Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак. Вицепремиерот ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат. Според него, ние сме неоправдано предолго во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, смета тој, треба да е заснован ...
Проширувањето е наша заедничка цел, а иднината на Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија, порача попладнево претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. – Вашата Влада покажа посветеност и сакам да ги пофалам континуираните напори што ги вложувате. Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската агенда кон ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево пристигна во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Кошта на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. – Добредојде за претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје. Попладнево, во рамки на неговата регионална посета, го пречекавме претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Посетата ...
Вишиот суд во Неготин оцени дека нема доволно докази за продолжување на постапката против Радослав Драгиевиќ, кој беше обвинет за прикривање на кривично дело и помагање по извршувањето на убиството на Данка Илиќ. Вишиот суд во Неготин донесе одлука да ја прекине постапката против Радослав Драгиевиќ, таткото на Дејан Драгиевиќ, кој е еден од главните обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ. Со оваа одлука, судот оцени дека нема ...
Од Сојузот на синдикати на Македонија – (ССМ) велат дека „Наместо посакуваното подобрување, тапкање во место со индиции на очигледни влошени состојби во нашата држава препозна Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) во Извештајот за 2026 година – Индекс за Глобални права ,,Најлошите држави во светот за работниците”, во кој повторно ја рангираше Македонија на 4-тото место во рангот на земјите со систематско прекршување на правата на ...
Продажбата, угостителството и услужните дејности остануваат меѓу најактивните сектори на пазарот на трудот, покажуваат најновите податоци за слободни работни места во првото тримесечје од 2026 година. Во периодот од јануари до март, стапката на слободни работни места изнесувала 2,07 проценти. Најголем број непополнети позиции има во групата работници во услужни дејности и продажба, каде биле евидентирани 2.346 слободни работни места. ...
Во Германија живеат најмногу луѓе во сиромаштија од 2020 година, покажуваат податоците на Паритетното здружение за социјална грижа, објави „Deutsche Welle“. Според новиот извештај за сиромаштијата, стапката на лица изложени на ризик од сиромаштија во Германија пораснала од 2024 до 2025 година за 0,6 процентни поени и достигнала 16,1 процент од населението. Извршниот директор на здружението, Јоахим Рок, ја опиша состојбата како „кризна“ и ...
Премиерот Христијан Мицкоски сè уште не може да каже дали назначувањето нов министер на местото на Арбен Фетаи, кој си даде оставка, ќе биде единствената измена во Владата. Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новиот базен во Карпош, тој најави промени и во партијата и во Владата. „Сега сум посветен на внатрепартиските поместувања, реструктуирање. Тоа отприлика планираме да го завршиме до средина на јуни и веќе ...
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје на Република Македонија- Скопје на сметката за средства од програмите за здравствена заштита, сопствено учество на осигурените лица во цената на здравствената услуга и други средства од сопствени приходи (531) за 2024 година. „Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и ...
Ние сме единствена држава што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации. Во следните неколку недели се отвораат пет нови линии – најавува вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. „Австрија ерлајнс“ почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг-летовите од Виена. „Визер“ почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе биде одлично за развојот на туризмот, ќе донесе ...
Општина Карпош доби нов базен. Отворањето е денеска, а истиот се наоѓа до салата „Наум Наумовски Борче – Партизан“ позади Сити мол Карпош. Базенот е со вредност од 46.700.000,00 денари. Станува збор за училишен базен со корито со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри и должина од 25 метри. Општина Карпош доби нов базен. Отворањето е денеска, а истиот се наоѓа до салата „Наум Наумовски Борче – Партизан“ позади Сити мол ...
По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, изразуваме благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес. Во извршувањето на оваа одговорна функција, Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност. Ја почитуваме неговата одлука и истовремено му се заблагодаруваме за соработката и ...
Поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски, во интервју на јавниот сервис призна дека вработен од неговиот кабинет снимал видео и аудио од разговори на состаноци на државниот врв. Според кажувањето на Пендаровски, на ваквите состаноци присуствувал Зоран Заев како премиер и останати лидери на политички партии на тогашната власт, меѓу кои и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Освен тогашниот политички и државен врв, на ваквите состаноци во ...
По четиригодишно отсуство поради војната во Украина, членовите на германската бизнис заедница официјално ќе учествуваат на претстојниот економски форум во северниот руски град Санкт Петербург. „…Сакаме, како и сите големи западни земји, да одржиме економски мост кон Русија и да заштитиме повеќе од 100 милијарди евра германски имот во Русија“, изјави Матијас Шеп, претседател на Германско-руската стопанска комора, за агенцијата ДПА. И покрај ...
Кина ќе воведе нови регулативи од јули за да ги заостри контролите врз трансакциите во странство што вклучуваат инвестиции, технологија, податоци и национална безбедност, објави официјален Пекинг. Најавата за построгите регулативи дојде еден месец откако Пекинг ѝ наложи на Мета да го откаже преземањето на стартапот за вештачка интелигенција Манус. Новите регулативи треба да стапат во сила на 1 јули, а еден од најзначајните членови на новите ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска е во Скопје на средби со државниот врв.Главна тема ќе биде спорот со Бугарија како и реформската агенда. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вчера изјави дека на маса се повеќе идеи за надминување на спорот со Бугарија, а кои би вклучувале јасни гаранции во форма на заклучоци на Европскиот совет дека нема да им нови билатерални барања за земјава поврзани со историјата, ...
Македонската фудбалска репрезентација загуби вечерва во контролен натпревар против Турција во Истанбул со убедливи 4-0 (2-0) и ја продолжи серијата без победа на осум, а без постигнат гол на четири натпревари. Почетниот состав на македонската репрезентација донесе пет измени од дуелот во петокот против БиХ со Деспотовски, Фетаи и Алиоски во одбраната, Елези во средниот ред и Омерагиќ во нападот, но избраниците на селекторот Гоце Седлоски и ...
Од полноќ стапуваат на сила новите цени на горивата, со кои дизелот ќе поевтини за 6,5 денари по литар, додека бензините ќе поскапат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката, цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 85,50 денари за литар, што претставува едно од најголемите поевтинувања во последниот период и го спушта дизелот далеку под границата од 90 денари. Во исто време, бензините бележат мало поскапување. ...
По средбата со Владимир Путин, олигарсите испратија 220 милијарди рубли донации за војната.Големите руски бизнисмени донираа 220 милијарди рубли (3 милијарди долари) во буџетот преку бесплатни плаќања, според владиниот портал „Електронски буџет“. Ова е речиси 130 пати повисоко од проектираните приходи од овој вид приходи за целата година, според „Експерт“. Причината за овие „доброволни прилози“ беше затворената средба на Владимир Путин со ...
Долго очекуваното враќање на професионалниот тенис на легендарната Серена Вилијамс ќе се случи овој месец кога 44-годишна Американка ќе настапи на турнирот на трева во Квинс, објавија денеска организаторите. Серена Вилијамс доби вајлд – карта од организаторите и ќе настапи во двојки. Последниот настап на 23-кратната грен слем шампионка беше во септември 2022 година, кога се повлече од професионалниот тенис по поразот во третото коло на Ју Ес ...
Македонија очајно го започна пријателскиот меч против Турција. Првимивме гол веќе во првата минута, а во 40-тата секунда домаќините ја имаа првата шанса. Натпреварот се игра во Истанбул на стадионот на Фенербахче. Македонија овие мечеви ги користи како подготовка за Лигата на нации која почнува во септември. Македонија очајно го започна пријателскиот меч против Турција. Првимивме гол веќе во првата минута, а во 40-тата секунда домаќините ја ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба и оти државава и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата. – Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние, би рекол душегрижници кои мислеа дека оваа ...
Потпретседателот на Партизан за спортски прашања, Предраг Мијатовиќ, поднесе неотповиклива оставка по несогласувањето со неговите соработници. – Дојдов тука да разговарам со вас сосема отворено и транспарентно за да нема никакви резерви. Ја почитувам одлуката на Собранието што сите ја донесовме, но прашувам, им благодарам на сите. Но, исто така го прашувам Собранието, дали беа присутни овие четири месеци додека сè се случуваше? Така сите ...
Предизвиците во најголемета енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026, што се одржува во Скопје. Денеска, посочи, ние го живееме токму тоа време на глобален енергетски ...
Потпретседателот на владата Арбен Фетаи поднесе оставка на функцијата во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски, дознава Телма. Фетаи претходно повеќе од два и пол месеци не доаѓаше на работното место во владата во која ја извршуваше функцијата вицепремиер за добро владеење. Од прес службата на владата за Телма потврдија дека во текот на денешниот ден е доставена оставката на Фетаи, а портпаролката на владата Марија Митева најави дека на ...
Лагите се специјалност на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција по којзнае кој пат по ред, повторно излезе да шири лаги и манипулации. Но, како специјален пратеник и пиун на Румен Радев, кој стана главен промотор за прифаќање на бугарските диктати, друго и не се очекува, потсетува ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да застане рамо до рамо со Владата и заеднички да се настапи за подобрување на македонските позиции, Филипче, во стилот ...
Ракометарите на ГРК Охрид синоќа го освоија пехарот во ЕХФ Европскиот куп, а вечерва граѓаните на Охрид ќе имаат можност да ги поздрават освојувачите на европскиот пехар. Прославата за историскиот клупски успех и голем резултат за македонскиот спорт ќе започне во 19 часот на градскиот плоштад. Според најавите од ракометарите на плоштадот треба да пристигнат во 20 часот, кога охриѓани ќе можат да ги поздрават, оние кои испишаа нова страница во ...
Се потврди уште една јасна и недвосмислена лага на Христијан Мицкоски и намерно неспроведување на реформската агенда – обвини денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласувајќи дека премиерот ја кочи европската перспектива на државата и не ја спроведува реформската агенда по истекот на рокот, 1 јуни, поставен за усвојување на клучните закони. Според Филипче, од предвидените 16 закони, кои требало да бидат донесени до јуни 2025 година, ...
Ракометна Битола стартува со нов тренер на клупата со желба за враќање на шампионската титула, а за таа цел избран е еден од најдобрите европски тренери Лино Червар. Тој денеска и официјално беше промовиран, а поранешниот тренер на Металург и селектор на Хрватска и на Македонија ја презентираше својата визија и планови за работа. – Чест ми е да работам во Битола. Ова е град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата ...
Се разоткрива големата измама која ја објавиАгенцијата за храна и ветеринарство за квалитетот на млечните производи на млекарите кои ги нуделе до потрошувачите. „Република“ дознава кои се тие млекарници. Млекара Милком, мешан кашкавал, млечни масти по декларација 34.5%, по анализа 30%. Млекара Маврово, мешано сирење, по декларација 24.5%, по анализа 17.5%. Млекара Сентис АГ тетово УХТ млеко по декларација 3.2%, по анализа 2.85%. Протеин ...