот претседател цврсто зборуваше за Гренланд, истовремено исклучи воена интервенција, но неговите изјави не ги смирија сите во Европа. ЕУ се подготвува за состанок на лидерите за да се дискутира реакцијата на заканите на Трамп со нови царини. Дополнителна забуна предизвика и Исланд, кој Трамп го спомена неколкупати, па дипломатите со шега ...

Редовниот секс не е само задоволство, тој е важен и за вашето тело и ум. Недостатокот на сексуална активност може да предизвика стрес, депресија и лутина, а кај паровите да го отежнува решавањето на конфликти. Физичките придобивки се исто така значајни: редовната ејакулација го намалува ризикот од рак на простата, а долги „суви периоди“ може да доведат до мало намалување на гениталиите. За врските, сексот помага да се гради доверба, емпатија ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор на Светскиот економски форум во Давос изјави дека денеска ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Говорејќи за своите напори за решавање на руско-украинскиот конфликт, Трамп рече дека води разговори со двете страни. „Имам работа со претседателот Путин и верувам дека тој сака да постигне договор. Имам работа и со претседателот Зеленски и мислам дека и тој сака договор. ...

Добро е што Доналд Трамп повторно е избран за претседател на Соединетите Американски Држави, бидејќи без него европските сојузници во НАТО не би ги зголемиле издвојувањата за одбрана, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. „Во моментов не сум особено популарен меѓу вас затоа што го бранам Доналд Трамп, но искрено верувам дека можете да бидете среќни што тој е тука. Тој нè натера во Европа да се раздвижиме, да се соочиме со ...

Турција денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според достапните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 12 километри, на околу 68 километри од градот Баликесир. Засега нема пријави за повредени лица ниту за материјална штета. Надлежните служби ја следат состојбата. Share this: Турција денеска беше погодена од ...

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, изјави дека утре ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. „Мораме да се сретнеме со него во четврток“, рече Виткоф во интервју за CNBC, осврнувајќи се на Путин, како што објави Ројтерс. „Но, Русите бараат таа средба. Мислам дека тоа е значајна изјава од нивна страна“, рече тој. Кремљ минатата недела соопшти дека се подготвува да ги пречека Виткоф и ...

Македонската ракометна репрезентација ја забележа првата победа на Европското првенство, совладувајќи ја Романија со 24-23 во драматичен финиш. Пред 10.000 гледачи во Хернинг, Костески погоди со звукот на сирената и ги донесе трите бода за „црвено-жолтите“, кои ќе бидат во поволна позиција пред ждрепката за СП 2027. Најефикасен кај Македонија беше Филип Кузмановски со девет гола,, пред Костески со 4, додека Ѓоргиев и Митев постигнаа по три. ...

Нуклеарната централа во Чернобил остана без надворешно напојување со електрична енергија како резултат на рускиот напад, а оштетени беа и далноводите што ги снабдуваат другите нуклеарни централи, пишува Украинска правда . Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека неколку украински електрични трафостаници кои се критични за нуклеарната безбедност биле погодени утрово поради зголемената ...

Данскиот претставник и претседател на Комитетот за одбрана на данскиот парламент, Расмус Јарлов, во интервју за Си-Ен-Ен предупреди дека евентуалната американска воена интервенција во Гренланд би значела војна меѓу Данска и Соединетите Американски Држави. Јарлов рече дека заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, кој сè уште не ја исклучува можноста за употреба на сила за преземање на Гренланд, се сериозни и дека Данска би била ...

Данска и Гренланд започнаа разговори за можна мисија на НАТО на Гренланд и поширокиот арктички регион, потврди данскиот министер за одбрана по состанокот во Брисел со генералниот секретар на НАТО и министерката за надворешни работи на Гренланд. Разговорите се одвиваат во чувствителен геополитички момент, кога американскиот претседател Доналд Трамп ги интензивира јавните и дипломатските притисоци за преземање контрола врз Гренланд, потег што ...

Бројот на загинати во пожарот што вчера избувна во еден трговски центар во Карачи се искачи на 11, изјави за Reuters еден полициски службеник. Огнот го зафати комплексот во историското централно подрачје на најголемиот град во Пакистан, претворајќи делови од зградата во урнатини. Градоначалникот на Карачи, Муртаза Вахаб, вчера изјави дека повеќе од 60 лица се водат како исчезнати. Share this: Бројот на загинати во пожарот што вчера избувна ...

Илјадници демонстранти низ Иран беа убиени во текот на изминатите три недели, што го натера американскиот претседател Доналд Трамп постојано да се заканува со воена интервенција. Трамп повика на крај на 37-годишното владеење на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Врховниот лидер Иранаи јавно призна за прв пат дека илјадници луѓе се убиени, „некои од нив на нехуман, дивјачки начин“, за време на неодамнешните протести во земјата. ...

Актуелниот шампион на Англија, Ливерпул, повторно ги разочара навивачите, ремизирајќи 1:1 со претпоследниот Бернли во натпреварот од 22. коло на Премиер лигата. Вирц го донесе Ливерпул во водство во 42. минута, но Едвардс изедначи за гостите во 65. минута. Ова е историски момент за Ливерпул – првпат не успеа да победи ниту еден новак на својот стадион во елитното натпреварување. Табела и бодови по натпреварот Со овој бод, Ливерпул се врати на ...

Традиционалното „Џез-матине“ на Скопскиот џез-фестивал ќе се одржи денеска во „Мака бар“ во Скопје. Ќе бидат промовирани новите календари за 2026 година со фотографии на Жига Коритник. Концерт ќе одржи Тони Китановски трио, во чиј состав се: Тони Китановски – гитара, Оливер Јосифовски – контрабас и Алек Секуловски – тапани. Share this: Традиционалното „Џез-матине“ на Скопскиот џез-фестивал ќе се одржи денеска во „Мака бар“ во Скопје. Ќе ...

Во Франција за првпат е поднесен парламентарен предлог кој повикува на повлекување на земјата од НАТО. Иницијативата ја покрена потпретседателката на Народното собрание и членка на левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), Клеманс Гете. Резолуцијата бара прекин со западниот воен сојуз и доаѓа во време на растечки сомнежи за улогата на САД и правецот на европската безбедносна политика, пренесува „Берлинер Цајтунг“. Гете истакна дека ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека украинска делегација е на пат кон Соединетите Американски Држави, каде што ќе се одржат разговори за безбедносните гаранции за Украина и пакет мерки за зајакнување на напредокот на земјата. Зеленски изрази надеж дека документите поврзани со овие прашања би можеле да бидат потпишани на маргините на Светскиот економски форум во Давос, кој ќе се одржи следната недела, пренесува Ројтерс. ...

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека земјата има право да соработува и одржува односи со сите држави во светот, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина. Во своето годишно обраќање до нацијата, Родригез нагласи дека Венецуела ќе ги гради дипломатските односи врз основа на заемно почитување и во согласност со меѓународното право. Таа истакна дека Каракас не прифаќа ограничувања наметнати од внатрешната политика на ...

Најмалку четири лица се повредени по експлозија што предизвика пожар во централниот дел на Утрехт, Холандија, соопштија локалните власти. Портпаролот на пожарникарите, Сјак Хаснот, за јавниот сервис NOS изјави дека причината за експлозијата сè уште не е позната, а инцидентот се случил во една зграда во градското јадро, пренесува Ројтерс. Во погоденото подрачје е формирана привремена итна болница за повредените. Share this: Најмалку четири ...

Франција наскоро ќе испрати воен брод, авиони и дополнителни војници на Гренланд, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон. Иако не се осврна директно на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на територијата, Макрон предупреди на појава на „нов колонијализам“ и изјави што „сеат сомнеж, дури и меѓу сојузниците“. Макрон ги даде овие забелешки во своето годишно новогодишно обраќање до припадниците на ...

Полска нема да испрати војници во Гренланд, изјави премиерот Доналд Туск, додавајќи дека нападот на една земја-членка на НАТО врз територијата на друга би бил „крај на светот каков што го знаеме“. Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Гренланд е клучен за безбедноста на неговата земја и дека тие мора да го поседуваат за да спречат Русија и Кина да го окупираат. Тој рече дека сите опции се на маса за да се ...

Во Public Room на 15 јануари ќе се одржи стендап комеди шоуто „Best of Ивана Наскова“, вечер посветена на најпопуларните и најбараните шеги од нејзиниот досегашен репертоар. Публиката ќе има можност да слушне приказни инспирирани од секојдневни ситуации, лични искуства и апсурди што звучат неверојатно, но се препознатливи за многумина. Настапот ветува опуштена атмосфера, директен хумор и интеракција со публиката. Билетите се достапни преку ...

Неколку земји-членки на НАТО започнаа со распоредување помал број војници на Гренланд, во рамки на заеднички воени вежби со Данска, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги засилува изјавите за можноста САД да го „преземат“ арктичкиот остров. Изјавите на Трамп предизвикаа сериозна дипломатска и безбедносна напнатост во рамки на алијансата, отворајќи ја можноста најмоќната членка на НАТО да покаже територијални амбиции ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
76%
1025
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
85%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.57
93%
1029
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.54
92%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.13
73%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
86%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.57
86%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
1.34
78%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
97%
1031
Currency

61.589

Currency

54.966

Currency

73.794

Currency

38.043

Currency

39.188

Currency

67.251

Currency

8.2483

Currency

0.67209

Currency

0.34741

Currency

0.52331

Currency

1.0969

Currency

0.58422

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Иридиум

321507.47

Рутениум

61086.42

Сребро

1666.05

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Алуминиум

3.07