Манекенката Бела Хадид (25) е на насловната страница на априлскиот број на Vogue, фотографирана од Итан Џејмс Грин и во креација на Margiela Artisanal. Таа позира во главната фотосесија, а во разговорот со списанието ја „отвори душата“ и зборува за повеќе интимни теми. Бела за прв пат призна дека има направено пластична операција на носот. Претходно велеше дека трансформацијата е резулат на пубертетот, но сега откри дека на ...

Националната галерија во соработка со Францускиот институт во Скопје во рамките на одбележување на Меѓународниот ден на Франкофонијата, со особено задоволство ја најавува изложбата на македонските основоположници кои живееле и работеле во Париз меѓу двете светски војни. Насловот на изложбата е „Париски рефлексии“, истата ќе биде поставена во објектот Чифте амам, а отворањето е закажано за 18 март 2022 (петок), точно на пладне, во ...

Откривањето на типот на кожа е клучно за утврдување на видот на нега. Не постои универзален режим за нега на кожата кој одговара на сите типови кожа. Сами проверете каков тип на кожа имате и каква нега треба да преземете. Ако не можете да го откриете типот на вашата кожа со набљудување, исто така може да направите тест со хартиено марамче. Измијте го лицето со лосион за чистење за да ја отстраните нечистотијата, маснотијата и шминката и ...

Овој мал модерен стан иако има само 35 метри квадратни, поради височината е огранизиран на два ката, односно кујна, дневна соба и купатило во долниот дел и простор за спиење и гардеробер сместени на галерија. Ентериерот е замислен во минималистички стил и со мултифункционален мебел кој лесно се разместува во зависност од потребите на сопствениците. Станот е сместен во стара зграда што порано имала функција на печатница, па оттаму високите ...

Раде Шербеџија на 19 март од 20 часот во Големата сала на Центарот за култура во Битола ќе има свој ексклузивен концерт, единствен во Македонија со својот албум „Не свртувај се сине”. На сцената ќе биде заедно со бендот „Западни колодвор“. Легендарниот актер со светска слава Шербеџија, кој со култната улога на Александар во филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски пред повеќе од четврт век беше дел и од ...

Париската модна недела е идеално место за демонтрирање на модниот стил на гостите и познатите кои ги посетуваат најважните ревии на новите дизајнерски колекции, да продефилираат во дизајнерските парчиња инкорпорирани во свој стил, да ги покажат последните зимски трендови, но и да ги навестат првите пролетни тенденции. Париз за време на модната недела стилски беше во знакот на костими во јаки бои, разиграни комбинации, споеви во класични бела ...

Стилско шаренило и еклектични комбинации се препознатливи за стилот на Ајрис Апфел, 100-годишната модна икона и инспирација, таа овие нејзини модни кодови ги внесува во колекцијата направена во соработка со познатиот бренд H&M. Колекцијата Iris Apfel x H&M го слави 100-тиот роденден на оваа уникатна жена, а ќе поче да се продава на 31 март. Инспирирана од уникатниот шмек на Ајрис Апфел и нејзината естетика базирана на ...

Со модната недела во Париз се заокружи модниот месец, по подолго време видовме голем број на модни ревии кои се одржуваат во живо и пред публика. Но евидентно е дека во сенката на војната во Украина голем број од настаните во францската престолнина се одржаа во знакот на повик за мир и слобода. Најемотивна беше ревијата Баленсијага на која креативниот директор Демна Гвасалија, грузиец кој и самиот бил бегалец во конфликот во Абхазија, ...

Под слоганот „The Future was Present“ се одржа првото издание на Скопски моден фестивал, настан кој се е осмислен како спој на модни ревии и шоурум во кој се изложени модни креации. Трговскиот центар Скопје сити мол е местото на кое на 4, 5 и 6 март се одржаа модни ревии на десет домашни и странски дизајнери, а на истата локација до 27 март трае изложбено-продажен салон во кој можат да се погледнат и купат креациите. На модниот ...

Во рамките на модниот настан Скопски моден фестивал, кој се одржа викендов во Скопје сити мол, се претстави македонската дизајнерка Сефанија Насеска со колекцијата за пролет-лето 2022 насловена како ‘The Great’, инспирирана од Александар Македонски и целосно модно преведена и прилагодена на современите модни трендови. После ревиската промоција, оваа колекција е изложена во showroom-от на приземје во Скопје сити мол и тука до 27 ...

Еден модел на чанта на Celine е популарен во последниов период, откако во 2019 година беше претставен моделот Triomphe, модниот бренд сега има нови верзии под името Cuir Triomphe. Новиот модел го следи дизајнот на претходниот – едноставен и класичен облик со златно копче, но сега наместо кожена, има рачка од ланец. Доаѓа во неколку бои, материјали и величини, заштитно лице на кампањата за Celine Cuir Triomphe е Каја Гербер, а чантата ...

Жените насекаде низ светот се движат во првите редови, откривајќи ја својата сила низ бројки, потврдувајќи ги своите успеси како никогаш досега и тоа според нашата основачка и претседателка Laurice Rahmé, не можеше да се случи во подобро време. Не не сфаќајте погрешно – ние сакаме мажи. Но, ние сме усогласени со жените насекаде кои ја слават оваа моќ и сила што ја практикуваме, а да не зборуваме за нашиот (женски) стремеж за мир ...

Mакедонскиот бренд „Ла Дама“ го одбележува денот на жената 8 март со кампањата „Напред, девојки“. Како бренд што ги инспирира, мотивира и ги поттикнува девојките, жените и сите дами да се „облечат“ во најдоброто и да чекорат со шарм и самодоверба, активностите на „Ла Дама“ траат во целиот месец март. Од „Ла Дама“ велат дека една жена е сето она што треба да претставува и што се ...

Дизајнерот на модната куќа Валентино, Пјерпаоло Пичоли, за сезоната есен-зима 2022/23 ја предложи колекцијата Valentino Pink PP, во која наместо препознатливата Валентино-црвена, внесе розова боја. Женственоста е главната тема на колекцијата, а дизајнерот покажа дека и интензивно розовата може да биде елегантна. Креациите од ревијата што се одржа на Париската модна недела нѐ пренесоа во некој сонлив и бајковит свет, во кој забораваме на сите ...

Грузиецот Демна Гвасалија, кој во последниве седум години е креативен директор во модната куќа Баленсијага, вчера во Париз ја претстави својата можеби најлична и најпотресна презентација. Војната во Украина е подалеку од Париз, но Демна го потсети на личните трауми, кога во 1993 ја напуштил родната Грузија во екот на граѓанската војна. Тогаш десетгодишно момче, со своето семејство избегал од областа Абхазија, откако локалните сепаратисти ...

Изборот на деловна облека кажува многу за вашиот професионализам и сопствената грижа за претставување пред шефот, колегите или клиентите со кои соработувате. Идејата за стајлиш и шаренолика деловна облека се наметна во последниве неколку години, секако доколку не работите во премногу конзервативна канцеларија каде што има зацртан строг дрескод, но тоа не значи дека треба премногу да се опуштите и да се предадете на тотална лежерност и ...

Шпанскиот моден бренд Манго претстави капсулна колекција на маици и торбa за да го одбележи Меѓународниот ден на жената, 8 март, колекција преку која се искажува силата и моќта на женскиот талент. На два вида маици, платнена торба и еден машки модел насликани и испишани се мотиви на калифорниската сликарка Торин Аштун и песни на шпанската писателка Летиција Сала. Модниот бренд ќе донира 100 отсто од профитот од оваа линија на Mundo ...

Урбаниот италијански бренд Police во соработка со Warner Bros и THE BATMAN лансираше лимитирана едиција на часовници, во кои преовладуваат смели и темни елементи, инспирирани од глобалниот феномен – Бетмен. Во вистински Готам амбиент и возбудлива атмосфера, уникатните часовници беа претставени вчера на ексклузивен настан организиран од MY:TIME. На глобално ниво се достапни само 10.000 часовници, а на огромна радост на македонските ...

Во овој преоден период од зима во пролет кога времето е променливо, најчесто ги балансираме зимските палта и јакна со првите потенки парчиња како пролетните фустани и здолништа. Премногу е рано да ги оставиме топлите палта, но веќе се ослободивме од дебелите џемпери, панталоните и здолништата од подебел штоф. Да, ова е периодот кога мешаме зимски и пролетни модни парчиња – комбинирање на потенки, пролетни фустани со топли волнени ...

Плетените фустани беа голем тренд оваа зимска сезона, оние подебелите одлично одговараат во студените денови, но некои модели како трикотажните со ребрест мотив се идеални за овој преоден период од зима во пролет. Класичните плетени фустани секогаш се добар избор, но за 2022 тренд се ребрестите, припиените и оние со макси должина. Нудат удобност, но и елеганција, добар избор се за секојдневни, но и деловни пригоди. Модните брендови понудија ...

Во чест на прерано заминатиот моден дизајнер Вирџил Абло, основач на брендот Off-White, но и креативен директор на машката колекција на Луј Витон, познати личности и супермодели од неколку генерации се појавија на модната ревија на брендот и ја преттсавија колекцијата за есен-зима 2022. Тимот на Абло, дизајнерот кој во ноември минатата година ја изгуби биткатата со ракот, ја посвети оваа колекција на својот основач и креативен директор. ...

Во сабота, 5 март, со почеток во 13:00 часот, на платото пред Младински Културен Центар, ќе се одржи матине-промоција на првата книга фотографии на Татјана Ранташа, облагородена со текстуалните варијации на Александар Прокопиев, наречена „Џезтетика“. Книгата се состои од портрети на 50-тина македонски џез-музичари, претставени преку објективот на Татјана Ранташа, професионален фотограф што ги бележи сите позначајни музички ...

Овој здрав напиток наречен „17 на ден“ ја ја содржи потребната доза на витамини, минерали и други хранливи состојки, а го јакне имунитетот и штити од сезонски настинки. Во последните години ја прифативме тенденцијата на здрава исхрана и конзумирање зелени напитоци, нека и овој напиток ви стане честа практика. Напитокот им се препорачува на оние што се опоравуваат од сезонски грип и настинки, но секако и на сите оние што сакаат да ...

Инспирирана од филмот „Сенки“ на режисерот Милчо Манчевски, креативката и модната стилистка од Битола Надица Бицева-Димитровски ја создаде новата колекција накит „Коски“. Таа создава парчиња колекции накит дизајнирани под нејзиниот бренд „Ателје Креација“, спој на уметничко творештво и културата. - Колекцијата „Коски“ е визуелно олицетворение на кревкоста наспроти цврстината. Во модата поимите ...

Со целовечерен концерт и гала настан во Скопје Мериот хотел, Нокаут ќе ja започне турнејата за одбележување на својот 25-годишен јубилеј и присуство на македонската музичка сцена, овозможувајќи единствена и неповторлива вечер. Препознатливиот вокал на Никола Перевски Пере и бендот кој изминативе декади беше заштитен знак на нашата сцена, ќе понуди исклучително доживување и музичко патување низ 25 години творештво, исполнето со многу емоции, ...

Првата сезона на Скопски моден фестивал ќе се одвива во трговскиот центар Скoпје Сити Мол од 4 до 27 март. Учесници на фестивалот се реномирани дизајнери и брендови од земјата и странство, заедно со истакнати уметници и музичари како специјални гости во програмата Цел нареден месец градот Скопје ќе пулсира во ритамот на модата. Епицентар на случувањата е трговскиот центар Скопје Сити Мол, каде од овој петок (4 март) започнува првото издание ...

Една моја пријателка всушност ме викаше панда заради темните дамки околу очите, устата и различните делови на телото. Да! Но, тоа што ме натажува не е дека луѓето ми кажуваат нешто, туку како јас се чувствувам во определени ситуации. Мислам дека имам пигментни дамки, веројатно уште откога бев во градинка. На пример, забележав дека кога се запознавам со нов човек почнувам да се грижам што тие мислат за мене. Дали во мене ја гледаат само ...

На својата вчерашна ревија во рамките на Миланската модна недела, славниот дизајнер Џорџо Армани одлучи презентацијата да ја одржи во тишина, без музика, во знак на почит и солидарност со луѓето кои поминуваат низ тешки моменти за време на руско-украинскиот конфликт. „Мојата одлука да не користам музика на ревијата беше донесена како знак на почит кон луѓето погодени од трагедијата што се одвива“, гласеше изјавата на дизајнерот ...

OUTLET цени – со OUTLET попусти за сите и секаде!!! Сезоната на одлични цени во Сара Фешн започнува со мега акцијата Оutlet цени која од компанијата ја најавуваат како најголема до сега. Од 28 февруари до 8 март оutlet цените се селат во буквално сите 64 продажни места во Македонија и на интернет e-продавницата sarafashion.club. - Ако досега нашите пребирливи купувачи кои сакаа екстра попусти мораа да ги посетуваат нашите outlet ...

Пролетната колекција на Kiko Milano, козметички бренд кој од неодамна е достапен и кај нас, е во знакот розовата боја и проиводи кои нудат сјаен ефект. Во пролетната шминка обично тоновите стануваат многу помеки и посветли, брендот одговара на потребите за поделикатна и поромантина шминка во пролетните денови. Blossoming Beauty е името на оваа нова колекција на шминка на Kiko Milano која ќе нè пренесе во тајна градина која блеска со ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
9.77
51%
1017
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
6.69
76%
1020
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
58%
1023
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
10.29
68%
1017
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
10.67
74%
1014
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
0.81
73%
1023
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.63
55%
1005
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
6.69
49%
1010
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
12.86
33%
1014
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -4ᴼ
0.0
84%
1012
weather icon

Будимпешта

-1ᴼ / -2ᴼ
10.8
71%
1017
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
8.23
93%
1007
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Калај

44.73

Платина

72292.89

Рутениум

44946.74

Родиум

310254.70

Кобалт

59.52

Иридиум

169549.30

Паладиум

57935.65

Сребро

2569.43

Цинк

3.10

Злато

144981.23

Алуминиум

3.14

Бакар

11.84