Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година. Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како ...

Денеска во Скопје беше одбележан Денот на мултипла склероза, при што беше најавен почетокот на децентрализацијата на третманот и терапијата за пациентите со мултипла склероза (МС) во три регионални центри низ државата. Директорот на Фонд за здравствено осигурување, Сашо Клековски, информираше дека станува збор за значаен чекор со кој терапијата ќе им биде подостапна на пациентите. Од Националното здружение за МС посочија дека ова е едно од ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција побара граѓаните на референдум да се изјаснат дали ја поддржуваат цената што, според него, државата ја плаќа поради политиките на премиерот Христијан Мицкоски и владејачката структура. Филипче на прес-конференција изјави дека изјавите на Мицкоски за тоа дека „нема повеќе отстапки за влез во Европската Унија“ отвораат прашања за тоа кои се тие отстапки и кој ќе ја плаќа ...

Граѓаните се единствените кои можат да одлучат за својата судбина. Не сакаме сите да ја плаќаме оваа цена, rаспишете референдум, прашајте ги граѓаните. Не може вие да одлучувате за судбината на сите што живеат во државата – изјави денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче, осврнувајќи се на евроинтеграциите и на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој на прес-конференцијата во Охрид со хрватскиот премиер ...

Реал Мадрид го објави датумот на своите претседателски избори. Гласањето ќе се одржи на 7 јуни. Претходно, сегашниот претседател на клубот, Флорентино Перез, објави предвремени избори по втората последователна сезона без трофеј. Тој беше реизбран за претседател на Реал Мадрид со четиригодишен мандат во јануари 2025 година. Седумдесет и деветгодишниот Перез ќе се соочи со бизнисменот Енрике Рикелме. Перез го водеше Реал Мадрид од 2000 до 2006 ...

Денеска, муслиманскиот свет го слави верскиот празник Курбан Бајрам. Празникот се слави во текот на четири дена и курбанот, жртвеното животно, купено со алал пари се коле со мисла да се простат гревовите, но и затоа што тоа го наредува Аллах џ.ш. Еден дел од местото на курбанот се остава на домаќините, еден дел им се раздава на сиромашните и соседите, а еден дел се одвојува за гостите кои ќе дојдат на посета за време на Бајрам. За време на ...

Фудбалерот од средниот ред на Милан и хрватски репрезентативец Лука Модриќ, ќе го објави своето пензионирање по Светското првенство во 2026 година, објави новинарот Николо Шира на социјалните мрежи. Модриќ во септември ќе наполни 41 година. Хрватот се приклучи на италијанскиот клуб минатото лето како слободен играч. Неговиот тековен договор со Милан е до крајот на јуни 2026 година, со можност за продолжување. „Transfermarkt“ ја проценува ...

СДС, Венко Филипче и тие околу него, за власт, моќ и амнестија на криминалите се спремни на се и на нови национални предавства.Без око да им трепне, уште од прв ден, доколку би дошле власт, би направиле уставни измени со кои би ги вметнале Бугарите во македонскиот устав велат од ВМРО-ДПМНЕ. Иако знаат дека впишувањето на околу две, три илјади граѓани кои себеси се чувствуваат како Бугари не се последното барање или ултиматум кој доаѓа од ...

Во пресрет на празникот Курбан Бајрам, Општина Чаир во соработка со ЈП „Комунална Хигиена“ реализира проширена акција за чистење и одржување на јавните површини во различни населби на општината. -Населба по населба и улица по улица, сезонските работници на општината заедно со теренските екипи се ангажирани во чистење на улиците, тротоарите и јавните простори, со цел создавање почиста и поуредена средина за граѓаните за време на празникот, ...

– Денеска се раѓа нова политичка сила, со цел не само политичка промена, туку и промена на политиките, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за време на митингот во центарот на Атина, промовирајќи ја неговата нова партија под името Грчки левичарски сојуз или скратено ЕЛАС, јави дописничката на МИА од Атина. Со Акропол зад него, од историската атинска населба Тисио, Ципрас порача дека „дојде денот“ и дека се прави првиот чекор за ...

Јавното претпријатие за државни патишта ги известува корисниците на услугите на наплатните станици дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15 јуни 2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за МТАГ ќе бидат наменети „исклучиво за користење од страна на корисници со електронски тагови“. Со наведената измена, вршењето на наплата со „МКард“ на овие ленти се укинува. ...

Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,46 проценти во однос на претходната одлука од 18 мај. Според одлуката, од 27 мај на полноќ, бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 0,50 денари по литар, додека цената на дизелот останува непроменета. Новите максимални цени ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 87,50 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ...

Според специјализираниот портал „Екс ју авијација“, „Кроација ерлајнс“ продолжува со намалување на бројот на летови на маршрутите од Загреб кон Скопје и Сараево, како дел од пошироките мерки за рационализација на мрежата поради зголемените трошоци во авиоиндустријата. Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе реализира во просек по седум летови неделно на линијата Загреб – Скопје, што претставува намалување во однос на минатогодишните девет летови ...

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до Вишото јавно обвинителство во Белград денеска доставило извештај за идентификација на останките што беа пронајдени на 21 мај 2026 година во буре, кое беше ископано на Сењак, пренесува Н1. Според обвинителството, со ДНК анализата е утврдено дека станува збор за А. Н., чие исчезнување е пријавено на 13 мај 2026 година. Поради кривичното дело тешко убиство извршено на штета на А. Н. на 12 ...

Најстроги законски казни и санкции во согласност со Законот за комуналните дејности се изречени по појавата на свлечиште на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква во Скопје. Инспекциските служби на Општина Центар по извршениот увид констатирале сериозни оштетувања на јавната инфраструктура и низа неправилности во изведбата на градежниот објект. При надзорот на терен, кој е спроведен во координација со ...

„После изјавата на Мицкоски дека за ЕУ „ќе чекаме децении“ денеска им порача на граѓаните дека треба „да ја платиме цената“ што нема да станеме членка на Унијата. Нема поголемо признание од ова дека Мицкоски не сака членство во ЕУ. Како што кажавме. Граѓаните се заложници на криминалот и корупцијата на Мицкоски и неговиот страв од одговорност. Граѓаните ќе ја платат цената, нивните семејства и нивните деца. Најскапата цена ја платат младите ...

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на денешната заедничка прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Хрватска е силен и конзистентен поддржувач на Македонија на патот кон Европската Унија. – Ве поддржуваме од првиот ден. Се сеќавам на почетокот од 2000-тите години кога Хрватска беше чекор зад вас. Денес сме веќе 13 години членка на Европската Унија. Нема подобар пример за тоа колку е неправедна сегашната ситуација и колку ...

Денешната посета не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку и потврда на едно пријателство кое се градело со години – односи темелени на меѓусебна почит, разбирање, соработка и искрена поддршка. Тоа го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, по денешната средба во Охрид. Како што рече, Хрватска е близок партнер на Македонија, пријателска ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ денеска потпишаа договор за стратешка соработка помеѓу двете земји, што претставува нова етапа во билатералните односи. Исто така, беше потпишан и договор за соработка меѓу Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија. На прес-конференцијата по потпишувањето на договорите, Мицкоски и Пленковиќ истакнаа дека ...

Министерството за внатрешни работи ќе ја прекине соработката со српската компанија „Памитекс тим“, која била задолжена за набавка на еднобојни униформи за специјалните полициски единици, најави министерот Панче Тошковски во интервју за „360 степени“. Одлуката доаѓа по извршената суперанализа во странство, која потврдила дека доставените примероци не го исполнуваат бараниот квалитет пропишан во тендерската документација. Покрај раскинувањето ...

Жозе Мурињо нема да ја преземе функцијата тренер на Реал Мадрид доколку Флорентино Перез ги изгуби претседателските избори. Според „As“, Мурињо, кој моментално е тренер на Бенфика, се согласил на двегодишен договор со мадридскиот клуб, со опција за продолжување за уште една сезона доколку ја освојат Ла Лига. Сепак, потпишувањето на договорот е одложено до завршувањето на претседателски избори. Доколку Перез не биде реизбран, Мурињо ќе ја ...

Македонската Влада е за исполнување на критериумите за членство во Европската Унија и сметам дека тие напредуваат многу добро – оцени хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ при денешната посета на земјата. Одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција во Охрид со премиерот Христијан Мицкоски, забележа дека единственото отворено прашање во овој момент се односите со Бугарија. – Бугарија имаше избори. Имаме стар претседател и ...

Легендарниот југословенски бренд се враќа на големата сцена! Српски претприемач од Германија, Александар Бјелиќ ги купи правата за името Југо и на конференција во Белград ги откри деталите за проектот, кој е широко објавен во германските и австриските медиуми. Главниот адут на новиот модел, чиј дизајн го потпишува Дарко Марчета од Зрењанин, ќе биде прифатливата цена – целната цена е околу 12.000 евра. Под хаубата се крие хибриден погон со ...

Фудбалската топка за Светското првенство 2026, наречена TRIONDA ќе има вграден сензор за движење што следи допири, движење и промени на насоката и пред натпреварите мора и да се полни. TRIONDA има connected ball технологијата на Adidas и испраќа прецизни податоци до VAR системот, што им помага на судиите побрзо да донесуваат одлуки, особено кај офсајд и спорни допири и фаули, a батеријата „држи“ шест часа. Фудбалската топка за Светското ...

Во духот на пријателството, меѓусебната почит и партнерството разговаравме за унапредување на соработката меѓу двете држави во повеќе стратешки области, како што се економијата, енергетиката, инфраструктурата, европските интеграции и регионалната безбедност. Средбите претставуваат уште една потврда за силните и пријателски односи меѓу Македонија и Хрватска, како и за заедничката определба за стабилен, безбеден и европски регион, напиша ...

Цените на суровата нафта Брент забележаа повторен раст во вторникот. Ваквиот тренд следува по воените операции на САД во јужен Иран, како и поради мешаните пораки од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со преговорите меѓу Техеран и Вашингтон. Јулските фјучерси за меѓународната референтна сурова нафта Брент поскапеа за 2 проценти, достигнувајќи цена од 98,26 долари за барел во азиската трговија. Од друга страна, фјучерсите за ...

На напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, му е дијагностициран мускулен замор во левата нога по медицинските тестови. – Неговото враќање на физичка активност ќе зависи од неговиот клинички и функционален напредок, се вели во соопштението на прес-службата на клубот. Меси ги вознемири аргентинските навивачи пред Светското првенство. Тој побара замена поради повреда на натпревар од МЛС. Триесет и осумгодишниот Аргентинец беше заменет во ...

Фабио Паратичи би можел да стане нов спортски директор на Милан, објавува „MilanPress“. Специјалниот советник на Милан, Златан Ибрахимовиќ, веќе имал прелиминарни разговори со 53-годишниот Италијанец за да ја утврди неговата достапност. Од февруари 2026 година, Паратичи е спортски директор на Фиорентина. Неговиот договор важи до 30 јуни 2030 година. Паратичи претходно беше спортски директор на Тотенхем и Јувентус. Под негово водство, Јувентус ...

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ и британскиот боксер Тајсон Фјури ќе имаа бокс меч на 1 август. Се очекува борбата да се одржи во Даблин, Ирска. Засега нема информации за официјалното емитување на борбата Ибрахимовиќ против Фјури. Деталите може да станат познати поблиску до датумот на борбата. Триесет и седумгодишниот Фјури е светски шампион во WBC, WBA, IBF, WBO и The Ring. Неговиот рекорд е 35 победи (24 со нокаут), 2 порази и 1 ...

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, насочени кон места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји. Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението изјави дека нападите биле извршени во „самоодбрана“ и дека нивната цел била „да ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“. Портпаролот на ЦЕНТКОМ изјави дека ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Паладиум

40767.15