Суд во Москва денеска изрече казни за Гугл и Телеграм во вкупна вредност од околу 270.000 евра поради неотстранување на содржини чие обиајување е забрането во Русија. Судот пресуди дека платформите не го почитувале законот што бара отстранување на забранета содржина. Телеграм е казнет со 18,4 милиони рубљи (околу 191.000 евра), додека Гугл мора да плати 7,6 милиони рубљи (приближно 79.000 евра). Ова не е првпат руските власти да ...

МВР информира дека вчера, на 11.08.2026 во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека 15-годишен малолетник, кој од претходно се познавал со нејзината малолетна ќерка, објавил слики со експлицитна содржина на социјални мрежи од нејзината ќерка. Со малолетникот бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат. Од МВР додаваат и дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок против ...

МВР информира дека 68-годишен маж од прилепското село Беровци е пронајден мртов со прострелна рана во пределот на градниот кош. Случајот бил пријавен на 11 август во 07:33 часот во СВР Битола. Според пријавеното, А.В. од село Беровци го пронашол својот татко С.В. (68) починат во нива во атарот на селото. Лекар од Итната медицинска помош од Прилеп констатирал смрт. Во возилото била пронајдена ловечка пушка, со испалена чаура во цевката. На ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска порача дека Русија би можела да започне со запленување бродови на европски држави како одговор на мерките против руската таканаречена „флота во сенка“. Заканата доаѓа откако повеќе бродови што превезувале руска нафта биле пресретнати поради сомнежи дека ги прекршуваат европските санкции насочени кон клучните извори на приходи на Москва. Новите мерки, усвоени минатиот месец, им овозможуваат на ...

Македонскиот фолклор ќе добие современ џез-звук на сцената на Долни Сарај, каде Националниот џез оркестар в петок ќе го изведе концертот „Македонски сновиденија“, во рамките на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Концертот е закажан за 14 август од 21 часот, а со оркестарот ќе диригира Владимир Николов. Проектот „Македонски сновиденија“ е замислен како енергична фузија на препознатливите македонски фолклорни мотиви со современиот ...

По денешните високи температури, од утре Македонија влегува во период на понестабилно време. УХМР најавува дека во четврток и петок попладне на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни и невремиња. На одделни места процесите може да бидат поинтензивни, со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град. Со промената ќе дојде и до пад на дневните температури за неколку степени. Денеска, пак, ...

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека е оформен предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. „Доколку ...

Повеќе од 16.000 украински цивили кои Русија ги привела од почетокот на војната и натаму се во притвор, а Обединетите нации предупредуваат на систематско мачење, сексуално насилство и нехумани услови врз цивили и воени заробеници. Помошничката на генералниот секретар на ОН за човекови права, Клаудија Фуентес Хулио, пред Советот за безбедност изјави дека руските власти продолжуваат со „систематско мачење, малтретирање и сексуално насилство“ ...

На Клиниката за инфективни болести нема регистрирани пациенти кај кои е утврдено дека гастроинтестиналните проблеми се предизвикани од пиење на водата во Скопје, изјави денеска директорот на Клиниката, Фадил Цана. Неговата изјава следува по информации што се ширеа на социјалните мрежи дека скопската вода наводно предизвикува здравствени проблеми. Цана објасни дека доколку кај пациент се утврди ваква поврзаност, тоа мора да биде евидентирано ...

Пет пожари на отворено се активни низ Македонија до 13 часот денеска, три се ставени под контрола, а еден е изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи. Вкупно во текот на денот се регистрирани девет пожари. Во Македонски Брод активен е пожарот кај местото Видуш, во близина на селото Драгов Дол, каде огнот зафатил ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. И натаму гори и над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во Општина ...

Приштина бара од Европската Унија да изврши притисок врз Белград за да овозможи користење на прекуграничните капацитети за трговија со електрична енергија меѓу Србија и Косово. Косовските власти тврдат дека блокадата ги принудува да увезуваат струја по подолги и поскапи рути и дополнително ја оптоварува земјата во период на енергетска криза. Не станува збор за физичко „исклучување“ на струјата кон Косово. Српското Министерство за енергетика ...

Повеќе од 100 пациенти дневно се прегледуваат на Инфективното одделение во Општата болница Куманово, каде во изминатите два месеца е забележан зголемен број гастроентероколити и други цревни инфекции. Лекарите велат дека растот е особено изразен во летниот период и ги опфаќа сите возрасни групи. Раководителката на одделението, д-р Валентина Џартовска, посочува дека високите температури, патувањата и почестите собирања во поголеми групи ...

Странските возачи кои прават сообраќајни прекршоци во Македонија засега не се санкционираат автоматски преку системот „Безбеден град“, иако камерите веќе со месеци ги евидентираат прекршоците на домашните возачи. МВР најавува дека тоа ќе се промени најпрво на граничниот премин Табановце, а потоа и на сите останати граници. Според Министерството, возачите со странски регистарски таблички кои системот ќе ги евидентира дека сториле прекршок или ...

Водата од скопскиот водоснабдителен систем е безбедна за пиење, покажале последните анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. На 11 август биле земени вкупно 42 примероци од различни точки во градската мрежа, а сите ги исполниле пропишаните стандарди за квалитет и безбедност. Од вкупниот број примероци, четири биле земени од бунарскиот потег Нерези – Лепенец. Испитувањата опфаќале физичко-хемиска и микробиолошка анализа во ...

Екстремните горештини, сушата и ниските водостои ги турнаа берзанските цени на електричната енергија во регионот до рекордни нивоа. Најголемиот притисок се чувствува во вечерните часови, кога потрошувачката расте поради климатизацијата, а производството од соларните електрани нагло се намалува. На 3 август, околу 20 часот, цената на струјата во Србија достигнала околу 550 евра за мегават-час, во Хрватска околу 650 евра, а во Словенија дури ...

Македонските превозници не треба да потпаѓаат под влијание на, како што рече, „пропагандата која главно доаѓа од Србија“, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, Македонија не треба проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген зоната да го решава заедно со другите земји од Западен Балкан, туку преку сопствени билатерални договори. „Една е позицијата на Македонија, а друга на останатите ...

Странските возачи кои прават сообраќајни прекршоци во Македонија засега не се санкционираат автоматски преку системот „Безбеден град“, иако камерите веќе со месеци ги евидентираат прекршоците на домашните возачи. МВР најавува дека тоа ќе се промени најпрво на граничниот премин Табановце, а потоа и на сите останати граници. Според Министерството, возачите со странски регистарски таблички кои системот ќе ги евидентира дека сториле прекршок или ...

Македонските превозници не треба да потпаѓаат под влијание на, како што рече, „пропагандата која главно доаѓа од Србија“, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, Македонија не треба проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген зоната да го решава заедно со другите земји од Западен Балкан, туку преку сопствени билатерални договори. „Една е позицијата на Македонија, а друга на останатите ...

Дрон со експлозив навлезе во бугарскиот воздушен простор од правец на Романија и експлодира само стотина метри по преминувањето на границата, без претходно да биде откриен ниту од бугарските ниту од романските радари. Инцидентот кај Кардам, во близина на Трансбалканскиот гасовод, ги отвори прашањата за способноста на Бугарија да открива мали беспилотни летала што летаат на мала височина. Експлозијата се случила на 8 август во поле со ...

Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од главниот град, откако бројот на регистрирани случаи продолжи да расте. Еден 83-годишен пациент починал, а петмина заболени се во тешка состојба и се на механичка вентилација. Епидемијата е прогласена за подрачјата на Кисела Вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и ...

Пожарот што вчера избувна кај депонијата во Ново Село не бил случаен. Лицата кои фрлале запалив отпад се идентификувани и евидентирани, а за случајот се води постапка во соработка со СВР Струмица. Огнот избувнал околу 13:30 часот на просторот кај депонијата, по што се проширил кон околните ридови, ниската вегетација и дел од шумскиот појас. Ширењето дополнително го забрзале високите температури, силниот ветер, сувата вегетација и големото ...

Околу 700 Филипинки во текот на годинава добиле македонски патни исправи во Австралија, откако преку брак со македонски државјани се стекнале со право на македонско државјанство и пасош, објави „Независен“, повикувајќи се на неофицијални податоци. Податокот покажува еден поинаков процес во македонската дијаспора – покрај постојаното иселување од Македонија, заедниците во странство се прошируваат и преку семејствата што македонските државјани ...

Колку јавноста навистина е запознаена со сите факти поврзани со случајот „Мазут“, кој со месеци е една од главните теми во македонските медиуми? За да се добие целосна слика, потребно е случувањата да се разгледаат хронолошки, преку официјалните извештаи, вештачењата, исказите на сослушаните лица и економските показатели од периодот кој беше предмет на истрагата. На 9 ноември 2021 година Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со ...

Со распит на градежните вештаци денеска продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, а со ова рочиште се очекува да заврши изведувањето на доказите на Обвинителството. Во пожарот од 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. На претходното рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет Горан Марковски изјави дека вештачењето покажало целосно нефункционирање на системот, институциите и ...

Македонија вечерва ќе може да проследи дел од реткото затемнување на Сонцето што денеска ќе биде целосно во делови од Европа. Кај нас затемнувањето ќе биде само делумно и краткотрајно, непосредно пред зајдисонце, но и покрај тоа директното гледање во Сонцето без соодветна заштита може трајно да го оштети видот. Во Скопје затемнувањето ќе започне околу 19:30 часот, максимумот ќе биде околу 19:36, а Сонцето ќе зајде околу 19:39 часот. ...

Бројот на загинати во разорниот земјотрес што ја погоди западна Колумбија се искачи на најмалку 254, додека спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани. Илјадници луѓе останаа без дом, а делови од најтешко погодените региони сè уште се без струја, вода и основни услуги. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени го погоди западниот дел од земјата во понеделникот, со епицентар во департманот Чоко. ...

Августовската сесија од државната матура почнува денеска, а меѓу кандидатите се и 226 матуранти на кои им беа поништени испитите во јунскиот рок поради утврдени неправилности и препишување. Вкупно 1.328 ученици се пријавени за државна, 126 за стручна и шест за уметничка матура. Денеска кандидатите го полагаат изборниот екстерен предмет – математика или англиски јазик. За германски, француски, италијански и руски јазик, како и за историја, во ...

Шумскиот пожар меѓу Морани, Вртекица и Габер во Општина Студеничани останува под надзор, откако пожарникарските екипи ја поминаа ноќта на терен следејќи го неговото движење. Поради непристапниот предел, во текот на ноќта немало услови за директна интервенција од земја. На терен биле распоредени две екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, кои ја следеле состојбата и ја координирале натамошната акција. Од Центарот за ...

Северна Кореја утринава истрела балистичка ракета кон морето источно од Корејскиот Полуостров, само неколку дена пред почетокот на големите заеднички воени вежби на Јужна Кореја и САД. Ракетата прелетала околу 700 километри, а нејзиниот точен тип сè уште се утврдува. Лансирањето било регистрирано околу 6 часот наутро од реонот на Вонсан, на источниот брег на Северна Кореја. Според јужнокорејскиот Здружен генералштаб, проектилот паднал во ...

Августовската сесија од државната матура почнува денеска, а меѓу кандидатите се и 226 матуранти на кои им беа поништени испитите во јунскиот рок поради утврдени неправилности и препишување. Вкупно 1.328 ученици се пријавени за државна, 126 за стручна и шест за уметничка матура. Денеска кандидатите го полагаат изборниот екстерен предмет – математика или англиски јазик. За германски, француски, италијански и руски јазик, како и за историја, во ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1030
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
76%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
80%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 1ᴼ
2.06
56%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.41
93%
1029
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
91%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
3.13
71%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
93%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
83%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
77%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
96%
1032
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Платина

49319.25

Иридиум

321507.47

Злато

130856.75

Сребро

1666.05

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07