Вработени во Министерството за внатрешни работи од вчера се соочуваат со прекин на здравственото осигурување, а дел од нив биле враќани од хемотерапија, дијагностички процедури и лабораториски испитувања, објави „Слободен печат“. Независниот полициски синдикат потврди дека повторно се појавил проблем со здравственото осигурување на вработените и побара итно решение. На вработените кои побарале здравствена услуга им било кажано или приватно да ...

Судскиот совет и Здружението на судиите реагираа на одлуката на Уставниот суд да побара институционална одговорност откако оцени дека судија од Основниот граѓански суд не ја извршил неговата одлука за заштита на слободата на изразување на новинарката Наташа Стојановска, поврзана со насилството во Собранието на 27 април 2017 година. Спорот меѓу институциите се отвори откако Уставниот суд за првпат го активираше механизмот за заштита на ...

Албанскиот премиер Еди Рама остро реагираше на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ за можноста Србија да го промени текот на реката Ибар, порачувајќи дека Белград не може да ги третира Косово и неговите природни ресурси како дел од српската територија. Полемиката почна откако Вучиќ изјави дека Србија ангажирала експерти за да ја разгледа можноста за промена на водотекот на Ибар на српска територија, како реакција на односот на ...

СДСМ денеска алармира дека во близина на изворот Рашче се создава дива депонија и побара итна реакција од надлежните институции, тврдејќи дека состојбата може да претставува ризик за изворот од кој со вода се снабдува Скопје. Генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција од терен рече дека отпадот се наоѓа во заштитеното подрачје во близина на Рашче и побара од Владата и локалните власти да соопштат кој ...

Сириски суд го осуди поранешниот претседател Башар ал-Асад на смрт во отсуство, прогласувајќи го за виновен за убиство со умисла, тортура, произволни апсења и злосторства против човештвото извршени за време на повеќегодишната војна во Сирија. Ова е прва пресуда против Асад откако неговиот режим беше соборен во декември 2024 година. Смртни казни судот изрече и за повеќе поранешни високи функционери, меѓу кои братот на Асад, Махер ал-Асад, и ...

Цената на златото денеска се искачи на највисоко ниво во повеќе од два месеца, додека инвеститорите ги чекаат новите податоци за инфлацијата во САД, кои може да бидат клучни за следниот потег на Федералните резерви со каматните стапки. Во текот на азиското тргување спот-цената достигна околу 4.435 долари за унца, пред подоцна да се повлече кон 4.372 долари. Американските фјучерси се движеа околу 4.431 долар за унца. Силниот утрински раст ...

Вкупно 1.460 ученици утре и в петок ќе ја полагаат матурата во августовскиот испитен рок, меѓу нив и 226 матуранти на кои во јуни им биле поништени тестовите поради препишување. Според податоците на Државниот испитен центар, за државна матура во август се пријавени 1.328 ученици, за државна стручна матура 126, а за уметничка матура шестмина. Првиот испит е утре, 12 август, кога кандидатите ќе полагаат математика или англиски јазик како ...

Кинескиот модел на вештачка интелигенција „Кими К3“ успеал самостојно да излезе од ограничувањата на тест-средината во која бил проверуван и да пристапи до интернет, каде на GitHub барал решение за задачата што требало да ја реши без надворешна помош. Инцидентот повторно го отвори прашањето колку безбедно можат да се контролираат сè поспособните ВИ агенти. Моделот, развиен од кинеската компанија Moonshot AI, бил тестиран од американската ...

Два пожари на отворен простор се активни утрово во Македонија, еден е ставен под контрола, а 20 се изгаснати во изминатото деноноќие, покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи до 7:30 часот. Најсериозниот активен пожар е во Општина Македонски Брод, кај местото Видуш во близина на селото Драгов Дол. Таму огнот зафатил ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Вториот активен пожар е во кумановската населба Средорек, каде ...

По долгогодишно чекање, проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ влегува во завршна фаза. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека наскоро ќе почне поставувањето на првиот слој асфалт на потегот меѓу Пинтија и Драчево. Според информациите од Град Скопје, трасата е целосно ослободена, изградена е новата атмосферска канализација, а од едната страна е завршено и тампонирањето на коловозот. Следниот чекор е асфалтирањето. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нова извршна наредба со која се менува федералниот пристап кон детската вакцинација во САД. Наместо досегашните препораки за заштита од 18 заболувања, новата рамка предвидува рутинска вакцинација на сите деца против 11 болести, додека дел од останатите вакцини ќе се препорачуваат според индивидуален ризик или по договор меѓу лекарот и родителите. Белата куќа промената ја претставува како обид ...

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека во политичката комуникација користи поделби на „патриоти“ и „предавници“ и дека со таквата реторика го следи моделот што, според партијата, го применувал Ванчо Михајлов кон своите политички противници. Во соопштение од партискиот Центар за комуникации, СДСМ тврди дека означувањето на политичките неистомисленици како предавници и одроденици било дел од пропагандата на Михајлов, а дека слична ...

Додека Европа сè уште се справува со летните горештини, првите сезонски модели веќе даваат сигнал каква може да биде зимата 2026/2027. Две силни појави во Пацификот и Индискиот Океан би можеле значително да ја променат атмосферската циркулација и да донесат поблага зима во голем дел од Европа, вклучително и на Балканот. Во тропскиот Пацифик брзо зајакнува Ел Нињо, додека во Индискиот Океан се очекува развој на позитивен Индискоокеански дипол. ...

Екстремно нискиот водостој на Рајна се заканува во следните денови практично да го прекине товарниот сообраќај на еден од најкритичните делови од реката и да ја подели нејзината пловна мрежа на северен и јужен дел. На мерната станица Кауб, јужно од Кобленц, утрово водостојот е само 16 сантиметри. Официјалната германска прогноза покажува дополнително опаѓање, до едноцифрени вредности во следните денови, со можни четири до осум сантиметри кон ...

Унгарскиот парламент денеска избира нов претседател на државата, а главен и практично единствен фаворит е 73-годишниот правник Андраш Бака, поранешен претседател на Врховниот суд и судија во Европскиот суд за човекови права. Бака е кандидат на владејачката партија Тиса на премиерот Петер Маѓар, која располага со 141 од вкупно 199 пратеници. Гласањето е тајно, а со оглед на парламентарното мнозинство на Тиса, неговиот избор се очекува без ...

На само неколку километри од брегот на Сицилија, на длабочина од 46 метри, археолозите открија остатоци од римски трговски брод стар повеќе од два милениума, со стотици амфори сè уште распоредени на морското дно. Наоѓалиштето се наоѓа на околу три морски милји од Мазара дел Вало, на западниот брег на островот. Според првичната проценка на италијанските власти, бродот потекнува од периодот меѓу вториот и првиот век пред нашата ера. Меѓу ...

Македонските уметници Владимир Костов на виолина и Цветанка Созовска на чембало вечерва ќе настапат на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, со концерт посветен на барокната музика. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, а билетите се по цена од 300 денари. Созовска е една од македонските музичарки со долгогодишна меѓународна кариера во областа на старата и барокната музика. По дипломирањето на ...

Додека Европа сè уште се справува со летните горештини, првите сезонски модели веќе даваат сигнал каква може да биде зимата 2026/2027. Две силни појави во Пацификот и Индискиот Океан би можеле значително да ја променат атмосферската циркулација и да донесат поблага зима во голем дел од Европа, вклучително и на Балканот. Во тропскиот Пацифик брзо зајакнува Ел Нињо, додека во Индискиот Океан се очекува развој на позитивен Индискоокеански дипол. ...

Унгарската полиција трага по сомнителен експлозивен предмет, најверојатно артилериска граната од Втората светска војна, кој бил пронајден во калта на повлечениот Дунав во Будимпешта, а потоа исчезнал пред полицајците да пристигнат на местото. Предметот на 10 август го забележал граѓанин во XXII округ, во близина на улиците Нагитетени и Тот Јожеф. Поради нискиот водостој на Дунав, дел од речното корито останал откриен, а во калта се појавил ...

Украина ќе продолжи со напади врз цели длабоко во Русија, најави претседателот Володимир Зеленски, откако украинските сили погодија индустриски објект во Тоболск, во западен Сибир, на повеќе од 2.000 километри од украинската граница. Зеленски нападот го претстави како доказ дека досегот на украинските системи значително се зголемил и порача дека ваквите операции ќе продолжат. „Ќе има уште украински прецизни удари“, рече Зеленски, наведувајќи ...

Превозниците од Западен Балкан денеска во Скопје повторно ќе бараат решение за проблемот што сè посериозно го погодува меѓународниот транспорт – професионалните возачи од земјите надвор од ЕУ можат да престојуваат во Шенген најмногу 90 дена во период од 180 дена, иако таму влегуваат поради работа, а не како туристи. На регионалната средба се најавени претставници на здруженијата на превозници од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и ...

Турскиот парламент го направи досега најконкретниот чекор кон затворање на повеќедеценискиот конфликт со Курдистанската работничка партија (ПКК), усвојувајќи закон што треба да го регулира разоружувањето, враќањето и реинтеграцијата на дел од нејзините членови во општеството. Законот беше усвоен со 468 гласа во 600-члениот парламент, со поддршка од владејачката АКП на претседателот Реџеп Таип Ердоган, националистичката МХП и прокурдската ...

На 11 август 1992 година, неполна година по прогласувањето на независноста, Собранието ги утврди два од клучните државни симболи на Македонија – знамето и химната „Денес над Македонија“. Со тогашниот Закон за знамето беше утврдена црвена основа со златно-жолто сонце составено од осум основни и осум споредни зраци, односно вкупно 16. Законот бил изгласан на 11 август, а објавен во „Службен весник“ следниот ден. Тоа знаме стана еден од ...

Македонија и денес останува под влијание на многу топла воздушна маса, со температури кои во најтоплите региони повторно ќе се искачат до 40 степени, но кон крајот на неделата времето ќе стане понестабилно. Според најновата прогноза на УХМР, во вторник минималните температури ќе се движат од 13 до 23 степени, а максималните од 35 до 40 степени. Високите температури ќе продолжат и во среда, кога дневните максимуми повторно ќе достигнуваат до ...

Министерството за внатрешни работи реагираше по информациите поврзани со кандидат за вработување кој не бил повикан на проверка на моторичките способности. Од МВР појаснуваат дека причината е тоа што кандидатот не ја поминал административната селекција, која претставува прва фаза од постапката за избор. Според правилата за селекција, во административната фаза се проверува дали пријавата и доставената документација се целосни и дали ...

Повеќе домаќинства и објекти во Скопје и Сопиште утре, 11 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на дистрибутивната мрежа. Прекините се најавени во различни временски периоди, во зависност од локацијата. Во општина Центар, од 09:00 до 11:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата „Максим Горки“ и дел од улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Прекин е најавен и во Сопиште, поточно во ...

Со топлите летни вечери доаѓаат и комарците, кои често го прават непријатен престојот на балконот или во дворот. Цитронелата е едно од природните решенија што може да помогне во нивното одбивање, а притоа е едноставна за одгледување. Цитронелата, позната и како лимонска трева, има специфичен цитрусен мирис кој е пријатен за луѓето, но може да им пречи на комарците. Нејзиното етерично масло со години се користи и во производи наменети за ...

Рускиот Врховен суд донесе одлука со која на опозициската партија Јаблоко ѝ е забрането да учествува на парламентарните избори во септември. Со тоа од изборната трка е отстранета последната официјално регистрирана политичка партија во Русија која отворено се спротивставува на војната во Украина. Одлуката значи дека Јаблоко нема да може да поднесе кандидатски листи за претстојните избори. Партијата со децении беше една од главните либерални ...

Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени ја погоди западна Колумбија, предизвикувајќи жртви, уривање на објекти и сериозни материјални штети. Властите прогласија вонредна состојба, а спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани. Бројот на загинатите во силниот земјотрес што ја погоди западна Колумбија се искачи на најмалку 77 лица. Потресот предизвика големи разурнувања во повеќе делови од земјата, ...

Големи шумски пожари повторно беснеат во Шпанија, а високите температури, сушата и силниот ветер дополнително го отежнуваат нивното гаснење. Во југозападниот дел од земјата еден од пожарите зафатил илјадници хектари, додека пожарникарите се борат да го спречат неговото ширење. Во провинцијата Хуелва пожарот се шири на голема површина, при што според последните информации пламените јазици зафатиле илјадници хектари. Силните налети на ветерот ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
76%
1030
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
75%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
70%
1027
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
74%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.42
86%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
69%
1030
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
78%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
0.0
75%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Иридиум

321507.47

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Сребро

1666.05

Калај

46.54

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42