Македонските интернационални судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе делат правда на претстојното Европско првенство во футсал 2026. Европското првенство ќе се одржи во период од 19 јануари до 7 февруари во три земји – Словенија, Литванија и Летонија, каде ќе настапат 16-те најдобри европски репрезентации поделени во четири групи. Група А Латвија Хрватска Грузија Франција Група Б Литванија Ерменија Чешка Украина Група Ц Словенија ...

По одиграни седум кола во Првата футсал лига многу работи стануваат јасни – непоразениот лидер Проект е неприкосновен со максимални 21 бод со седум од седум и фантастична гол разлика од 58 постигнати гола и 12 примени погодоци што е најдобар напад и најдобра одбрана. Проект е неколку класи над останатите, а Форца како актуелен шампион ќе ја води битката за тимот од Јосифово за одбрана на титулата, а тимот од Куманово е втор со 18 бодови, ...

Бутел стигна до третото сезонско славје откако вечерва го доби дебитантот Балкан за комплетирање на седмото коло на Првата футсал лига со резултат од 9:4. Заслуги за големата победа на Бутел има Владимир Трендафиловиќ кој постигна неверојатни пет гола во мрежата на Балкан, а пак двоен стрелец за домашниот тим е Лазар Пеев, додека пак по еден гол постигнаа Никола Илијоски и Кипријан Петрески. За тимот на Балкан двапати погоди Ибрахим Алији, а ...

По завршувањето на седмото коло во Прва женска кошаркарска лига, веќе се јасни позициите на табелата и учесниците во четвртфиналната фаза од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“. Три екипи го завршија првиот дел од сезоната со идентичен биланс – Крива Паланка, Баскет Кам и Вардар имаат по шест победи и еден пораз, па според меѓусебните натпревари е оформен и конечниот поредок. Крива Паланка е на врвот со убедлива победа против ...

Со натпреварот во Радовиш кој ќе се одигра в петок меѓу Детонит Плачковица и Скопје ќе заврши есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига. Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на овој натпревар кој е последен кај второлигашите за 2025 година. Игор Иванов од Велес ќе биде главен судија, а негови помошници ќе бидат Роберт Црвенов и Александар Ајдаров од Велес, додека пак четврт судија ќе биде Дарко Стојанов од Штип. Делегат ...

Во рамки на 16. коло од ракометната Супер лига, екипите на ГРК Тиквеш 2014 и ГРК Охрид ќе се сретнат во среда, на 10 декември, во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 19:00 часот. Се очекува натпреварот да биде возбудлив, со оглед на тоа што и двата тима ќе бркаат важни бодови за продолжението од сезоната. Централниот бек на Охрид, Младен Крсманчиќ, за Спортска Мрежа, го најави мечот во Кавадарци. Тој нагласува дека тимот мора ...

Битола повторно се подготвува за ракометен спектакл – второто „вечно“ дерби оваа сезона – Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 во ,, Боро Чурлевски”. Домаќините се под притисок да обезбедат победа и да останат во трката за врвот. Средбата е закажана за среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот, а публиката очекува возбудлив дуел меѓу двата најтрофејни тима во македонскиот ракомет. За правдата на натпреварот ќе се погрижат судиите ...

Во рамки на 16. коло од ракометната Супер лига, ГРК Тиквеш 2014 ќе го пречека ГРК Охрид утре (10 декември), во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, со почеток од 19:00 часот. Натпреварот се очекува да биде тежок и возбудлив, со оглед на квалитетот на двата тима, како и важноста на бодовите за двете екипи. Од таборот на Охрид, левиот бек- Дејан Кукуловски, за Спортска Мрежа го најави утрешниот дуел. Тој истакнува дека Охрид е подготвен за ...

Македонските второлигаши заминуваат на заслужен одмор, останува уште мечот во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Скопје да биде одигран овој петок и со тоа и официјално да се спушти завесата во Втората лига. Останатите екипи веќе и се распуштат и заминуваат на одмор, но управите, стручните штабови имаат многу работа, бидејќи никој не е сигурен кон остварувањето на своите цели. Најмногу се загрозени екипи од долниот дел, кои беа не само што ќе ...

Второлигашот Шкендија од Арачиново за вториот дел од сезоната го претстави првото зимско засилување – се работи за искусниот Владимир Жоглев кој пристига од редовите на Осогово. Тимот на Љупчо Марковски – Калц добива квалитетно засилување во офанзивата, се работи за голгетер кој е најдобар стрелец на Осогово за пролетната полусезона со пет погодоци. 27-годишниот Жоглев во Осогово пристигна во јануари 2025 година, а во тимот од Кочани се ...

Утре, со почеток од 17:00 часот, на стадионот Stade de La Beaujoire – Louis Fonteneau во Нант ќе се одигра натпреварот меѓу младинските екипи У19 помеѓу ФК Нант од Франција и Макаби Хаифа од Израел. Овој дуел привлекува внимание поради значењето што го носи, а дополнителен мотив за македонските љубители на фудбалот е фактот што главната судиска улога ќе ја има македонски претставник. Македонскиот интернационален судија Игор Стојчевски е ...

Ракометнииот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста дека Никола Матлиески повеќе не е шеф на стручниот штаб на скопскиот суперлигаш. Матлиески пристигна во клубот на почетокот од 2025 година, во исклучително тежок момент по трагичната смрт на Александар Јовиќ, и максимално одговорно и професионално ја извршуваше тренерската улога. За жал, резултатите во досегашниот дел од сезоната не се посакуваното ниво, а по последниот пораз од Прилеп на ...

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е на врвот со 19 бодови. Тимот има учинок од шест победи и едно реми и сака експресно враќање во Првата лига, а тоа да го потврди што е можно порано во текот на второлигашкиот шампионат. Каршиака се проби до второто место со 15 бодови, а пак Фудбал Старс од Кочани е трето, со тоа што овој тим кој има 12 бодови има меч помалку, со меч помалку и 11 бодови на своето конто ...

Останува уште еден меч да се одигра за да се комплетира последното есенско коло во Втората лига, а со тоа и официјално да се спушти завесата за крај на есенската полусезона. Сите погледни се насочени кон мечот во Радовиш каде Детонит Плачковица ќе го пречека Скопје. Овој меч нема да направи некои суштински разлини, но едно е сигурно – двете екипи со триумф ќе имаат полесна пролет во остварувањето на своите цели. Радовишани со победа и ...

Дербито од дното на табелата во Првата футсал лига донесе неверојатна, луда завршница со среќен крај за Осогово – Кристијан Ивановски ги „расплака“ штипјани, погодувајќи во последните секунди за триумф од 6:5 над Мал Ајакс во дуелот од 7. коло. Ова беше пресметка на две екипи кои имаа по една победа и влегоа во жестока битка за второ сезонско славје. Мечот понуди спектакл со 11 гола и важна победа за Осогово, тим кој минатата сезона играше ...

Фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го одиграат едно од најголемите дербија во тековното коло од Лигата на шампионите, дуел кој секогаш привлекува огромно внимание ширум светот. Овој пат, покрај фудбалската магија на теренот, натпреварот ќе има и силен македонски белег. Имено, Филип Поповски, поранешен генерален секретар на ФФМ и искусен фудбалски работник со долгогодишна кариера во спортската администрација, доби голема чест и ...

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига, а со тоа го имаме конечниот изглед на табелата. Пролетниот дел носи многу возбудувања, борба за секој бод, трка за шампионската титула, но и предизвици да се обезбеди опстанокот, а во тој дел ќе биде уште понеизвесно. Вардар е есенски шампион и тоа без пораз со 42 бодови, момците на Гоце Седлоски зад себе имаат фантастична ...

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола, многу неизвесност и вистинска драма во самата завршница. Двете екипи поделија по еден бод (3-3), а исходот дополнително ја вжештува битката за опстанок пред пролетниот дел од сезоната. Пелистер одлично го отвори дуелот и уште во првиот дел создаде значајна предност. Керим во 15. минута ја отвори серијата по убаво проигрување, а по половина час игра Ристовски го ...

ГФК Охрид и официјално ја заврши најуспешната есен во последната деценија. Тимот предводен од младиот стратег Ромео Кочоски блесна во Втората лига и со фантастичен учинок се круниса како есенски шампион. Популарните „рибари“ не само што играат допадлив и офанзивен фудбал, туку зад себе имаат и „страшна“ ефикасност која совршенот ја отсликува нивната доминација. Охриѓани во првиот дел од сезоната запишаа 11 победи, 3 ремија и само 1 пораз, со ...

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со кој се затвара есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи играат важен дуел, трите бодови се императив и за двете страни кои сакаат со победата да ја завршат есенската полусезона. Фудбалерот на Арсими, Ринор Ајдини, вели дека мора да влезат концентрирани, бидејќи како што нагласува Пелистер знае да биде опасен, дополнува дека нивната цел е јасна, со ...

Со натпреварот меѓу Арсими и Пелистер се затвара есенската полусезона, мечот од 16. коло на Првата лига се игра на Градскиот стадион во Гостивар, а влогот за трите бодови е голем. Двете екипи посакуваат победа и со три бодови да ја затворат есенската полусезона, Пелистер го очекува неизвесно соочување против Арсими кој игра во одлична форма, а пак домашниот тим е претпазлив бидејќи битолчани знаат да бидат доста опасни, како што истакна и ...

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот почеток се беше решено кога е во прашање победникот и освојувањето на бодовите. Најдобриот стрелец во Првата ракометна лига во женска конкуренција, Анастасија Сентовска имаше свое шоу со 14 постигнати погодоци, а пак Јована Ангелковска постигна десет погодоци, кај гостинскиот тим Алтина Хасани ги постигна ...

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз, со најдобар напад од 49 постигнати погодоци, со втор најдобра одбрана која примила осум гола, а тоа значи и 31 бод на своето конто. Ист број на бодови со ист учинок е тимот на Борец од Велес, кој лани испадна од Втора лига. Велешани имаат најдобра одбрана која примила седум гола и трет најдобар напад после тој на ...

Седмото коло од Првата женска кошаркарска лига донесе доминација на фаворитите и високи победи на гостински терен. Крива Паланка, Баскет Кам и Вардар ги потврдија високите амбиции, додека Пробаскет и Спорт тим немаа сили да парираат на водечките екипи. Бранителот на титулата Баскет Кам се враќа од Кавадарци со важен триумф и со одлично второ полувреме го скрши отпорот на домаќинот. Првите 20 минути поминаа во израмнета битка (31:31), но ...

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен дострел – прво место и титула есенски шампион во младинскиот шампионат на Македонија. Струмичани демонстрираа константна форма, дисциплина во играта и допадлив фудбал што ги оддели од конкуренцијата. Тимот беше воден со сигурна рака од тренерот Ѓорге Стојчев, чие стратешко планирање и тактичка подготвеност се покажаа како столбови на овој успех. Во клубот ...

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река – ова беше пресметка на двата лански второлигашки, а лидерот беше подобар со 4:2. Мечот од 7. коло на Втората футсал лига донесе шест гола во Автокоманда, а мечот го одбележа и црвениот картон на Тони Гацев кој го заработи во 18. минута, иако прво доби жолт картон, но веднаш судијата му додели директен црвен. Домашниот тим преку Дејан Кајсторовски го отвори резултатот во ...

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига, но Давид Јовчевски од домашниот тим имаше меч за паметење. Во првите десеттина минути се играше гол за гол, а потоа штипјани започнаа да прават резултатска разлика и на полувреме имаа предност од 16:23. Во вториот дел Шампион воопшто немаше сили да го следи противникот кој дојде и до плус десет при 21:31, а на ...

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде домаќин на дуел кој одамна се посакуваше – натпревар меѓу сегашниот млад тим и мешаната група ветерани, фудбалери што со години го носеа клубот напред и оставија неизбришлива трага во општинскиот фудбал. Организаторите ги повикуваат сите играчи на возраст од 30 до 55 години да се пријават и ...

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над Овче Поле од Свети Николе во меч од 13. коло на Првата ракометна лига. Мечот тргна многу неизвесно, а прв удар зададе гостинот кога направи во два наврати плус четири разлика при 4:8 и 6:10, а до крајот на првиот дел домашниот тим го сврте резултатот на 20:15. Во вториот дел Овче Поле се обидуваше да фати резултатски приклучок, но немаше сили и капацитет, ...

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако во последното есенско коло со 1:8 го декласираше „фенерџијата“ Дреново. Натпревар кој го одбележа три црвени картони, а мечот беше прекинат во 70. минута кога домашниот тим остана без доволен број на играчи. Победата беше најавена уште во првиот дел со 0:5 на полувреме, кога Марјан Стефановски во 7. минута ја отвори голеадата, хет-трик во првиот дел ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
68%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
0.89
91%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
3.17
89%
1015
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.62
70%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
0.45
86%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
0.45
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.26
73%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
63%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
84%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
57%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
98%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54