Запалено комбе било пријавено денеска на улицата „Ѓорѓи Сугаре“, во близина на „Автомакедонија“ во скопската населба Кисела Вода. — реклама — Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека за настанот е известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии екипи треба да интервенираат на терен. — реклама — — реклама — Засега нема информации за причините поради кои избувнал пожарот, ниту за евентуално повредени лица. ...

Град Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода, спроведува редовно третирање против комарци. Ова доцна синоќа на својот Фејсбук го објави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. -Со специјализирани возила активно дејствуваме против возрасните комарци низ сите критични подрачја во општината. Акцијата која започна во 22:00 часот ќе трае сè додека не бидат целосно опфатени сите локации, со цел заштита на граѓаните ...