Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спроведе вонреден инспекциски надзор во 9 новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови. На угостителите им се изречени парични казни по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна. Со контролатата спроведена на 22 овој месец, ...

Исчезнат е 72-годишниот Петар Стојановски. Според објавата на неговото семејство на социјалните мрежи, исчезнувањето на Стојановски е забележано утрово околу 6:30 часот и последен пат бил виден кај мостот „Гоце Делчев“. „Излезен е од дома најверојатно со пижами и е со деменција. До вчера беше сосема свесен каде живее и за ориентирање во простор“, сподели член на семејството на Стојановски. Семејството бара помош од граѓаните да ја споделат ...

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж и исчекување. Тие претставуваат мала пауза од рутината – простор за сонување во кој луѓето си ги проектираат сопствените желби. Во тие мигови очекувањето станува дел од доживувањето, а играта добива посебна вредност. За многумина од играчите, игрите на среќа се поврзани со мали лични ритуали и верувања што ...

Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во петок (26.12.2025 г.) со почеток во 18 часот ќе биде промовирана книгата „Она што се памети, живее“ („Никогаш докрај раскажани приказни“), збирка раскази што го чествува споменот на автори, поети и писатели, поранешни членови на Друштвото на кои со радост и со почит се сеќаваме. Со оваа промоција, ДПМ ќе ја заокружи својата работа во 2025 година. Ќе учествуваат девет наши истакнати автори чии ...

„Македонска пошта“ следниот месец од Владата ќе добие 100 возила, 90 помали комбиња и 10 големи комбиња со кои ќе може да се подобрат условите за работа, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Како што информира Николоски на јавниот состанок што го одржа Агенцијата за пошти, се работи и на програма за дополнителна поддршка на Поштата. „Работиме и на програма што ќе значи дополнителна помош за „Македонска пошта3 и во ...

Вработените во Народниот правобранител јавно апелираат за безизлезната состојба во која се наоѓа институцијата. -Подолг временски период, институцијата Народен правобранител се наоѓа во ситуација во која и е оневозможено нејзиното функционирање, како во однос на нејзината надлежност за промоција и заштита на човековите слободи и права, така и за исполнување на нејзините обврски пред домашни и меѓународни институции и тела, надлежности кои и ...

Макпетрол АД Скопје ја доби наградата за акција со најголем пораст во 2025 година на манифестацијата во организација Македонската берза преку која се оддава признание за најдобрите остварувања на домашниот пазар на хартии од вредност во тековната година. Наградата за акција со најголем промет ѝ припадна на Комерцијална банка, додека признанието за акција со најголем пораст на промет го доби Стопанска банка АД Скопје. Во категоријата за ...

Уставниот суд денеска ја одржува последната седница за 2025 година, на која одлучува за пет предмети и ќе разгледа девет иницијативи. Во фокусот се измените на законите за платите на судиите и обвинителите, како и спорни одредби од Кривичниот законик. Петар Догов се јави за Вестите на Телма во 12:30 © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија ...

Се затвори Зимзоленд во Ново Лисиче по откриени сериозни финансиски и административни неправилности. Инспекторите на УЈП утврдија неиздавање фискални сметки и неуредно водење дневни извештаи, а сопственикот веќе доби втора глоба. Општина Аеродром и Обвинителството започнаа постапки за нелегално работење и запечатување на лунапаркот кој синоќа остана во мрак. Каква е состојбата денеска таму, за Вестите на Телма во 12:30 се јави Тамара ...

„СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за загубите од 100 милиони евра и да утврди одговорност. Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра? Кој профитира од увозот на струја. Зошто навреме не биле обезбедени енергенси, мазут на пример? Кој заработува додека народот плаќа? рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочувајќи дека работењето на ЕСМ резултирало со сериозни финансиски загуби. ...

„По долгите судски процеси, судовите утврдија дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски, дека целата конструкција била неправична и политички мотивирана, а против сторителите е поднесена кривична пријава за злоупотреба на институциите, за која очекувам институциите да постапат, а сторителите да одговараат“, објави на Фесбук поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, ...

Безживотно тело на жена е пронајдено синоќа во езерцето во Градскиот парк во Струмица. Настанот е пријавен синоќа околу еден часот по полноќ во струмичката полиција. СВР потврдува дека е утврден идентитетот на починатата, станува збор за 71-годишна жена од селото Едрениково. Повикана е екипа на Итната медицинска помош од каде е констатирана смртта, а на телото немало видливи знаци на насилство. На местото на настанот пристигнал и јавен ...

Некогаш Новогдишните и Божиќни празници ги чувствувавме уште пред да пристигнат – по звукот на поштарот. Во сандачето нѐ чекаше рачно напишана новогодишна или божиќна честитка, со препознатлив ракопис и топла мисла што патувала денови. Отворање на ковертот – мал ритуал што будеше голема радост. Денес? Неколку типкања по тастатурата, еден клик, една нотификација, една дигитална честитка што исчезнува меѓу стотици други. Светот се забрза, а со ...

Владата на седница одлучи да набави 100 нови амбулантни возила, со вкупна вредност од 7,5 милиони евра. Оваа информација на својот фејсбук профил ја објави Министерот за здравство, Азир Алиу, кој меѓу другото истакна дека ова ќе овозможи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи и подобра покриеност на урбаните и руралните подрачја. Покрај набавката на возила, Владата ја запиша паркинг-локацијата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ како ...

Македонскиот пасош е на 41 место на листата на најмоќни пасоши во Светот, покажува ранкингот на сајтот „Henley & Partners“. Ова е скок на македонскиот пасош во однос на минатата година, кога беше рангиран на 45 позиција на оваа ранг листа. Со македонскиот пасош може да се патува без виза низ 129 дестинации ширум Светот. Нависоко на оваа листа македонскиот пасош беше во 2014 година, кога беше на 36-то место. © 2020 Телевизија Телма. Сите ...

Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека е пронајдена почината жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица. Веста ја потврдија од Регионалниот центар за управување со кризи во Струмица. Според пријавеното, на местото излегол јавен обвинител и полициски службеници, а телото на починатата било предадено на судска медицина. Од полицијата повеќе детали за случајот најавуваат за подоцна. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој ...

Големо свеличште на патот Битола – Маково, кај депонијата Мегеленци. Свлечиштето прави прекин на патот, поради што претставува живото загрозувачка опасност за граѓаните, кои секако немаат информација зa оваа состојба која утрово ја откриле совесни, случајни минувачи и го објавиле видеото на социјалните мрежи, се со цел да спречат не сакани последици. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или ...

Обединетите нации разговараа за тензиите меѓу САД и Венецуела за време на итен брифинг за „закани за меѓународниот мир и безбедност“. Постојаниот претставник на Венецуела во Обединетите нации изјави дека „нема војна на Карибите, нема меѓународен вооружен конфликт, поради што е апсурдно владата на САД да се обидува да ги оправда своите постапки со примена на правилата на војување“. -Една од земјите што седат на оваа маса јавно изјави дека сака ...

Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет, не споменувајќи никаков конкретен конфликт, но изразувајќи жалење што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“. -Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на раѓањето на Спасителот“, рече папата додека ја напушташе својата резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим, пред да се врати во Ватикан. ...

Најнаселената австралиска држава, Нов Јужен Велс, усвои нови строги закони за оружје и борба против тероризмот по масовното пукање на плажата Бонди во Сиднеј, во кое загинаа 15 лица. Со измените се ограничува поседувањето огнено оружје, се забранува јавно истакнување на терористички симболи и се прошируваат овластувањата на полицијата за ограничување протести. Според новите правила, повеќето граѓани ќе можат да поседуваат најмногу четири ...

Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања и животна средина. Како прва точка на дневниот ред е Предлогот за разрешување на Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања. За нов вицепремиер и министер за европски прашања е предложен сегашниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали. Изборот на новите членови на Владата дојде ...

Зимзоленд ги изгасна светлата. Реквизитите во времениот забавен парк во Ново Лисиче вечерва не работат, но засега нема официјални информации за негово затворање. По информациите за контроли на инспектори од УЈП, од управата за Телма потврдија дека нивни тимови во неколку наврати вршеле теренски контроли, при што биле утврдени неправилности како неиздавање фискални сметки и неуредно водење на книга за дневно-финансиски извештаи. УЈП соопшти и ...

Европската економија со умерен раст, Германија очекува подобри резултати во последниот квартал од годинава. Како глобалните случувања за влијаат на македонската економија? Кои се клучните предизвици за следната година? На оваа тема во Топ Тема зборува Глигор Бишев, поранешен претседател на фискалниот совет. Топ Тема со Наташа Стојановска на Телма https://www.youtube.com/watch?v=VudQTy4buAU © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. ...

Инфлацијата е отсекогаш тема, бидејќи кога има бавен раст на цените тоа значи дека економијата не е динамична. „Сите тогаш се жалат и велат влегуваме во дефлација. Дефлацијата е полоша од инфлација. Тука централните банки на САД и ЕУ како цел им е просечната стапка на инфлација во период од три до пет години во просек да изнесува 2%. До пред две години тоа беше да не надминува 2%. Што укажува на тоа дека економијата циклично се развива и од ...

Грета Тунберг била уапсена денеска во центарот на Лондон додека протестирала во поддршка на про-палестинските активисти кои штрајкуваат со глад додека во затвор чекаат да им се суди по обвиненијата поврзани со серија претходни демонстрации. Протестната група „Затвореници за Палестина“ сподели видео со 22-годишната Швеѓанка која држи порака со поддршка за штрајкувачите со глад и нивната организација, позната како „Акција за Палестина“. Владата ...

Македонија влегува во период на нестабилно време со пообилни врнежи, а на планините се очекува формирање на нова снежна покривка. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за интензивни врнежи во одредени региони. Во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 сантиметри“, ...

Воведување на вештачката интелигенција, зелената енергија, автоматизација и дигитализација како и геополотиката на светско ниво се едни од факторите кои влијаат на економијата, особено на европската каде доминантна е автомобилската и машинската индустрија. Според Бишев ќе бидат потребни огромни инвестиции, со што во наредната декада се предвидуваат повисоки каматни стапки. „Голем број на работни места ќе исчезнат, ќе се створат нови работни ...

Кај приватните гинеколошки ординации е забележана двојна наплата и од осигурениците и од ФЗО, откри во вечерашната емисија на Телма „Директно“, директорот на фондот Сашо Клековски. Тој најави дека во координација за УЈП ќе се врши и контрола во фискалниот дел на работењето. Според Клековски одредени ПЗУ за одреден надомест од 500 до 1.000 денари наплаќале здравствена услуга која треба да биде бесплатна за пациентите осигуреници врз основа на ...

„ФЗО во основа има и контролна финансиска функција и ги следи медицинските аспекти, истакна директорот Клековски во „Директно“. Тој објасни дека ФЗО врши редовни вонредни контроли. Според директорот на ФЗО во финансиските аспекти имало и поплаки за двојни наплати и од осигуреникот и од ФЗО. Тој објасни дека таму каде првпат се воочуваат проблеми се даваат опомени, па во Итната медицинска помош определиле два месеци за да се отстранат ...

Во 70-тата година од животот, по кратко боледување денеска почина Васил Рингов, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија. Рингов беше фудбалер со извонреден талент и чувство за гол, репрезентативец на Македонија и поранешна Југославија. Најуспешниот дел од својата кариера ја помина во скопски Вардар, каде што одигра повеќе од 200 натпревари во 80-тите години од минатиот век и постигна 93 голови, засекогаш впишувајќи се меѓу ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
53%
1027
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
6.17
51%
1026
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
50%
1024
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
6.69
57%
1031
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.17
62%
1030
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.51
58%
1024
weather icon

Атина

11ᴼ / 10ᴼ
8.23
63%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
54%
1025
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
1025
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
65%
1033
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
55%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
69%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Платина

68931.20

Паладиум

52052.06

Калај

50.61

Сребро

2696.16

Родиум

374556.20

Иридиум

231355.22

Цинк

3.24

Кобалт

66.14

Рутениум

47358.05

Алуминиум

3.42

Злато

164352.04

Бакар

11.57