Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш над Детонит Плачковица во рамки на 21. коло на Втората македонска фудбалска лига. Натпревар кој понуди четири гола во првиот дел, многу шанси израмнувања и пресврт, а за комплетно уживање на гледачи на Градскиот стадион во Радовиш, каде беа и верните „Сејмени“ кои допатуваа од Кочани за да дадат силна поддршка на Осогово и на крај заедно да прослават уште една победа. ...

Фаворитите во Втората македонска фудбалска лига беа перфектни и одиграа според планот освојувајќи ги трите бодови, а со тоа нема промени на врвот од табелата, односно конкурентите за Прва лига ги задржаа позициите кои ги имаат. Брегалница без проблеми славеше со 0:3 на гостувањето во Ресен каде ги собра трите бодови и се загрева за дербито против Охрид. Тренерот Влатко Костов, но и самите играчи велат дека теренот во Ресен бил лош за игра, но ...