Дигитални камери, автоматски казни, СМС и имејл известувања за прекршок – систем од 21 век. Проектот „Безбеден град“ очигледно ги дисциплинира возачите – се вози според сообраќајните знаци, и многу поретко се минува на црвено. Но, наместо олеснување, следи нова мака: доказот за платена казна мора лично да се носи во полициска станица. „Безбеден град“ казнува дигитално – граѓаните плаќаат рачно. Редови пред полициски станици, фотокопии, ...

Американската државна секретарка за труд, Лори Чавез-Деремер, ја напушта администрацијата на претседателот Доналд Трамп, соопшти синоќа Белата куќа. Директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чеунг, преку платформата Икс објави дека Чавез-Деремер ќе премине на функција во приватниот сектор, додека со Министерството до понатамошно известување ќе раководи нејзиниот заменик, Кит Сондерлинг. Чавез-Деремер е трета жена што се повлекува од ...

Извлекувањето на иранските резерви на ураниум ќе биде „долг и тежок процес“, по американските напади врз објекти од нуклеарната програма на Иран, ова го изјави американскиот претседател Доналд Трамп. „Операцијата ‘Полноќен чекан’, спроведена во јуни минатата година, доведе до целосно и конечно уништување на нуклеарните капацитети на Иран. Токму поради тоа, ископувањето на нуклеарниот прав ќе биде долг и тежок процес“, напиша Трамп на својот ...

На 61 годишна возраст почина новинарката и уредник Гордана Дувњак која остави неизбришлива трага во политичкото и правосудното новинарство. По долго боледување, Дувњак почина, оставајќи зад себе богата професионална кариера и почит од целата новинарска заедница. Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзиниот син, Мартин Дувњак, во емотивна порака во која ја опиша како жена-борец, врвен професионалец и пример за чесност и посветеност. Гордана ...

Руската централна банка продаде околу 22 тони злато од почетокот на годинава со цел да го покрие растечкиот буџетски дефицит, кој достигна 4,6 трилиони рубљи. Причина за ваквиот чекор се намалените приходи од нафта и гас, што создава дополнителен притисок врз економијата и државните финансии под водство на Владимир Путин. Според официјалните податоци, златните резерви се намалиле, додека тргувањето со злато значително се зголемило. ...

Помош во итната медицинска помош побарале две жени на возраст од 62 и 56 години во Кавадарци, каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца. Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро. Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, ...

Новиот Унгарски лидер Петер Маѓар изјави дека Унгарија ќе го запре процесот на повлекување од Меѓународен кривичен суд, што значи дека земјата ќе остане членка на судот. Тој нагласи дека доколку лице кое е барано од судот влезе во земјата, властите ќе имаат обврска да го приведат. Изјавата директно се однесува и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за кого постојат правни постапки поврзани со судот. Маѓар посочи дека и покрај тоа, ...

Необична сцена се случи во Темекула, каде што балон на топол воздух со 13 лица слета директно во двор на семејна куќа. Сопственикот на домот, Хантер Перин, воопшто не знаел што се случува сè додека сосед не го известил за неочекуваните „гости“. Додека тој гледал телевизија, а неговата сопруга спортувала, група патници веќе се симнувала од балонот во нивниот мал тревник широк околу три метри. Балонoт, украсен со ѕвезди и полумесечина, бил ...

Иран го нарече запленувањето на иранскиот брод од страна на САД во близина на Ормутскиот теснец јасно кршење и на меѓународното право и на договореното примирје. САД запленија товарен брод под иранско знаме, за кој се тврдат дека се обидел да ја избегне нивната поморска блокада. ога станува збор за заштита на националните интереси на Иран, ние не признаваме ултиматуми. Тоа е првата поента. Второ, ние не ја започнавме оваа војна. И во двата ...

Тензиите на Блискиот Исток и прекините во транспортот низ Ормускиот теснец создаваат сериозен притисок врз глобалниот авиосообраќај. Поради растот на цените на авиогоривото, повеќе авиокомпании веќе кратат линии, а се зголемува и ризикот од поскапување на билетите. Според меѓународната енергетска агенција, Европа има резерви на керозин за околу шест недели, што значи дека веќе во мај може да има откажувања на летови доколку кризата продолжи. ...

Иран размислува дали да учествува во мировни преговори со САД во Пакистан, непосредно пред истекот на двонеделниот прекин на огнот. Според официјални извори од Техеран, одлуката сè уште не е донесена, додека Абас Арагчи истакна дека прекршувањата на примирјето од страна на САД претставуваат сериозна пречка за дипломатски напредок. Американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам за брзо постигнување нов нуклеарен договор, додека Иран ...

Со порака дека социјадемократијата е жива идеја и дека вистинска социјалдемократија е да се биде упорен и храбар во определбите за спроведување на реформите кога таа е на власт и да врши силен притисок кога е во опозиција, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва на свечена седница за одбележување на 35 години СДСМ, од седиштето на партијата, освен за минатото и за иднината на партијата која ја предводи, испрати пораки и до политичките ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонско интервју за Блумберг изјави дека смета дека прекинот на огнот со Иран ќе „заврши до среда навечер “, но дека е „многу малку веројатно“ дека ќе го продолжи доколку не се постигне договор. „Многу е малку веројатно дека би го продолжил“, изјави Трамп за прекинот на огнот кој стапи на сила вечерта на 7-ми април, додавајќи дека тој не чувствува никаков притисок да склучи лош договор. „Го имаме ...

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите беше ОК е уставни измени, меѓутоа со одложено дејство и второто беше гаранции во смисла да не повторуваат блокадите понатаму, истакна Јован Деспотовски во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Не се согласувам дека ЕУ е беспомошна. Напротив. Мислам дека во тој корпус на човекови права, имаат алатки како да ги спроведат. Не сум сигурен дека отстапување од темата на гаранции, ако веќе обврската што ја ...

Не е добра вест влада на Румен Радев за контекстот за барање на решение за да излеземе надвор од овој dead lock во кој сме четири-пет години, рече Илија Димовски во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Румен Радев со ништо не допринесе иако, да речеме, имаа некоја поинтензивна комуникација со претседателката Силјановска, претходно и со претседателот Пендаровски. Немаше никаков знак, никаква изјава, никаков сигнал дека Радев е ...

Румен Радев направи „џандар збира“, собра гласачи од сите политички партии, според истражувањата на јавното мислење, но доби и гласачи, околу 10-тина отсто, кои во овие осум последни циклуси воопшто не излегувале, рече Илија Димовски во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма. „Затоа и одзивот на изборите вчера беше поголем од последните неколку циклуси. Тоа е состојбата, изненадувачка, не толку од резултатот, но од силината на резултатот. Ќе ...

Два пати кочанските полицајци при крајот на 2023 година извршиле контроли во „Пулс“ и затекнале малолетници, по што била изготвено барање за поведување прекршочна постапка, но не знаеле тогаш што значи тоа дека фирмата „Класик ДМ“ која раководела со објектот била неактивна. Ова денеска го сведочеа двајцата полицајци и командирот кои се обвинети дека при контролите не постапиле во согласност со пропишаните правила и во записниците навеле ...

Пуштена е во употреба реновираната лабораторија по органска хемија на Технолошко-металуршкиот факултет, што ќе ја користат студентите за практична настава, а ќе биде достапна и за средношколците. Се очекува ова значително да го подобри квалитетот на наставата и да го зголеми интересот за природните науки. Пуштена е во употреба реновираната лабораторија по органска хемија на Технолошко-металуршкиот факултет, што ќе ја користат студентите за ...

Четириесет НАТО оценувачи од денеска во штипската касарна „Јане Сандански“ почнаа со оценување на борбената способност на лесната пешадиска баталјонска група. Проверката и оценувањето ќе се реализираат во рамки на претстојната вежба „Блесок 26“. Конечните резултати за припадниците на македонската армија ќе бидат познати во петок, додека оценувањето ќе се одвива под постојан надзор на тим на НАТО. Лесната пешадиска баталјонска група за оваа ...

Бугарските европратеници во заедничко писмо наведуваат дека нема менување на преговарачката рамка за Македонија. Сите 17 бугарски европратеници потпишаа заедничко писмо упатено до своите колеги, со кое силно го отфрлаат обидот за повторно отворање или реинтерпретација на преговарачката рамка, пишува бриселскиот портал ЕУ-Алајв. Во писмото во кое порталот имаше увид се предупредува дека иницијативите, како што е амандманот 108, во претстојниот ...

Падна Чат ГПТ. Алатката на вештачката интелигенција е недостапна за многумина во светот. Чат ГПТ не одговара на барањата на корисниците, а дел од нив не можат ниту да пристапат до страницата. Моментно е непознато колку долго ќе трае нарушувањето, но сервисот е недостапен во најголем дел од светот или функционира со потешкотии. Падна Чат ГПТ. Алатката на вештачката интелигенција е недостапна за многумина во светот. Чат ГПТ не одговара на ...

Седна на скалите пред министерството за здравство со транспарент „фали терапија“ . Весна Алексовска претседателка на здружението „Живот со предизвици“ го крена гласот за пациентите кои, како што вели, повторно остануваат без неопходните лекови. Овојпат, алармот е за лице со туберозна склероза кое две недели било без терапија. Но, според Алексовска, ова не е изолиран случај туку долгогодишна пракса. „Пациентите континуирано остануваат без ...

Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, преку својот адвокат, во воведниот збор пред судот оцени дека обвинението против него претставува конструкција и сценарио, кое, како што беше наведено, не се темели на докази, туку на креиран наратив. Одбраната посочи дека со постапката се врши дискредитација на неговата личност и углед, граден повеќе од три децении, предупредувајќи дека постои намера неговиот бизнис да биде одземен од трети лица. ...

По тринаесет години континуирани активности и вложени над 500 илјади евра во реставрацијата на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, процесот во моментов е запрен поради нерешени имотно-правни прашања. Дел од храмот граничи со приватна парцела, што го оневозможува поставувањето на настрешница, која ќе го заштити надворешниот фрескоживопис. -Корисно е да се постави трајна заштита со настрешница, кои се од привремен карактер. Ќе ја исполнуваат ...

На алуминијумската фолија во која биле сокриени 350 илјади евра и заѕидани во ѕид во родната куќа во Неготино, имало траги од ДНК на сега обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов, потврдија од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на брифинг со новинарите. Од Обвинителството велат дека, Ристов е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот како и за перење пари. За поткуп немало докази, а не е утврдено и како ...

Резултатите на предвремените парламентарни избори ја доведеоа Бугарија на чекор до политичка стабилизација. Коалицијата предводена од поранешниот претседател на државата, Румен Радев убедливо победи, а исходот од соседството повторно ги отвори важните теми и прашања на Македонија поврзани со Бугарија. Како ќе се одрази изборниот резултат на односите помеѓу соседите, ќе се развие ли дијалог или ќе останат блокадите?! Министерот за надворешни ...

Адвокатката на првообвинетиот во судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс одбвини за нечовечко постапување кон незјиниот клиент. Сопственикот Дејан Јованов бил донесен на рочиште со отворена рана и опасност да загнои откаку му била направена операција. Пред три дена му правеле операција за да му го извадат отокот кој му се појавил поради несоодветен третман во затворот во Шутка каде се наоѓа во притвор. Според адвокатката итно мора да ...

За мене театарот е место на љубов и место на дијалог со светот, со општествениот момент во кој живеам, за позицијата на човекот, најдлабокоите проблеми, но и за човечката интима, вели Татјана Мандиќ Ригонат која на сцената на МНТ премиерно ја постави претставата „Страв и надеж“ според текст на Франц Ксавер Крец. Делото на Крец кој е жив класик и покрај Бертолд Брехт најизведуваниот современ германски драмски писател е исклучително актуелно и ...

Речиси илјада денари повеќе му се потребни на едно семејство за да ги купи продуктите и да ги задоволи потребите кои се предвидени во минималната синдикална кошничка. ССМ пресмета кошничката во април тежи 68 797 денари за разлика од мартовската која изнесуваше 67 818 денари. Според синдикалните пресметки кошничката скока за уште 250 евра доколку семејството живее во изнајмен стан и плаќа режиски трошоци и тогаш изнесува 84 илјади денари. Од ...

Шпанската граѓанска полиција разби криминална организација која со месеци развивала широка мрежа за трговија со кокаин низ повеќе региони во земјата, со центар во Мадрид. Намерата на групата била да воспостави стабилен и добро организиран канал за набавка, складирање и дистрибуција на големи количини дрога, користејќи логистика што ја опфаќала речиси целата централна и јужна Шпанија. Истрагата започнала во јули 2025 година, откако властите ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.05
64%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.04
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.64
88%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
76%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.51
93%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
88%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
68%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
72%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.91
65%
1014
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
4.02
86%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
62%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
1.97
100%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15