Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример и членките на ЕУ треба да ја превенираат, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференцијата со албанскиот колега Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на Македонија. Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западен Балкан од членството во ЕУ, но и прават на Албанците Наспроти тоа, ...

Дали некогаш сте се запрашале како вашата дневна исхрана влијае на здравјето на вашите бубрези? Вашите бубрези работат нон-стоп за да ги филтрираат отпадните материи од вашето тело и да одржуваат рамнотежа на течностите, но честопати не ги забележуваме сè додека нешто не тргне наопаку. Многу намирници што ги сметаме за здрави можат незабележливо да го оптоварат и да го зголемат ризикот од камења во бубрезите и оштетување. Листестите ...

Без отворени прашања, само пофални зборови за односите меѓу двете земји, во говорот на претседателот на Албанија Бајрам Бегај во Собранието. Рече дека му е чест што е во посета на земја со која неговата држава има одлична соработка. -Нашите односи имаат влијание и во регионот, тие остануваат важен столб на стабилноста, регионалната соработка и нашата евроатланска ориентацијата. За Албанија, Северна Македонија е главен фактор во чувањето на ...

Многупати сум чула за моменти што треба да се искористат и моментот сега е врзан со влезот на Украина и Молдавија во ЕУ. Ништо не би имала против уставни измени доколку навистина се работи за одредби врзани за Копенхашките критериуми или, ако сакате, во овој случај за надминување дискриминација или за гарантирање малцински права – изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со ...

Министерствто за транспорт денеска објави јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Во согласност со планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а другите 50 за општините. Најповолниот понудувач има обврска да произведе и да испорача 30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци, а 60 автобуси во рок од 18 месеци. Рокот за доставување на потребната документација e до 30 ...

Тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран наскоро ќе има ракета способна да ги погоди Соединетите Американски Држави не е поткрепено со разузнавачки извештаи и се чини дека е преувеличено. Според три извори на Ројтерс запознаени со извештаите, ова фрла сомнеж врз неговите аргументи за потенцијален напад врз Исламската Република. За време на неговото обраќање за состојбата на нацијата во вторникот, Трамп почна да ја ...

Јадењето едно авокадо и една чаша манго дневно може да помогне во одржувањето на здравјето на срцето и да го одложи развојот на дијабетес тип 2, сугерира нова студија. Студијата покажа дека возрасните со предијабетес кои редовно ја консумирале комбинацијата осум недели доживеале подобрувања во функцијата на крвните садови и дијастолниот крвен притисок, важни индикатори за кардиоваскуларното здравје. „Ова е охрабрувачка порака: малите, ...

Министерствoто за транспорт информира дека објавило Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините. Согласно критериумите во Јавниот повик, најповолниот понудувач има обврска да произведе и да ги испорача автобусите во следните рокови: -30 автобуси во рок од 6 месеци -60 автобуси во рок од 12 месеци -60 автобуси во ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи за два денари да ја зголеми цената на дизелот, а цената на бензините останува непроменета. Според тоа, од полноќ дизелот ќе се продава по цена од 71 денар за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 70 денари за литар. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 73,5 денари, а Еуросупер БС-98 за 75,5 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика денеска ...

На 27.02.2026 во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(18) од село Палатица. Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи. По ...

Руската државјанка со живеалиште во Соединетите Американски Држави, Светлана Дали , која беше осудена во 2025 година за неовластено качување на лет за Париз , беше повторно уапсена – овој пат во Милано, откако успеа да се качи во авион на „Јунајтед ерлајнс“ (UA) што полета од Њуарк, Њу Џерси, во среда без билет или патни документи . Според американските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, станува збор за летот UA19 , кој ...

Пикап и џип беа проголтани од дупка додека чекаа зелено светло во Омаха, Небраска, покажува драматично видео. Пикап „Доџ Рам“ и џип биле запрени на раскрсницата на улиците 67-ма и Пацифик во Омаха во вторник попладне, кога земјата одеднаш се отворила под нив, влечејќи ги возилата во длабока дупка, според снимките од безбедносните камери на Универзитетот во Небраска во Омаха. Возачот на камионот успеал да излезе низ вратата од страната на ...

Вкусот варира од човек до човек, но одредени детали почесто се издвојуваат како привлечни. Мажите често отворено зборуваат за тоа што им е физички привлечно кај жените . Сепак, жените исто така имаат свои преференции кога станува збор за изгледот на мажите – и тие честопати не се идентични со стереотипите што се наметнуваат. Иако е јасно дека вкусот варира од личност до личност, анкетите и неформалните анкети покажуваат дека одредени детали ...

За време на „војната за брашно“, учесниците фрлаа вреќи брашно едни на други на улиците. Во грчкиот крајбрежен град Галаксиди, „брашно-војна“ избувна за време на крајот на карневалските свечености што го означуваат почетокот на Великиот пост. Главната улица на Галаксиди се претвори во хаос бидејќи учесниците фрлаа едни на други вреќи со обоено брашно . Повеќето од жителите на градот, како и бројни посетители, учествуваа во обичајот , додека ...

„Денес читаме наслов: 35-годишната жена чие убиство со поврзува со потенцијалниот сериски убиец, била следена од него и тоа било пријавено во полиција. Ова е наслов кој не смее да биде само уште една вест што ќе ја заборавиме утре. До кога ќе се молчи? Колку жртви треба да изброиме за некој да преземе одговорност?“, прашува претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова. По ...

Многупати сум чула за моменти што треба да се искористат и моментот сега е врзан со влезот на Украина и Молдавија во ЕУ. Ништо не би имала против уставни измени доколку навистина се работи за одредби врзани за Копенхашките критериуми или, ако сакате, во овој случај за надминување дискриминација или за гарантирање малцински права – изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со ...

Медокс Џоли, најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, го отстрани презимето на својот татко, сигнализирајќи дека не се во добри односи. Овој детаљ беше забележан по премиерата на новиот филм на Анџелина. Тој работеше како асистент на новата драма „Кутур“ во која глуми неговата мајка. Анџелина Џоли ја играше улогата на Максин Вокер, жена на која ѝ беше дијагностициран рак на дојка. Кога дотичниот филм, режиран од Алис Винокур, премиерно ...

Познатиот пејач Харис Џиновиќ го објави преселувањето на неговата наследничка од Србија во Шпанија. Во исто време, тој се осврна на помладата пејачка Наташа Алимпиќ, која често јавно дава детали за нивната наводна блискост. Зборувајќи за општата состојба и своето семејство, познатиот пејач објасни дека независноста на децата ја гледа како сосема нормален животен процес. Добро сум, нормално. Минатата година беше успешна, оваа година не е ...

МВР информира дека синоќа во 20:00 часот во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријави дека бил измамен за сума од 43.750 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства. Пријавителот ги предал парите на лице вработено во ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал објаснување од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија и од Агенцијата за национална безбедност зошто безбедноста на Артан Груби би била во опасност во затворот, нагласувајќи дека станува збор за строго класифицирани документи до кои дури ни директорот на затворот во Скопје нема пристап. Мицкоски за „Сител“ изјави дека моменталната одлука е куќен притвор, но дека тоа не значи ...

Ирина Шајк е овогодинешната водителка на фестивалот Санремо, кој се одржува од 24 до 28 февруари, а нејзиниот настап и смели модни изданија веќе предизвикаа мешани реакции во Италија. Ирина Шајк ја остави публиката без здив појавувајќи се во смели фустани со длабоки деколтеа, па во одредени моменти изгледаше како да балансира на работ на добриот вкус. Покрај предизвикувачките изданија, таа презентираше и екстравагантни комбинации кои го ...

Британскиот регулатор за заштита на податоци, ICO, ја казни социјалната мрежа Reddit со околу 14,47 милиони фунти за незаконско собирање и користење на податоци на деца под 13 години. Регулаторот утврди дека Reddit немал соодветни мерки за проверка на возраста на корисниците, иако платформата во своите услови за користење забранува пристап за лица под 13 години. Како резултат на тоа, личните податоци на значителен број деца биле обработени ...

Европа се соочува со нова, драматична криза. Односите меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и украинскиот претседател Володимир Зеленски достигнаа точка на вриење, а нафтоводот „Дружба“ се најде во центарот на невидена дипломатска и енергетска војна. Ситуацијата ескалираше толку многу што Орбан направи шокантен потег – ја испрати војската на терен. Еве точно што се случува, зошто војниците се подготвени и каков хаос ќе предизвика тоа. Зошто ...

Актерката Пенелопе Круз беше домаќинка на две модни ревии во Лондон за два дена. Поводот беше премиерата на филмот „Невестата!“ во кој тој ја игра главната улога. Светската ѕвезда Пенелопе Круз се претстави завчера во Лондон во фустан од „Жакемус“, а со ова деколте предизвика сомнеж дека направила пластична операција на градите . Актерката ги истакна своите облини синоќа и на црвениот тепих во Лондон, облечена во фустан од Шанел, модел од ...

Северна Македонија заслужува членство во Европската Унија и тоа многу брзо, рече вечерва министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ по средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Како што истакна Радман, Македонија е подготвена, а и добро е преговорите да почнат, особено поради македонските граѓани. Според шефот на хрватската дипломатија, Хрватска ...

Македонската шоу бизнис легенда Игор Џамбазов синоќа, на 29. издание на „Златна Бубамара на популарноста“ ја емотивен начин ја допре публиката оддавајќи им почит на младите луѓе кои загинаа во пожарот во Кочани. Тој ја рецитираше поемата „Крвава бајка“ од српската поетеса Десанка Максимовиќ, пренесе Слободен печат. „Беше тоа во некоја земја на селани, на брдовитиот Балкан, умреа со маченичка смрт цела чета ученици за еден ден. Истата година ...

Едно истражување сугерира дека изборот на кафе може да открие повеќе за личноста отколку што мислиме. Научниците од Универзитетот во Инсбрук ја испитувале врската помеѓу склоноста кон горчлив вкус и одредени црти на личноста. Во студијата, испитаниците оцениле колку им се допаѓаат различните вкусови, особено горчливоста, а нивните одговори биле споредени со тестови што мерат особини како што се агресивност, манипулативност и недостаток на ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги излезе со нова одлука за цената на горивата и нафтените деривати, која е втора одлука за оваа недела. Според РКЕ, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.02.2026 ...

Извештајот за состојбата со заштитата на Охридскиот Регион, кој Министерството за култура и туризам го доставило до УНЕСКО кон крајот на јануари, според оценката на СОС Охрид не ја отсликува целосно фактичката состојба на терен,пренесува Sloboden pecat. Тие реагираат по препораката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, со која се бара привремена забрана на градежните активности во близина на Блатото и комплексот „Горица 3“, сè до ...

Посвоената ќерка на еден од најмоќните српски бизнисмени, Филип Чептер, Ема Чептер , повторно успеа да привлече огромно внимание од јавноста. Ема е позната по тоа што редовно споделува слики од својот луксузен живот на Инстаграм, од егзотични патувања до гламурозни излегувања, а овој пат предизвика вистинска бура во коментарите поради нејзиниот смел „моден“ избор. Имено, таа отиде во град во горниот дел од бикинито, кое го искомбинираше на ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
51%
1027
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
4.63
48%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
1.03
48%
1026
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
54%
1028
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.44
46%
1030
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
61%
1027
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
6.26
50%
1027
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
32%
1026
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
39%
1026
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
48%
1031
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.79
42%
1028
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
54%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Паладиум

51794.85

Сребро

2648.90

Рутениум

45750.51

Родиум

368126.05

Бакар

11.75

Платина

67998.83

Цинк

3.27

Иридиум

229769.28

Калај

50.04

Злато

163613.54

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.29