Денеска стартуваше пролетниот дел од Првата кошаркарска лига, а во центарот на вниманието беше дербито во групата Б, во кое Струмица ФМП славеше над директниот конкурент Соколи од Штип со 78:68. Во меч за првото место во групата Б, одигран пред верната домашна публика, струмичани одиграа зрело и сигурно, со што се зацврстија на врвот на табелата и ја продолжија мисијата за пласман во Суперлигата. Домашниот тим одлично го отвори натпреварот и ...

Ракометната репрезентација на Германија оствари огромна победа над Норвешка со 30-28 во еден од највозбудливите дуели од главната фаза на Европското првенство, одигран во Хернинг. Со овој триумф, Германците се искачија на врвот на т.н. „група на смртта“ и со максимални шест бодови влегоа во одлучувачките битки за пласман меѓу четирите најдобри селекции. Натпреварот беше вистинска тактичка и психолошка борба. Норвешка подобро го отвори мечот и ...

Македонските прволигаши продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари со цел темпирање на формата за пролетниот дел од шампионатот. Екипата на Тиквеш ремизираше против Славија Софија на тестот кој се одигра во Анталија. Мечот заврши со резултат од 1:1, а Мартин Стојанов беше стрелец за кавадаречкиот прволигаш од белата точка. Пријателско реми без погодоци (0:0) одиграа Македонија ЃП и Шкупи како дел од зимските подготовки. Шкендија со ...

Прволигашот Брера Струмица го загуби пријателскиот меч со српски Земун, кој се одигра во Грција во рамки на зимските подготовки за вториот дел од сезоната. Струмичани беа поразени со резултат од 0:3 од српскиот тим, откако во првиот дел мрежите мируваа (0:0). Резултатот на овие натпревари е во втор план, стратегот Мартин Алаѓозовски има можност да види како оди подигањето на формата, да ротира и да им дава шанса на сите фудбалери, а притоа да ...

Женскиот фудбалски клуб Каменица Саса имаше исклучително успешна вечер на спортската манифестација „Спортист на годината“ во Македонска Каменица, каде за остварувањата во 2025 година освои дури четири значајни награди. На самата свеченост која се одржа вечерва – Зоран Златковски кој е шеф на стручниот штаб на ЖФК Каменица Саса, доби признание за тренер на годината во сениорска конкуренција за 2025 година во Македонска Каменица. Најголемо ...

Ракометната репрезентација на Данска уште еднаш покажа зошто важи за еден од главните фаворити на Европското првенство. Домаќинот во Хернинг славеше убедлива победа над Шпанија со 36:31 и со тоа направи голем исчекор кон пласман во полуфиналето, додека „црвената фурија“ практично ги загуби сите надежи за место меѓу најдобрите четири. Натпреварот започна во висок ритам, со Данците кои рано наметнаа свое темпо и поведоа, но Шпанија не дозволи ...

Есенскиот лидер во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, продолжува со стабилизација на ростерот и јасна стратегија за иднината. „Црвено-црните“ постигнаа договор за продолжување на соработката со двајца важни дефанзивци – Георгије Јанкулов и Мислав Матиќ, кои ќе останат дел од клубот најмалку до летото 2028 година. Двајцата фудбалери во изминатиот период се наметнаа како сигурни опции во одбраната и беа стандарден дел од тимот, па ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, деновиве престојуваше во турската Анталија, каде што дел од македонските прволигаши ги одработуваат зимските подготовки пред стартот на пролетниот дел од шампионатот. Во рамки на посетата, Омерагиќ оствари средби со раководните структури на Пелистер, Струга Трим Лум, Тиквеш, Силекс, Вардар и Шкендија, при што разговараше за текот на подготовките и очекувањата од ...

Денес во Гевгелија се одигра пријателски натпревар на второлигашите Кожуф и Беласица, а каде конечниот исход беше реми со по еден гол 1:1. Одлична можност за тренерите Иван Варадиновски и Панче Стојанов да ја проверат формата на играчите и како оди подигањето на истата. За тимот на Кожуф стрелец беше Албан Мемеди. Пролетниот дел од Втора лига започнува на 21 февруари, а Кожуф истиот го отвара на домашен терен против Брегалница, додека ...

Фудбалскиот клуб Работнички официјално го промовираше Мартин Талаков како нов член на тимот за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Станува збор за 22-годишен играч од средниот ред, кој со клубот од Дебар Маало потпиша договор на една година. Талаков пристигнува од редовите на Македонија ЃП, каде во тековната сезона запиша десет првенствени настапи и постигна два погодоци. Претходно, тој беше дел од Брера Струмица и ...

Денес во Кавадарци се одигра пријателски натпревар меѓу суперлигашот Тиквеш и прволигашот Младост, каде тимот од Богданци беше подобар со 33:36 во однос на домаќинот. Натпревар во кој амбициозниот тим од Богданци кој е непоразен лидер во Првата ракометна лига имаше постојана предност од не колку погодоци, а на полувреме резултатот беше 17:20. Ова беше идеална можност за стратегот на Младост, Горан Андоновски да провери како оди подигањето на ...

Ракометната репрезентација на Франција испиша златни страници во историјата на Европските првенства, откако во спектакуларен натпревар ја совлада Португалија со 46:38 и притоа сруши неколку значајни рекорди. Дуелот од главната фаза ќе остане запаметен по неверојатното прво полувреме на „триколорите“. Европскиот првак постигна дури 28 голови за 30 минути, што е нов рекорд на ЕП, надминувајќи го досегашниот на Полска од 26 погодоци против ...

Ракометната репрезентација на Франција одигра еден од најефикасните и најимпресивни натпревари на Европското првенство, совладувајќи ја Португалија со 46:38 во третото коло од главната фаза. Натпреварот во Хернинг ќе остане запаметен и како еден од најголемите голеади во историјата на континенталните шампионати. „Триколорите“ од самиот почеток наметнаа убиствен ритам. Првото полувреме беше вистинска демонстрација на моќ – Французите постигнаа ...

Третолигашот Победа Валандово испрати силна порака пред продолжението на сезоната, откако на пријателски натпревар одигран на Градскиот стадион во Валандово убедливо го совлада второлигашот Вардар Неготино со 3:0. Во рамки на зимските подготовки за пролетниот дел, домаќинот – есенски шампион во Трета лига – Исток и единствен тим без пораз во првиот дел од сезоната – целосно го надигра ривалот од повисок ранг. Победа уште во првите 45 минути ...

Второлигашите Осогово и Детонит Плачковица денес на Градскиот стадион во Кочани одиграа пријателски меч, кој беше прв и за двете екипи. Победник немаше, но немаше ниту голови (0:0). Тренерите Крсте Крстев и Горан Здравков комбинираа и даваа шанси во тимот со ротации со цел да се провери формата и да се види како оди вклопувањето на новите засилувања. Следе тест за Осогово ќе биде против третолигашот Аеродром, а пак за Детонит Плачковица ...

Струга за продолжението од сезоната односно за пролетниот дел остана без Кружниот напаѓач Стефан Атанасовски и чуварот на мрежата Александар Ѓурѓевиќ. Двајцата ракометари ќе имаат нови предизвици во нивните кариери, откако по шест месеци одлучија да направат промена и да замина од Струга. Искуството на Атанасовски и Ѓурѓевиќ беше клучно во освојувањето на бодовите на Струга, особено за да се добијат дуелите со Радовиш во трката за опстанок во ...

Прволигашот Арсими преку соопштение информираше дека донел одлука за откажување на пријателскиот натпревар со второлигашот Охрид. Како што потенцираат од тимот од Чегране, одлуката за откажување на пријателскиот натпревар е како што велат резултат на појавата и циркулацијата на неодамнешни информации во јавноста, кои се однесуваат на сомнежи поврзани со интегритетот на еден пријателски натпревар одигран од противничкиот тим. „Фудбалскиот клуб ...

Струмичка Беласица доцна на полноќ објави четири засилувања, за три веќе објави Спортска Мрежа се работи за Благој Стојанов, Давид Ристовски и Гордан Дамчевски, а доцна синоќа беше објавен и Виктор Делов. Се работи за 18-годишен фудбалер кој доаѓа од редовите на Брера Струмица, а фудбалските почетоци младиот битолчанец ги имаше во Пелистер. Делов играч од средниот ред на теренот и ќе претставува уште едно освежување во редовите на Беласица, ...

Екипата на Силекс од Кратово продолжува со активностите во зимскиот преоден рок и ангажира уште едно ново име во својот ростер. Нов член на кратовскиот прволигаш е 23-годишниот Михаил Димитриевски, кој пристигнува од редовите на Работнички од Скопје. Димитриевски е фудбалер кој може да одговори на повеќе позиции, покривајќи ги крилните места како во нападот, така и во одбраната на двете страни од теренот. Во текот на есенската полусезона ...

Вечерва во Штип ќе биде одигра пријателски футсал натпревар во чест и спомен на Бранко Врангаловски – Крцко. Натпреварот ќе го одиграат КМФ Мал Ајакс од Штип и поранешниот шампион КМФ Железарец со почеток од 19:30 часот во Спортската сала при СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип. На овој начин двете екипи оддаваат почит кон Бранко Врангаловски – Крцко, голем футсал работник и долгогодишен претседател на КФМ Железарец. Инаку, Мал Ајакс води борба за ...

Третолигашот Овче Поле од Свети Николе на 28 јануари ќе ги започне зимските подготовки за предизвиците кои ќе бидат кон клубот. Со првата прозивка и првиот тренинг на Градскиот стадион во Свети Николе третолигашот ќе ја започне мисијата за обезбедување на првото место в оТрета лига – Исток, кое води кон баражот за Втора лига. Овче Поле во сезона 2021/2022 беше шампион во Трета лига – Исток и играше бараж за влез во Втора лига, но истиот го ...

Второлигашот Скопје вечерва договори големо засилување во своите редови за пролетниот дел каде „пиратите“ ќе целат кон влез во Првата лига. Ново име кое доаѓа во второлигашот од Автокоманда е искусниот Симеон Христов, кој пристига од прволигашот Македонија ЃП. Тимот на Александар Таневски е значително се засилува со пристигањето на Христов, а 33-годишниот играч зад себе има успешна кариера настапувајќи покрај за „лавовите“ од Ѓорче и за ...

Македонскиот прволигаш Башкими продолжува активно да се засилува во зимскиот преоден рок и официјално го претстави уште едно ново име во својот ростер. Клубот од Куманово пазареше од редовите на Шкупи и во своите редови го доведе португалскиот играч за врска Луис Рибеиро. Рибеиро по само шест месеци го напушта тимот од „Чаир“, но останува дел од Првата македонска фудбалска лига, каде што ќе има нов предизвик во дресот на Башкими. Од ...

Второлигашот Каменица Саса ги започна подготовките за пролетниот дел – целта ќе биде опстанок во второлигашкото друштво и за следната сезона. Раководството на клубот активно работи околу засилување на ростерот за пролетните предизвици. „Рударите“ како што дознава Спортска Мрежа се засилија со две нови имиња – се работи за Филип Николовски кој доаѓа од редовите на Слога Виница и Михаил Танчев кој пристигна од Кожуф од Гевгелија. 21-годишниот ...

Младиот тренер Александра Рубаноска е пред нов значаен чекор во својата кариера, откако 24-годишната охриѓанка се раздели со поранешниот шампион ЖФК Билјанини Извори од Охрид. Рубаноска во изминатиот период беше шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим на Билјанини Извори, а паралелно работеше и со младинските категории на клубот, кој во актуелната сезона има јасна амбиција за враќање во Првата женска фудбалска лига. По завршувањето на ...

Беласица продолжува со засилувања во пресрет на продолжението од сезоната. По ангажманот на Давид Ристовски, струмичкиот клуб го официјализираше и враќањето на Благој Стојанов, кој повторно ќе го носи дресот на „сините“. Давид Ристовски е нов фудбалер на Беласица, а играчот за врска во Струмица пристигнува од редовите на прволигашот Брера. Тој важи за модерен фудбалер од средниот ред, способен да одговори на повеќе тактички задачи – како во ...

Македонските арбитри Доне Ристовски и Марјан Младеновски добија огромна чест и доверба да го судат дербито од групата Б на Европското футсал првенство 2026, во кое во недела од 13:00 часот ќе се соочат селекциите на Ерменија и Чешка. Станува збор за клучен натпревар во групата, бидејќи победникот ќе направи голем чекор кон пласман во четвртфиналето. Во првото коло Ерменија ја совлада Украина со 2:1, додека Чешка одигра спектакуларен меч ...

Ракометната репрезентација на Шведска направи голем чекор кон пласман меѓу најдобрите четири на Европското првенство, откако во Малме ја совлада селекцијата на Словенија со 35-31, во меч од првото коло на главната фаза во групата 2. Словенците одиграа многу квалитетно прво полувреме и долго време го диктираа темпото на играта. Предводени од одличниот Домен Макуц и со сигурниот Јоже Базник на голот, избраниците на Урош Зорман во неколку ...

Шкендија Арачиново официјално го промовираше Енис Дервиши како најново засилување во пресрет на пролетниот дел од сезоната. 28-годишниот фудбалер од денеска е дел од „црвено-црната“ фамилија и треба да донесе дополнителна стабилност во одбранбената линија. Дервиши настапува на позицијата десен бек, а се одликува со сигурност во дефанзивата, брзина и солидно искуство. Во Арачиново пристигнува од редовите на второлигашот Тетекс, каде што ...

Возбудувањата во втората група од главната фаза на Европското ракометно првенство продолжија со два исклучително драматични натпревари, во кои нијанси одлучуваа за бодовите. Хрватска ги задржа шансите за полуфинале откако во трилер-завршница го совлада Исланд со 30-29. „Каубоите“ одиграа одлично прво полувреме, ја наметнаа својата игра и на паузата имаа солидна предност од 19-15. Во продолжението Исланѓаните заиграа поагресивно, постепено ја ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
95%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
89%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
67%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
46%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
46%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.31
60%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Калај

53.60