Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите во Клубот на пратеници презентираше податоци од три анкети. Според него, ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема поддршка кај граѓаните со рејтинг од 25,2 проценти од вкупниот број испитаници. СДСМ, според анкетите, има рејтинг од 8,6 проценти од вкупниот примерок, па следуваат ДУИ со 8,1 процент, ВЛЕН со 6,8 проценти и Левица со 6,2 проценти. Презентираните податоци покажаа ...
Жителот на Кратово, Марио Станојковски, преку објава на социјалните мрежи алармираше за, како што тврди, незаконска наплата на влез и ограничување на пристапот до локалитетот „Куклите“, еден од најпознатите природни феномени во Македонија. Во својата објава тој наведува дека повторно бил спречен да влезе на локалитетот, а притоа разговарал и со туристи од Косово кои му кажале дека платиле по 10 евра за влез. „Куклите кај Кратово се природно ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 2,00 денара, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 86,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 88,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 87,00, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 89,00 за литар. ...
Бројот на жртви по силниот земјотрес што го погоди јужниот дел на Филипините се зголеми на најмалку 16 лица, а повеќе од 200 се повредени, според последните извештаи на меѓународните агенции. Спасувачките екипи и понатаму пребаруваат оштетени објекти, додека властите предупредуваат дека конечниот биланс може да се промени. Земјотресот, со магнитуда од 7,8 според Геолошкиот завод на САД, го погоди подрачјето во близина на островот Минданао, ...
Во рамки на иницијативата „Роаминг како дома“ на 12 јуни годинава ќе се одржи состанок помеѓу министрите од Западен Балкан и претставници на Европската Комисија, со што започнуваат секторски преговори со секоја од земјите поединечно, каде ќе се дискутираат главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори и статусот на подготвеноста на секоја земја. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со ...
За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар, денеска започнува Петровденскиот пост, посветен на светите апостоли Петар и Павле, и кој претходи на празникот Петровден, што се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од датумот на Велигден, поради што неговото траење варира – од една седмица и еден ден, па сè до околу шест недели. Тој започнува по празникот Педесетница (Духовден), кој е ...
Цените на нафтата на светскиот пазар се повторно во фокусот по новиот пораст предизвикан од геополитичките тензии на Блискиот Исток. Според податоците од меѓународните пазари, цената на референтната нафта од типот Брент се движи помеѓу 95 и 98 долари за барел , додека американската нафта WTI е над 90 долари за барел. Најновото зголемување на цените е поврзано со обновените конфликти меѓу Израел и Иран, што ги зголеми стравувањата на ...
Рано наутро во понеделник, политичкиот аналитичар Арсим Зеколи почина на 60-годишна возраст. Тажната вест ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение на социјалните мрежи, информирајќи го семејството, пријателите и најблиските за загубата на нивниот близок. „Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи ...
LEGO Групацијата официјално го претстави својот најнов и воедно најголем сет досега, LEGO Architecture Sagrada Família, со кој се оддава почит на легендарниот архитект Антони Гауди и неговото ремек-дело во Барселона. Станува збор за импресивен модел составен од 12.060 коцки, што го прави најголемиот LEGO сет некогаш издаден според бројот на делови. Со ова издание, LEGO продолжува да ја развива својата премиум Architecture линија, наменета за ...
Руски научници развија нови препарати за дијагностицирање и лекување на глиом, еден од најагресивните форми на тумори во мозокот, објави Министерството за наука и високо образование на Русија. Како што наведе министерството, тим истражувачи и лекари презентираа нови пристапи за откривање и лекување на болеста, вклучително и употреба на радиоактивни аптамери во дијагностиката. Според соопштението, новиот радиофармацевтски препарат се користи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го прекина интервјуто со водителката на емисијата „Meet the Press“ на NBC, Кристен Велкер, по жестока расправија во која таа го замоли за докази за тврдењата за наместени избори во 2020 година и наводни неправилности при броењето на гласовите во Калифорнија. Интервјуто, кое беше најавено со големо внимание, беше снимено во петокот за време на посетата на Трамп на Висконсин, а беше емитувано во неделата. ...
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби својот 49. роденден го дочека во куќен притвор, додека сè уште нема одлука дали против него ќе биде поднесено обвинение во предметот за Државна лотарија, во кој е осомничен за проневера на 8,2 милиони евра. По повод роденденот, на социјалните мрежи му беа упатени честитки, а поддршка доби и на улица. На надвозникот кај Мавровка, во близина на плоштадот „Скендербег“, беше поставен транспарент со порака: ...
Општина Тетово донесе одлука да ѝ донира на Исламската верска заедница (ИВЗ) точно 1.444.484 денари (над 23.000 евра). Овој износ првично бил платен од страна на ИВЗ како данок на промет, откако заедницата откупи дел од историскиот комплекс „Арабати Баба Теќе“ во Тетово. Потегот следува по официјално барање испратено од ИВЗ Тетово до општинските власти, во кое се наведува: „Имајќи го предвид фактот дека износот за откуп на делови од ...
Претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски едногласно усвоената Резолуција „Заштита на македонското малцинство во Албанија и заштита на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ“, од страна на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) го оценува како голем историски ден за Македонците од сите региони, не само во ...
Родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“, на последниот марш во Кочани реагираат на коментарите на обвинетите и на нивните бранители во големиот предмет и на атмосферата во судницата на судењето против 13 полицајци кои кобната вечер, на 16 март, биле во контрола. Велат дека настанал вербален конфликт помеѓу нив и роднините на обвинетите полицајци и им порачуваат дека жртвата не можат да ја споредуваат – едно е тоа што ...
За околу два месеци, аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе биде комплетно конструиран. Градежните активности се во завршна фаза. Ова денеска го констатираше заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи. Вицепремиерот Николоски истакна дека оваа модернизација на охридскиот аеродром е прв пат од неговата изградба и треба да ...
СДСМ отсега натаму мора да врши силен, континуиран и одговорен притисок врз власта – порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во обраќањето на денешниот 32. конгрес на партијата, преставувајќи ја новата идеолошка платформа на СДСМ, која рече дека мора да биде многу повеќе од декларација. Притисокот врз власта, како што рече, е во три насоки – европскиот процес, економско-социјалната алтернатива и ...
Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ги пречека првите 239 патници од Вроцлав, Полска, кои пристигнаа со новата авиолинија на авиокомпанијата Wizz Air. Со ова официјално започна сообраќањето на новата редовна линија меѓу Охрид и еден од најатрактивните полски градови. По повод првиот лет, ТАВ Македонија организираше свечен пречек за патниците, кои беа послужени со традиционално охридско ѓомлезе од хостеси облечени во македонски ...
Астролозите предвидуваат дека летото 2026 година ќе донесе силни финансиски промени, а посебен пресврт се очекува на крајот на јули, кога ќе пристигне таканаречениот „метеорски дожд од пари“. Најмногу среќа во пари ќе имаат Јарците, Девиците и Лавовите кои, според најавите, ќе ја „полнат касата со лопати“. На крајот на јуни, ѕвездата Регулус на Лавовите им носи нови извори на приход, но со услов да ги остават зад себе старите навики. Се ...
Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, трети во изминатите 16 месеци, откако парламентарните партии не успеаја да постигнат договор за избор на нов претседател на државата, кој го избираат пратениците во парламентот. Предвремените избори одразуваат долгорочна политичка и институционална криза во која движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти се надева на уште една победа. Нови предвремени избори беа распишани откако ...
Свети Јован Крстител е меѓу најпочитуваните светци. Неговиот ден се слави неколку пати во црковниот календар секоја година. Тој е познат како голем пророк кој го најавил доаѓањето на Исус Христос и кој за својата вера претрпел ужасна смрт достојна за маченик. Третото обезглавување на Свети Јован Крстител се слави на 25 мај според црковниот календар, а на 7 јуни според грегоријанскиот календар. Како што кажува народното предание, на овој ден ...
Руската тенисерка Мира Андреева го освои Отвореното првенство на Франција 2026. Во финалето на „Ролан Гарос“, осмата светска тенисерка попладнево ја победи Маја Хвалинска од Полска во два сета, со 6:3 и 6:2. Мечот траеше 1 час и 23 минути. Русинката сервираше еден ас, направи две двојни грешки и реализираше четири од седум брејк топки. Нејзината противничка немаше ас, имаше две двојни грешки и реализираше две од три брејк топки. ...
Украински дронови погодиле цели во и околу Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин. Нападот се случува во период на засилени украински операции длабоко на руска територија и во атмосфера на пропаднати обиди за обновување на мировните разговори меѓу двете страни. Според руски и украински извори, цел на нападите биле инфраструктурни и логистички објекти во регионот на Санкт Петербург. Градот има особено симболично ...
Европа се соочува со „инвазија“ на опасни идеологии што ги носи имиграцијата – изјави денеска во Франција министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, по повод годишнината од „Денот Д“, истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија во 1944 година, што го забрза поразот на нацистичка Германија и крајот на Втората светска војна во Европа. Тој ги повтори критиките на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Европа е ...
Илјадници граѓани во Тирана протестираа против планот за изградба на луксузен туристички комплекс вреден околу 1,4 милијарди евра на островот Сазан и крајбрежјето кај Звернец. Проектот е поврзан со инвестициска компанија на Џаред Кушнер, а според плановите би можел да опфати до 10.000 хотелски соби и вили. Еколошките организации предупредуваат дека комплексот би се градел во чувствителен природен екосистем во близина на заштитеното подрачје ...
Пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни во последните две години и потврдија дека процесот на проширување не е завршен, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за јавно здравје. Мицкоски појасни дека францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дале силен мотив за продолжување на реформите врз основа на заслуги, а нивниот ...
Во Институтот за јавно здравје денеска официјално беше отворено првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот, Марија Андоновска. Според Андоновска, советувалиштето е дел од пошироките активности за унапредување на здравствените услуги и зајакнување на довербата на граѓаните во ...
Претерувањето со јадење на слатки е непожелно за секого, без оглед на здравствените или проблемите со тежината, но, тоа не значи дека треба целосно да ги исфрлите од вашата исхрана. Според нутриционистката и ендокринолог Албина Комисарова, ако мудро ги вклучите десертите во вашата исхрана, тие ќе ви дадат енергија без да ве оптоваруваат. Претерувањето со јадење на слатки е непожелно за секого, без оглед на здравствените или проблемите со ...
Непалски водич Дава Шерпа кој беше пронајден како ползи по Монт Еверест шест дена откако последен пат беше виден жив, изјави за Би-Би-Си дека преживеал „џвакајќи мраз“ и јадејќи неколку чоколадни плочки што ги нашол во џебот. Водичот вели дека не „исчезнал“ за време на спуштањето, туку бил принуден да „остане зад другите“ откако му снемало кислород. Се претпоставувало дека е мртов на планината, а неговото семејство во главниот град на Непал, ...
Демократската унија за интеграција денес во Градскиот парк во Скопје ја прослави 24-годишнината од своето основањe. Лидерот на интегративците, Али Ахмети, одржа говор пред присутните, каде што ги спомена успесите на партијата. Ахмети, меѓу другото, ги повика албанските политички партии да направат пакт, за во иднина победникот на изборите да ги претставува Албанците во владата. „Почнавме од нула, со 1%, 2% од Албанците застапени во ...