Опозициската партија СДСМ преку официјално соопштение упати сериозни обвинувања до лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, тврдејќи дека зад неговата политичка реторика се кријат тајни бизнис интереси. Во партиската реакција се наведува дека додека Димитриевски јавно се позиционира како патриот и борец против корупцијата, тој се јавува како сопственик на компанија регистрирана во соседна Република Бугарија. Од СДСМ изнесоа конкретни ...

Синоќа во хрватскиот град Дрниш е убиен 19-годишник, а полицијата интензивно трага по 50-годишен осомничен кој избегал по пукањето. Како што соопшти Полициската управа Шибеник-Книн, злосторството се случило околу 23:05 часот на терасата од семејна куќа во Дрниш. Според досега познатите информации, 50-годишниот К.А. со огнено оружје пукал во 19-годишен хрватски државјанин, кој починал на самото место од повредите. Како што дознава Јутарњи, ...

Бугарската пејачка Дара со песната „Бангаранга“ е победник на овогодинешното издание на песна за Евровизија, кое синоќа се одржа во Виена, Австрија. До последен момент атмосферата беше напната, а после четири часа се дозна дека Бугарија ја носи победата која од публиката и од жирито доби 516 бодови. Второто место го освои Израел и пејачот Ноам Бетан, додека третото место и припадна на Австралија. Добри резултати остварија и претставниците на ...

Управата за јавни приходи продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, при што во првите четири месеци од 2026 година кај над 40% од контролираните субјекти се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од кои 30% се неправилности кои директно значат неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса. Во овој период, Управата за јавни приходи (УЈП) ...

Германските градови бараат решение за злоупотребата на социјалните бенефиции од мигранти од Бугарија и Романија и бараат построги правила. Многу граѓани од овие земји доаѓаат во Германија само заради социјална помош, пишува „Дојче веле“. Германската телевизија „АРД“ направи репортажа од Хаген, град со 200.000 жители, во кој живеат околу 7.000 Бугари и Романци, од кои повеќе од половина користат социјална помош, вклучително и за покривање на ...

Спасувачки нуркач почина на Малдивите додека ги бараше телата на петмина италијански државјани починати во несреќа со нуркање, која се смета за најлошата таква трагедија во историјата на островската нација. Наредникот Мохамед Мадхи беше однесен во болница во критична состојба, но подоцна им подлегна на повредите, потврди денес портпарол на владата, објави Би-Би-Си. Пет Италијанци загинаа истражувајќи подводни пештери Пет италијански ...

Владата денеска на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на нејзиниот фејсбук профил. -Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година. Одлуката ја донесе Владата ...

Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Жаклина Штерјова – Марковска, интернист на Универзитетската клиника за нефрологија, апелира за важноста на донирањето органи и подигнувањето на свесноста за овој хуман и солидарен чин. -Јас сум дел од тимот за трансплантација при Универзитетската клиника за нефрологија. Ние како тим сакаме да им се заблагодариме ...

Според астролошките толкувања, Стрелецот, Бикот и Вагата до 2035 година може да почувствуваат големи промени во љубовта, работата и личната стабилност. За три хороскопски знаци започнува период кој, според астролошките толкувања, може да донесе големи промени, повеќе стабилност и нови можности. Стрелец, Бик и Вага влегуваат во циклус што се поврзува со среќа, личен раст, финансиски напредок и поголем внатрешен мир. Овој период, кој се ...

Судскиот совет донесе одлука времено да го оддалечи од вршење на судиската функција в.д претседателот на Основниот суд Гостивар, Елјеса Алији, кој е осомничен за примање мито од 8 000 евра. Како што информираа од Судскиот совет, за в.д. претседател на гостиварскиот Основен суд на местото на осомничениот Алији е определен Мирослав Петроски, судија во истиот суд. Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата ...

Вардар со победата над Струга (0-1) во претпоследното 33. коло го обезбеди трофејот во овогодинешната сезона во ПМФЛ. По средбата имаа клупски ручек за прослава, но на него освен вардаровите песни, имаше и навредливи кон ривалска Битола. Поради ова, очекувано имаше доста негативни коментари и осуда на контото на најтрофејниот македонски клуб. Навивачите на Пелистер и битолчани беа најгласни, ама реакции имаше и од целокупната јавност. var-pro ...

Попладнево на аеродромот во Сплит се случи инцидент во кој авион на „Кроација ерлајнс“ се лизна од пистата за време на полетувањето. Авионот застана на тревна површина покрај пистата, а инцидентот го потврдија и аеродромот и „Кроација ерлајнс“. Аеродромот во Сплит потврди дека сè се случило околу 13:30 часот на лет за Франкфурт. „Авионот Ербас А220 скршна од пистата за време на полетувањето и заврши на едната страна на тревната површина. ...

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, , на прес-конференција изјави дека по однос на скандалозната одлука на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, мазут вреден 167 милиони евра, може да се констатира дека таму функционира еден тандем. Според Милошоски, тандемот се обвинителите Абази и Коларевиќ коишто се нешто како коалиција ДУИ-СДСМ, но не во собраниските клупи, туку во обвинителството за криминал и ...

Судот одреди 30 дена притвор за Веселин Милиќ, началник на белградската полиција и поранешен советник на српскиот претседател, кој беше уапсен вчера за прикривање обид за убиство и спречување на истрагата за исчезнувањето на човек кого медиумите го поврзуваа со белградски криминален клан. Веселин Милиќ, поранешен советник на српскиот претседател Александар Вучиќ, беше уапсен во петокот под сомнение дека извршил неколку кривични дела за да ...

Во Виница денеска за првпат ќе се одржи „Маршот на ангелите“, кој се организира во спомен на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, но и како израз на барање за вистина и правда, соопштија од Здружението за граѓани „16 март 2025“ на Фејсбук. „Марш на ангелите“ ќе се одржи денеска во Виница, а ќе почне од плоштадот „Ангел Винички“. Собирот е закажан за 16:45 часот, а стартот на маршот е предвиден за 17:05 часот. Организаторите ...

Министерството за внатрешни работи размислува за порестриктивни мерки за електричните тротинети. Министерот Панче Тошковски денеска најави законски измени во иднина, но без конкретни детали. – Не можам сега да навлегувам во детали дали ќе станува збор за ограничување до 18 или до 16 години, дали ќе одиме со забрани или со порегулиран систем, но во секој случај, јасно е дека на ова поле се потребни законски измени со цел зголемување на ...

Со гостински триумф попладнево над Струга од 1-0 во рамки на 33. прволигашко коло, Вардар ја освои шампионската титула и го зацврсти статусот на најтрофеен клуб во историјата на Првата македонска фудбалска лига. За Вардар ова е рекордна 12. титула, а прва по пауза од шест години. Вардар триумфираше на гостувањето во Струга со голот на Цветковиќ во 5. минута и ја задржа предноста од шест бодови пред второпласираната Шкендија, пред нивниот ...

Судот на Обединетите нации за воени злосторства го одби барањето за предвремено ослободување на Ратко Младиќ, поранешниот командант на босанските Срби, кој издржува доживотна казна затвор за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства во Босна и Херцеговина. Младиќ, кој има 84 години, побарал ослободување од хуманитарни причини поради сериозно влошена здравствена состојба. Судот призна дека тој се наоѓа во „последната фаза од ...

Поранешниот претседател на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски влегува во приватниот сектор. На 6 мај почна со работа Друштвото со ограничена одговорност со едноличен капитал Соне Енерџи 2025 ДООЕЛ Скопје која е регистрирана на адреса во скопската населба Карпош. Дејност на компанијата ќе биде „ советување во врска со работењето и останато управување“. Актуелен директор на компанијата е Марко Бислимоски кој по професија е дипломиран ...

Со звуците на државната химна, во свечена и достоинствена атмосфера во Собранието, започна настанот посветен на оддавање почит на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски – државник чиј лик и дело оставија длабока трага во современата македонска историја. На свеченоста присуствуваа членови на семејството на Трајковски, негови пријатели и соработници, пратеници и бројни гости, кои заеднички му оддадоа признание на претседателот ...

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа го прифаќа ограничувањето на рекламирањето, но остро се противи на предлогот објектите за игри на среќа да бидат најмалку 500 метри оддалечени од училиштата. Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа — АПИС, излезе со писмен став за новиот Предлог-закон за игри на среќа, во кој нагласува дека заштитата на младите од можната зависност од коцкање е нивен приоритет, но предупредува дека дел од ...

Гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, учествуваше на Регионалниот состанок на гувернери што се одржа во Пула, Република Хрватска, во организација на Хрватската народна банка, каде што во фокусот на дискусиите беа дигиталната трансформација на финансискиот систем, дигиталните средства и иднината на прекуграничните плаќања. На тркалезната маса на тема „Од експеримент до инфраструктура: дигиталните средства во традиционалниот финансиски ...

Комисијата за заразни болести формирана при Министерството за здравство одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот и здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата. Институтот за јавно здравје располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, ...

Англиските музички легенди „Битлси“ ќе добијат сопствен музеј во Лондон, кој ќе ги отвори своите врати за обожавателите во 2027 година. Музејот ќе биде сместен во зграда во која групата го одржа својот последен јавен настап на 30 јануари 1969 година. Воедно, зградата претставувала и седиште на Битлси во периодот меѓу 1968 и 1972 година, каде што е снимен и нивниот последен албум „Let It Be“. – Важно е обожавателите на Битлси да имаат ...

Опозицискиот СДСМ денеска упати остри критики до Министерството за образование и наука поради зачестените инциденти, физички пресметки и појава на ладно оружје во образовните институции. Претседателот на партиската Комисија за образование и наука, Јованче Манасков, на прес-конференција истакна дека системот за превенција целосно потфрла. Според социјалдемократите, актуелната состојба во училиштата и ученичките домови бара итна институционална ...

Повеќе од јасно е дека раководството на СДСМ води политика што создава сомнеж во јавноста дали воопшто партијата ги застапува македонските национални интереси или работи во полза на туѓи агенди и наративи, пренесе ЗНАМ. „СДСМ со години наназад води политика на национални отстапки, релативизирање на македонскиот идентитет и поткопување на државните позиции. Се започна од интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС, каде јасно и гласно го изедначи ...

АД ЕСМ најостро и во целост ги отфрла наводите изнесени во денешното соопштение на политичката партија Левица. Станува збор за крајно невистинити, лажни и тенденциозни конструкции кои немаат допирна точка со реалноста, туку служат исклучиво за евтин политички маркетинг и манипулација со јавноста. Најмногу зачудува фактот што Левица, во својата желба за собирање политички поени, си зема за право веќе да го затвори случајот кој сè уште е во ...

Американските федерални власти покренаа обвинение против двајца државјани на Македонија, осомничени дека преку интернет организирале измама во која лажно го користеле името на американскиот претседател Доналд Трамп за да извлечат пари од граѓани низ САД. Според соопштението на американското Министерство за правда, обвинети се 25-годишниот Горан С. и 39-годишната Кристина Ј., кои наводно продавале лажни „Trump Bucks“, „Trump coins“ и други ...

Изминатата година се родени 15.500 новороденчиња, што значи дека државава бележи значителен пад во природниот прираст, покажуваат најновите демографски податоци од 2025 година, истакна денеска проф. д-р Елена Џикова од Клиниката за гинекологија и акушерство и член на Управниот одбор на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО на одбележувањето на Неделата на женско здравје 2026“. Таа посочи дека ако се навратиме една ...

орба за титулата во Премиер лигата се одвива и надвор од теренот. Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вети награда за фудбалерите на Барнли, ако успеат да го запрат Арсенал. Според англиските медиуми Гвардиола ветил „Ролекс“ часовници за играчите на Барнли, ако го запрат Арсенал во борбата за шампионската титула. „Топџиите“ имаат шанса по 2004 година повторно да бидат шампиони на Премиер лигата бидејќи имаат два бода повеќе од ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Калај

53.60

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54