Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, информираат од МВР. Од нив, деветмина управувале возило без возачка дозвола (тројца во прилепско и по еден во Желино, Гостивар, кичевско, Куманово, Скопје и Делчево), двајца под дејство на алкохол (Гевгелија и Скопје) и тројца со активна забрана за управување (Кичево, Куманово и Велес). По ...

Центар за лекување на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго беше запален по напад од страна на локалното население, при што 13 пациенти се водат како исчезнати додека властите го истражуваат инцидентот во регион погоден од нов бран на епидемијата и растечка недоверба кон здравствените власти. Во вториот ваков напад за една недела, група „лути млади“ упаднаа во шатори поставени со поддршка на Лекари без граници (MSF) во Општата ...

Повеќе од 1,5 милиони аџии пристигнаа во Саудиска Арабија, соопшти претставникот задолжен за хаџот, Салех бин Саад ал Мураба. Аџилакот е еден од петте столба на исламот и секој муслиман кој има можност треба да го изврши најмалку еднаш во животот. Тој опфаќа низа ритуали што се изведуваат најмалку четири дена во Мека и во нејзината околина, во западниот дел на Саудиска Арабија. Вообичаено, првиот ден многу аџии во Мека се собираат во голем ...

Левица обвини дека фирма поврзана со Драган Митевски, кум на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, добила значителен дел од прифатените иницијативи за поставување фотоволтаични централи во општината. Од партијата тврдат дека од вкупно 48 прифатени иницијативи, 16 се поврзани со „Солар Енерџи Груп“, во сопственост на Добрин Петрушевски и Драган Митевски. Во реакцијата се наведува дека ваквиот сооднос отвора прашања за можен судир на ...

Во Општата болница во Кавадарци во еден ден се родија седум бебиња, четири машки и три женски, што донесе радост за семејствата и за медицинскиот персонал во родилиштето. Од болницата информирале дека породувањата поминале успешно, а денот во родилиштето бил особено динамичен поради поголемиот број новороденчиња во краток временски период. Седумте бебиња се убава вест за Кавадарци и за целиот Тиквешки регион, каде ваквите моменти секогаш се ...

Грчката полиција уапси 20 лица на Крит под сомнение дека биле дел од организирана мрежа која преку лажни закупи и фиктивни земјоделски пријави незаконски повлекувала европски субвенции. Според првичните информации, штетата надминува три милиони евра. Меѓу уапсените има сметководители и лица поврзани со службите за поднесување земјоделски пријави, кои имале пристап до податоци за земјиште. Истрагата покажува дека мрежата идентификувала парцели ...

Левица обвини дека фирма поврзана со Драган Митевски, кум на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, добила значителен дел од прифатените иницијативи за поставување фотоволтаични централи во општината. Од партијата тврдат дека од вкупно 48 прифатени иницијативи, 16 се поврзани со „Солар Енерџи Груп“, во сопственост на Добрин Петрушевски и Драган Митевски. Во реакцијата се наведува дека ваквиот сооднос отвора прашања за можен судир на ...

Популарните лекови од групата GLP-1, кои се користат за третман на дијабетес тип 2 и дебелина, може да имаат значаен заштитен ефект и врз кардиоваскуларното здравје, покажува нова анализа на британски истражувачи. Истражувачки тим од Универзитетот Англија Раскин анализирал податоци од повеќе од 90.000 пациенти вклучени во 11 големи меѓународни клинички студии. Анализата покажала дека пациентите кои примале GLP-1 рецепторски агонисти имале ...

Повеќе од десет лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска во белградската населба Дорќол, кога трамвај излета од шините и удри во зграда на аголот меѓу улиците „Цар Душан“ и „Книќанинова“. Според првичните информации од местото на настанот, трамвајот требало да продолжи право по улицата „Цар Душан“, но под сè уште неутврдени околности продолжил кон спореден колосек, по што излетал од шините и удрил во објект покрај ...

Коалицијата ВЛЕН побара институциите да одговорат дали има одолговлекување во случајот поврзан со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој се споменува во предметот „Државна лотарија“. Од коалицијата оценуваат дека јавноста има право на транспарентност и побрза правна разрешница за случајот. Во реакцијата, ВЛЕН наведува дека станува збор за предмет во кој Груби и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, се осомничени за ...

Шеесет и четиригодишен маж од Скопје, кој претходно бил пријавен за исчезнат, бил пронајден починат во летниковец на Средно Водно, кај местото познато како „Видиковец“. Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 23 мај во 20 часот. Според информациите, станува збор за Б.П. од Скопје, за кого претходно било пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот. По наредба на јавен ...

Собирот за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ во Куманово доби регионален одек, откако српски медиуми објавија дека здружението кое го организирало настанот претходно добило пари од Министерството за надворешни работи на Србија. Станува збор за здружението „Мир, слога, стабилност“, кое, според информациите од македонското МВР, било пријавено како организатор на собирот во Куманово. Настанот се одржа на 23 мај, истиот ден кога ...

СДСМ повторно ја отвори темата за рокот од 1 јуни, тврдејќи дека Владата влегува во последната недела пред уште едно неисполнето ветување на премиерот Христијан Мицкоски поврзано со Реформската агенда и европскиот пат на државата. Од партијата соопштија дека остануваат уште шест дена до датумот што, според нив, самиот Мицкоски го поставил како рок за исполнување на клучните реформски обврски. Во реакцијата се наведува дека од десетте точки на ...

Мајка со две малолетни деца била нападната од две кучиња од расата ротвајлер во кичевското село Другово, додека се движела на прошетка со децата. Настанот, според објавените информации, се случил во петокот, 22 мај. Жената во објава на социјалните мрежи навела дека кучињата ненадејно почнале агресивно да лаат и да се приближуваат, по што таа го кренала помалото дете во раце и се обидела да го заштити и поголемото дете. Во нападот, според ...

Меѓусебните напади меѓу Русија и Украина продолжија во пограничните области, еден ден по масовното руско ракетирање на Киев, во кое украинските власти пријавија загинати, десетици повредени и значителна материјална штета. Во рускиот регион Белгород, локалните власти соопштија дека едно лице загинало, а едно било повредено во напад со ракети и беспилотни летала. Оштетена била и енергетската инфраструктура, по што делови од градот Белгород ...

Големиот пожар што избувна доцна попладне во неделата во кругот на поранешната фабрика „Декортекс“ во Радовиш е изгаснат по повеќечасовна интервенција на пожарникарите. Огнот зафатил магацински простор и дел од објектите во кои имало машини и запалив материјал. Според првичните информации, во пожарот изгореле магацин и машини, а материјалната штета дополнително ќе се утврдува. Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна ...

Цените на нафтата паднаа на светските пазари по засилените очекувања дека САД и Иран би можеле да се приближат до договор што би овозможил повторно нормализирање на транзитот низ Ормускиот теснец, еден од најважните енергетски коридори во светот. Северноморската нафта „брент“ падна за околу пет проценти и се движеше под границата од 100 долари за барел, додека американската WTI нафта се спушти на околу 91 до 92 долари за барел. Двата ...

Турската полиција влезе во седиштето на главната опозициска Републиканска народна партија – ЧХП во Анкара, по судската одлука со која беше поништено партиското гласање од 2023 година и беше отстранет лидерот Озгур Озел. Интервенцијата уследи по неколкудневен застој во партиското седиште, каде што поддржувачи и функционери на ЧХП го блокираа влезот во знак на отпор кон одлуката. Според извештаите на меѓународните агенции, полицијата употребила ...

Сериозна сообраќајна несреќа се случи утрово во белградската населба Дорќол, кога трамвај излета од шините и удри во зграда на аголот меѓу улиците „Цар Душан“ и „Книќанинова“. Инцидентот се случил околу 9:30 часот. Според првичните информации, повеќе лица се пожалиле на повреди, а неофицијално се споменуваат околу десетина повредени. Две жени кои се наоѓале во зградата во која удрил трамвајот се здобиле со полесни повреди. На местото на ...

Околу 31 отсто од туристите денес, особено од генерацијата зед, попрво би научиле некоја нова вештина за време на патувањето отколку да купат сувенир, покажа новата анкета на познатата онлајн платформа за патувања „Гет јоар гајд“ (Get your guide), на која се повикува Блумберг Адриа. Од курсеви за готвење во Њујорк до изработка на ножеви во Токио, во извештајот се наведува дека бизнисот со работилници за стекнување вештини доживува бум, а ...

Младинската организација Youth for Struga спроведе акција за поттикнување на јавната свест за одржување на чистотата во Струга, преку поставување канти за отпадоци и информативни табли со пораки до граѓаните и посетителите. На дел од поставените табли стојат пораките „Кантата не каса“ и „Струга е на сите“, со цел на едноставен и директен начин да се потсети дека јавниот простор е заедничка одговорност. Акцијата има едукативен карактер и е ...

Меѓу богатството од блескави златни предмети од иберското бронзено доба, два кородирани артефакти можеби се најскапоцени од сите. Истражувачите открија дека една темна нараквица и ‘рѓосана шуплива полутопка украсена со злато не биле направени од метал од Земјината кора, туку од железо од метеорити што паднале од небото. Откритието, предводено од сега пензионираниот раководител на одделот за конзервација во Националниот археолошки музеј на ...

Вицепремиерот на Северна Македонија и министер за градежништво и транспорт, Александар Николоски, објави видео во кое соопштува дека се во завршна фаза од измените на законот што ќе ја стимулираат изградбата на центри за податоци. „Со новите законски измени што ги подготвува Министерството за транспорт, ги следиме најновите светски трендови во развојот на центрите за податоци. Со напредокот на вештачката интелигенција и целосната револуција ...

Архивата на јавни собири објави дека, според нивната проценка, на протестот „Ти и јас, Славија“ што се одржа вчера во Белград се собрале помеѓу 180.000 и 190.000 граѓани. Проценката на Архивата на јавни собири се базира на измерената површина на собирот од 107.000 квадратни метри и просечен коефициент на густина од околу 1,7 луѓе на квадратен метар, објавија на социјалните мрежи. Втор најголем протест во Србија од падот на Милошевиќ, рекоа ...

Авион на Кралските воздухопловни сили во кој се наоѓаше британскиот министер за одбрана беше пресретнат додека леташе во близина на руската граница претходно оваа недела, објави Би-Би-Си. Џон Хили се враќал во Велика Британија во четврток откако ги посетил британските трупи во Естонија кога се случил инцидентот, прв објави „Тајмс“. Се верува дека Русија стои зад нападот, што значи дека пилотите морале да користат различен систем за ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека не е реално да се соберат неколку стотици илјади луѓе во Славија, како што објави Архивата на јавни собири во саботата, и додаде дека тие шпекулации за бројот на присутни на протестот се исто така лаги и дека тие велат дека сè се базира на лаги. Во Пекинг, Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ги коментира шпекулациите за бројот на присутни луѓе на митингот во ...

Македонија од денес до среда ќе биде под влијание на потопла воздушна маса, со претежно сончево време и постепен пораст на дневните температури. Најтопло ќе биде во Скопската котлина, Повардарието и југоистокот, каде температурите ќе се движат околу 30 до 32 степени. Во западните, југозападните и планинските делови ќе има повеќе услови за краткотрајни локални врнежи и грмежи, особено денес и утре. Температурно, неделата ќе почне пријатно во ...

Цените на нафтата нагло паднаа, а азиските берзи пораснаа со надеж за договор што би можел да стави крај на војната меѓу САД и Израел со Иран. Во саботата, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот со Техеран е „во голема мера договорен“ и дека деталите ќе бидат објавени наскоро, но следниот ден го повика својот преговарачки тим да не брза со договор. Во понеделник наутро во Азија, глобалната нафтена референтна цена Брент ...

Денеска е 25 мај, кој како измислен датум беше земен за ден кога се родил Јосип Броз Тито, владетелот на Југославија, и кој го прифати овој ден како таков да биде наречен Ден на младите. На тој ден, неколку децении се приредуваа грандиозни спектакли на стадион со учество на стотици младинки и младинци, откако претходно низ цела поранешна Југославија се носеше „штафетата на младоста“ за да му биде предадена на „маршалот“ како роденденски ...

Ситроен 2CV, иконскиот француски автомобил популарен во поголемиот дел од минатиот век, во нашите краишта познат како „Спачек“ ќе биде реинкарниран како електрично возило 36 години по прекинот на производството, објави Citroen во четврток. „2CV се врати!“, рече извршниот директор Ксавиер Шардон. „Citroen се врати. Назад во иднината.“ Најавата дојде на инвеститорскиот ден во Мичиген од страна на матичната компанија Stellantis, која исто така ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
49%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
45%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.24
49%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
64%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54