Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на Самитот Македонија2026 ја истакна важноста од соработката на лидерите на балканските земји, но и посочи на изреката „Размислувај глобално, делувај локално“. Главна поента од овој панел беше дека лидерството се тестира во моменти на притисок, а донесувањето одлуки ги дефинира и економиите и индустриите. – ...
Градската општа болница „8 Септември“ доби целосно реновиран оперативен блок со инвестиција од 12 милиони евра преку ТАВ-програмата. Со реконструкцијата се опфатени седум специјализирани операциони сали, одделите за интензивна нега и за патологија, административни кацеларии, покривната конструкција, клиничките лаборатории и придружните простории. Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека станува збор за значаен проект за македонското ...
По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец, информираат од ЗОО Скопје. Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите ...
Еурофарм Пелистер го назначи Лино Червар за нов тренер од следната натпреварувачка сезона. Хрватскиот стручњак ќе седне на жешката битолска клупа, а мисијата нема да биде лесна ниту за човек со неговото искуство и реноме. Откако клубот ја официјализира соработката преку социјалните мрежи, Червар испрати кратка порака. „Чест ми е што доаѓам во Еурофарм Пелистер, клуб со голема ракометна традиција и историја. Со играчите, управата и моето ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања до власта, нарекувајќи ја коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ „најголем бугарофилски колектив“. Според неа, функционери од власта поседуваат бугарски пасоши додека истовремено ја блокираат европската иднина на државата. Кузеска истакна дека лажниот патриотизам се користи како параван за лични интереси и криминал. „Министри, пратеници, директори, ...
По премиерот и министерот за правда побара да се преиспита одлуката на обвинителството за прекинување на истрагата во случајот со мазутот за ТЕЦ „Неготино“ поради недостиг на докази. Споре Игор Филков, „одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека ...
Централизацијата е погубна за македонското здравство. Мора да направиме регионализација и рамномерен регионален здравствен развој. Пациентот мора да добива ист квалитет на услуга и во местото од каде што потекнува. Дали тоа ќе го направиме со ротација на персонал, дали тоа ќе го направиме со екипирање и на центри коишто се надвор од Скопје — ќе мора да седнеме и да се договориме. Само тогаш листите на чекање ќе се преполоват, изјави д-р ...
Ауди“ го откри ентериерот на својот претстоен врвен модел Q9 (Audi Q9)“, за којшто се тврди дека „поставува нов стандард за просторот и ексклузивноста“. Луксузниот теренец ќе биде целосно претставен на 29 јули, а ќе служи како индиректен наследник на седанот „A8“, чиешто производство прекина неодамна. Q9 ќе стане најголемиот и најлуксузен модел на германската компанија досега, а продажбата ќе почне подоцна оваа година. Бидејќи Q9 е замислен ...
Групата „Меморија“ денеска одржа прес конференција по повод големиот солистички концерт закажан за 23. октомври 2026 година во Арена „Јане Сандански“ – Скопје . На денешната прес конференција покрај информациите за претстојниот концерт членовите на бендот информираа и за документарниот филм кој се снима од минатата година и кој во неколку епизоди ќе се прикажува на Македонската телевизија. Новите информации беа споделени во присуство на ...
Потребна длабока реформа во судството вели Изет Меџити, копретседател на Влен и градоначалник на Чаир, во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ, за одлуката на обвинителството да ја запре постапката во истрагата за ТЕЦ „Неготино“ со што од вина, меѓу другите, се ослободуваат Асмир Јахоски, син на пратеникна ДУИ, поранешниот прв човек на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и Ратко Капушевски, сопственик на компанијата РКМ. „Треба подлабока реформа во ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со вчера вечер заловеното животно во скопската населба Козле, за кое се претпоставуваше дека е волк, односно дека истото е домашен миленик – куче, кое е чипирано и кое сопственикот бара да му биде вратено. Од страна на официјални ветеринари на АХВ во текот на денот ќе биде спроведен вонреден инспекциски надзор во ...
Ние сме промакедонска партија и тоа е она што нас нè интересира, а тоа што СДСМ како политичка партија одамна го изгубија својот идентитет и начин на делување, тоа е нивен проблем и мислам дека со тој проблем многу скоро ќе се соочат на избори, рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар на тоа што лидерот на СДСМ ја нарекол ВМРО-ДПМНЕ бугарофилска партија. Мицкоски истакна оти ова не заслужува дополнителен коментар, затоа што, како ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth Social визуелна содржина во форма на мапа на која Венецуела е прикажана како дел од САД, со натпис „51-ва држава“. Објавената слика ја прикажува територијата на Венецуела исполнета со боите на американското знаме. Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, пред два дена изјави дека нејзината земја не планира да стане 51-ва земја на САД, ...
Хрватка, брутално претепа Филипинец среде Загреб Физичката пресметка се случила на Илица, недалеку од централниот плоштад во Загреб. Кого ќе удираш, а? Кого – вика девојката на снимката, додека го удира и клоца младиот човек, кој држи телефон во раката и очигледно нема намера да возврати. Во следниот момент, младиот човек го испушта телефонот. Кого ќе удираш– продолжува девојката, удирајќи го во главата. Хрватка, брутално ...
Хрватските медиуми објавија дека нов тренер на Еурофарм Пелистер од јули ќе бидеЛино Червар и битолскиот клуб постигнале договор за соработка. Хрватски стратег ќе се врати на тренерската работа по пауза од седум години, а последен ангажман имаше во ППД Загреб во сезоната 2018/2019. Червар беше тренер на Металур и селектор на македонската репрезентација а поседува и македонски пасош. Хрватските медиуми објавија дека нов тренер на Еурофарм ...
Доналд Трамп пристигна во Кина со делегација во која се најдоа дел од најмоќните американски бизнис лидери, од технолошкиот сектор до финансии, авиоиндустрија и агробизнис. Во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, според американските и меѓународните медиуми, се качиле Илон Маск, Тим Кук, Џенсен Хуанг и други директори на големи компании, во пресрет на средбата на Трамп со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг. Посетата има силна ...
Седум години партијата на етничките Македонци во Грција Виножито чека на одговор од вселенскиот патријарх Вартоломеј на нивното писмо во кое се бара да се воведат богослужби на македонски јазик во дел од црквите во северниот дел на Грција. Писмото било испратено уште на 6 март 2019 година. Македонците од Грција бараат во дел од црквите во северна Грција богослужбите да се одржуваат на современ македонски јазик. За писмото денеска на својот ...
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на СДСМ и ДУИ Љупчо Николовски, е повикан во СВР Скопје на службен разговор. Николовски се сомничи за злоупотреба на јавна набавка која ја спровел додека бил министер за повеќе од 800.000 евра, спротивно на Законот за јавни набавки. Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на СДСМ и ДУИ Љупчо Николовски, е повикан во СВР Скопје на ...
АД ЕСМ сè уште не го доби решението од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во врска со осомничените за тежок криминал – набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Сепак, следејќи ги информациите објавени во медиумите, правниот тим на ЕСМ веќе ги презема сите подготвителни активности, да поднесе соодветна жалба, веднаш по официјалното примање на решението, велат од компанијата. Оваа реакција следува ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во Дневникот на Сител ТВ порача дека Македонија мора да го продолжи европскиот пат, но без откажување од сопствениот идентитет, историја и национално достоинство. Тој оцени дека континуираниот притисок за уставни измени од страна на актуелното раководство на СДСМ претставува продолжение на, како што рече, бугарофилската агенда која започнала со политиките на претходната ...
Владата го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри кој ќе биде испратен до Собрание. Од Владата истакнуваат дека со ова започнуваат нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, децата и семејствата. -Фокусот на овој закон е јасен заштита на ...
Се појавија нови детали во врска со повредата на плејмејкерот на Лејкерси, Лука Дончиќ. Според „Атлетик“, преглед спроведен во Шпанија откри дека повредата на словенечкиот кошаркар е посериозна отколку што првично се очекуваше по неговата првична магнетна резонанца. Првично беше објавено дека на Дончиќ му е дијагностициран истегнување на тетивата од втор степен. Сепак, подоцнежниот, пообемен медицински преглед откри пообемна и потешка ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на социјалните мрежи сподели како изгледа првата галерија на автопатот Охрид – Кичево. Во изминатиот период на автопатот Охрид-Кичево на новите свлечишта се извршија дополнителни геоистражни работи врз основа на кои се изработија основни проекти за стабилизација на 14 свлечишта, во вид на т.н. Галерија. Галериите се исклучително комплициран инженерски потфат со кој се решава проблемот ...
Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија, Жељазко Радуков, брифираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. – На средбата му беше упатен усен демарш во врска со несоодветното адресирање од страна на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Весислава Петрова Чамова, која во својата вчерашна изјава за време ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја обвинува власта за манипулација на граѓаните, посочувајќи го и последниот случај со Муцунски и неговата колешка од Бугарија, Велислава Петрова Чамова. Филипче вели дека Муцунски прво криел дека имал средба со неа, а потоа кога се дознало рекол дека тоа било само размена на неколку зборови. Лидерот на СДСМ вели дека најважно во целата оваа ситуација е пораката на министерката на Бугарија, која на ...
Првиот човек на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, денеска ги демантираше обвинувањата за влијание по запирањето на постапката за предметот во врска со набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“. Реакцијата на Абази доаѓа откако денеска вакви обвинувања изнесоа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои одлуката за ја оквалификуваа како „контроверзна“. На денешниот брифинг со новинарите, Абази ...
Славниот француски диџеј, продуцент и хитмејкер Дејвид Гета по 10 години се враќа со настап во Македонија, за прославата на 35 години независност, објави со досега невидена гордост и задоволство, Бобан Милошески од „Авалон“, кој ќе го реализира концертот во соработка со Владата. Настаните од прославата ќе се одржуваат од 8 август до 8 септември, кога на стадионот „Тоше Проески“ во Скопје ќе настапи Дејвид Гета. Како главна ѕвезда на ...
Највисоката цена за станбен квадрат во првиот квартал од годинава е постигната во општина Кисела Вода, каде стан од 45 метри квадратни е продаден за 177.667 денари по метар квадратен, односно околу 2.888 евра. Ова го покажуваат најновите податоци од Извештајот на Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот јануари-март 2026 година. И покрај високите поединечни цени, извештајот нотира значително ...
Македонија само во патната инфраструктура на Коридорот 8 моментно вложува 2,1 милијарди евра, а во делот на железницата следните пет-шест години ќе инвестира над три милијарди евра. Тоа се вкупно 5,5-6 милијарди евра инвестиција само на Коридорот 8 – рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Обраќајќи се на бизнис-форумот „Преку границите“, Николоски потсети дека и двата аеродроми, скопскиот и охридскиот, кои ...
Како Влада цениме дека покус пат до Европската Унија нема, односно има, но тој е полн со предизвици, кои најчесто се понижувачки и поради тоа го избираме потешкиот пат, со кој местото во Унијата ќе го заслужиме со квалитет и испорака, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Тој ...