Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, во текот на денешниот ден, 26 август, без електрична енергија ќе останат корисници во неколку населени места и улици во Скопје и околината. — реклама — Според известувањето од ЕВН Македонија АД, прекините ќе се одвиваат во следните термини: — реклама — — реклама — Од 08:00 до 10:30 часот – корисниците од селата Летевци и Брезница, како и Тунел Катланово, во Општина Петровец. Од ...
Денес времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. — реклама — — реклама — Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од Скопската Котлина ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе ...
Директорот на Централната разузнавачка агенција на САД, Џон Ретклиф, во вторникот наводно престојувал во Москва, објавија американските „Си-Би-Ес“ и „Аксиос“, повикувајќи се на свои извори. Посетата засега не е официјално потврдена ниту од Вашингтон ниту од Москва. Доколку информациите се точни, ова би било прво познато патување на Ретклиф во Русија откако во 2025 година ја презеде функцијата директор на американската разузнавачка агенција. ...
СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ги оштетила пензионерите со одлуката за линеарно зголемување на пензиите, наместо да продолжи методологијата за усогласување што ја воведе претходната влада. Од партијата велат дека со зголемувањата од по 1.000 денари во септември 2025 и март 2026 година, пензионерите добиле помалку средства отколку што би добиле доколку продолжела методологијата на СДСМ. — реклама — Според нивните ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишниот Б.Ш. од Тетово поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“. — реклама — Според пријавеното, на 20 мај 2026 година во Тетово, тој со употреба на сила му го одзел електричниот тротинет на малолетно лице. — реклама — — реклама — По целосно расчистување и документирање на случајот, надлежните продолжуваат со постапката против пријавениот. СВР Тетово поднесе кривична пријава ...
Полицијата приведе 64-годишен жител на Кратовско по пријава дека физички го нападнал својот син. — реклама — Од МВР информираат дека С.К. бил лишен од слобода синоќа околу 22:35 часот од страна на полициски службеници од ОВР Кратово, по претходно пријавениот случај. — реклама — — реклама — По целосното расчистување и документирање на настанот, против 64-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава. Полицијата приведе 64-годишен жител на ...
Поради официјалната посета на косовскиот премиер Албин Курти, во среда, 26 август, во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. — реклама — Од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки и ќе има измени во режимот на движење на подрачјето на градот. — реклама — — реклама — Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца 18-годишници од Брвеница поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. — реклама — Според пријавеното, А.Ј. и Н.П. на 12 април 2026 година во Тетово физички ја нападнале 23-годишната П.Т. од село Туденце, општина Јегуновце. — реклама — — реклама — При нападот, на 23-годишната жена ѝ биле нанесени повреди. Полицијата продолжува со постапката во рамки на поднесената кривична пријава. ...
Полициски службеници од СВР Куманово вчера ја лишиле од слобода 53-годишната А.И. од село во Липковско, по пријава за агресивно однесување и упатување закани кон нејзината 18-годишна ќерка. — реклама — Од МВР информираат дека жената била приведена во полициска станица околу 15 часот, по претходно пријавениот случај. — реклама — — реклама — По целосното расчистување и документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Учебниците за новата учебна година се дистрибуирани и веќе се наоѓаат во училиштата, уверува министерката за образование и наука Весна Јаневска. Истовремено, таа информираше дека во учебната 2026/2027 година бројот на паралелки е намален за околу 300 – 200 во основното и 100 во средното образование. За првачиња досега се запишани околу 14.500 деца, но бројката сè уште не е конечна бидејќи уписот на оние кои го пропуштиле рокот трае до крајот ...
17-годишна девојка од тетовско Желино е пријавена за исчезната, откако излегла од својот дом и не се вратила. Од МВР информираат дека на 25 август во 01:00 часот во Полициското одделение Групчин, Н.М. (47) од Желино пријавил дека неговата ќерка А.Н. (17) на 24 август околу 11:00 часот го напуштила домот. — реклама — — реклама — Според пријавеното, девојката последен пат телефонски разговарала со својата мајка, при што кажала дека се наоѓа во ...
Инцидент со остар предмет е пријавен во Охрид, откако, по претходно нарушување на јавниот ред и мир, жена се обидела да нападне четири лица. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 24 август, во 17:30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „7 Ноември“, М.И. од Охрид се обидела со остар предмет да ги нападне М.Р. (39) и нејзините три ќерки, сите од Охрид. — реклама — — реклама — Случајот следува по претходно ...
Пожар избувнал на потегот меѓу селата Горно и Долно Чичево, во општина Градско, информира Центарот за управување со кризи. — реклама — Според првичните информации, зафатено е стрниште. За пожарот се известени Територијалната противпожарна единица Велес, чии екипи треба да интервенираат на терен. — реклама — — реклама — Засега нема информации за загрозени објекти или населени места. Пожар избувнал на потегот меѓу селата Горно и Долно Чичево, ...
Премиерот Христијан Мицкоски остро му одговори на лидерот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција откако Филипче изјави дека „не се исти“. Одговарајќи на новинарско прашање за оваа изјава, Мицкоски рече дека за првпат може да се согласи со претседателот на опозициската партија дека навистина „не се исти“. — реклама — „Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изнесе тврдење дека Иран се обидел да ликвидира еден од неговите синови, но не откри кој од нив бил цел, ниту даде детали за наводниот обид. Во телефонско интервју за израелскиот Канал 14, Нетанјаху рекол дека станувало збор за „неверојатен“ случај и дека Иран таргетирал член на неговото семејство. Изјавата доаѓа во период на зголемени безбедносни ризици во Израел, а Нетанјаху ја поврзал со прашањето за ...
Шест недели по проблемите со водоснабдувањето во Гостивар, јавноста сè уште нема целосен извештај со резултатите од анализите на водата, обвинуваат од СДСМ преку соопштение. Од партијата посочуваат дека поминале и десет дена откако премиерот Христијан Мицкоски се вратил од странство и најавил дека инсистира извештајот да биде објавен, но документот сè уште не е достапен за граѓаните. — реклама — Според СДСМ, досега имало повеќе различни ...
Дел од корисниците во Козле и во општина Центар денеска ќе останат без вода поради изведување водоводен приклучок и санација на дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Поради изведување водоводен приклучок на улица 2 бр. 2 во Козле, прекин во водоснабдувањето од 09:00 часот до завршување на работите ќе имаат корисниците од улица 2 и дел од улица „Козле“ – висока зона. — реклама — — реклама — Во општина Центар, поради дефект на ...
Дел од корисниците на улицата „Миран Марковиќ“ во Карпош денеска ќе останат без електрична енергија поради изведување нов нисконапонски приклучок. — реклама — — реклама — Од ЕВН Македонија информираат дека прекинот ќе трае од 10:00 до 15:00 часот, а ќе бидат опфатени корисниците на ул. „Миран Марковиќ“ бр. 44б во Општина Карпош. — реклама — Дел од корисниците на улицата „Миран Марковиќ“ во Карпош денеска ќе останат без електрична енергија ...
Сончево и топло време ќе преовладува во текот на претпладнето, но во попладневните и вечерните часови на места се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално временските процеси ќе бидат поинтензивни и може да прераснат во невреме, проследено со силен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се движат од 15 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 32 до 38 степени. — реклама — — реклама — Во Скопје ...
Пожар избувна на експресниот пат Кочани – Штип, поради што сообраќајот вечерва е во прекин. Поради силината на пожарот, на учесниците во сообраќајот им се препорачува, доколку е можно, да користат алтернативни патни правци и да не се упатуваат кон зафатената делница додека трае интервенцијата на противпожарните служби. — реклама — — реклама — View this post on Instagram — реклама — Засега нема информации за причините за неговото избувнување и ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, реагираше на денешната изјава на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека тој погрешно го разбрал повикот на Левица за обединување на опозициските сили. Во изјава за порталот „Локално“, Апасиев порача дека Филипче „очигледно се истрчал“ и се препознал во повикот на Левица за мобилизација на сите сили и граѓани што сакаат поинакво општество од она што, како што вели, го нудат ДПМНЕ и досегашните ...
Вкупно 21 пожар на отворен простор се регистрирани во земјава до 18:30 часот денеска, од кои седум се активни, два се под контрола, а 12 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во повеќе општини. На територијата на општините Студеничани и Зелениково гори во атарите на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, како и на кракот кон Палиград и над Вражале, каде што е зафатена мешана шума. Во Општина ...
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во тек е реновирање на одделот за пуерпериум, каде што престојуваат мајките по породувањето. Од клиниката информираат дека градежните активности не влијаат врз редовното одвивање на работата и дека сите здравствени услуги се обезбедуваат навремено. Од ГАК ги информираат идните пациентки кои во наредниот период треба да се породат дека поради реновирањето дел од породените ...
Иран повторно ја предупреди Бугарија да не дозволува користење на својата територија за американски или израелски воени операции против Техеран, при што порача дека го задржува правото да го нападне местото од кое би потекнувал евентуален напад. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, нагласи дека Техеран „нема проблем со бугарскиот народ“, но дека евентуалното овозможување воени операции против Иран би се ...
Зголемена појава на глодари е регистрирана на повеќе локации во Општина Центар, поради што денес и утре ќе се спроведува вонредна дератизација. Акцијата ги опфаќа Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале, каде што граѓаните пријавиле присуство на глодари. Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека општинските служби реагираат по пријавите и ќе продолжат да ја следат состојбата. — реклама — „По пријавите од граѓаните, веднаш преземаме мерки ...
Запалено комбе било пријавено денеска на улицата „Ѓорѓи Сугаре“, во близина на „Автомакедонија“ во скопската населба Кисела Вода. — реклама — Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека за настанот е известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии екипи треба да интервенираат на терен. — реклама — — реклама — Засега нема информации за причините поради кои избувнал пожарот, ниту за евентуално повредени лица. ...
Десет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со возило, информира Министерството за внатрешни работи. Од нив, девет возачи управувале без возачка дозвола, а двајца од нив биле малолетници. Еден од возачите предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета, додека друг управувал возило под дејство на алкохол. — реклама — — реклама — Од МВР информираат дека по целосното документирање на ...
Две лица од Велес се лишени од слобода под сомнение дека извршиле кражба од домот на 73-годишна велешанка, информира Министерството за внатрешни работи. — реклама — На 22 и 23 август, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Е.А. (35) и Н.Н. (36), двајцата од Велес. Според пријавеното, тие се сомничат дека од домот на 73-годишната жена одзеле накит. — реклама — — реклама — За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 67-годишен тетовец поради сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, информира Министерството за внатрешни работи. — реклама — Според МВР, К.К. (67) од Тетово, кој бил вработен на акушерско одделение, на 29 мај годинава агресивно се однесувал кон своја колешка, по што ја турнал. — реклама — — реклама — По целосното расчистување на случајот, ...
Паркирано патничко возило било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје на булеварот „АСНОМ“ во Скопје. — реклама — Случајот бил пријавен на 23 март во 15:53 часот во СВР Скопје од 34-годишната Е.Ј. од Скопје. Таа пријавила дека нејзиното патничко возило „Киа“, со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на булеварот, било оштетено од зрното. — реклама — — реклама — Зрното било подигнато, а полицијата презема мерки за расчистување на ...