Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре, 20 август 2026 година (четврток), без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „16-та Македонска бригада“ во Општина Гази Баба. — реклама — — реклама — Поради исклучување од подземната мрежа и промена на доводот до РО, без напојување со електрична енергија ќе останат зградата ВА, влезовите 2, 3 и 4. — реклама — Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре, 20 август 2026 година ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, реагираше на обвинувањата на СДСМ за наводно задоцнето справување со комарците и зголемениот број случаи на западнонилска треска. Тој оцени дека сериозна здравствена тема не треба да се претвора во дневнополитичка пресметка. Ѓорѓиевски посочи дека западнонилската треска не е ново заболување и дека вирусот циркулира во повеќе европски земји, меѓу кои и во соседството на Македонија. Според него, ...
Засилени мерки за контрола на комарците и информирање на населението се спроведуваат во подрачјата каде што е регистриран зголемен број случаи на западнонилска треска, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, заклучно со 18 август во Македонија се регистрирани 38 случаи на западнонилска треска, од кои 36 се потврдени, а два се веројатни. Дури 37 случаи се ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги отфрла обвинувањата на СДСМ за наводно задоцнета реакција во справувањето со комарците во Скопје, наведувајќи дека годинава во главниот град досега биле спроведени вкупно 13 дезинсекции. Од партијата посочуваат дека третманите се спроведуваат и против ларви и против возрасни форми на комарци. За ларвите, според нивните податоци, имало шест третмани – на 7 мај, 11 и 26 јуни, 10 и 23 јули и 11 август. За ...
Град Скопје најави нова дезинсекција против комарци на територијата на главниот град, која ќе се спроведува во наредните денови и од воздух и со возила на терен. Авионската дезинсекција ќе се реализира на 20 и 21 август, во раните утрински часови. — реклама — Потоа, од 23 до 26 август, ќе се спроведува терестична дезинсекција, во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден. — реклама — Од Град Скопје информираат дека, доколку временските ...
Четириесет и тригодишна жена од Радовиш била лишена од слобода откако, според пријавеното, физички ја нападнала својата 72-годишна мајка во семејниот дом. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 18 август во 9:15 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ја привеле жената. Според пријавата, нападот се случил околу 5 часот наутро во семејниот дом во Радовиш. — реклама — — реклама — 72-годишната жена била ...
47-годишен жител на Куманово бил лишен од слобода откако физички го нападнал својот 23-годишен син и агресивно се однесувал кон сопругата. — реклама — Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 18 август во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Д.З. (47). — реклама — — реклама — Тој бил однесен во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. ...
Деветнаесетгодишен жител на Куманово бил лишен од слобода откако физички го нападнал својот 45-годишен татко, соопшти Министерството за внатрешни работи. — реклама — Инцидентот се случил на 19 август во 2:40 часот, по што полициски службеници од СВР Куманово го привеле Д.М. (19). — реклама — — реклама — Тој бил задржан во полициска станица, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна ...
Осумдесет и двегодишниот Т.Б. бил пронајден починат во дворот на семејна куќа во населбата Ќерамидница во Скопје. — реклама — Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 18 август во 11:37 часот во СВР Скопје. Лекар од Итната медицинска помош излегол на местото и ја констатирал смртта. — реклама — — реклама — По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Осумдесет и двегодишниот Т.Б. бил пронајден ...
Триесет и осумгодишен скопјанец е лишен од слобода по пријава од неговиот 63-годишен татко дека му упатувал закани со остар предмет и ја оштетил покуќнината во семејниот дом. Според информациите од МВР, на 18 август во 17:15 часот, полициски службеници постапиле на подрачјето на Кисела Вода и го привеле А.Ј. (38). — реклама — — реклама — Претходно, неговиот татко пријавил дека околу 16 часот во семејниот дом, А.Ј. со остар предмет му упатувал ...
Бронзена биста била украдена од гробно место на гробиштата во Бутел, а случајот бил пријавен во СВР Скопје. — реклама — Според информациите од МВР, на 18 август во 13 часот, 19-годишниот П.Ј. од Србија пријавил дека во периодот од октомври 2024 до јули 2026 година од гробното место била одземена бронзената биста. — реклама — — реклама — Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои била извршена ...
Четири лица се лишени од слобода во Скопје поради поседување различни видови наркотични материи, соопшти Министерството за внатрешни работи. На 18 август, на повеќе локации во главниот град, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле С.М. (22) од општина Сарај, И.Д. (40), О.И. (31) и 16-годишник, сите од Скопје. — реклама — — реклама — При претресите кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, бела прашкаста материја, ...
Кривична пријава за насилство врз дете е поднесена против 42-годишен жител на Пехчево, соопшти Министерството за внатрешни работи. — реклама — Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела пријава против Ф.А. (42) од Пехчево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“. — реклама — — реклама — Според МВР, на 27 јули 2026 година, на местото викано „Парк Езерце“, пријавениот извршил ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на денешните обвинувања од СДСМ за необјавените анализи на водата во Гостивар, посочувајќи дека за испитувањата и нивното објавување е надлежно ЈП „Комуналец“ Гостивар, со кое раководи локалната власт. Од партијата велат дека СДСМ треба да ги побара резултатите од својот градоначалник Валбон Лимани, кого го посочуваат како надлежен за работата на јавното претпријатие. „Секоја анализа, секое испитување и ...
До 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во четири општини. Во Општина Студеничани гори на потегот од селото Моране, преку Вртекица до Рамни Габер, каде што е зафатена мешана шума. Во Општина Македонски Брод пожарот е регистриран на месноста Видуш, ...
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Албанија, со епицентар во близина на Лушња, соопшти Институтот за геонауки при Политехничкиот универзитет во Тирана. Земјотресот се случил во 12:44 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри. — реклама — Епицентарот бил лоциран на околу 8 километри североисточно од Лушња и околу 29 километри југозападно од Елбасан. — реклама — Засега нема ...
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ се обидува да ја избегне политичката одговорност за состојбата во Гостивар, иако, според нив, заедно со градоначалникот Лимани ја дели локалната власт. На денешната прес-конференција, пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, оцени дека СДСМ во изминатиот месец не побарал одговорност од Лимани, ниту ја признал сопствената политичка одговорност како партнер во локалната власт. „Еден ...
Во руски напад со дрон врз автобус во јужниот украински град Херсон загинале четири лица, а уште четворица се повредени, соопшти регионалното обвинителство. Според првичните информации, во нападот биле убиени четворица цивилни патници. Автобусот се движел по улица во Херсон, која често е цел на руски воздушни напади. — реклама — Фотографиите објавени од регионалните власти покажуваат жолт минибус со искршени прозорци. — реклама — Херсон, кој ...
Иран наводно разгледува можност за проширување на конфликтот надвор од Блискиот Исток, вклучително и потенцијални напади врз американски воени цели на европско тло, доколку Вашингтон дополнително го заостри конфликтот. Според извори блиски до иранскиот режим за „Фајненшл тајмс“, Техеран веќе ги проценувал можностите за одмазднички удари врз цели во Југоисточна Европа. Меѓу потенцијалните цели се споменува Бугарија, која минатиот месец одобри ...
Тензиите околу Сирија повторно се зголемуваат откако Израел изврши воздушни напади врз воен објект во северозападниот дел на земјата, а Турција остро ги отфрли обвинувањата од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Турската Дирекција за комуникации ги оцени тврдењата од кабинетот на Нетанјаху како „неосновани“ и обвини дека Израел се обидува да ги оправда, како што наведува Анкара, незаконските воздушни напади со кои се ...
Пожар избувна утрово на депонијата „Буково“ во Охрид, при што на терен веднаш се испратени екипи на ЈП „Охридски комуналец“ и Територијалната противпожарна единица – Охрид. Од претпријатието информираат дека пожарот избувнал во дел од депонијата кој подолг период не се користи и на кој во изминатиот период не бил депониран отпад. Екипите работат на негово локализирање, а се врши и пресек со создавање заштитна линија за да се спречи ...
Товарен брод бил погоден со повеќе неидентификувани проектили во близина на западниот брег на Јемен, при што пловилото претрпело толку сериозни оштетувања што е целосно загубено. Инцидентот се случил на околу 40 наутички милји, односно 74 километри, југоисточно од Моха. Британскиот Центар за поморски трговски операции (УКМТО) бил известен за нападот и упатил повик до пловилата во регионот да бидат особено внимателни. — реклама — — реклама — ...
СДСМ преку соопштение остро го критикуваше премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ поради нивното присуство и прослава во Гостивар, потсетувајќи на неодамнешната состојба со загадената вода и пријавените случаи на труење во градот. „Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО славеа во Гостивар. Во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени“, реагираат од СДСМ, поставувајќи прашање што, како што велат, всушност се славело во градот. Од партијата ...
Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго продолжува да се шири, а бројот на потврдени случаи веќе надмина 5.000. Здравствените власти предупредуваат дека досегашните напори за ставање на болеста под контрола не даваат доволни резултати. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје, досега се регистрирани 5.021 потврден случај на ебола, додека бројот на починати достигна 2.378. — реклама — Станува збор за 17. епидемија ...
Новите заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја предизвикаа остра реакција од Пјонгјанг, кој порача дека ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана. Севернокорејската државна агенција КЦНА ги осуди воените вежби, оценувајќи дека тие придонесуваат за зголемување на тензиите на Корејскиот Полуостров. Според Пјонгјанг, Северна Кореја ќе продолжи да презема мерки за самоодбрана како одговор на, како што ги опишува, воените закани од ...
Во Елбасан, Албанија, забележан е вознемирувачки инцидент, каде било забележано лице со револвер вперен во друго лице. Случајот предизвика реакции во јавноста, особено поради тврдењата дека инцидентот се случил во град кој во последно време се поврзува со сериозни обвинувања за криминални структури и политички влијанија. — реклама — Засега нема дополнителни официјални информации за околностите на настанот, ниту за тоа дали некој е повреден ...
Во текот на изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои три и натаму се активни, еден е ставен под контрола, а 33 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Според информациите до 7:30 часот утрово, активни пожари има на подрачјето на општините Студеничани, Македонски Брод и Прилеп. Во Студеничани, пожарот се шири на потегот од селото Моране кон Вртекица и Рамни Габер, при ...
Дел од корисниците во општина Чаир и населбата Топанско Поле денеска ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. — реклама — Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот, поради промена на шибер со профил Ф-250 милиметри на улицата „Џон Кенеди“, на крстосницата со улицата „Лазар Трповски“. — реклама — — реклама — Без вода ќе бидат корисниците од улицата „Лазар Трповски“ и ...
Поради планирани интервенции на електроенергетската мрежа, денес, 19 август, без електрична енергија ќе останат корисници во делови од Скопје, информираат од ЕВН Македонија. — реклама — Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат корисниците од дел од улицата „Христо Татарчев“, во близина на автопералната, во Општина Сопиште. — реклама — — реклама — Во периодот од 11:30 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе ...
Стабилно и топло време се очекува во Македонија, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во планинските региони ќе има зголемена облачност, а можна е и краткотрајна појава на дожд и ретки грмежи. — реклама — Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека максималните ќе достигнат од 30 до 38 степени. — реклама — — реклама — Во Скопје ќе биде сончево ...