Еурофарм Пелистер лесно и убедливо ги освои бодовите против Струга, совладувајќи го ривалот со високи 42-22, во дуел што покажа јасна разлика во квалитетот меѓу двата тима. Само еден ден по оставката на тренерот Рубен Гарабаја, битолскиот шампион имаше задача да реагира брзо – и тоа го направи на најдобар можен начин. Предводен од привремениот тренер Ѕвонко Шундовски, пелистерскиот состав одигра сигурно од првата до последната минута. ...

Екипата на Еурофарм Пелистер, до крајот на полусезоната ќе биде предводена од директорот на клубот, Звонко Шундовски, по оставката на тренерот Рубен Гарабаја. Шундовски досега повеќе пати преземал одговорност за тимот во критични моменти, и повторно се става на чело на екипата за да обезбеди стабилност и подготовка за следните предизвици додека клубот не именува нов тренер. Денеска, битолчани гостуваат кај Струга, иако мечот ќе се игра во ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија ја отвори ЕХФ неделата со важен триумф, совладувајќи ја Турција на гостински терен со 26-29. Нашите ракометарки одиграа цврст и дисциплиниран натпревар, покажувајќи зрелост токму во клучните моменти од мечот. Дуелот во Анкара започна израмнето, со доста борба и многу тактички надмудрувања. Двете селекции одржуваа рамнотежа цели 30 минути, што најдобро го покажува резултатот од 12-12 на ...

Есенскиот дел од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудлив финиш, во кој Вардар со пресврт-триумф над Македонија Ѓорче Петров (1-2) ја потврди својата доминација и по шест години повторно се закити со есенската титула. На тешкото гостување во Ѓорче Петров, избраниците на Гоце Седлоски покажаа карактер и зрелост. Иако домаќините поведоа во 54. минута преку Еступињан, вардаровиот напаѓач Азер Омерагиќ блесна во вистинскиот момент. Со ...

РК Еурофарм Пелистер соопшти дека тренерот Рубен Гарабаја ја понудил својата оставка, која клубот ја прифатил. Гарабаја заминува пред истекот на договорот, а клубот наскоро ќе го назначи неговиот наследник. Со Гарабаја на клупата, Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија и одигра десет достојни натпревари во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26. Неговото заминување доаѓа по натпреварот со Алкалоид, кога тренерот почувствувал ...

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на Фудбалската федерација на Македонија, на која главна тема беше развојот на фудбалската инфраструктура и поддршката за локалните клубови. Во разговорот, посебен акцент беше ставен на ФК Единство од Пиперево, клуб кој оваа сезона се натпреварува во Општинската фудбалска ...

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со тоа го имаме и конечниот изглед на табелата. Проект е непоразен лидер на табелата со максимални 18 бодови, а поранешниот шампион од валандовско Јосифово има шест од шест, притоа го има најдобриот напад со 53 голови кој го предводи голгетерот Марио Благојевски и најдобра одбрана во шампионатот. Шампионот Форца е на второто место со 15 бодови, единствениот пораз е од ...

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од Богданци е непоразен лидер на табелата со 22 бодови, притоа тимот на Горан Андоновски има страшен напад со 442 погодоци, но и цврста одбрана каде тешко се даваат голови. Втор е тимот на Мулти Есенс со 20 бодови, додека пак Драчево Јуниор кој е трет со 18 бодови и Вардар Неготино кој е четврти со 16 бодови веќе започнуваат сериозно да уназадуваат во однос на непоразениот лидер ...

Женскиот ракометен клуб Вардар продолжува со континуирана работа во создавање и развој на млади ракометни имиња, а уписите за девојчиња родени 2014 година и помлади се постојано отворени. Во изминатите години, ракометната школа на Вардар работи со силна посветеност и професионален пристап, што резултира со јасно видлив напредок кај најмладите категории. Покрај стекнувањето на основите на ракометната игра, особено внимание се посветува и на ...

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф од 5:2 во одложениот меч од 2. коло на Првата футсал лига. Првиот дел беше доста неизвесен, гостинот од Кавадарци одлично парираше и се обидуваше да наметне своја игра и да воспостави резултатска предност во Куманово. По три минути Јесус Алејандро Ривас Миранда го отвори резултатот за водство од 1:0. Но, резултатската предност не траеше долго, Мартин Никовиќ во 11. ...

По поразот од Вардар, ракометарите на Охрид се решени да се вратат во ритам и повторно да заиграат победнички пред својата публика. Новата шанса ја добиваат веќе утре, повторно на домашен терен, каде ги очекува дуел со тимот на Еурофарм Пелистер 2. Во таборот на охриѓани се свесни дека следниот период ќе биде исклучително тежок и напорен. Асистент-тренерот на Охрид, Крсте Андоновски, нагласува дека тимот мора да остане целосно концентриран ...

По одигрувањето на шестото коло во Првата женска кошаркарска лига, дојде до неколку значајни промени во индивидуалната статистика, а најголем впечаток остави кошаркарката на Баскет Кам, Сања Адамовска. Адамовска го имаше најзабележителниот настап во ова коло. Со дури 14 асистенции на натпреварот против Патриот 2016, таа се искачи на првото место на листата на најдобри асистенти со 7.0 по натпревар, надминувајќи ја Деја Грин од Крива Паланка ...

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари работна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Струмица, дел од ФФМ, Илија Илиев – Ромата. На средбата се разговараше за унапредување на соработката во рамките на општинската лига, за тековната поддршка која општината ја дава на локалниот клуб ФК Огражден, како и за идните проекти со кои ќе се инвестира во фудбалската инфраструктура во Ново Село. „Денес остварив ...

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското првенство во футсал за средни училишта, во организација на Сојузот за училишен спорт – Охрид, под покровителство на Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков. Учениците покажаа одличен спортски дух и квалитетен футсал, а беа постигнати следните резултати: Со ова, футсал сезоната за средношколците во Охрид започнува динамично и ветува возбудлива борба за ...

Дури на 12 декември со натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје ќе се комплетира 15. коло на Втората македонска фудбалска лига, а со тоа ќе го имаме и конечниот изглед на табелата. Многу извесно е дека Охрид ќе биде есенски шампион, ако го добие мечот со Слога во Виница тогаш „рибарите“ ќе избијат на врвот пред Шкендија Арачиново со 36 бодови, а пак моменталниот лидер ќе се спушти на втората позиција. Едно е сигурно, а тоа е дека ...

Познати судиите за 15. коло од Втората македонска фудбалска лига, колото ќе се игра во три дена, сабота и недела, а ќе се комплетира дури на 12 декември (петок) со мечот во Радовиш. Комплетно делегирање за мечевите од последната есенска руда на Втората лига. ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – ГФК ВАРДАР Неготино Градски стадион Гевгелија (Гевгелија) | 06.12.2025 | 13:00 Официјални Лица Судија: Петковски Никола (Куманово) 1. помошен судија: Ѓурковски ...

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 16. коло на Првата македонска фудбалска лига. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги делегираше судиите кои ќе делат правдата на сите натпревари. ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 – ФК ВАРДАР Стадион Ѓорче Петров (Скопје) | 05.12.2025 | 13:00 часот Судија: Грујоски Александар (Кичево) 1. помошен судија: Ицковски Филип (Скопје) 2. помошен судија: Видиниќ Дарко (Скопје) Четврти судија: Стојановски Марјан ...

Тимот на Младост Богданци е на чекор од историски подвиг. По 11 кола во Првата ракометна лига, избраниците на тренерот Горан Андоновски имаат исто толку победи и во сабота ќе настапат како апсолутни фаворити на гостувањето против Преспа во Ресен. Со нов триумф, Младост ќе испише нова страница во својата богата традиција и историја – првпат да биде есенски шампион без ниту еден пораз, нешто што само го потврдува доминантниот ракомет што го ...

Женскиот фудбалски клуб Билјанини Извори од Охрид ќе биде дел од престижниот 12. Меѓународен турнир „Пријателство за Девојки“ што ќе се одржи од 5 до 7 декември 2025 година во Пљевља, Црна Гора. Овој турнир е еден од најзначајните во регионот за млади и сениорски женски екипи, а охриѓанки во Црна Гора одат со високи амбиции. Сениорската екипа, предводена од тренерот Александра Рубаноска, веќе неколку недели интензивно се подготвува за силната ...

Кадетите на Работнички влегуваат во последното коло од есенскиот дел како водечки тим во лигата, со освоени 38 бодови и предност од три бода пред најголемиот конкурент Вардар. Третопласирана е Македонија ЃП со 34 бодови по 14 одиграни рунди, додека во водечката петорка се пласирани уште Пелистер со 31 бод и АП Брера со 29. Работнички беше убедлив со 6:0 против Тетекс – стрелци на головите беа Омер Идризи, Леон Ангелески, Јован Миленковски и ...

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски и официјално има нов клуб. Искусниот офанзивец беше претставен како ново засилување на Локомотива Загреб, со која потпиша договор најмалку до крајот на тековната сезона. По извесен период без клуб, вториот најдобар стрелец во историјата на македонската репрезентација се реши за нов предизвик во добро позната средина. Хрватската лига не му е непознаница – токму таму го изгради дел од своето ...

Десното крило на РК Младост од Богданци и младински репрезентативец, Ѓорѓе Атанасов, во пресрет на последниот натпревар од есенската полусезона против Преспа во Ресен, ја сподели својата анализа за досегашниот тек на сезоната. На прашањето како е задоволен од своите и од тимските настапи, Атанасов вели дека тимот функционира одлично. „Лично сум задоволен од моите настапи, но секогаш има простор за напредок. Најважно е што како тим ...

АП Брера ќе го заврши првиот дел од Младинската Супер лига на првата позиција, откако денеска со убедливи 5:0 го совлада Арсими и си обезбеди четирибодна предност пред Работнички и Вардар. Стрелци на головите за стручничани беа Бојан Велков, Габриел Талески, Марио Митрев, а Иван Танчев двапати ја затресе противничката мрежа. Работнички беше импресивен со 10:1 против Тетекс – хет-трик постигнаа Ердин Шабани и Дитмир Хоџа, додека Беркај Шаини ...

Необичен и ретко виден момент го одбележа натпреварот меѓу Брегалница и Шкендија во рамки на 14. коло од помладата пионерска суперлига. Иако дуелот заврши со минимална победа на гостите од Тетово (2:3), вниманието го привлече ситуацијата во 21. минута, кога главниот судија мораше да го напушти мечот поради повреда. Додека играта се одвиваше на средината од теренот, фудбалер на Брегалница ја водеше топката, а играч на Шкендија се обиде да ...

По долги години пауза, фудбалот конечно се врати во радовишкото село Злеово. ФК Слога, единствениот активен клуб од Општина Радовиш што се натпреварува во општинската лига на Струмица, ја оживеа спортската сцена и повторно го раздвижи селото кое со нетрпение ги очекува секој нов натпревар. Во општина Радовиш, покрај второлигашот ФК Детонит Плачковица, единствен клуб што активно настапува во сениорска конкуренција е токму ФК Слога од Злеово. ...

Еурофарм Пелистер го доживеа осмиот пораз во Лигата на шампионите, откако загуби на гостувањето кај Загреб со резултати 27-23 и 27-22 во различните аналитички прикази на мечот. Македонскиот првак имаше моќен старт со водство од 1-5 и одлични настапи на Кузмановски, Видомски и Тајник, но по добрите почетни минути играта нагло падна – промашени зицери, технички грешки и изгубени топки ја сменија контролата на мечот. Загреб, кој до овој дуел ...

Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа натпреварот од 15. коло на Втора лига меѓу Слога и Охрид, сепак ќе се одигра на Градскиот стадион во Виница. Иако двете екипи во меѓусебен договор се договорија овој натпревар да се одигра на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, на барање на Слога, поради лошиот терен и можноста од нови врнежи кои значително ќе ги отежнат условите за одигрување на овој натпревар во Виница. Сепак, натпреварот ...

Некогашниот второлигаш Росоман во своите редови го има еден од најдобрите стрелци во Трета лига – Југ, Слободан Дуков, кој продолжува да ги полни мрежите на противниците. Дуков на мечот од 12. коло на Трета лига – Југ постигна два гола против Влазними Јуниор за убедлива победа на Росоман од 3:0. При првиот гол за Дуков за 2:0, двајцата одбранбени играчи на Влазними Јуниор немаа решение како да го запрат одличниот Дуков, а при вториот гол ...

Екипата на Охрид забележа убедлива победа од 0:9 над „фенерот“ Големо Коњари на гостински терен, меч кој беше одложен од 13. коло на Втора лига. Иван Глигоров постигна хет-трик и цели кон тоа да биде и најдобар стрелец во лигата, искусниот Антонио Каланоски постигна два гола, а по еден гол постигнаа Бојан Затуроски, како и Стојан Попоски, Ерен Парталко и Димитриј Димитриевски кои стрелаа во вториот дел. Екипата на Охрид ја помина успешно ...

Македонскиот интернационалец Љупчо Дориев сезонава остави силен впечаток во Узбекистан, каде официјално е прогласен за најдобар странски играч во тамошното првенство. Напаѓачот, кој настапува за клубот Согдина, сезонава одигра 30 натпревари и постигна 16 голови, демонстрирајќи извонредна форма и голгетерска ефикасност. Дориев комплетно се пронајде во дресот на Согдина и неговата квалитетна игра не остана незабележана. Ова е неговата трета ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
68%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
0.89
91%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
3.17
89%
1015
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.62
70%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
0.45
86%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
0.45
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.26
73%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
63%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
84%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
57%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
98%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68