Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во текот на изминатото деноноќие полицијата привела 11 возачи низ земјава поради безобѕирно управување со возило, при што најголем дел од нив возеле без возачка дозвола. Од МВР информираат дека осуммина од лишените од слобода управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, а меѓу нив имало и еден малолетник. Други тројца возачи биле фатени како управуваат под дејство на алкохол. — реклама — — реклама — Против сите 11 лица, по целосно ...
Американскиот претседател Доналд Трамп откри дека Вашингтон има таен канал за комуникација со припадници на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), преку кој се водат разговори за можен прекин на војната и постигнување мировен договор со Иран. Во телефонски разговор за „Фокс њуз“, Трамп порача дека Иран треба да покаже подготвеност за отстапки, додавајќи дека за Техеран „треба да се подигне белото знаме на предавањето“. Иако денеска истече ...
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека проектот за темелно уредување на коритото на реката Серава и изградба на нова пешачка патека влегува во завршна фаза. Проектот опфаќа уредување на 1.590 метри долж коритото на Серава, со што, според Ѓорѓиевски, се создава нов и безбеден простор за пешачење, рекреација и дружење на жителите. Предвидено е просторот да биде дополнително опремен со современо ЛЕД-осветлување, клупи ...
Во моментов 16 пациенти се лекуваат на Клиниката за инфективни болести поради западнонилска треска, од кои шест се во критична состојба. Надлежните предупредуваат дека инфекцијата не ги засега само повозрасните, бидејќи меѓу хоспитализираните има и 25-годишен пациент. Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, информираше дека шестмината пациенти во критична состојба се постари од 60 години и се лекуваат на Одделот за ...
Во беровска градинка пријавени два одделни случаи, полицијата поднесе кривични пријави против две лица. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против С.Д. (33) од Берово поради сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“, како и против А.Д. (33) од Берово за „загрозување на сигурноста“. — реклама — Според МВР, на 6 јули 2026 година, првопријавената, која била вработена во Општинската ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против тројца 15-годишници, кои се сомничат дека предизвикале пожар пред маркет во Свети Николе. — реклама — Од МВР информираат дека тројцата малолетници, сите од Свети Николе, се пријавени поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. — реклама — — реклама — Според пријавеното, на 21 март 2026 година, ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против 52-годишен жител на гостиварско, кој се сомничи дека физички го нападнал својот татко. Од МВР информираат дека Ј.А. (52) е пријавен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. — реклама — — реклама — Според пријавеното, на 2 август 2026 година, во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко. — ...
Министерот за здравство Сашо Клековски најави дека во четврток (20 август) ќе биде објавен епидемиолошкиот извештај за епидемијата во Гостивар, во кој ќе бидат опфатени наодите, постапувањето на институциите и лекциите што треба да се извлечат. Клековски појасни дека станува збор за извештај кој ќе ги опфати релевантните податоци за периодот од 1 јануари 2026 година до врвот на епидемијата. „Таму ќе биде наведено што и како и кои институции ...
Повторното исфрлање вулканска пепел од Етна повторно предизвика ограничувања во воздушниот сообраќај на меѓународниот аеродром во Катанија, на италијанскиот остров Сицилија. Поради пепелта е затворен дел од воздушниот простор над подрачјето, со што е ограничен бројот на авиони што можат да слетаат на аеродромот. До 14 часот во Катанија ќе може да слетуваат најмногу пет авиони на час, додека полетувањата засега не се ограничени. — реклама — Од ...
Иако помина рокот од 60 дена што во јуни го поставија американскиот претседател Доналд Трамп и Иран за постигнување траен договор за прекин на војната и иранската нуклеарна програма, Вашингтон и Техеран се чини дека се подалеку од договор отколку кога беше постигнат привремениот договор. Наместо суштински напредок, разговорите во последните недели главно се фокусираа на повторното отворање на Ормускиот Теснец и укинувањето на американската ...
Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека во Студеничани, иако подрачјето било посочено за прскање против комарци, досега не е извршено ниту едно прскање. — реклама — Од друга страна, во Општина Илинден, каде што има најмногу прскања, се регистрирани три случаи на западнонилска треска. Првото ларвицидно прскање било спроведено уште во април 2026 година. — реклама — — реклама — Клековски посочи дека Илинден е меѓу подрачјата каде ...
Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека во саботата починал третиот пациент од западнонилска треска од едно од афектираните места. Станува збор за 61-годишен пациент, кој имал и неколку други заболувања. „Во саботата почина третиот пациент, 61-годишен, од едно од афектираните места. Има шест критични пациенти“, изјави Клековски. — реклама — На прашањето дали починатиот пациент имал и други заболувања, односно коморбидитети, ...
Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од населените места, информира Автомото-сојузот на Македонија. — реклама — На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. — реклама — — реклама — На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од населените ...
При изведување градежни работи на куќа во Боговиње, 61-годишен маж паднал од кровната конструкција и се здобил со тешки телесни повреди. Случајот бил пријавен на 16 август во 10:30 часот во СВР Тетово од Итната медицинска помош, од каде што било посочено дека во селото Боговиње има повредено лице по пад од покрив. — реклама — — реклама — Од СВР Тетово информираат дека при извршениот увид било утврдено дека П.Б. (61) од Брвеница изведувал ...
Зоран Љутков, кој неодамна беше разрешен од функцијата министер за култура и туризам, доби нова функција во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. — реклама — Љутков е назначен за национален координатор за култура, со што наместо да се врати на актерската работа во својот матичен Драмски театар, продолжува со ангажман во државната администрација. — реклама — — реклама — На негово место како министер за култура и туризам, во рамки на владината ...
Во периодот од 10 до 16 август на територијата на Општина Центар биле отстранети 122 непрописно паркирани возила, соопшти ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. Возилата биле санкционирани и отстранети со помош на специјалните возила „Пајак“, бидејќи го попречувале нормалното и безбедното одвивање на сообраќајот. — реклама — — реклама — Од ЈП ПОЦ посочуваат дека за долгорочно решавање на проблемот со сообраќајниот метеж и непрописното паркирање е ...
СДСМ преку соопштение обвинува дека институциите доцнат со мерките за спречување на ширењето на западнонилската треска, посочувајќи дека во Скопје прскањето против комарци започнува дури утре, иако веќе е прогласена епидемија. Од опозициската партија велат дека во изминатите недели граѓаните се соочуваат со повеќе проблеми поврзани со јавното здравје, а институциите, според нив, реагираат дури откако состојбата ќе се влоши. СДСМ го поврзува ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на обвинувањата од СДСМ во врска со квалитетот на водата, оценувајќи дека опозициската партија шири „хистерија и паника“ меѓу граѓаните. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека по случајот со водата во Гостивар, СДСМ продолжил со отворање на нови теми, посочувајќи ги и наводите за состојбата со водата во Скопје и во Кривогаштани. Според владејачката партија, надлежните институции во меѓувреме го исчистиле градскиот ...
СДСМ преку соопштение го обвини премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за, како што наведуваат, неодговорен однос кон прашањето за безбедноста на водата за пиење и здравјето на граѓаните. Од партијата велат дека во последните денови предупредуваат на случаи со неисправна или загадена вода низ државата, а особено го посочуваат случајот со Гостивар, каде што, според нив, повеќе од 5.000 лица побарале медицинска помош поради труење. СДСМ ...
Состојбата на индонезискиот остров Флорес и натаму е тешка по силниот земјотрес што го погоди регионот пред два дена. Најмалку 54 лица загинаа, 135 се повредени, а илјадници жители останаа без домови и сè уште чекаат помош, објави АП. Многу жители трагаат по исчезнати членови на своите семејства, додека до дел од заедниците кои останале отсечени по земјотресот сè уште не стигнала помош. Според Националната агенција за управување со ...
Поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска, 17 август 2026 година, дел од корисниците во општините Илинден и Гази Баба ќе останат без електрична енергија. Во периодот од 06:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од населбата Белви, како и објектите на мотел „Белви“ и „Чеза Комерц“ во општина Илинден. — реклама — — реклама — Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има и кај ...
Корисниците од дел од населбата Топанско Поле денеска, 17 август 2026 година, ќе останат без водоснабдување поради изведување водоводен приклучок. — реклама — Според најавата од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, прекинот ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности. — реклама — — реклама — Интервенцијата се изведува на улицата „Џон Кенеди“, на крстосницата со улицата „Браќа Реџепагиќ“, каде што старата ...
Сончево време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. — реклама — Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени. — реклама — — реклама — Во Скопје ќе биде сончево, со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде 16 степени, а максималната ќе достигне 38 степен Сончево време со ...
Најмалку 16 лица загинаа во руски и украински напади со дронови и ракети, при што едни од најтешко погодените места се Киев и Москва. Во Киев, руските напади предизвикаа жртви и материјална штета, додека Москва и околниот регион беа погодени во еден од најмасовните украински напади со дронови во последно време. Размената на напади меѓу двете страни продолжува да се интензивира, додека дипломатските напори за прекин на војната се во застој. Во ...
Четири руски воени бродови вооружени со ракети биле забележани во близина на Јапонија, на околу 40 километри од островот Хокаидо, само еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин го посети спорниот остров Итуруп. Според податоците на Заедничкиот штаб на јапонските вооружени сили, четирите руски ракетни корвети од проектот 12411М „Молнија-1“ биле забележани на 14 август во близина на ’ртот Соја, на северот на Хокаидо. Јапонски патролен ...
Две лица загинаа во пожари што денеска речиси истовремено избувнаа на грчкиот остров Саламина, во близина на Атина, поради што беа евакуирани стотици жители и туристи, пренесува АФП. Телата на двете лица биле пронајдени во близина на плажата Перистерија, во јужниот дел на островот. Пожарите избувнале во две туристички области на југот и истокот на Саламина. — реклама — — реклама — Во гаснењето биле ангажирани околу 150 пожарникари, четири ...
Кривична пријава е поднесена против 47-годишен жител на Делчевско, кој е осомничен дека ја нападнал својата мајка и ѝ упатувал закани, иако претходно имал изречена мерка за заштита од семејно насилство. Според МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела пријава против Н.И. (47) поради сомнение дека сторил кривични дела „телесна повреда“, „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување на судска одлука“. — реклама — — ...
63-годишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Тетово–Скопје, кај селото Желино. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 15 август во 12:50 часот во СВР Тетово. Во неа учествувале патничко возило „Ауди“, управувано од 33-годишниот М.С. од село Требош, и пешакот З.Е. (63) од село Желино. — реклама — — реклама — Во судирот пешакот се здобил со тешки телесни повреди. — реклама — Увид ...
Полицијата во Скопје привела три лица, меѓу кои и 17-годишник, откако при контроли на различни локации кај нив биле пронајдени наркотични материи. МВР соопшти дека на 15 август 2026 година полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Л. (22), Д.М. (51) и 17-годишник, сите од Скопје. — реклама — — реклама — При преземените мерки, кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. — реклама — По целосното ...
Четири лица се лишени од слобода во Битола откако полицијата кај нив пронашла и одзела марихуана. МВР соопшти дека на 15 август 2026 година во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Битола ги привеле С.Р. (28), Џ.М. (24) и Т.В. (27), сите од Битола, како и М.С. (21) од Кичево. — реклама — — реклама — При преземените мерки кај лицата била пронајдена и одземена марихуана. — реклама — По целосното документирање на случајот, против четворицата ...