Полицијата на Истра, во Хрватска, заврши кривична истрага против 58-годишен швајцарски државјанин и 30-годишен руски државјанин под сомнение за сторено кривично дело експлоатација на деца за порнографија. Првиот случај се случил на 6 август околу 21:10 часот во туристички објект во Истра. Според полицијата, гостите пронашле 58-годишен Швајцарец како тајно снима голи деца со својот мобилен телефон. Мажот паднал додека се обидувал да избега и ...

Дваесет и осум години. Толку требаа за Јужна Кореја, технолошки гигант и симбол на модерниот свет, да воспостави дипломатски однос со Македонија. Со Северна Кореја, режимот на Ким, тоа се случи за две години (1993). Ова не е грешка, туку приказна за тоа како геополитиката, а не идеологијата, знае да им донесе апсурдни ситуации на малите држави. 1993: Скопје потпишуваше со сите По распадот на Југославија, младата македонска држава немаше ...

САД се на три месеци од среднорочните избори на 3 ноември, гласање кое би можело длабоко да ги преобликува последните две години од вториот мандат на претседателот Доналд Трамп и да одреди кој ќе го води Конгресот додека земјата се подготвува за претседателските избори во 2028 година. Средрочните избори се нарекуваат така бидејќи се одржуваат во средината на мандатот на претседателот. Сите 435 членови на Претставничкиот дом, 35 од 100-те ...

Оваа селекција на колективната меморија на граѓаните на Македонија е уште еден доказ дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ не може да се ослободи од сопствените фрустрации дека не била актер или дел од некои важни историски настани во 35 годишната историја на македонската независност. Зоран БОЈАРОВСКИ Со објава на промотивното видео на своите страници на социјалните мрежи, премиерот Христијан Мицкоски, го пополни пропагандниот дел од ...

Состојбата со пожарите на отворен простор во Македонија значително се промени во текот на денот. Според најновата информација на Центарот за управување со кризи, до 13 часот денеска се регистрирани девет пожари, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати. Утринската слика беше поинаква. Во извештајот на ЦУК до 7:30 часот беа евидентирани вкупно 25 пожари, од кои два беа активни, еден под контрола, а дури 22 беа означени ...

Шест новинари ја напуштија Србија во последните две години поради сериозни загрижености за нивната безбедност и сега живеат во егзил. Најновиот случај е оној на воениот аналитичар и новинар Александар Радиќ, против кого е поднесена кривична пријава и властите прогласија потерница. Според новинарските организации, Радиќ е во егзил, додека според Врховното обвинителство во Белград, тој се крие. Против Радиќ е поднесена жалба во отсуство за ...

Доколку се прашувате, Итака е вистинска. Можете да ја посетите денес, да отпловите во нејзините заливи, да се искачите по стрмните ридови и да купите сите сувенири со тема од Одисеј што можеби ви се потребни. Еве еден поглед. Потешкото прашање, сепак, е дали модерна Итака, или Итаки како што сега се нарекува, како дел од Јонските острови во Грција – е истата Итака што Хомер ја имал на ум кога ја опишал татковината на Одисеј во „Одисеја“. ...

Предупредувањето на Горан Марковски, човек кој со години ја познава телевизиската архива на Македонската радио-телевизија, повторно го отвора едно од најважните, но речиси невидливи прашања за македонската културна меморија: што ќе остане од децениската телевизиска продукција на МРТ ако не биде навреме дигитализирана и системски заштитена? Марковски алармира за состојбата во архивата и за ризикот со кој се соочува огромниот фонд на ...

Охридскиот Регион неодамна доби уште една шанса. Не ослободителна пресуда, туку време. Време во кое државата и локалните власти треба да покажат дека предупредувањата на УНЕСКО не ги доживуваат како формалност, туку како последна сериозна можност да се запре процесот на деградација на едно од највредните природни и културни подрачја во Европа. Само што стигна оваа шанса, граѓанската иницијатива О2 предупреди дека дел од плажите во Охрид под ...

Додека многу професии се соочуваат со автоматизација и неизвесност, една професија во Германија бележи целосно спротивен тренд – побарувачката за овие експерти никогаш не била поголема, а заработката продолжува да расте. Станува збор за даночните советници, професија која, според податоците на германските институции, се наоѓа меѓу десетте професии со најголем недостиг на квалификувани работници. Недостасуваат илјадници експерти Германскиот ...

Македонското еколошко друштво одржа тридневна прекугранична обука за мониторинг на природата на планината Јабланица, каде што 22 учесници од Македонија и Албанија ги учеа методите за заштита на тресетиштата, птиците, тритоните и вилинските коњчиња. Активноста е дел од поширок проект за подобрување на управувањето со заштитените подрачја во шесте земји од Западен Балкан, со фокус на локациите опфатени во мрежите Емералд и Натура 2000. Обуката ...

Летувањето одамна не се мери само со цената на апартманот. За едно четиричлено македонско семејство вистинската сметка почнува уште кога ќе го стартува автомобилот. Гориво, патарини, паркинг, кафе, вода, лежалки, ручек, сладолед, можеби уште едно кафе попладне. Секоја ставка изгледа мала, но кога ќе се соберат сите, еден обичен ден на плажа може да чини колку што едно семејство некогаш планирало за цел викенд. Во 2026 година дилемата веќе не ...

СДСМ обвини дека Јавното обвинителство не постапува по нападот врз млади во Ново Село, иако, според опозициската партија, постојат јавни информации и сознанија за случајот, како и имиња на лица кои наводно учествувале во инцидентот. На прес-конференција, Кети Штерјова порача дека станува збор за кривично дело за кое надлежните институции треба да постапат по службена должност, без да чекаат формално поднесена кривична пријава. „Има сознание. ...

Речиси девет години по насилството во Собранието на 27 април 2017 година, еден од случаите на нападнати новинари добива нов, важен правен пресврт. Уставниот суд утврди дека неговата одлука со која беше констатирана повреда на слободата на јавно изразување на новинарката Наташа Стојановска не била извршена од Основниот граѓански суд Скопје. Но овојпат приказната не завршува со констатација дека нечие право било повредено. Уставниот суд го ...

Еден споменик што сè уште не е поставен веќе успеа да отвори стара балканска тема – кој има право да именува, симболизира и претставува делови од заедничкото историско и културно наследство. Иницијативата за подигнување на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад предизвика реакции од Грција и Бугарија, но и од македонската заедница во Србија, која категорично отфрла дека проектот има политичка или територијална порака. Во центарот на ...

Сертификацијата по GAP, IPM и органските стандарди не е бирократски товар и трошок, туку единствена можност за влез во лигата на професионални производители на храна. Македонија ги има сите предуслови за производство на квалитетен земјоделски производ, со прифаќање на европските стандарди или акредитација на сопствен македонски модел, домашниот земјоделски сектор конечно може да премине од квантитет кон висока додадена вредност. Јане ...

Окружното обвинителство во Пловдив ќе побара од судот најстрога превентивна мерка – „притвор“ – за петте тинејџери обвинети за бруталното убиство на 37-годишен маж во близина на Младинскиот рид во Пловдив. Според обвинителството, обвинетите – три момчиња и две девојчиња на возраст меѓу 14 и 17 години – учествувале во убиството, во кој 37-годишниот маж се здобил со тешки повреди, а подоцна починал во болница. Според истрагата, средбата била ...

На почетокот на XX век, кога Европа сè уште не знаела дека се приближува кон најголемите војни и револуции во својата модерна историја, еден јапонски офицер водел тајна војна илјадници километри далеку од својата земја. Неговото име било Акаши Мотоџиро. Јапонски воен офицер, дипломат и разузнавач, Акаши во годините пред и за време на Руско-јапонската војна бил испратен во Европа со задача која била многу поширока од класичното собирање ...

Македонија утрово се разбуди со сериозна пожарна слика. На територијата на државата до 07:30 часот се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а 22 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Горно Лисиче, Општина Аеродром, и на излезот од Крива Паланка, каде што гори депонија. Под контрола е пожарот над селото Зелениково, каде што се ...

Опозицискиот СДСМ обвини дека Гостивар повеќе од четири недели се соочува со проблем со квалитетот на водата за пиење и побара од надлежните институции да ги објават официјалните стручни наоди за состојбата со водоснабдувањето. Од партијата велат дека повеќе од 4.700 граѓани побарале медицинска помош и дека во градот е прогласена епидемија на жолтица, додека јавноста, според нив, сè уште нема добиено целосна и потпишана стручна проценка за ...

Нека ти служи на чест премиере Мицкоски. Еден ден надежта ќе умре. Таа сѐ повеќе гасне како ја оддалечувате Македонија од ЕУ. Ако дотогаш и ова генерација не изумре и ако остане Македонија жива некој ќе ве праша за цената ако нешто ви значи тоа. Или пак, како и сега, верувате дека и тогаш лагата ќе биде посилна од вистината. Ерол РИЗАОВ Во некои држави пишувачите на говори на претседателите и на премиерите се познати во јавноста. Тоа се ...

Случајот со 19-годишната Станка Михајлова од Струмица отвори едно од најтешките прашања за македонското здравство: како породување со царски рез, медицинска интервенција која секојдневно се изведува во болниците, можело да заврши со тешки и трајни последици за една млада жена? Одговорот засега не го знае јавноста. И токму затоа најновата одлука на Министерството за здравство да вклучи медицински експерт од соседна држава во стручниот надзор е ...

Македонија ја очекува уште една топла августовска недела, со високи дневни температури, многу сонце, но и периоди на локална нестабилност. Од понеделник, 10 август, до петок, 14 август, температурите во поголемиот дел од земјата ќе останат високи, а кон крајот на неделата се зголемува можноста за локални врнежи и грмежи. Понеделник ќе биде претежно сончев, но со периоди на променлива облачност и можност за локални врнежи и грмежи, особено во ...

Европа повторно влегува во периодот од годината во кој вирусите што ги пренесуваат комарците стануваат сè поголем здравствен ризик, а Западно-нилската треска годинава има уште една причина за внимание. Она што е особено важно за македонските граѓани е дека ова не е само приказна од Италија, Грција или Шпанија. Вирусот веќе е регистриран и во Македонија, а најновите податоци кои ги објави Министерството за здравство велат дека се регистрирани ...

Десетици илјади луѓе маршираа денес низ Прага како дел од прославите на Парадата на гордоста во чешката престолнина. На почетокот на парадата, учесниците одржаа минута молчење во чест на жртвите од нападот на Берлинскиот прајд пред две недели. „Како и секоја година, целта на фестивалот е да се подигне свеста за ЛГБТ+ прашањата, да се покаже како живее оваа заедница во Чешка и дека сè уште чека еднакви права“, рече Камила Фролихова, ...

Софија влезе меѓу десетте туристички дестинации со најголем ризик од џепарење и други улични измами, иако е на дното од рангирањето, објави за споредба на цени Compare the Market, цитиран од британскиот весник „Дејли меил“. Француската престолнина, Париз, позната како Град на љубовта, се најде на врвот на листата на градови со најмногу џепарлак. Највисок ризик од кражба е регистриран во близина на најпопуларните атракции, особено Ајфеловата ...

Премиерот Христијан Мицкоски не цитираше извештај на Евростат што покажува дека македонските граѓани имаат најголема куповна моќ во регионот. Таков заклучок во документот нема. Евростат објави споредба на законски утврдените минимални плати, изразени во евра и во стандарди на куповна моќ, а премиерот еден ограничен показател го претстави како оценка за животниот стандард на целото население. „Македонија не е најслаба, туку е подобра од ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека следната година, со стапка на раст на БДП од 4,5 проценти, Србија ќе биде „убедливо прва во Европа“ според оваа мерка и дека предвремените избори ќе се одржат најмногу за три месеци. Тој, исто така, рече дека изборите ќе се одржат „најдоцна за три месеци“ и дека тие ќе „ја одредат иднината на Србија“. Вучиќ додаде дека е лут на некои од неговите соработници, „бидејќи не разбирале колку ...

Два дрона се забележани над германска воена база во Мехерних на западот од земјата, објавија германските вооружени сили. Инцидентот се случи само два дена откако на аеродромот Лајпциг/Хале беше пронајден дрон што превезувал експлозиви. Безбедносниот надзор во базата на Бундесверот забележа два дрона во четврток околу 22 часот. Нивното присуство беше потврдено, по што воената полиција беше испратена на местото на настанот. Германската армија ...

Бразилскиот интернационалец Бруно Гимараеш и официјално е нов член на лондонски Арсенал. Гимараеш во Арсенал доаѓа од тимот на Њукасл за сума од 75 милиони фунти. Станува збор за најскапиот трансфер на „топчиите“ во досегашниот дел од летниот преоден рок. 28-годишниот играч за врска потпиша четиригодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Гимараеш во Њукасл пристигна во 2022 година од Лион за 40 милиони ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1030
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
76%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
80%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 1ᴼ
2.06
56%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.41
93%
1029
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
91%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
3.13
71%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
93%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
83%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
77%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
96%
1032
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Иридиум

321507.47

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Сребро

1666.05

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75