Попладнево во Радомље и во Охрид, екипите на Шкендија и Силекс имаа силни контролни мечеви во пресрет на настапите во квалификациите во Лигата на Конференции. Шкендија на подготовките во Словенија, во својата втора контрола, попладнево беше поразена од Хајдук со 0:4. Секако дека иако е ова пријателска, непријатно е за Шкендија да доживува вакви порази. Стрелци на головите за хрватскиот гигант беа Ливаја, Пукшташ и Шего, два. Силекс на ...

Битката меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси трае речиси две децении пишувајќи фудбалска историја, а ново поглавје беше додадено за време на Светското првенство во 2026 година. Во клучен натпревар за Португалија, Кристијано Роналдо постигна два гола во победата од 5-0 над Узбекистан. Португалија влезе во натпреварот под притисок по ремито 1-1 со ДР Конго, а двата гола на Роналдо во првото полувреме му донесоа многу потребно олеснување. За ...

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, постигна два гола во убедливата победа од 5-0 над Узбекистан и беше прогласен за играч на натпреварот. 41-годишниот напаѓач доби многу критики за својата изведба во првиот натпревар од Светското првенство, но денес ја покажа својата целосна брилијантност и беше многу задоволен што одговори на критиките, извикувајќи пред камерите по последниот свиреж „Се вратив! Се вратив!“. Во своите забелешки по ...

Речиси сиот нормален фудбалски свет се изјасни против паузата за хидратација, но има такви, кои се вистинска реткост, која им се допаѓа. Факт е дека тимовите кои се во добар ритам го губат ритамот поради ова правило и нема потреба од хидратација ако натпреварите се играат на затворени, климатизирани стадиони на температури кои често се под 30 степени. Многумина веруваат дека зад сè стои потребата од поголема комерцијализација и подолги ...

Толку беше од репрезентативецот на Македонија во Панатинаикос. Епизодата на Ти-Џеј Шортс во Панатинаикос беше краткотрајна, бидејќи плејмејкерот, се збогуваше со зелениот дрес на гигантот од Атина. Интересно, ова доаѓа откако Жељко Обрадовиќ се врати во клубот од Атина. Веста за разделбата со играчот, кој пристигна ова лето како играч на сезоната во дресот на Париз, ја потврди Панатинаикос на официјалната веб-страница, збогувајќи се со ...

Англија – Гана 0:0 е резултатот по првото полувреме од мечот од 2.коло во групата Л во Бостон. Иако избраниците на Томас Тухел пред натпреварот важеа за голем фаворит, посебно по онаа блескаво издание против Хрватска на стартот и победата од 4:2, никако не успеваат да ја “отворат“ борбената Гана. Да, Англија го имаше поседот, креираше неколку добри акции, но реално без некоја опасна шанса за гол и водство. Секако дека на Англија и бод ...

И официјално, Вебстер Роналдо кариерата ќе ја продолжи во Романија. Уште еден играч на Шкендија кој што следната сезона нема да биде дел од составот на новиот стратег Артим Положани. Имено Шкендија попладнево официјално објавуви дека постигнала договор со романскиот клуб Универзитатеа Крајова за трансфер на јамајканскиот фудбалер, Роналдо Вебстер. По преговорите меѓу двата клуба, од клубот велат дека е постигнат договор за отштета на ...

Тага во семејството на Дидие Дешамп.Селекторот на Франција, привремено го напушти Светското првенство поради смртта на неговата мајка и се враќа во Франција за да присуствува на нејзиниот погреб. Затоа, тој нема да го предводи тимот во нивниот последен натпревар од групата против Норвешка, кој ќе се игра во Бостон во петок. Француската фудбалска федерација (ФФФ) денес ја потврди тажната вест, наведувајќи дека тренерот со тага ја примил веста ...

Ова е вистинскиот Кристијано Роналдо, ова е вистинската Португалија. Вечерва во меч од 2.коло во групата К, големиот фаворит успеа со 5:0 да го победи Узбекистан на Фабио Канаваро, иако според шансите што ги имаа Португалците, оваа победа требаше да биде изразена со уште поубедлив резултат. И конечно на сцена го видовме големиот Кристијано Роналдо кој постигна два гола, во 6. и 39.минута. Голови постигнаа и Мендеш во 17.минута,а Нематов во ...

Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во понеделник во Далас, а особено привлече внимание на крајот од натпреварот. За време на преносот во живо, му се приближи Мекалистер, асот на Аргентина, кого Клоп го тренираше во Ливерпул. Тие цврсто се прегрнаа, а потоа Клоп му покажа на ...

Зад младите кошаркари е првиот период од подготовките во кој селекторот Никола Велев и неговите соработници имаа можност да се запознаат, да се уверат во моменталната, пред се, физичка подготовка на кандидатите за место во „финалните 12“ за настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 20“ години во Братислава. По оној прв дел, вториот, со себе ги носи и првите контролни натпревари за нашата младинска селекција. Утре ...

Тажна вест во Македонија. Денеска почина Јовица Илиевски, градоналникот на Брвеница и долгодишен член на фудбалската репрезентација на Македонија. Роден во 1968 година и беше дел од општествено политичкиот живот во Македонија. Попладнево негови пријатели, познаници и партијци ја споделуваат веста и секако упатуваат зборови со најголема тага и сочуство. Со пригодни зборови се огласи и Фудбалската федерацијата на Македонија. “Златен човек. Во ...

Тиквеш попладнево промовираше уште едно ново име, а тоа е Јован Попзлатанов (29). Искусниот офанзивен бек, кој може да игра и по левата и по десната страна во изминатата полусезона го носеше дресот на Работнички. Претходно беше дел и од Македонија ЃП. Бил дел и од екипите на Вардар, Тетекс, Пелистер а има и интернационална кариера во Летонија. “ГФК Тиквеш 1930 со големо задоволство го претставува нашето најново засилување – Јован ...

Во интересен натпревар селекцијата на Норвешка го победи Сенегал со 3-2 во второто коло од Светското првенство, со што обезбеди место во нокаут фазата од натпреварувањето. Со два постигнати гола, херој на победата беше Ерлинг Халанд, а со оваа победа, Норвешка постигна две победи во групната фаза на Светското првенство за прв пат во историјата. Секако си обезбеди и пласман во нокаут – фазата. Ова беше 52-ри настап на Халанд за националниот ...

Управниот одбор на Фудбалската Федерација на Македонија на денешната редовна седница, донесе неколку одлуки кои што се во насока на што подобро функционирање на телата и органите во рамките на Федерацијата. Една од поважните одлуки секако дека е онаа која што се осврнува на финансиското работење на релација федерација, клубови, кои што со најновата одлука ќе мора во новата сезона да влезат тотално расчистени со обврските кон федерацијата. Во ...

Ете, кој рече дека Кристијано Роналдо треба да седне на клупата? Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, конечно покажа само мал дел од она што го знае. Имено по првиот дел на мечот Португалија – Узбекистан, беше стрелец на два гола за својата селекција, во 6. и 39.минута. Малку недостигаше да го запише и третиот.Португалија има убедливо водство од 3:0, стрелец беше и Мендеш, во 17.минута. Треба да се каже дека селекцијата на ...

Македонските тенисери имаа успешни настапи на денешните мечеви на ИТФ турнирот во Загреб што се игра за награден фонд од 30.000 долари. Во поединечна конкуренција Олег Приходко, кој е прв носител за 51 минута го победи Словенецот Вид Мохар со 2-0 во сетови (61 63). Во конкуренција на двојки македонската комбинација Каин Ивановски и Амар Хусеиновиќ ги победија Павел Кели (Словачка) и Лука Вуглар (Хрватска) со 2-0 во сетови 2-0 (64 63), а ...

Попладнево во меч од 12.коло во елитната лига на Финска, составот на КуПС успеа да слави со 4:3 против тимот на Илвес. Меч кој за нас не би требало да има никакво значење, ама се знае дека токму овој тим од Финска е противникот на Вардар во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, тогаш работите се менуваат. Интересни, КуПС имаше водство од 4:1, но сепак дозволи гостите за малку да дојдат и до бод. Стрелци на головите за КуПС беа Гасц, ...

И официјално Андреј Аризанкоски е нов член на Шкендија Арачиново. Дебитантот во елитната лига на Македонија попладнево се пофали дека успеал да го ангажира младиот дефанзивец кој досега беше дел од тимот на Брера Струмица. Јасно е дека Аризанкоски е уште едно квалитетно засилување за составот од Арачиново. Се чини дека Шкендија Арачиново не се шегува, со сите сили настојува да обезбеди што поквалитетен тим за наредната сезона во ПМФЛ. Инаку ...

Во сенка на се што се случува на тековниот Мундијал, клубовите во Европа сепак, работат на доведување на нови играчи како засилувања за следната сезона. Италија како што е добро познато не е дел од Мундијалот, па клубовите таму во мир се подготвуваат за она што следува наесен. Па така, шампионот Интер веќе некое време работи на доведување на У21 репрезентативецот на Италија, Марко Палестра, кој што е во моментов член на Аталанта. Аталанта за ...

Искусниот италијански стратег, и поранешен селектор на „Азурите“, Џенаро Гатузо и официјално е нов тренер на екипата на Лацио. Клубот од Рим денеска го промовираше Гатузо во нов кормилар со што го заменува Маурицио Сари, кој ја презеде Аталанта. Лацио е четвртиот тим што Гатузо го води во Серија А. „Клубот топло го поздравува својот нов менаџер и е уверен дека неговото искуство, професионализам и решителност ќе придонесат за остварување на ...

Подготовките на машката сениорска репрезентација на Македонија продолжуваат со комплетирање на играчкиот ростер за завршниот дел од претквалификациите за Европското првенство 2029 година. Селекторот Жозеп Мариа Берокал упати повик и до Нејт Систина, кој ќе биде дел од тренажниот процес и ќе биде во конкуренција за настап на двата натпревари од јулскиот ФИБА „прозорец“ против Ирска и Луксембург. Станува збор за кошаркар кој настапува на ...

Кипарскиот тим Строволу и официјално го потврди доаѓањето на македонскиот ракометен стратег Горан Кузманоски. Откако стана јасно дека Кузманоски ја завршува соработката со Бутел, екипата на Строволу беше реална опција, па денеска и официјално е потврден трансферот на нашиот селектор во младинските категории. „Возбудени сме што го пречекуваме нашиот нов главен тренер на машката екипа, Горан Кузманоски. Горан е многу познат поранешен играч и ...

Еден од најголемите таленти во египетскиот фудбал, 18. годишниот Хамза Абделкарим по завршувањето на активностите на тековниот Мундијал, каде што се наоѓа со својата репрезентација, директно ќе замине и ќе потпише долгогодишен договор со тимот на Барселона. Абделкарим изминатите шест месеци ги мина како позајмен фудбалер од тимот на Ал Ахли во Барселона Б, каде што на на девет мечеви постигна шест гола и ги увери стручните лица во клубот ...

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов се враќа во неговиот матичен клуб Сигма Оломуц летово. Неговата позајмица во тимот на Словачко заврши и тој им се враќа на обврските кои што ги има кон клубот со кого има договор. Костадинов имаше и повеќе од солидна минутажа во Словачко, нешто што реално е и заштитен знак за играчот од средниот ред. Реално, Костадинов во досегашната негова кариера, имал сериозна минутажа каде и да играл, па ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во второто коло од квалификациите за Гренд Слем тунирот Вимблдон, откако предмалку беше подобра од шпанската Фита Лобуда со 2:0 по сетови. Ѓорческа одлично го одигра овој меч и го доби првиот сет со 6:2, по што и беше далеку полесно да се справи со противничката во продолжението на мечот. Вториот сет лина го доби со 6:4, а истиот траеше 44. минути, десетина повеќе од првиот. Со овој ...

Денеска на СП 2026 можеме да проследиме уште четири и тоа како интресни мечеви. Во прв план е Португалија и секако Роналдо кои играат против Узбекистан. Сите сакаме да видиме дали оваа супер – селекција со својот капитен ќе почне ли конечно да игра добар фудбал. На Англија и Хари Кејн нема да им биде лесно против Гана, а Хрватска и Лука Модриќ ќе мора да победат против Панама ако сакаат пласман во нокаут – фазата. Хрватска треба да премине ...

Македонскиот младински репрезенативец, и досегашен член на екипата на Арсими, Џезаир Авдули ќе го има својот прв интернационален предизвик. Бекот заминува во Албанија и потпишува договор со тамошниот прволигаш, тимот на Влазнија. Авдули одигра одлична полусезона во тимот на Арсими, со што и го заслужи повикот во младата У21 репрезентација од страна на селекторот Горан Станиќ. Тој инаку е дете на Шкендија Тетово, но никогаш таму не ја доби ...

Првиот дел од циклусот квалификации за Европското првенство 2028, односно учеството во годинешното издание од Европската лига, машката сениорска репрезентација го заврши според предвиденото – три победи, три загубени натпревари и девет бода со кои сме на средината на табелата. Попрецизно кажано имаме активен резултат со кој Македонија останува во игра за пласман на уште едно континентално натпреварување. Уште при ждрепката за групната рунда ...

Норвежаните синоќа обезбедија пласман во втората фаза на СП и тоа знаеја да го прослават на свој начин. По натпреварот следуваше оригинално и воедно препознатливо славје на играчите и навивачите, славје кое го предводеше капитенот Одегард. The Norwegian team and fans doing the Row are just beautiful.pic.twitter.com/hi2YqZimUi — World Cup 2026 Daily (@TotalFootball) June 23, 2026 Фудбалската треска влезе во сите пори на норвешкото општество, ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
55%
1004
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
4.63
52%
994
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
89%
1001
weather icon

Софија

20ᴼ / 19ᴼ
2.06
46%
1003
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.01
69%
999
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
98%
1000
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
5.81
76%
1016
weather icon

Тирана

21ᴼ / 20ᴼ
3.6
70%
1006
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
8.75
73%
1003
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
7.72
57%
999
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
9.77
91%
995
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
10.29
94%
1013
Currency

61.66

Currency

55.529

Currency

73.83

Currency

37.976

Currency

39.03

Currency

66.809

Currency

8.3332

Currency

0.67025

Currency

0.34797

Currency

0.52464

Currency

1.1049

Currency

0.59197

Паладиум

31893.54

Иридиум

326330.08

Платина

48804.83

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.02

Калај

46.87

Родиум

293375.56

Кобалт

33.53

Сребро

1611.91

Злато

125211.08

Бакар

12.40

Цинк

3.76