Второлигашот Новаци организациски се подига на повисоко ниво – започна со работа и младинската школа на овој клуб. По одличните резултати во есенскиот дел, реорганизацијата внатре во клубот и влезот на приватниот спонзор Евротип, Новаци веќе става акцент и на младинските категории. Младинската школа на Новаци врши уписи на нови членови од 6 до 12 години, а тренер во истата ќе е Александар Новески. Контакт за информации и уписи: 075 244 621 ...

Ракометниот клуб Астибо од Штип започна со уписи на нови членови, кои сакаат да бидат дел од оваа ракометна школа. Сите заинтересирани девојчиња со наполнети седум години може да се запишат и да бидат дел од ракометниот клуб Астибо, но доколку има заинтересирани девојчиња и со помала возраст вратите на клубот се отворени и може да се запишат. Тренер е искусната ракометарка Марија Анчева, која ја води пионерската екипа на штипскиот клуб, која ...