Норвешка – Франција 1:3 е исходот по првото полувреме на мечот од 3.коло во групата И, кој се игра во Бостон. Ова требаше да биде дерби, но ништо од тоа по одлуката на селекторот на Норвешка, овој меч да го одигра со Б тимот. Ги нема Халанд и останатите ѕвезди. Франција, иако го нема Дидие Дешамп, поради смртен случај, е во најсилниот состав а блескаше Усман Дембеле со хет – трик и тоа во 7.минута, 20. и 32.минута. Норвешка преку Асгард, ...

Помалку од четири дена нè делат до Државното првенство во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Околу 600 млади спортисти од четирите региони ќе се соберат на едно место – во Општина Кисела Вода, каде што ќе се водат битките за титулите и за пласман на меѓународната сцена. Државното првенство ќе се одржи на 30 јуни 2026 година, со почеток во 09:00 часот. Младите „симовци“, кои во изминатите месеци ги поминаа регионалните ...

Соединетите Американски Држави навистина се ненаситни. Имено тие уште сега размислуваат за кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2038 година, изјави Ендру Џулијани, извршен директор на Работната група за Светското првенство во Белата куќа. „Кога мислите дека ова Светско првенство би можело да се прошири на 64 репрезентации во одреден момент, мислам дека Соединетите Американски Држави можат да се справат со тоа“, рече Џулијани. ...

Верли Валтер до Насцименто Фереира (26) е најновото засилување на тимот на Шкендија Арачиново. Станува збор за Бразилец кој игра на местото лев бек, а интересно е тоа што во своето име го има Насцименто, а познато е кој славен фудбалер го имаше тоа во своето име. Со овој потег Шкендија Арачиново и дефинитивно покажува дека не се шегува и дека има намера и тоа како осетно да го засили тимот за својата дебитантска сезона во елитната лига на ...

Може да се каже дека е готово. Мозес Рајт доби македонски пасош и сега може да игра за Македонија. Тој пасош му помогна и во трансферот од Жалгирис во Барселона, според медиумите во Каталонија,пред се на Мундо Депортиво. Овој кошаркар беше изборот на центар во А-репрзентацијата од страна на стручниот штаб на репрезентацијата. Инаку познато е дека нашата кошаркарска селекција на претстојните претквалификации за ЕП 2029 година ќе игра со ...

Познат е распоредот на РК Вардар за тековната сезона во групната фаза во Лигата на Шампионите. Денеска нашиот ракометен шампион дозна во која група ќе биде, а со тоа и кои му се ривалите во таа група Б. Вечерва е познат и распоредот или “возниот ред“. Па така вардарци прво му гостуваат на Мелсунген, потоа играат два меча дома со Нант и Висла Плоцк. Следува гостувањето кај Висла, дома со Мелсунген и за крај со Нант на гости. Да потсетиме дека ...

Исплатени се сите долгови кон фудбалери, тренери и доверители кои клубот ги имаше од минатата сезона. Тоа се случи во текот на денешниот ден кога се обезбедени потребните средства со кои се расчистени сите сметки со што клубот од денеска има салдо „нула“ и нема долгови кон никого. Со ваквиот потег се отвори вратата за новиот најавен спонзор во клубот од Штип. Германецот Франк Соломон во текот на идната недела се очекува да ги превземе 51% од ...

Во Босна и Херцеговина се е во знакот на Мундијалот. Џеко и другарите веќе се во 1/16 финалето каде налетаа на домашната селекција на САД. Јасно е дека улогата на фаворит на имаат Американците, но Босанците како типични Балканци немаат намера однапред да се предадат. Во Сараево и цела Босна Херцеговина “ГОРИ“, секако и во САД за овој меч. Социјалните мрежи вријат од шеговите текстови, закани кон САД, секако и повикување на внимателност. ...

Македонската ракометна репрезентативка, Катерина Дамјаноска својата кариера ќе ја продолжи во Романија. Имено нејзиниот нов клуб, Таргу Муреш и официјално потврди дека ја ангажирал македонската ракометарка. Ова за Дамјаноска ќе биде прв интернационален предизвик. Инаку Таргу Муреш е член на втората лига на Романија, но сепак е клуб со големи амбиции. Катерина Дамјаноска во изминатиот период беше дел од составот на Ѓорче Петров, а претходно ...

Светското првенство во фудбал и натаму го тресат најразлични скандали. Но, најголемиот доаѓа од стадионот во Фриско, каде се урна дел од трибината. Ова е стадион каде што Шведска ги одржува тренинзите. Инцидентот се случил за време на градежни работи на објектот, а за среќа нема повредени. 🇸🇪 SUECIA Impactante imagen desde el centro de entrenamiento de Suecia en Frisco, Texas. Mientras la selección realizaba su práctica, podía verse detrás ...

Пред нас се уште шест мечеви од 3.коло во групната фаза на Мундијалот и тоа во групите И, Х и Г, по кој и дефинитивно ќе се знаат дел од патниците во 1/16 финалето. Норвешка и Франција играат одлучувачки натпревар за првото место во Групата И на СП. Двете селекции го обезбедија своето место во 1/16 финалето по две први победи, секоја со по шест бода. Норвешка, предводена од брилијантниот Ерлинг Халанд, кој веќе постигна четири гола, ги ...

Шкендија објави дека Нуман Ајети повеќе нема да биде дел од црвено-црниот дрес. „Левиот бек и клубот одлучија дека е вистинско време да се разделат. Клубот ја ценеше желбата на играчот да бара нова средина, каде што ќе му биде загарантиран повеќе простор за играње и продолжување на развојот на својата кариера. Му се заблагодаруваме на Нуман за неговиот придонес, професионализам и посветеност покажани во црвено-црниот дрес, посакувајќи му ...

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски од денеска и официјално повеќе нема да биде ерген. Откако пред една година романтично ја побара за сопруга својата долгогодишна партнерка Ирина, денес нивната љубов ќе ја крунисаат со брак, почитувајќи ги македонските свадбени обичаи и традиции. Во домот на Димитриевски владее празнична атмосфера, а меѓу најблиските пријатели кои се дел од веселбата е и македонскиот репрезентативен ...

Сериозен конфликт меѓу играчите на Уругвај и селекторот Марсело Биелса избувна пред натпреварот од третото коло во групната фаза против Шпанија на Светското првенство, објави локалната радио станица „Ел Еспектадор“. Според информациите, група водечки играчи на националниот тим, меѓу кои голманот Серхио Роше и играчите од средниот ред Мануел Угарте, Родриго Бентанкур и Федерико Валверде, иницирале состанок. За време на разговорот, играчите ...

Европската ракометна федерација воведе рангирање на клубовите во машките и женските клупски натпреварувања на ЕХФ. Објавувањето на рангирањето следи по соодветен предлог што го потврди Извршниот комитет во април во Катовице. Клубовите се рангираат според нивните достигнувања, односно собраните бодови во претходните три сезони на европскиот куп (моментално 2025/26, 2024/25, 2023/24). Освен што е фактор во каталогот на критериуми за прием во ...

Најдобрата македонска фудбалерка на сите времиња, Наташа Андонова е нов член на швајцарскиот шампион Сервет. Андонова пристигнува во Швајцарија со богато интернационално искуство зад себе. Таа претходно настапуваше за европските гиганти Барселона и Пари Сен Жермен, а нејзин последен клуб беше шпанскиот Леванте Лас Планас. View this post on Instagram A post shared by Servette FC Chênois Féminin (@servettefccf) Најдобрата македонска ...

Убаво, големо признание за Јака Малус, словенечкиот ракометар во дресот на Вардар. Имено тој е избран во идеалниот тим во Лигата на Европа за минатата сезона. Секако дека ова е награда за одличните настапи на Малус во дресот на Вардар за неговите настапи во ова европско натпреварување. Јасно е дека Малус беше еден од главните фактори што Вардар се најде меѓу најдобрите осум екипи во ЛЕ. Покрај Малус во тимот на сезоната се и голманот Небојша ...

Победа за машката младинска репрезентација на Македонија на првиот контролен натпревар! Машката младинска репрезентација на Македонија успешно го отвори циклусот на контролни натпревари во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство. Избраниците на селекторот Игор Илиевски забележаа победа над репрезентацијата на Саудиска Арабија со резултат 35:26, прикажувајќи добра игра и позитивен почеток на подготвителниот период. Победа ...

И официјално. Од денеска Иван Варадиновски (37) е нов шеф на стручниот штаб на Новаци, второлигашот од Новаци. Младиот стратег досега го предводеше составот на Кожув, а од денеска и официјално е нов тренер на тимот од Новаци. По заминувањето на Дарко Крстески, раководството на Новаци брзо реагираше и успеа да го ангажира досегашниот предводник на Кожуф. Кога сме кај Варадиновски, да споменеме дека покрај Кожу, тој во минатото беше тренер и ...

Иако веќе се беше договорено и неговиот агент веќе се наоѓаше во Милано, за да го финализира договорот, сепак случајот на италијанскиот репрезентативец Марко Палестра доживеа тотален пресврт. Тој во последен момент ја смени одлуката и не потпишува за Интер, туку од синоќа е во Лондон и станува нов играч на Челзи. „Сините“ одлучија да и платат на Аталанта, неговиот досегашен клуб, 57 милиони евра, плус три милиони евра во вид на бонуси за да ...

Македонските Дејвис куп репрезентативци Калин Ивановски и Олег Приходко изборија пласман во полуфиналето на М25 турнирот Загреб, двајцата остварија победи од 2-0 во сетови во денешните четвртфинални мечеви. Ивановски го елиминираше третиот носител Хавиер Баранко Косано откако на идентичен начин (ист резултат) како вчера со 2-0 во сетови (76(4) 75) го победи ривалот. Единствената разлика беше што во денешниот меч имаше по еден брејк во првиот ...

Македонскиот младински репрезенаттивец на огромно задоволство летово е сврстен во првиот тим на Црвена Звезда и во моментов се наоѓа со тимот на подготовките во Австрија. Гаштаров подолг период е дел од белградскиот гигант, но досега беше член на младинската школа, а изминатата полусезона ја одигра на позајмица во второлигашотн Борац Чачак. Гаштаров во мини интервју за клубскиот сајт на Црвена Звезда ги спорелува импресиите околу тоа како е ...

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Елмин Растодер својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Панатинаикос од Атина. Оваа информација ја пренесува денешна Прототема, која што додава дека Панатинаикос постигнал договор со тимот на Тун, каде што Растодер настапуваше досега за преселба на нашиот интернационалец во Пиреја. Цената е 3.5 милиони евра Тиражниот медиум вели дека швајцарците се согласиле Растодер да замине за Атина во дил ...

Дивејн Стјуард Јуниор, нагтурализираниот американец во кошаркарската репрезентација на Македонија секако дека е голем плус за нас во овој квалификациски циклус. Пред македонските репрезенаттивци се два дуела до кои зависи оваа кампања, а тоа се мечевите против Ирска односно Луксембург. Со само неколку тренинзи со новите соиграчи, Стјуард веднаш ја презеде одговорноста на теренот. За повеќе од 30 минути игра постигна 26 поени, а придодаде и ...

Италијанските медиуми денеска пренесуваат дека по завршувањето на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Тарик Мухаремовиќ ќе направи трансфер во тимот на Јувентус. Момчето кое што е родено во Словенија, но кое што е израснато во Австрија и настапуваше за екипите на Кертен, Клагенфурт, Волфсбергер, на многу малда возраст беше купен од Јувентус, и доведен во Торино. Играше за младите селекции на овој ...

Зад нас се уште шест средби од 3.коло од групната фаза на тековниот Мундијал. Искрено и немаше некои сензации, а и како да има ако од 48 репрезентации дури 32 одат во нокаут фазата. Познати се и првите четири од 16-те двојки во првото коло од следната фаза, во секој случај ќе биде интересно. Денешен гостин во нашата рубрика “Коментар на денот“ е нашиот коментатор Мирсад Јонуз. -Што направи Германија, односно селекторот Нагелсман? На неважен ...

По доживеаниот дебакл и поразот во баражот со Скопје, во струмичка Брера почнуваат да се опоравуваат од шокот и се подготвуваат за настап на екипата во второлигашката конкуренција. Од вчера е повлечен и првиот потез а тоа е одлуката околу тоа со кој тренер ќе се оди во новите предизвици и желбата да се врати тимот во елитата. Ѓорѓе Стојчев се враќа на клупата на Брера и со него клубот ги почнува подготовките за новата сезона. Екипата ќе мине ...

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи на дуелот Парагвај и Австралика се случи. На обете селекции им одговараше реми, за да минат понатаму, и нормално мечот заврши 0:0. Со по четири бода Австралија е втора, Парагвај трет, а Турција си оди дома. Убедливо најздодевниот меч во ...

Македонскиот првак, Вардар ги доби противниците во групната фаза во Лигата на шампиони.Во следната сезона, најлитното европско клупско натпреварување ќе брои 24 екипи и истите се поделени во шест групи. во СЦ “Јане Сандански” ќе дојдат екипите на Нант, Мелсунген и Плоцк, а Вардар се најде во групата Б. Според системот на натпреварување првите две екипи одат во следната фаза, додека последните две се селат во Европската лига. Вардар во Лигата ...

Во тетовска Шкендија ја најдоа замената за левата крилна позиција по заминувањето на Лиридон Љатифи. Според најавите на подготовките во Словенија во тимот на новиот тренер Артим Положани ќе се приклучи добро познато име. Станува збор за 27 годишниот Алмир Креизиу кој е поранешен младински репрезентативец на Косово. Тоа е „десетката“ на Балкани кој со овој клуб зад себе има многу успеси и настапи на евро-сцената а во Тетово е најавен како ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
55%
1004
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
62%
993
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
92%
996
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
42%
1002
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
4.69
79%
999
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
98%
996
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
6.26
81%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
71%
1005
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
82%
1002
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
89%
999
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
96%
991
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
13.38
94%
1012
Currency

61.626

Currency

55.489

Currency

73.791

Currency

37.965

Currency

39.004

Currency

66.779

Currency

8.3274

Currency

0.66974

Currency

0.34778

Currency

0.52433

Currency

1.1042

Currency

0.5918

Паладиум

31700.64

Калај

47.40

Иридиум

324722.54

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Сребро

1620.38

Бакар

12.41

Платина

48836.98

Алуминиум

3.01

Родиум

294983.10

Цинк

3.79

Злато

124908.87