Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Фудбалерите на Бетис го победија Еспањол со 2:1 на гости пред три дена, и со три нови освоени бода, го зазедоа четвртото место на табелата. Видео од тепачката во ложата на стадионот се шири на социјалните мрежи. Поранешниот претседател на Еспањол, Жоан Колет ја започнал тепачката. Според извештаите од Шпанија, инцидентот во ложата се случил откако гостинските навивачи започнале со провокации по последниот свиреж на судијата. Неколку ...
Англискиот репрезентативец, Џордан Хендерсон, вели дека му било тешко кога го напуштил Ливерпул за да се пресели во Саудиска Арабија и дека „можел да донесе поинакви одлуки“. 35-годишникот се соочи со остри критики кога го напушти Ливерпул во 2023 година за да игра за Ал-Етифак, во земја каде што истополовите врски се нелегални. Хендерсон претходно беше истакнат поддржувач на ЛГБТ правата и се извини што ги разочарал или повредил членовите ...
Јанис Сверопулос (58), грчки кошаркарски тренер повеќе не е тренер на Црвена звезда. Клубот реши да ја раскине соработката по двата порази во Евролигата и шокатниот пораз од Задар (79:85) дома во првото коло од АБА лигата. Сверопулос ќе води само уште еден натпревар од Евролигата против Фенербахче во петок, по што заминува. Српските медиуми пишуваат дека фаворити за негов наследник се Дејан Радоњиќ и Саша Обрадовиќ. Звезда инвестираше околу ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше големи физички и задравствени проблеми во осминафиналниот натпревар во Шангај против Хауме Мунар. Листот на левата нога го мачеше Ѓоковиќ во текот на целиот меч, а дополнителен проблем му правеше високата влажност во воздухот. Новак повраќаше неколку пати и во претходниот дуел, а го стори тоа и во дуелот со Мунар. За ова му се извини на својот ривал. „Извини што чекаше, морав да ја исчистам ...
Светското првенство за играчи до 20 години моментално се игра во Чиле, а веќе во групите се случи првата голема сензација. Бразил го заврши учеството по три кола и за прв пат во историјата доживеа елиминација во групата. Во оваа возрасна категорија Бразилците се петкратни шампиони. Бразилците го отворија турнирот со нерешен резултат 2:2 со Мексико, а потоа загубија од Мароко со 1:2. Во третото коло против Шпанија им беше потребна победа за ...
Луис Хамилтон успеа да сруши рекордот на Михаел Шумахер на неделната трка за Големата награда на Сингапур. Седумкратниот светски шампион, кој од оваа сезона вози за тимот на Ферари, го освои осмото место во Сингапур, откако во финишот јамше проблеми со сопирачките, но успеа да груши рекорд на славниот Германец. Британецот го извози најбрзиот круг на гореспоменатата трка. Тоа му успеа во последните 15 кругови кога на својот болид стави меку ...
Фудбалерите на Милан досега одиграа шест натпревари во Серија А, а статистичарите извлекоа информации што укажуваат колку е дефанзивно моќен тимот. Тимот што го предводи Масимилијано Алегри, моментално е трет во италијанското првенство. Досега примија само три гола, а Рома е единствениот тим во лигата што прими помалку од нив (2). Она што се издвојува е фактот дека во шесте одиграни натпревари, Милан на четири од шестте натпревари не прими ...
Еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња, за многумина во кругот на најдобрите фудбалери на сите времиња, Чави, се согласи на популарна игра во која мора да молчи додека не го чуе името на играч за кој мисли дека бил или е подобар од него. Во случајот на Чави, се бараше подобар играч од средниот ред. На Чави му беа понудени многу имиња на играчи на позициите во средниот ред пред да го прекине молчењето. За него, тоа не беа ...
Еден од најважните луѓе во поновата историја на Барселона, Матео Алемани, од денес е новиот спортски директор на Атлетико Мадрид. Многумина не знаат и не се свесни што направил Алемани, но тој беше ставен на чело на операцијата во револуцијата што ја спроведе Џоан Лапорта по неговото враќање во клубот во 2021 година. Алемани доби празна каса, стотици милиони долгови, неможност за купување на пазарот, но и покрај тоа, во текот на следните ...
Репрезентацијата на Македонија до 21 година ги започна подготовките за претстојните натпревари од октомврискиот циклус на квалификациите за пласман на Европското првенство 2027 година. На 10. октомври, во рамки на 3. коло, нашата селекција во Битола на стадионот „Петар Милошевски“ ќе ја пречека репрезентацијата на Ерменија, додека на 14. октомври во Тузи ќе гостува кај Црна Гора. Селекторот на нашата репрезентација, Горан Станиќ поради ...
Фудбалскиот клуб Пелистер се раздели со тренерот Димитар Капинковски. Клубот ја објави одлуката по вчерашното реми со Шкендија (0:0), со кое беше комплетирани деветтото коло во домашниот шампионат. „ФК Пелистер ја известува јавноста дека се раздели со шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски. Клубот му се заблгодарува на Капинковски за ангажманот и професионалноста и му посакува успех во понатамошниот тек на кариерата“, стои во клупското ...
Капитенот на Англија и напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, изјави дека е отворен за продолжување на договорот со германскиот шампион и дека враќањето во Премиер лигата повеќе не е приоритет. Кејн, кој ја освои Бундеслигата минатата сезона и со тоа конечно стигна до првиот трофеј во својата кариера, има договор со Баерн до 2027 година. Иако имаше шпекулации за можно враќање во Англија, особено во Тотенхем, Кејн сега вели дека е фокусиран на ...
Српскиот фудбалер Немања Матиќ зборуваше за италијанските медиуми за сонародникот, напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ. Искусниот играч од средниот ред се врати во Италија ова лето и го засили тимот на Сасуоло. Претходно во Серија А го носеше дресот на Рома. Бидејќи напаѓачот на Јувентус е една од главните теми на тамошните новинари, прашањето за Влаховиќ беше логично. Во изјава за италијанскиот „Скај Спорт“, тој истакна дека напаѓачот на ...
Марк Гуехи ги договори сите услови со Ливерпул, но Кристал Палас го запре неговиот трансфер, на истекот на летниот преоден рок. Палас реши да го стопира трансферот на капитенот, бидејќи не успеа да најде соодветна замена. Марк Гуехи влезе во последната година од договорот со Кристал Палас. Јасно е дека откако му пропадна трансферот во Ливерпул, дека тој наредното лето без обесштетување ќе замине од клубот. Германскиот инсајдер, новинар на ...
Деветкратниот светски шампион Марк Маркез ќе ги пропушти претстојните трки во Австралија и Малезија поради фрактура на клучна коска. Постариот од браќата Маркез се повреди на трката за Големата награда на Индонезија, кога во првиот круг од патеката го исфрли возачот на Априлија, Марко Бецеки. На Шпанецот веднаш му беше дијагностицирана фрактура, но во таа прилика беше нагласено дека повеќе ќе се знае кога ќе пристигне во Мадрид и ќе изврши ...
Фабио Канаваро е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Узбекистан, објави Фудбалската федерација на Узбекистан. Канаваро потпиша договор со ФС Узбекистан во Ташкент, но деталите не беа откриени. Во соопштението се наведува дека Канаваро ќе ја предводи репрезентацијата на оваа земја на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Италијанскиот стручњак го замени Тимур Кападзе на ...
Легендата на Барселона, Чави, целата кариера ја мина на „Кап Ноу“, како тренер на функцијата се задржа две ипол години. Чави повеќе од една година е без работа и покрај тоа што редовно добива понуди. Пред две недели го поврзуваа со Манчестер Јунајтед, во случај Рубен Аморим да добие отказ. Во интервју за „Cronache di Spogliatoio“,Чави откри дека во различни фази од неговата активна фудбалска кариера, во два наврати можел да заврши во ...
Тони Крос, легендарниот германски играч од средниот ред и поранешен играч на Реал Мадрид, во својот подкаст „Einfach mal Luppen“ детално ја анализираше играта на Барселона под водство на тренерот Ханси Флик. Крос ја пофали актрактивноста и ги истакна клучните слабости за кои верува дека ќе ги чинат успех во Лигата на шампионите. Кроос верува дека играта на Барселона е една од најзабавните за гледање во Европа, но нивната „опсесија“ секогаш ...
Најдобриот стрелец на сите времиња во Холандија, Мемфис Депај, го пропушти почетокот на собирот на националниот тим откако пријави дека му е украден пасошот во Бразил, каде што игра за Коринтијанс. Депај требаше да пристигне во Холандија во недела навечер, но не можеше да го напушти Бразил без патна исправа. Холандската репрезентација, предводена од Роналд Куман, ќе игра квалификациски натпревари за Светското првенство против Малта на гости ...
Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешан, изјави дека чека нови информации од медицинскиот тим за повредата на глуждот на Килијан Мбапе пред квалификациите за Светското првенство. Мбапе го напушти теренот на крајот од натпреварот во кој Реал Мадрид го победи Виљареал со 3:1 во саботата. Веднаш по постигнувањето на третиот гол за својот тим, францускиот напаѓач седна на тревата, се фати за десниот глужд, а потоа полека го ...
Плановите Барселона и Милан, првенствени натпревари да одиграат во Мајами и во Австралија ќе добијат зелено светло, откако од УЕФА изјавија дека не се согласуваат со предлогот, но и дека истиот нема да го блокираат. И покрај силното противење од навивачките групи низ Европа, согласноста од европската фудбалска организација (УЕФА) беше клучен чекор за реализација на плановите за играње на натпреварите Виљареал-Барселона на 20 декември во ...
Кошаркарите на Црвена звезда загубија од Задар со 79:85 во првиот натпревар во АБА лигата, во групата Б. Екипата на Јанис Сферопулос сè уште не знае за победа оваа сезона, бидејќи ова е трет пораз, по два неуспеси во Евролигата. Од друга страна, Задар направи големо изненадување, слично како пред три години кога победи во Пионир. Актуелните шампиони на Хрватска водеа речиси во текот на целиот натпревар и ја остварија четвртата ...
Фудбалските тренери, таткото и синот Јанис и Јоргос Петракис, во ист ден добија откази. Јоргос Петракис беше тренер на грчкиот АЕЛ, а неговиот татко Јанис, го водеше Панетоликос. Самиот факт дека во една лига татко и син работат како тренери на различни клубови е навистина импресивен, но бизарно е што двајцата беа отпуштени на ист ден. Јанис Петракис го водеше Панетоликос од 2023 година, а доби отказ по катастрофалниот пораз од Левадијакос ...
Душан Влаховиќ ја игра последната сезона во дресот на Јувентус. Не ги опрвада вложените 82 милиони евра во неговиот трансфер од Фиорентина. Србинот влезе во последната година од договорот, ги одби сите понуду да потпише нов за многу помала плата. Италијанските медиуми шпекулираат дека Јувентус ќе се обиде да го продаде Влаховиќ во зимскиот преоден рок. Планот е да извлече некое евро од неговиот трансфер, доколку тоа не му успе тгаш ...
Фудбалерите на Ливерпул забележаа три последователни порази по повеќе од две години. Тимот на менаџерот Арне Слот беше поразен со голови во судиското продолжение против Кристал Палас и Челзи во Премиер лигата, додека Галатасарај беше подобар од „црвените“ во Лигата на шампионите. Голем број играчи на актуелниот шампион на Англија не се во добра форма, ова може да се каже за сите засилувања, освен за Уго Екитике. Поранешниот капитен на ...
Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, започна нова етапа во својата борба со повредата, која ја заработи на неодамнешниот спринт во Јапонија кога ја скрши клучната коска по падот во првата кривина. Светскиот првак со Прамак во 2024 година, ќе ги помине следните неколку дена рехабилитациски во спортскиот центар „Ред Бул“ во Австрија, каде што ќе се обиде да го забрза закрепнувањето по страшната несреќа што се случи минатата недела. An ...
Стивен Џерард е главен кандидат за нов тренер на Глазгов Ренџерс по отпуштањето на Расел Мартин, тврдат британските медиуми. Ренџерс вчера донесоа одлука да се разделат со менаџерот Расел Мартин по само 17 натпревари на клупата, во кои клубот оствари само пет победи. Џерард, кој ги водеше Ренџерс од 2018 до 2021 година, ја освои титулата во Премиер лигата во сезоната 2020/21 за време на неговиот претходен мандат, со што ја прекина ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, беше казнет со пет секунди на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1. Седумктатниот првак доби казна бидејќи неколку пати визеше надвор од патеката. Хамилтон во Сингапур го освои седмото место, но поради казната заврши на осомото, а седми е Фернандо Алонсо. Во финишот на трката Хамилтон имаше предност од 4 секунди во однос на осмиот Фернандо Алонсо од Астон Мартин, но сопирачките на автомобилот ...
Вејн Руни го критикуваше Мохамед Салах по драматичниот пораз на Ливерпул на гостински терен од Челзи во саботата навечер. Тој е убеден дека како капитен Вирџил ван Дајк би морал да разговара со Египќанецот. Во пет од седум натпревари од Премиер лигата оваа сезона, Салах не постигна гол, тој е далеку од формата во која беше минатата сезона, а неговата себичност повторно доаѓа до израз во некои ситуации. Тоа е особено впечатливо по трите ...
Барселона, вчера доживеа дебакл на гостувањето во Севиља (4:1). Навивачите го најдоа виновникот за поразот во Роберт Левандовски. Освен поразот, уште позагрижувачки е слабиот настап на тимот на Ханси Флик, кој на крајот може да биде среќен што примил само четири гола. Левандовски, имаше шанса да го сврти моментумот,но промаши пенал во 76-та минута за 2:2. Полјакот ужасно шутираше, ја испрати топката крај голот. Lewandowski’s penalty, ...