На поединечни локации се очекуваат пообилни врнежи, при што за 24 часа може да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар. Условите се поволни и за развој на невреме проследено со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој на моменти може да надмине брзина од 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат меѓу 8 и 12 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 13 до 19 ...

Полицијата го уапсила менаџерот на фабриката и трага по нејзиниот сопственик, јавува АП. Причината за експлозијата сè уште не е позната. Детонацијата сериозно ја оштетила не само фабричката зграда, туку и околните куќи, предизвикувајќи пожар и паника меѓу жителите во соседството. Службеничката од провинцијата Пунџаб, Марјам Наваз Шариф, изрази сочувство до семејствата на загинатите и побара најдобра можна медицинска грижа за повредените. ...

Според информации добиени од возачи, најголеми одрони има по селото Очипала, во близина на локацијата Баткова Чешма, каде на коловозот е забележана значајна количина земја и камења. Поситни одрони се евидентирани и на други делници долж овој пат, што доведува до отежнато и забавено одвивање на сообраќајот. Коловозната површина е влажна, а видливоста намалена, што дополнително го усложнува возењето. Надлежните служби апелираат до сите учесници ...

Пет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во руски напад со дронови врз регионот на Одеса, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина. Во нападот избувнале пожари на повеќе локации, вклучително и во стамбени згради, бензинска пумпа со паркирани автомобили и административен објект. Властите информираат дека се оштетени и приватни куќи, како и неколку товарни возила. Началникот на регионална воена управа во Одеса, Олег Кипер, ...

Тринаесет лица добија медицинска помош поради вдишување на чад откако избувна пожар на местото каде се одржува COP30 во Белем, Бразил, соопштија организаторите во изјава. „Подоцна денеска избувна пожар во Сината зона на местото каде се одржува COP30 во Белем. Пожарникарската служба и безбедносните тимови на ОН реагираа брзо, а пожарот беше ставен под контрола за околу шест минути. Луѓето беа безбедно евакуирани“, се вели во соопштението. ...

Една од зградите каде што се одржува конференцијата за климата КОП30 во Белем, Бразил, беше евакуирана денеска откако избувна голем пожар. Пожарот предизвика густ чад и внатре и надвор од зградата. Првично, обезбедувањето на настанот се обиде да го изгасне пожарот со помош на противпожарни апарати. Потоа пожарникарите пристигнаа на местото на настанот. Сведоци пријавија кратка паника за време на евакуацијата. Сите учесници, десетици илјади ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преместувањето на главниот град од Техеран е неопходност поради зголемениот недостиг на вода и пренаселеноста, објавија иранските медиуми. „Реалноста е дека повеќе немаме друг избор, тоа е неопходно. Не можеме да го оптовариме ова подрачје со уште повеќе население и нови градби. Можеме да се развиваме, но не можеме да го решиме проблемот со водата“, рече тој, објави Тасним. Тој ...

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди порача денеска преку социјалните мрежи дека високиот пораз од Велс во мундијалските квалификации треба да делува мотивирачки пред мартовските плејоф натпревари за пласман на Светското првенство 2026. Македонската репрезентација во вторникот во Кардиф загуби од Велс со 7-1 во завршниот натпревар во квалификациската група Ј и својот дебитантски настап на Светското првенство ќе се ...

Љупчо Коцевски, државниот јавен обвинител, соопшти дека денеска се приведени десетина вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) и дека се вршат претреси на повеќе локации. Предистражната постапка е поврзана со предметот за Кочани, но постапката ќе се води во Кочанското обвинителство. „Местото на извршување е на тоа подрачје. Ако се појават нови елементи за други кривични дела, предметот евентуално може да се пренесе во ОЈО ГОКК. Но, според ...

Balkan Zoo е хрватски музички состав на наградуваниот басист и композитор Марио Рашиќ, кој веќе 13 години ја промовира балканската музика во современи аранжмани. На 29 ноември во Центарот за култура во Битола тие ќе настапат на Фестивалот на музика од светот полна со ритам, виртуозни импровизации и силна енергија – токму она по што тие се препознатливи. Во 2021 година бендот започнува соработка со вокалната солистка и фламенко пејачка Нина ...

Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците во бараж мечевите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Во полуфиналниот меч Македонија ќе се сретне со Данска. Ако успее да ја совлада оваа репрезентација тогаш македонските фудбалери ќе играат против победникот од мечот Чешка и Ирска. И двата меча Македонија ќе ги игра на гостински терен. Полуфиналето е закажано за 26 март, додека финалниот меч ќе се игра на 30 март ...

Вонредните парламентарни избори на Косово би можеле да се одржат на 21 или 28 декември, како што беше предложено на состанокот на лидерите на парламентарните партии со претседателката на Косово, Вјоса Османи, во Приштина. Претседателот на Демократската партија на Косово (ДПК), Бедри Хамза, изјави по состанокот дека нивната партија го предложила 21 декември како датум за избори, но дека имало и предлози гласањето да се одржи на 28 декември. ...

Едицијата „Големи зборови за мали уши”, на издавачката куќа „Арс Ламина”, ќе биде промовирана вечерва, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк” во „Дајмонд мол”. Со овој настан се одбележува Светскиот ден на детето (20 ноември). Промотор на едицијата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска, а пред публиката ќе се обратат авторите на сликовниците По минатогодишното претставување на првата книга од едицијата, „Градоначалник” од авторката ...

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), значителни количини дожд се регистрирани и во Претор (30 литри), Маврови Анови (28), Лазарополе (23), Прилеп и Пожаране (18), Берово (16), Тополчани (14), Радовиш (12), Струмица и Попова Шапка (11), Виница (10), Тетово и Битола (9), Зајчев Рид – Скопје, Куманово и Гевгелија (8), Ѓуриште (7), Скопје–Петровец и Штип (6), како и Крива Паланка и Демир Капија (5). Нов бран на врнежи ...

Зградата на „Вјесник“ изгоре во голем пожар кој избувна во понеделник навечер. Областа околу раскрсницата на Славонска авенија и Савска улица е под специјална регулација на сообраќајот. Полицијата и пожарникарите и денес се на терен. Пожарникарите имале повеќе интервенции поради ново појавување чад, но влез во зградата сè уште не е дозволен бидејќи стручњаците проценуваат дека е небезбедна. Поради истата причина, полицијата сè уште не ...

Дијана Хрка, мајката на Стеван кој загина во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, го поддржа предлогот на автопревозникот Миломир Јаќимовиќ за блокада на Белград и ги повика граѓаните на Нови Сад да се одazват. Како што пишува Nova.rs, Хрка истакна дека е време за обединување и заедничка акција. На прес-конференција, Хрка изрази задоволство што Јаќимовиќ и неговиот син го прекинаа штрајкот со глад, и најави дека во ...

Говорејќи на Американско-саудискиот инвестициски форум во Вашингтон, Маск оцени дека во следните „10 до 20 години“ традиционалните работни места повеќе нема да бидат неопходни за мнозинството луѓе. „Вештачката интелигенција и хуманоидните роботи практично ќе ја елиминираат сиромаштијата,“ рече тој, додавајќи дека човештвото мора да се подготви за длабоки структурни промени. Маск – кој стои зад Tesla, SpaceX и стартапот xAI – објасни дека во ...

Како што пренесува Nova.rs, таа истакна дека е време за обединување и организирано делување. На прес-конференција, Хрка изрази задоволство што Јаќимовиќ и неговиот син го прекинале штрајкот со глад и најави дека вечерта ќе стапат во контакт за понатамошни договори околу протестните активности. „Го поддржувам неговиот план за блокада, но допрва ќе се договараме. Важно е конечно да се обединиме, да бидеме под еден шатор и да одлучиме како ...

Регионалниот пат Македонски Брод – Скопје (кај Јасен) е пуштен за сообраќај во 17 часот, соопшти вечерва АМСМ. Сообраќајот на овој пат беше во прекин денеска од 08.40 часот поради одрон. АМСМ претходно соопшти дека поради одрон, сообраќајот на регионалниот пат Маврово-Дебар, кај село Врбјани, од 16:40 часот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ...

На денешната вонредна седница, Собранието на Косово не гласаше за кандидатот на Самоопределување, Гљаук Коњуфца, за нов премиер. 56 пратеници гласаа за избор на Коњуфца, 53 против, додека четворица пратеници беа воздржани. На почетокот на седницата, Коњуфца ја презентираше програмата на Владата, а потоа и предлогот на кандидати за заменик-премиер и министер, кој е речиси идентичен со предлогот што го презентираше претходниот мандатар, Аљбин ...

Израелската армија изврши воздушни напади врз „воени локации“ на либанското шиитско движење Хезболах во јужен Либан денеска, откако напад со дрон претходно во текот на денот уби едно лице и повреди неколку други, вклучувајќи ученици во автобус. Новиот бран напади се случи во услови на ескалација на тензиите меѓу Израел и милитантната група. Во воздушен напад вчера загинаа 13 лица во палестинскиот бегалски камп Аин ал-Хилаве, што е ...

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува ека водостоите на реките ширум земјата алармантно растат, а најкритична е состојбата на Вардар. Бранот вода од горниот тек денес се движи кон Скопје и селата низводно, со ризик за локални излевања, особено на потегот од Јурумлери до Зелениково. – Локалните излевања и мали заезерувања веќе се можни. Граѓаните треба да бидат внимателни при движење покрај овие делови од Вардар – велат од УХМР. До ...

Де лица се извлечени од пожарникари во општина Старо Нагоричане откако со автомобил заглавиле во реката Пчиња откако истата се излетала. Денеска во 07:35 часот по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во село Стрновац-Општина Старо Нагоричане, поради излевање на реката Пчиња, територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари, информираа денеска од ТППЕ Старо Нагоричане. ...

Според официјалните информации, два германски ловци стационирани во Романија ја надгледувале воздушната ситуација веднаш по полноќ, поради руските напади во близина на границата со Украина. Во текот на неколку минути бил детектиран сигнал од дрон кој навлегол околу осум километри во романскиот воздушен простор пред да исчезне од радарите. Министерството соопшти дека веднаш било испратено телефонско предупредување до жителите во округот ...

„Ве гледаме!“ – Зошто им должиме на сите кој ги изгубија животите, правдата нема да дозволиме да остане само големо очекување, сѐ додека не стане доблест! Судската власт од денес е под лупа! Бараме непристрасен, професионален и целосно транспарентен судски процес ослободен од политичките канџи. Оние кои денес ќе се облечат во црните тоги имаат обврска да покажат интегритет, храброст и почит кон законот. Ќе одолеат ли на притисоците од ...

Настанот се случи за време на нивната средба во Вашингтон, првата посета на престолонаследникот на САД по убиството во 2018 година. Кога новинарот се обиде да праша за убиството во саудискиот конзулат во Истанбул, Трамп го пресече коментарот со зборовите: „Не мора да го засрамувате нашиот гостин“, видливо настојувајќи да го заштити престолонаследникот од непријатни прашања. Трамп повтори дека бин Салман „не знаел ништо“ за убиството, иако ...

Руски напади со дронови погодиле станбена зграда во Харков, вториот најголем град во Украина. По ударот избувнал пожар, а повеќе лица се повредени, јавува Reuters. Дел од населението е евакуирано. Според локалните власти, дроновите по полноќ погодиле два централни градски округа – Слобидски и Основјански. Седум повредени, 22 лица евакуирани Регионалниот гувернер Олег Синјегубов изјави дека во нападот биле употребени 11 дронови и дека седум ...

Разорен пожар на југот на Јапонија уништи повеќе од 170 згради, а едно лице се води како исчезнато, соопшти Националната агенција за противпожарна заштита. Пожарот избувнал во јужниот крајбрежен град Оита, во округот Сагaносeки, околу 17:40 часот по локално време, и брзо се проширил низ густо населениот дел од градот, зафаќајќи домови, деловни објекти и објекти во низа. Пламенот горел преку целата ноќ и до средата наутро сè уште не бил ...

По целодневната дождовна магла, вечерва во поединечни делови на Србија падна првиот снег и ги забели улиците. Во западните краишта дошло до нагло заладување, па дождот преминал најпрво во дожд со снег, а потоа и во чист снег. Во Ужице се бележи слаб интензитет на врнежи, додека на повисоките предели на Златибор и околу Нова Варош снегот паѓа поинтензивно, пренесува агенцијата Рина. Возачите кои се движат по патот преку Боровa Глава и Златибор ...

Во сирискиот град Алепо денеска почна судски процес за насилството врз припадници на алавитското малцинство од страна на провладините борци. Истражната комисија на сириската Влада во јули објави дека 1.426 лица биле убиени во мартовските напади врз безбедносните сили и последователните масовни убиства на Алавити. Провладините борци во март годинава убија стотици членови на алавитското малцинство. Според неименувани судски извори, група од ...

Цезар салата

51 минута - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
46%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
57%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
41%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Калај

53.60