Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Граничниот премин Маркова Нога е стратешки проект за овој регион, но ќе додадам – стратешки проект и за Балканот затоа што сите заедно констатиравме дека Преспа е една од најубавите микролокации на Балканот и во Европа – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешниот увид во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога – Лемос. Според министерот Тошковски, проектот за Маркова Нога е ...
Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и државна ...
Доналд Трамп се најде на мета на критики и исмејување откако накратко ги затвори очите за време на говорот во Овалната соба, што демократите и корисниците на социјалните медиуми го протолкуваа како дремка на средина од официјален настан. Снимката од настанот брзо се прошири на социјалните мрежи и повторно ја отвори дебатата за здравјето на американскиот претседател. Додека демократите ја исмејуваат ситуацијата, Белата куќа тврди дека станува ...
Спонзорот на фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово, компанијата „Еколог“ објави соопштение во кое остро реагира на одлуката на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да го казни тетовскиот клуб со вкупно 105.000 евра и исклучување од учеството во Купот на Македонија за сезоната 2026/2027. Во соопштението се бара од ФФМ таквата казна итно да биде преиспитана и корегирана. Спонзорот на Шкендија наведува дека клубот отсекогаш бил пример за ...
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ги отфрли приказните што кружат во западните земји за наводен претстоен руски напад врз НАТО, опишувајќи ги таквите тврдења како апсурдни и „намерна манипулација“, а во исто време рече дека Русија е подготвена за мир со Украина и дека е потребно некој што е неутрален да посредува во преговорите со таа земја. „Која е поентата да се напаѓа Европа и да се бориме против НАТО? Ова не е само бесмислица, тоа ...
Од почетокот на годината не примиле плата. Дополнително, велат дека добиле негативен одговор од Министерството за финансии за продолжување на нивните договори за работа. Поради тоа, дел од вработените во Клиниката за детски болести излегоа пред Министерството за финансии за да побараат исплата на платите, продолжување на договорите и трајно решение за нивниот статус. Една од учесничките на протестот изјави дека нивните барања за продолжување ...
Бугарскиот премиер Румен Радев од Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват испрати директна порака до Македонија: за да продолжи европскиот пат, земјата треба да ги впише Бугарите во Уставот. Во изјава за ДВ, Радев ја повтори позицијата на Софија дека уставните измени се условот што треба да го отвори патот кон следната фаза од преговорите со Европската Унија. Радев практично ја сведува бугарската позиција на една главна точка – впишување на ...
Европската Унија им сигнализирала на шесте држави од Западен Балкан дека треба да станат нејзини членки, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по завршувањето на самитот ЕУ–Западен Балкан во црногорскиот град Тиват. „Јасната порака на денешниот ден е и ќе остане: Ве сакаме! И сакаме овој регион, овие држави од регионот, наскоро да станат членки на Европската Унија”, изјави Мерц во петокот попладне. „Целта е и останува полноправното ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека сè уште не може да каже кој ќе биде исходот од германско-францускиот нон пејпер, кој денеска беше презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. Разговорите во Тиват сè уште течат и сè уште не можам да кажам кој е конечниот исход од нон пејперот на Макрон. Мислам дека ова е обид да се отстрани администрацијата за да се забрза процесот и да се олесни со тоа што постапно ќе се воведуваат сите ...
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека остварил пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. -Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања. Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме ...
Денеска ќе зборуваме за проектот локални патишта, во кој што за две години, во периодот од јуни 2024 година до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините. Рехабилитирани се 96 улици со 72 општини, во вкупна должина од 72 километри, а во фаза на реконструкција се уште 31 километар патишта, што значи некоаде околу 103 километри патишта се рехабилитирани, изградени ...
По најавите на банките за зголемување на трошоците за банкарски услуги и изјавите на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, дека се потребни законски измени за ограничување на банкарските провизии, уште еднаш се потврди дека Либерално-демократската партија (ЛДП) со години е во право кога предупредуваше на овој проблем. Додека граѓаните плаќаа сè повисоки надоместоци за користење на сопствените пари, надлежните институции и големите ...
Бизнис магазинот „Форбс“ проценува дека американската поп суперѕвезда Тејлор Свифт стана најбогатата музичарка во историјата со богатство од 2 милијарди долари, што претставува зголемување од 100 проценти во споредба со 2024 година. Свифт (36) го доби статусот на милијардерка во 2024 година благодарение на нејзината турнеја „Eras Tour“. „Форбс“ ја нарече Свифт еден од најкомерцијално успешните текстописци на сите времиња. Во 2020 година, ...
Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, продолжуваат да бележат рекордни нивоа на двоцифрен пораст на бројот на патници. Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари – мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2% повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милиони патници (1.580.932), ...
Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер. „За“ гласаа 49 пратеници од десничарската Словенечка демократска партија, како и коалициските партнери од Нова Словенија, Словенечка народна партија, Фокус, Демократи, како и пратеници од Движењето Ресница, кое ќе ја поддржи малцинската владата . Словенечка народна партија во новата влада има седум министри, Демократите ...
Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа, објави премиерот Христијан Мицкоски во врска со изборот на Македонија за членка во на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година. -Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН ...
Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски ќе остане во редовите на Валенсија до јуни 2028 година, откако шпанскиот прволигаш објави попладнево дека ја искористил опцијата за продолжување на соработката за уште две сезони. Димитриевски дојде во Валенсија во 2024 година и откако подолг период беше резервен голман, на средина од изминатата сезона се избори за место во почетниот состав, одигрувајќи 33 натпревари во Ла ...
Четири лица загинаа во сериозна авионска несреќа што се случи денес околу 11:20 часот во областа Медулин во Хрватска. Во меѓувреме, беа објавени првите фотографии од местото на трагедијата, а познати се и детали за самиот авион и моментите пред падот. Официјално е потврдено дека во малиот авион имало вкупно четири лица и дека, за жал, сите загинале. Според очевидци, временските услови за летот биле добри, а пилотот се сметал за искусен. ...
Советот на Европската Унија соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија за проширување на зоната „Роаминг како дома“. Промената ќе им овозможи на корисниците од шесте држави од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат текстуални пораки и да користат мобилни податоци додека престојуваат во ЕУ, без дополнителни трошоци. Истото ќе важи и за ...
Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува, изјави денеска на брифингот со новинарите, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој подвлече дека има значителен пораст на операциите на колк и колено. Вкупно 4.044 интервенции имало во 2025 година. ...
Граѓаните од 1 август ќе се соочат со нов бран поскапувања на банкарските услуги. Зголемувањето на провизиите веќе го најавија две од најголемите банки во земјава. Според анализите на „Слободен печат“, банките веќе имаат јавно достапни податоци за значително зголемување на дел од провизиите и надоместоците. На удар се најчесто користените услуги – плаќање сметки на шалтер, одржување платежни и девизни сметки, користење дигитално банкарство, ...
Луксембург минатата година забележа најбрз раст на бројот на милионери во Европа, со зголемување од 13,5 отсто на лица со инвестициско богатство над еден милион американски долари, покажува новиот извештај World Wealth Report на компанијата Capgemini. Со овој резултат, малата, но финансиски моќна држава ги надмина поголемите европски економии, вклучувајќи ја Германија и Франција. Според податоците, во пресметката се вклучува само финансиската ...
Германија претрпе неуспех во изборот за нестално место во Советот за безбедност на ОН, при што ја загуби трката од Португалија и Австрија. Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, оцени дека резултатот е „горчлив пораз“ и посочи дека неколку фактори можеби влијаеле врз исходот. Според него, меѓу можните причини се силната поддршка на Берлин за Украина во војната против Русија, како и јасниот став на Германија кон конфликтот ...
Според Nova.rs, група српски граѓани на кои им беше забранет влез во Црна Гора планирале да организираат неколку собири во поддршка на Александар Вучиќ за време на неговиот престој во Тиват, со цел да создадат впечаток дека српскиот претседател ужива силна поддршка од граѓаните на Црна Гора. Додека црногорската полиција наведува дека кај патниците биле пронајдени транспаренти со натпис „Србија победува“, комуникациски уреди и дека ги чекале ...
Две момчиња се удавија, а три во несвест беа извлечени од морето во несреќа што вчера се случи во областа Рана е Хедхун, кај Шенѓин, Албанија. Според првичните информации, петмината млади пријатели од Косово влегле во морето да се разладат, кога биле зафатени од силни бранови и морски струи. Во спасувачката акција учествувале полицијата, службите за итни случаи, локални жители и лица со џет-ски возила. Сите петмина биле извлечени од морето и ...
Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година. Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2% во споредба со истиот период минатата година, соопшти Министерството за транспорт и врски. -Овие бројки претставуваат силен показател за континуираната ...
Почнува третата фаза од проектот за е-фактура во рамките на која Управата за јавни приходи (УЈП) овозможува тестирање на системот за е-фактура преку веб-апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури – информира денеска УЈП. Во првата фаза се тестира интеграцијата на ЕРП-системите на компаниите со системот за е-фактура. Во втората фаза се додадени API-сервиси за преземање, ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли и нови мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот, откако статистиката за изминатиот месец покажала загрижувачки број жртви на македонските патишта. Гостувајќи во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ, Тошковски истакна дека од вкупно 12 лица кои загинале во сообраќајни несреќи во текот на минатиот месец, дури пет биле мотоциклисти. – За тројца од загинатите сум ...
Од Фудбалската федерација на Македонија ги споделија одлуките на Дисциплинската комисија, со кои покрај паричните казни за Силекс и Шкендија, донесена е и одлука фудбалскиот клуб од Тетово да е исклучен од натпреварувањето во Купот на Македонија за сезоната 2026/27. Ова се одлуките: Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Силекс се казнува со парична казна во висина од 5.000 евра поради користење на пиротехнички средства на ...
Државниот ревизор утврдил неправилности во исплаќање на плати на ментори во Академијата за судии и јавни обвинители, односно биле исплаќани и три месеци по завршување на ангажманот. Се исплаќале и дополнителни работни часови, што не е утврдено со Закон, а се делеле картички за гориво на „слепо“. Со извршената ревизија, изразивме мислење без резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година за сметката на основен ...