– Бразилскиот фудбалер Нејмар повторно се повреди, но најавите се дека ќе биде подготвен за подготовките за Светското првенство. Неговиот клуб потврди дека во средата Нејмар добил мала повреда на листот од ногата. Повредата се случила на неделниот натпревар кога Сантос загуби дома од Коритиба (0:3). Фудбалерот е под терапија во клупскиот центар и неговата состојба ќе ја следи и лекар на бразилскиот тим. Последниот натпревар за Бразил, Нејмар ...

Македонскиот претставник во финалето на ЕХФ Европскиот куп ГРК Охрид на социјалните мрежи објави дека влезниците за реванш финалето со унгарската екипа Татабања се распродадени за 15 минути. И пред да бидат пуштени во продажба влезниците денеска постоеше огромен интерес и беше јасно дека капацитетот на салата е мал да ги прими сите заинтересирани за следење на финалето. Реваншот охриѓани ќе го играат на домашен терен во СЦ „Билјанини извори“ ...

По значителното забавување лани, економскиот раст на Србија ќе достигне 2,8 проценти оваа година и 3,9 проценти следната година, бидејќи домашната побарувачка ќе има корист од големите јавни инвестиции поврзани со специјализираната изложба EXPO27 и од зголемувањето на платите и пензиите, прогнозира Европската комисија. Во пролетните економски прогнози на Европската комисија објавени денеска, се предвидува и дека фискалниот дефицит на Србија ...

Латино звездата Рики Мартин пристигна во Црна Гора каде што вечерва ќе пее на плоштадот во Подгорица. При пристигнувањето на аеродромот вработените не пропуштија да се фотографираат со него кој навистина го има променето изгледот. Српските медиуми шпекулираат дека неговиот настап чини дури три милони евра, но за тоа нема офцијална потврда од организаторите. Латино звездата Рики Мартин пристигна во Црна Гора каде што вечерва ќе пее на ...

Никогаш и никаде јас не сум ја претставила државата на начин каков што не прилега. Секогаш сум ги бранела националните интереси – изјави за МИА претседателката Гордана Сиљановска-Давкова коментирајќи ги обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека со нејзините ставови изразени за време на посетата на Словенија „паднала на испитот“. – Не знам дали да коментирам вакви изјави. Никогаш не сум паднала на испит ни на факултет, а во Словенија докторскиот ...

Менаџерот на Астон Вила Унаи Емери соборува рекорди и синоќа со својата екипа го освои пехарот во Лига Европа. Ова е за него петти триумф во ова натпреварување откако претходно во три наврати победуваше со Севиља и еднаш со Виљареал. Благодарен сум на сопствениците, тие постојано не поддржуваа. Секако и на навивачите и играчите. Секогаш кога бев успешен во ова натпреварување ми беа потребни добри играчи. Ова е навистина фантастично. Сите ...

Пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска обвини дека СДСМ избегнала дебата во Собранието околу финансискиот пакет и заемот што е предмет на расправа. Стојаноски изјави дека аргументите кои изминатите денови биле пласирани во јавноста „паѓаат еден по еден“, посочувајќи дека биле исполнети барањата за условите на собраниската расправа. „Прво, се тврдеше дека во салата 4 нема просторни услови, односно нема каде ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска испрати порака до премиерот Христијан Мицкоски, од кого побара заедно да ги донесат уставните измени. -Сметам дека се наоѓаме во едно многу критично време и многу важен момент во кој треба да се донесат многу сериозни одлуки. Зошто сметам дека моментот е многу важен? Кај нас, за неколку дена, односно за нешто помалку од две недели, во посета доаѓа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. ...

Студентите од Албанија најавија протест во Тирана на 26 мај во поддршка на студентите Албанци од Македонија кои студираат на албански јазик за време на студиите и бараат нивниот испит по право да биде исто така на албански јазик, објавија дел од медиумите во Тирана. Протестот ќе се одржи во 17 часот по локално време на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана. Барањето на студентите Албанци по право на неколку универзитети во земјава, ...

Премиерот Христијан Мицкоски ја нарече „скандалозна“ одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, откривајќи дека ЕСМ веќе поднело жалба. „ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на ОЈО-ГОКК. Очекуваме Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи по тоа во жалбата. Да почекаме, па да коментираме“, рече ...

Македонија следната година ќе учествува на изборот за песна на „Евровизија“, потврди директорот на МРТ, Зоран Ристоски. На Јавната седница на програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваат претставници на еснафски здруженија, медиумски организации и релевантни институции, Ристоски сподели дека имал средби со претставници од Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ) и дека со сигурност може да каже дека Македонија ќе испрати претставник на ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавија дека на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во ...

СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање и буџет на која треба да се расправа за заемот од 260 милиони евра. Најавува и кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието Африм Гаши. Кривичната пријава и интерпелацијата, како што изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, е поради континуираното кршење на Деловникот и злоупотреба на функцијата. – Ова е скандал кој не е нов и кој претседателот на Собранието веќе континуирано го ...

Прогресот на автопатите на Коридор 8 оди добро и ќе ги изградиме во рамки на предвидениот рок. Следната година ќе пуштиме една лента за возење на автопатот од Прилеп до Битола а целиот ќе го изградиме исто така во предвидениот рок, истакна во интервјуто за ТВ Сител, вицепремиерот Николоски. Тој потенцираше дека проблемот со неколку сопственици на вили во село Ореовец ќе биде решен, но го отвори пршањето зошто политичката партија Левица ги ...

И покрај неуспешните преговори со нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Владата најави проширување на мрежата на авиолинии и воведување нови летови од скопскиот и охридскиот аеродром во текот на летната сезона. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека ова лето ќе бидат отворени пет нови дестинации, оценувајќи дека земјава бележи раст во авио-сообраќајот и покрај кризата со која се соочува глобалната ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и во споредба со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54 денари – соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари. За храна и пијалаци во мај биле потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и обувки 6.334 денари, за ...

Верниците утре го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток. Овој голем празник е посветен на Христовото Вознесение, кога, според верувањата, Христос по воскреснувањето се вознел на небото и им оставил порака на своите ученици да ја шират верата по целиот свет. Токму затоа, Спасовден се смета за ден на спасот, воздигнувањето и благословот. За овој празник се врзани ...

На интервентниот кардиолог, универзитетски професор и алпинист Сашко Кедев денеска му беше доделана плакетата за „Европска личност на годината“ за 2025 година. Признанието го доделуваше Европското движење во Република Македонија во рамки на одбележувањето на Денот на Европа. Кедев, кој поради неодложни обврски не можел да присуствува на доделувањето, преку видео порака изрази искрена благодарност за укажаната чест и големото признание. ...

Устен демарш му бил упатен денеска на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Македонија, Денион Меидани, кој бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Дознаваме дека на средбата присуствувал неговиот заменик и нему му бил упатен устниот демарш во врска со несоодветните изјави на амбасадорот во јавноста, во изминатиот период, коишто се движат на границата меѓу вообичаената и ...

Универзитетот во Токио отвори лабораторија каде што роботите спроведуваат медицински експерименти што претходно ги извршувале луѓе. Целта е на крајот да се автоматизира речиси целиот истражувачки процес, објавија јапонските медиуми. Во објектот на кампусот на Институтот за наука Јушима во Токио, познат како Центар за иновации во роботиката, има 10 роботи, вклучувајќи го и хуманоидниот модел наречен Maholo LabDroid. Универзитетот планира ...

Синот на норвешката престолонаследничка принцеза, Мариус Борг Хеиби, мора да го одлежи остатокот од својот притвор зад решетки, пренесе ДПА. Весникот „Нетависен“ денеска објави дека Највисокиот суд на Норвешка ја одбил жалбата на 29-годишникот против одлуката со која му се ускратува дозволата да ја чека пресудата дома под електронски надзор. Пресудата од судењето се очекува на 15 јуни. Хеиби, кој е обвинет за низа сериозни кривични дела ...

Владите на земјите од ЕУ ја разгледуваат можноста поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги, или поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, да ја претставуваат ЕУ во преговорите со рускиот претседател Владимир Путин. Ова денес го објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“. Американската администрација, моментално преокупирана со сопствената војна на Блискиот Исток, ги информираше своите европски колеги дека не е ...

Германската полиција приведе брачна двојка во Минхен под сомнение дека шпионирале во корист на Кина. Приведените се германски државјани, а се товарат дека одржувале контакти со научници од германските универзитети и истражните институти со цел да добијат научни информации за високотехнолошки компоненти со потенцијални воени примени, соопшти Канцеларијата на федералниот обвинител во Карлсруе. Според истражителите, осомничените биле ...

Вистинска паника и вознемиреност настанале на плажа во Грција откако ајкула долга околу 2,5 метри била забележана во непосредна близина на брегот. Необичниот инцидент се случил на плажата Лутра Орајас Еленис во Коринт, каде капачите и жителите останале во шок кога големото морско животно се појавило во плитките води. Според информациите на локалниот портал, ајкулата се движела на многу мало растојание од плажата, што веднаш предизвикало страв ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи во врска со случајот за шпионажа во Кабинетот на претседателката постапува по две Наредби добиени од ОЈО за ГОКК доставени на 12.02.2026 и 25.03.2026 со кој се бара да се изврши анализа на електронски доказен материјал. Во тек е анализа на сите електронски докази кои се екстрахирани од одземената опрема. -Напоменуваме дека станува збор за поголема количина на електронски ...

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, вчера им рече на Американците дека војната на претседателот Доналд Трамп против Иран нема да стане „вечна“, користејќи брифинг во Белата куќа за да ги одбрани политиките на Трамп, додека шпекулациите за неговиот потенцијален наследник се интензивираат. Заменувајќи ја портпаролката Каролина Ливит, која е на породилно отсуство, Венс помина речиси еден час одговарајќи на прашања од новинарите со умерен тон што ...

Пет земји членки на Европската Унија предложија „активна и систематска“ постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во главните сектори на единствениот пазар на ЕУ пред нивното полноправно членство, врз основа на постигнатите резултати во усогласувањето со европското законодавство и владеењето на правото, со цел да се одржи динамиката на проширувањето, да се забрзаат реформите и да се спречи влијанието на трети земји. Во нон-пејперот, ...

Македонија доби најголема финансиска поддршка од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, со што се потврдува напредокот во спроведувањето на реформската агенда. Европската комисија објави дека за Македонија се одобрени 65,7 милиони евра, повеќе од средствата доделени за Албанија, која добива 49 милиони евра, и Црна Гора, за која се наменети 44,2 милиони евра. Средствата се одобрени по позитивната оценка на Европската ...

Обвинителството за организиран криминал и корупција, со месеци чека одговори од Министерството за внатрешни работи за случајот со сомнежи за оддавање службени тајни и можни шпионски активности во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Иако уште во декември минатата година била отворена предистражна постапка и биле преземени повеќе истражни дејствија, надлежната обвинителка која деновиве е во центарот на вниманието за ...

Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад(РКЕ). Намалување од 0,33 метри кубни има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода која во 2025 година изнесувала 12,59 ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15