Прволигашот Башкими продолжува со засилување на ростерот пред продолжението на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, откако во своите редови го доведе Анатолиј Петејчук. 23-годишниот офанзивец е најновото име во „црно-зелениот“ дрес и веќе остава позитивен впечаток со своите настапи. Иако релативно млад, Петејчук зад себе има солидно искуство од домашниот фудбал. Во досегашната кариера настапуваше за Беласица, Вардар и Победа од ...

Македонското фудбалско судење добива уште едно силно меѓународно признание. Фудбалскиот судија Бењамин Ќерими ќе учествува на престижниот UEFA CORE (Centre of Refereeing Excellence) курс, наменет за млади и перспективни судии од цела Европа, кој ќе се одржи во Нион, Женева – седиштето на УЕФА. Станува збор за UEFA Core 63, програма за развој и усовршување на судењето, која е дел од долгорочната стратегија на УЕФА за создавање на идните ...

Дебитантот во Првата женска фудбалска лига Вардар, в сабота ќе го одигра првиот контролен натпревар во рамки на зимските подготовки против актуелниот шампион Љуботен. Натпреварот е предвиден да се одигра на „АМС Спортски центар“ во Тетово, со почеток од 12:30 часот. Овој меч ќе послужи за добивање појасна слика околу тоа како фудбалерките на двете екипи во изминатиот период ја подигале формата. Љуботен во пролетниот дел со Скопје ќе води ...

Фудбалерот на Вардар, Роџерс Кассим Мато, ја продолжува својата кариера во Шкотска, откако беше постигнат договор со екипата на Хартс. Интернационалецот од Уганда ќе настапува како позајмен играч до крајот на сезоната, по што автоматски ќе стапи на сила долгорочниот договор што го има потпишано со клубот од Единбург. Првичниот план беше Мато да му се приклучи на Хартс од следната сезона како слободен играч, но поради повредата на еден од ...

Вардар продолжува со сериозно јакнење на играчкиот кадар пред продолжението на сезоната, а „црвено-црните“ во наредните денови ќе добијат две звучни засилувања – повратникот Бобан Николов и аргентинското крило Хоакин Торес. Искусниот играч од средниот ред, Бобан Николов, по неколку години повторно ќе го облече дресот на Вардар. Поранешниот македонски репрезентативец доаѓа како слободен играч по ангажманот во романскиот Фарул Костанца и од ...

Фудбалскиот клуб Арсими доби значајна и досега најголема институционална поддршка, откако Советот на Општина Гостивар на својата седница го изгласа буџетот за финансиска поддршка за клубот во износ од 6.000.000 денари за тековната година. Од клубот истакнаа дека одлуката има посебна тежина, бидејќи беше донесена со 23 гласа „за“, од советници од сите заедници и етнички припадности во општината, што, според нив, претставува јасен показател за ...

Третолигашот Еуромилк од Горно Лисиче договори пријателски натпревар со второлигашот Вардар Неготино, кој ќе послужи како тест за проверка на формата пред пролетните предизвици. Натпреварот е закажан за во недела (1. февруари) кој ќе се одигра на теренот на ФФМ „Петар Милошевски“ со почеток од 13 часот. Претходно, двете екипи одиграа по еден пријателски натпревар. Еуромилк ГЛ во Штип загуби со 2:1 од второлигашот Брегалница, а пак Вардар ...

Екипата на Работнички продолжува со интензивна активност во зимскиот преоден рок, јасно ставајќи до знаење дека борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига ќе ја води со значително изменет и засилен ростер. Нов член на тимот од Дебар Маало е 30-годишниот Шарл Аколатсе, играч од средниот ред со француско потекло и репрезентативно искуство со селекцијата на Того. Роден во Париз, Аколатсе во кариерата има настапувано во повеќе ...

Второлигашот Новаци го претстави Марио Дебрешлиоски како ново засилување за пролетниот дел од сезоната. Се работи за дефанзивен играч, а 23-годишникот во тимот на Дарко Крстески доаѓа од редовите на струмичка Беласица. Низ неговата кариера има настапувано покрај за Беласица и за Пелистер, струшки Караорман и прилепска Победа од каде и ја започна кариерата. Новаци есенскиот дел во Втората лига го заврши на шестото место, а пролетниот дел го ...

Ракометниот клуб Алкалоид денеска официјално го промовираше новото засилување во своите редови. Станува збор за десниот бек Филип Николов, кој ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот во двата правци на играта. Николов има 26 години и во Алкалоид доаѓа по неколку сезони минати во дресот на РК Бутел Скопје. Македонскиот ракометар потекнува од Велес, а во својата досегашна кариера настапуваше и за екипите на РК Радовиш и РК Охрид. Со неговото ...

Второлигашот Детонит Плачковица одигра пријателски контролен натпревар против третолигашот Победа Валандово и оствари убедлива победа со 6:1. Натпреварот се одигра на Градскиот стадион во Валандово и послужи како уште една проверка на формата за двата тима во подготвителниот период, со што Детонит Плачковица ја потврди добрата офанзивна форма. Инаку, Победа Валандово, која е непоразен лидер во Третата лига – Исток, претходно на истото место ...

Македонскиот прволигаш Вардар продолжува со амбициозните планови за новата сезона во ПМФЛ. Тимот ја засили својата екипа со двајца нови фудбалери – Дарко Велковски е старо нов фудбалер, и 28-годишниот крилен играч Стефан Цветковиќ. Дарко Велковски се враќа во македонскиот фудбал по богата меѓународна кариера. Претходно настапувал за Работнички и Вардар, а потоа го носеше дресот на Ријека, Ал Етифах, Динамо Букурешт и Ниреѓихаза, и последно ...

Фудбалскиот клуб Брегалница доби финансиска „инјекција“ од општина Штип во висина од 15 милиони денари. Предлог точката која се најде на денешната седница на Советот на општина Штип беше изгласана и потврдена. „Врз основа на член 46 и член 21 став 1 точка 25 од статутот на општина Штип, бараме Советот на општина Штип да донесе одлука за одобрување на финансиски средства за финансирање на фудбалскиот клуб Брегалница во износ од 15 милиони ...

Третолигашот Пчиња го промовираше Божидар Митревски како најново засилување, кое во клубот пристигнува од редовите на второлигашот Слога Виница. 25-годишниот Митревски е дефанзивен играч од средниот ред, кој во досегашната кариера настапуваше за Детонит Плачковица од Радовиш, Скопје, Силекс, Тетекс, Вардар и Работнички. Своето интернационално искуство го стекна настапувајќи за словенечкиот клуб НК Рогашка, како и за бугарскиот Литекс Ловеч. ...

Женскиот ракометен клуб Брод го официјализираше ангажманот на Петра Јершек, 25-годишна ракометарка со богато домашно и меѓународно искуство, која треба да претставува значајно засилување за тимот во продолжението од сезоната. Јершек е родена на 24 септември 2000 година, а со ракомет започнала уште на седумгодишна возраст во редовите на ЖРК Осиек. Во матичниот клуб поминала дури 15 години, од кои седум сезони настапувала во Првата лига на ...

Европската ракометна федерација (EHF) ги потврди официјалните сатници за полуфиналните натпревари на Европското првенство 2026, кое влегува во својата завршна фаза. Четврток е слободен ден, а веќе во петок на програмата ќе бидат полуфиналните двојни. Од 17:45 часот ќе играт Хрватска и Германија, а пак вечерниот термин од 20:30 часот е резервиран за Данска со Исланд. Натпреварите ќе се одиграат во данскиот град Хернинг, а љубителите на ...

Ракометната репрезентација на Исланд повторно е меѓу најдобрите четири селекции на континентот. Со сигурната победа над Словенија од 39:31 во последното коло од главната фаза, Исланѓаните обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство и по пауза од цели 16 години повторно ќе се борат за медал. Селекцијата од островската држава со нешто помалку од 400.000 жители уште еднаш покажа дека бројките не се пресудни во врвниот ракомет. ...

Во пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига борбата за опстанок ќе се сведува на две екипи кои се најмногу загрозени да го задржат прволигашкиот статус и за сезона 2026/2027. Кочани и битолски Топ Гол се двете најзагрозени екипи за опстанок во фудбалскта елита во женска конкуренција. Двете екипи есенскиот дел го завршија со идентичен ефект од една победа, едно реми и дури 12 порази, па со по четири освоени бодови се на дното од ...

Ако во останатите третолигашки региони имаме појасна слика за тоа кои екипи ќе се борат за првото место кое води кон баражот за можен влез во Втора лига, во Трета лига – Југозапад ќе биде „вистинско хаос“. Дури пет екипи имаат отворен пат кон баражот – од првото до петтото место само три бодови е разликата. На врвот се израмнети двете струшки екипи – Караорман и Влазними со по 19 бодови, со тоа што тимот на Караорман кој пред две сезони ...

Второлигашот Беласица го промовираше Метин Ќерими како ново засилување за пролетниот дел од сезоната. Станува збор за 23-годишен фудбалер кој во Струмица пристигна од редовите на Вардар Неготино каде настапуваше во есенскиот дел од сезоната. Ќерими е играч од средниот ред и треба да биде освежување за тимот на Панче Стојанов. Низ својата кариера покрај за тимот од Неготино, беше дел и од прилепска Победа, Шкендија Арачиново, БВК Коњаре, ...

Македонската ракометна репрезентативка Ана Марија Коларовска во вториот дел од сезоната ќе направи важен чекор во кариерата и за првпат ќе настапува надвор од границите на Македонија. Досегашната членка на Металург Автокоманда постигна договор со хрватскиот суперлигаш Брод, каде што ќе има можност да се докаже на нова сцена. Коларовска е родена на 18 август 2002 година во Скопје, а ракометните почетоци ги направи во школата на Вардар, каде ...

Второлигашот Осогово забележа висока победа на пријателскиот натпревар против третолигашот Аеродром кој го доби со убедливи 0:5. Шефот на стручниот штаб на „жетварите“ од Кочани, Крсте Крстев имаше втора можност по таа со Детонит Плачковица (0:0) за проверка на формата на неговиот тим. Стрелци на погодоците за тимот од Кочани беа Христијан Поп Антоски, Драган Паунов, новото засилување Филип Димоски, а два погодоци постигна Михаил Николов. ...

Ракометната репрезентација на Хрватска и селекцијата на Германија се последните две екипи кои си обезбедија место меѓу четирите најдобри на Европското првенство, по возбудливите победи над Унгарија (27-25), односно Франција (38-34), во решавачките натпревари од главната фаза. Во директната битка за полуфинале во групата 2, Хрватска по вистинска драма ја совлада Унгарија и како првопласирана обезбеди пласман понатаму. Унгарците беа подобар ...

ЖРК Вардар продолжува со јасна стратегија на подмладување и квалитет, откако во својот состав ги ангажира сестрите близначки Ања и Мила Лашкоски, репрезентативки на Македонија кои пристигнуваат од редовите на Металург Автокоманда. Двете 17-годишни ракометарки важат за едни од најталентираните во својата генерација и ќе бидат дел и од сениорскиот, но и од кадетскиот состав на „црвено-црните“, што ќе им овозможи континуиран развој и минутажа на ...

Ракометарите на РК Вардар ги одработуваат последните подготовки пред настапот на меѓународниот турнир „Labin Handball Cup“, кој од петок (30.01.2026) до сабота ќе се одржи во хрватскиот град Лабин, а финалниот натпревар е закажан за последниот ден од турнирот. „Црвено-црните“ ќе имаат можност да се одмерат со квалитетни противници, бидејќи покрај Вардар, на турнирот ќе учествуваат и РК Загреб и РК Сесвете од Хрватска, како и словенечкиот тим ...

Прволигашот Арсими беше пресилен за второлигашот Тетекс на пријателскиот меч кој се одигра денес во Тетово, а со резултат од 1:4. За „штофарите“ единствен стрелец беше Златко Радевски, а пак за Арсими стрелци беа Малиќ Белули, Сикиру Олатунбосун, Шефит Шефити и Ремзифаик Селмани. Ова беше можност за двете екипи да видат како оди подигањето, особено за Арсими бидејќи веќе следниот викенд започнува пролетниот дел во Прва лига, а пак Тетекс ќе ...

Ракометната репрезентација на Исланд со силно второ полувреме ја совлада Словенија со 39-31 и обезбеди пласман меѓу најдобрите четири на Европското првенство. „Хероите од морето“ ја завршија главната фаза со седум бода и сега чекаат расплет на останатите дуели за конечната позиција пред полуфиналето. Натпреварот во Малме започна рамноправно, со игра гол за гол, а Словенците успеваа да држат приклучок благодарение на расположениот голман ...

Второлигашот Скопје продолжува со сериозни засилување за вториот дел од сезоната, а во насока на остварување на целта – влез во Прва лига. „Пиратите“ се посилни со искусниот Дарко Глишиќ кој во тимот од Автокоманда доаѓа од редовите на прволигашот Македонија ЃП, а кој всушност е повратник во тимот од Автокоманда. Низ својата кариера во Македонија беше дел од Вардар, кичевски Напредок, Тетекс, Шкупи, Гостивар и последно за „лавовите“ од Ѓорче, ...

Денес на Градскиот стадион во Штип се одигра пријателски натпревар меѓу поранешните прволигаши Брегалница и Еуромилк ГЛ, а кој заврши со триумф за штипјани од 2:1. Новото засилување Јорданчо Наумоски беше стрелец на првиот гол за Брегалница, кој погоди во првиот дел, а пак во вториот дел гол постигна и Лука Бојаџиев. За тимот од Горно Лисиче атрактивен еврогол од слободен удар постигна Михајло Митров за конечни 2:1. Двете екипи во пролетниот ...

23-годишниот македонски фудбалер Иван Николов ќе ја продолжи својата кариера во Босна и Херцеговина, откако официјално стана нов член на Радник Бијелина. Николов во новата средина пристигнува како слободен играч, по истекот на договорот со данскиот клуб Сондерјиске, каде што настапуваше во изминатиот период и стекна меѓународно искуство. Фудбалерот кој игра на позицијата среден ред зад себе има богата клупска кариера, откако настапуваше за ...

Цезар салата

46 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
46%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
57%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
41%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68