Дербито на 19. коло во Првата женска фудбалска лига ќе се игра во Пржино меѓу лидерот Скопје и Ас Јунајтед. Лидерот е фаворит за трите бодови, во Пржино тешко се освојуваат бодови, а стружанки ќе биде под предизвик дали можат до бодови против Скопје кој ита кон шампионската титула. Следете го мечот во живо од 19. коло на ПЖФЛ, пренос овозможен од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). ВО ЖИВО: СКОПЈЕ – АС ЈУНАЈТЕД: Дербито на 19. коло ...
Екипата на Скопје однесе уште една убедлива победа и го подготвува шампањот за прослава на титулата, откако денес тимот од Пржино со 8:0 го декласираше струшки Ас Јунајтед, во рамки на 19. коло на Првата женска фудбалска лига. Сара Коларовска во 13. минута постигна гол за отварање на резулатот, потоа двојни стрелци беа Рабија Дервиши и Јована Каралиоска, а пак Ана Боризоска постигна хет-трик. Скопје е на врвот со 54 бодови и има плус 15 во ...

