Без ниту еден глас против, Советот на Град Скопје попладнево го усвои Буџетот за 2026 година. Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски претставува буџет на одговорност, развој и иднина, со јасна визија за подобар квалитет на живот на скопјани. „Буџетот за 2026 година е доказ дека кога има ред, визија и работа, ќе има и резултати. Сакам искрено и од срце да се заблагодарам на сите советници кои го поддржаа“, напиша скопскиот градоначалник Орце ...

Папата Лав 14-ти во своето прво божикно обраќање до верниците повика денеска на „правда, мир и стабилност“ во Либан, Палестина, Израел и Сирија и на мир за измачениот народ на Украина. Во говорот на папата „Урби ет Орби“, односно за градот и за светот, првиот американски понтиф во историјата на католичката црква, пред околу 26 000 верници присутни на плоштадот Свети Петар, испрати и апел за мир и надминување на другите конфликти на планетата, ...

Титан Усје ги отфрла обвинувањата во јавноста дека е причина за загадениот воздух во Скопје. Во соопштението што компанијата го лиферуваше попладнево се наведува дека „обвинувањата кон Титан Усје се неосновани, невистинити и не се засноваат на факти и научни податоци“ и се порачува „причините за загадувањето да се бараат на друго место“. Соопштението на Титан Усје го пренесуваме во целост Целосно ја разбираме загриженоста на јавноста за ...

Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска, со вредност од околу 110 до 120 милиони евра што ќе донесат повеќе од 1.500 нови вработувања, информираше попладнево премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието. „Веќе сме во фаза на потврда и конфирмација на три многу важни странски инвестиции. Едната е во делот на автомобилската индустрија – турска, едната е во делот ...

Досегашните резултати од проектот „Безбеден град“ се многу позитивни и оти за 20 проценти е намален бројот повредени од сообраќајќи, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната собраниска седница за пратенички прашања. Тошковски кажа дека, иако граѓаните знаат дека нема да има казни во овој период, туку само опомена без ефективна реализација, го забавиле управувањето на моторните возила, а тоа пак довело до резултат ...

Зекирја Таири од ВЛЕН од изборната единица 1 е наредниот кандидат за пратеник во Собранието на местото на Беким Сали, кој вчера беше избран за министер за евроинтеграции. Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 164-та седница го разгледа дописот од претседателот на Собранието, Африм Гаши дека согласно Уставот и изборниот законик на доскорешниот пратеник Сали му завршува мандатот и Собранието треба да го верифицира мандатот на наредниот ...

Хантер Бајден, син на поранешниот американски претседател Џо Бајден, во интервју со американскиот подкастер Шон Рајан остро го критикуваше нивото на корупција во Украина, нарекувајќи ја „дувло“ и призна дека неговиот ангажман во украинската енергетска компанија Бурисма Холдингс (Burisma Holdings) бил грешка. Во повеќечасовниот разговор, што го пренесоа медиумите врз основа на снимка од емисијата „Шоуто на Шон Рајан“, Хантер Бајден рече дека ...

Траорен беше сведочењето на првиот сведок Дејан Николов во случајот за трагедијата во Кочани. Тој е сопственик на сервис, веднаш до дискотеката „Пулс“ во која во пожар загинаа 63 млади луѓе. Вечерта тој и неговиот син биле гости во клубот, а во моментот кога почнало да гори случајно биле надвор. Раскажа дека започнала паника, по што за кусо време снемало струја, настанале викотници и излегувал црн чад. „Видов дека има вентилатор и излегува ...

Со новогодишната елка на неколку метри од собраниската говорница и на само една недела до празниците, пратениците за последен пат годинава се собраа на пратенички прашања. Празничната честитка дојде во вид на меѓусебни обвинувања и тоа на највисоко ниво од спротивставените табори. Прв за прашување се јави лидерот на опозицијата Венко Филипче, кој ја искористи приликата да побара одговори од премиерот Христијан Мицкоски. Претседателот на СДСМ ...

Шест и пол милиони евра помалку изнесува Буџетот за пациенти со ретки болести во 2026 година. Здрженијата на граѓани реагираат дека 24 милиони евра колку што изнесуваше Буџетот за оваа година не било доволно за набавка на терапија за сите лица со ретки болести а за следната година има нови регистрирани пациенти и нови терапии кои нема да може да се покријат со доделените 17,7 милиони евра. Бараат од министерството и фондот за здравство да ја ...

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави граѓанска блокада денеска во 18 часот на крстосницата помеѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје. Од иницијативата велат дека протестот е одговор на според нив долгогодишното жртвување на јавното здравје на граѓаните во корист на профитни интереси. Од „Стоп за Усје“ порачуваат дека блокадата е замислена како мирен, но решителен протест, насочен против, како што велат, континуираното ...

„Несериозно е да се остави ваква важна институција нефункционална“, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој апелираше до пратеничките групи да се изнајде политичка волја и во Собранието да се избере Народен правобранител. На денешната средба со новинарите тој кажа дека лично ќе се ангажира да се најде решение за ова прашање, кое е заглавено веќе неколку месеци затоа што предложеното решение, Фатон Сељами, магистер по правни науки ...

Над 25 тони пиротехнички средства се пронајдени и одземени во две товарни возила и магацини на правно лице од Скопје, а во врска со случајот лишени од слобода се две лица, од кои едното е полициски службеник. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 24 декември 2025 година во 08:35 часот, на наплатната станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци, во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни ...

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 11:00 часот во водите на реката Вардар, во атарот на селото Трубарево, било пронајдено и извлечено тело на машко лице. По извршени проверки, утврдено е дека станува збор за 71-годишниот П.С. од Скопје, за кого на 23 декември 2025 година било пријавено дека се оддалечил од својот дом. На местото на настанот бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е ...

Над 25 тони пиротехнички средства се пронајдени и одземени во две товарни возила и магацини на правно лице од Скопје, а во врска со случајот лишени од слобода се две лица, од кои едното е полициски службеник. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 24 декември 2025 година во 08:35 часот, на наплатната станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци, во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни ...

Израел планира да одвои околу 350 милијарди шекели, односно 110 милијарди долари, во одбранбениот сектор во следната деценија, со цел да ја зајакне домашната индустрија за вооружување и да ја намали зависноста од странски добавувачи. Ова го изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на церемонија по повод дипломирањето на новообучени пилоти на воздухопловните сили. Нетанјаху истакна дека новата програма има за цел да обезбеди стратешка ...

Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ во Кочани тврдат дека обдукциските наоди за причините за смрт се нецелосни и дека недостига конкретна токсиколошка анализа за цијанидни гасови. Според нив, иако институциите признаваат можност за присуство на цијанид, во официјалните наоди како причина за смрт е наведено само труење со јаглерод моноксид. Тие бараат дополнително и независно вештачење, додека денеска во Идризово продолжува судскиот ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши апелираше до пратеничките групи да покажат политичка волја и да постигнат договор за избор на Народен правобранител, нагласувајќи дека е недозволиво институцијата толку долго да биде без прв човек. Тој најави дека лично ќе се ангажира за надминување на блокадата и веднаш ќе свика седница доколку се постигне компромис. Во Собранието во моментов течат и пратенички прашања согласно праксата секој последен ...

Играч во Арканзас го освои џекпотот од 1,817 милијарди долари на „Powerball“, најголемата награда за 2025 година и втор најголем џекпот во историјата на САД. Џекпотот беше добиен по тримесечен период без победник, со 46 последователни извлекувања без добитник. Добитникот сега има право за еднократна исплата во готово од 834,9 милиони долари или парите да му бидат исплаќани на рати во целиот износ. Ова е вторпат џекпотот на „Powerball“ да биде ...

Со брза размена на информации и координирана акција со бугарските безбедносни служби, македонската полиција спречи нелегален транспорт на оружје од Република Турција кон Македонија. Акцијата е реализирана доцна синоќа, во соработка со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија. Во текот на ноќта меѓу 24 и 25 декември, на граничниот премин „Капетан Андреево“ бил извршен претрес на ...

Ќе има дебата за дислокација на цементарницата „Усје“, но не и за аерозагадувањето во Скопје. Советниците побараа, а Градот прифати, на денешната седница да се разговара за ова, но тоа ќе биде последна точка на дневниот ред. Опозицијата предупреди дека воздухот што го загадува цементарницата е сериозна закана по здравјето на луѓето. „Дека индустријата има огромен удел во канцерогениот воздух од кој секоја година умираме илјадници, вклучително ...

Серијата ја следи моќната и бурна сага на семејството Датон, предводено од Џон Датон – човекот што поседува еден од најголемите ранчеви во САД. Неговата земја и неговиот начин на живот е под постојана закана: од корумпирани политичари, алчни бизнисмени, локалната индијанска заедница која бара правда и сопствен простор, до суровата природа што не простува. Во првата сезона врие од интриги, семејни конфликти, насилни пресметки и тешки избори. ...

Во напнатиот трилер „Ќерката на кралот на мочуриштата“, жена со тајно минато ќе се осмели да се осмели во дивината што ја оставила зад себе за да се соочи со најопасниот човек што некогаш го запознала: нејзиниот татко. Во филмот, навидум обичниот живот на Хелена (Дејзи Ридли) крие темна и опасна вистина: нејзиниот отуѓен татко е озлогласениот крал на мочуриштата (Бен Менделсон), човекот што ја држел неа и нејзината мајка во заробеништво во ...

Клер, 50-годишна разведена учителка, креира лажен Фејсбук профил на 24-годишна жена. На интернет наоѓа фотографија од убава млада бринета и ја користи. Таа создаде целосно измислен лик, но зошто? Првобитно таа го правеше тоа за да го шпионира нејзиниот љубовник кој постојано е на интернет. Тој прифаќа барања за пријателство само од луѓе кои лично ги познава. За да стигне до Џо, Клер му испраќа на својот најдобар пријател Алекс барање за ...

Прототип на ултра тајно и разорно оружје ќе биде украден и ќе се најде во рацете на опасна мрежа на платеници. ЦИА агентката Мејсон „Мејс“ Браун е принудена да ја напушти соло-играта и да состави непредвидлив, меѓународен женски тим. Заедно со германската агентка Мари, поранешната MI6 аналитичарка и технолошки гениј Хадиџа, и колумбиската психологинка Грасиела, тие тргнуваат на трка со времето за да го вратат оружјето пред да предизвика ...

Еден млад писател кој се мачи успее, се среќава со атрактивна студентка и решава да изнајми стан за нив, но дали оваа нова ситуација ќе му пречи на неговото пишување, за кое има многу краток рок? Станот на Лабиди во Париз е толку мал што има место само за еден кревет. Младиот писател, кој досега има објавено само еден расказ, и неговиот цимер Алексеј наизменично спијат во креветот и на патосницата до него. Во Лион, каде што мајката на Лабиди, ...

Законскиот рок истече, а американското министерство за правда побара „уште неколку недели“ пред да бидат објавени сите досиеја што потенцијално се поврзани со покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин. Американските власти открија повеќе од еден милион документи за што ФБИ и федералните обвинители во Њујорк го информираа Министерството за правда. Ова е досега најобемен број документи и се случува по масовна јавна кампања ...

Во срцето на Буенос Аирес, двајца банкарски службеници живеат досаден, зашеметувачки рутински живот – сè додека едниот од нив не изврши злосторство што ќе им ги преврти животите на двајцата. Планот на Моран е да украде доволно пари од една од најмоќните банки во градот за никогаш повеќе да не работи, да го признае делото и да ја отслужи затворска казна, додека неговиот колега ги крие парите. Истражителката Лаура Ортега е се поблиску да ја ...

Државниот завод за ревизија утврди сериозни слабости во финансиското работење на Фондот за иновации и технолошки развој за 2024 година. Ревизијата покажува дека ФИТР нема воспоставено централизирана база за следење на доделената финансиска поддршка, ниту систем за евалуација на резултатите од завршените проекти. На крајот на годината, фондот пријави и неподмирени обврски од речиси 13,9 милиони евра, а дел од обврските не биле навремено ...

Во петтата епизода од третата сезона на подкастот ХоризонТелма гостинка ни е Теодора Милеска. Taa e млада лидерка која ја претставува Северна Македонија во младинската канцеларија во Организацијата на Обединетите Нации, а исто така е ѝ ко-основач и на Period Skopje, организација која се бори за ставање крај на менструалната сиромаштија и стигма, преку сервиси, едукација и застапување. Освен за подигнувањето на свеста за менструалното здравје, ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
53%
1027
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
6.17
51%
1026
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
50%
1024
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
6.69
57%
1031
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.17
62%
1030
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.51
58%
1024
weather icon

Атина

11ᴼ / 10ᴼ
8.23
63%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
54%
1025
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
1025
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
65%
1033
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
55%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
69%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Рутениум

47358.05

Злато

164352.04

Калај

50.61

Цинк

3.24

Иридиум

231355.22

Родиум

374556.20

Сребро

2696.16

Платина

68931.20

Паладиум

52052.06

Алуминиум

3.42

Кобалт

66.14

Бакар

11.57