Дете на 13 години е повредено во пожар што избувна попладнево во Центар. Детето со изгореници е пренесено во болница. – Денеска (27.05.2026) околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан во зграда на подрачје на Центар, информира МВР. Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат, но според неофицијални информации, детето готвело и се запалила кујнска крпа или сунѓер по што запалените работи ги изнело на тераса ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата се закани со напад врз Оман доколку таа заливска држава се приклучи на Иран во намерата да воспостават заедничка контрола врз стратешки важниот Ормуски Теснец, пишува „Њујорк пост“. „Или ќе се однесуваат како сите, или ќе ги кренеме во воздух“ Трамп овие коментари ги изнесе на седница на владата, порачувајќи дека САД нема да дозволат заедничка контрола на Иран и Оман врз теснецот. „Никој ...

Глобалниот енергетски пазар денеска е под силен притисок, откако цените на нафтата забележаа остар пад од над четири проценти. Северноморската Брент за испорака во август се тргува по цена од 92,45 долари за барел, што претставува дневен пад од 4,37 проценти. Во текот на денот, цената достигна максимум од 96,68 долари, а минимум од 91,78 долари. Американската ВТИ исто така бележи значителен пад. Фјучерсите за јули се спуштија на 88,95 ...

Оценката на граѓаните е дека Владата има поголемо влијание врз Собранието отколку што тоа има ефективна контрола врз извршната власт. Според оценката на граѓаните, пратениците повеќе ги застапуваат сопствените и партиските интереси отколку интересите на граѓаните. Собранието од страна на граѓаните добило оценка 2.7 на скалата од еден до пет во анализата на јавното мислење што ја Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС). ...

Околу 25 илајди Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство. Најголем дел од нив –над 15 илјади во Хрватска. Мал дел во Црна Гора, Италија. Швајцарија и Словенија. Ќе работат за најмалку двојно повисока месечна плата од просечната во државата. Најчесто во секторот угостителство. – Има пораст на платите секаде, во сите земји, затоа што се плашат дека ќе останат без работници. Конкуренцијата на пазарот на трудот доведува до тоа вие ...

Лицата кои живеат со мултиплекс склероза наскоро ќе може да ја добиваат терапијата во местото каде живеат. Ова на денешното одбележување на светскиот ден на лицата со мултиплекс скероза – 30. мај го најави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кој рече дека со новата набавка на лекови, тие нема да се дистрибуираат само во Скопје на Клиниката на неврологија, туку и во болниците во Битола, Куманово Струмица, онаму ...

Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар повеќе не е дел од постојаниот, односно работниот состав на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА, откако на редовната седница во полн состав, одржана на 26 мај, за нов член беше избран митрополитот Струмички г. Наум. За негов заменик е избран митрополитот Европски г. Пимен. Одлуката не е формулирана како дисциплинско исклучување на владиката Петар од Синодот во поширока смисла, туку како промена ...

Поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен привлече внимание на социјалните мрежи со објава во која остро го критикува модерниот дизајнерски правец на Ферари. Тој наведува дека Ферари „се претворил од вистински V12 симбол на моќ и карактер во тивок, вештачки и минималистички автомобил што личи на iPhone на тркала“. Ловрен верува дека новите трендови промовираат минимализам и оддалечување од традиционалниот идентитет на ...

Најдобрите растенија за тераса се издвојуваат по долготрајното цветање, мирисот и декоративните листови, а во исто време толерираат топлина, сува почва и повремена негрижа. Терасите и отворените простори за собирање можат да бидат изненадувачки тешки за растенијата , особено за време на долгите, жешки лета. Саксиите брзо се сушат на силното сонце, топлината дополнително се шири од камените и керамичките површини, а за време на периоди на ...

Јавноста е повторно разбранувана по најновото Мислење донесено од страна на Советот за етика во медиумите, со кое што ги осуди објавите на профили на социјалните мрежи со наводни токсиколошки анализи од загинатите во дискотеката Пулс, при што се прикажани имиња на починати и наводни концентрации на разни супстанци пронајдени при обдукциите. Во своето Мислење, СЕММ посочува дека објавената „…содржина е длабоко спротивна на елементарните ...

Туристка решила да тужи луксузен хотел и да оди до Врховниот суд затоа што одбиле да ѝ послужат бесплатна вода од чешма, а сега пресудата пристигна од Италија. Врховниот касационен суд на Италија пресуди дека петзвездениот хотел во Доломитите не постапил незаконски кога одбил да му послужи вода од чешма на гостинот, со образложение дека не постои законска обврска угостителските објекти да обезбедуваат бесплатна вода од јавната водоводна ...

Ланд Алцхајмер е село во југозападна Франција кое се разликува од остатокот од земјата по тоа што сите негови жители имаат деменција. Всушност, тоа е село каде што има институција за нега на дементни лица. Продавницата на главниот селски плоштад продава основни прехранбени производи, од кои најважен е багетот, но не се користат пари, па затоа никој не мора да се сети да има паричник . Меѓу жителите на ова село е и поранешниот земјоделец ...

Според сведоците, по предупредувањето од граѓаните, двојката престанала со своето однесување. На една од најпознатите и најпосетуваните плажи во Сплит, Жњан, се случила сцена што предизвикала шок и негодување кај капачите. Според очевидци, двајца млади луѓе наводно имале интимни односи на отворено среде бел ден, пред голем број луѓе, вклучувајќи и семејства со деца. Инцидентот се случил во текот на попладневните часови, кога плажата била ...

Во источна Африка, во 2026 година, расте загриженоста поради нов бран на случаи на ебола во Демократска Република Конго, што доведе до затворање на дел од границите и воведување засилени мерки за контрола на движењето, откако властите во Уганда одлучија итно да ја затворат границата со Конго поради зголемен број заразени и сомнителни случаи, пренесува AP News и други меѓународни медиуми. Според објавените информации, во Конго се ...

Македонија и натаму старее. Негативниот прираст во првото тромосечје од годинава е забележано во 66 општини – покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, објави Тв24. ДЗС: Во првите три месеци од годинава се родени 3.380 деца, што претставува пад од 4,1 проценти во споредба со истиот период минатата година. Истовремено, бројот на починати лица изнесува 5.342, односно е намален за еден процент во однос на првиот квартал ...

Кането Ивасами, поранешната асистентка на Метју Пери, ќе биде осудена денес откако призна дека му инјектирал на актерот голема количина кетамин пред неговата смрт. Личниот асистент на починатиот американски актер Метју Пери , Кенет Ивасами, ќе биде осуден денес во федералниот суд во Лос Анџелес како дел од повеќегодишната истрага и постапка што се води за смртта на ѕвездата од „Пријатели“ , откако тој се изјасни за виновен за купување и ...

„СпејсИкс“ побара од Пентагон значително зголемување на надоместоците за користење на сателитската мрежа „Старлинк“ во американските воени операции против Иран, објави „Ројтерс“. Според агенцијата, која се повикува на извори запознаени со преговорите и документите на Министерството за одбрана на САД, спорот меѓу SpaceX и Пентагон избувнал околу употребата на системот Starlink на американските камикази-дронови LUCAS, кои биле користени во ...

Џенифер Лопез пристигна на премиерата на нејзиниот нов филм „Канцелариска романса“, во кој глуми со Брет Голдштајн, во гламурозна облека и во придружба на нејзината мајка. Џенифер Лопез имаше спектакуларен настап на премиерата на нејзиниот нов романтичен филм „Канцелариска романса“ во Лос Анџелес, пристигнувајќи во придружба на нејзината 79-годишна мајка, Гвадалупе Родригез , која се појави во јавноста по долго време и веднаш привлече ...

Млад полицаец од Битола сакал да го спаси сопствениот брат од плаќање казна за незаконско паркирање. Тој излажал дека возилото на брат му е на МВР за да не плати казна. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до обвинителството Битола поднесе кривична пријава против И.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“. И.Д., на работно ...

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ наскоро ќе ја заврши кариерата. Како што објави шпанскиот „АС“, познатиот Хрват Лука Модриќ повеќе нема да игра фудбал и се пензионира. Иако има 40 години, оваа вест е вистинско изненадување за љубителите на овој спорт, а особено за хрватскиот фудбал, бидејќи тоа значи дека Лука Модриќ ќе го игра својот последен турнир на Светското првенство во САД. Секако, ако ова пишување на Аса е вистина. Модриќ моментално ...

Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе неправосилна пресуда во долготрајниот спор за старателството над синот на пејачката Северина Вучковиќ и српскиот претприемач Милан Поповиќ . Нивниот син Александар сега ќе живее со својата мајка, потврди за Индекс адвокатката на Северина во спорот, Јасминка Билош . Поради чувствителноста на случајот, таа не сакаше да даде дополнителни детали, но она што сега е познато е дека нивниот 14-годишен син ...

Доналд Трамп ќе се состане со својот кабинет денес попладне со фокус на Иран, неколку дена по последните американски напади врз земјата. Американскиот претседател требаше да направи ретко патување во Кемп Дејвид за состанокот, но тие планови беа откажани поради лошите временски услови. Трамп претходно одржа состанок на кабинетот во комплексот од 125 хектари, чуван од американската морнарица, во септември 2017 година. Тоа е безбедно место ...

Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат, како што изјави, и печатени. Според Јаневска, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а во 2028-ма процесот ќе биде заокриужен вклучително и со деветто одделение. -Од оваа ...

До 1 јуни граѓаните треба да ги проверат годишните даночни пријави за остварени приходи во 2025 година. По овој рок, сите непотврдени даночни пријави ќе се сметаат за конечни. – Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната ...

Остануваат само 4 дена до 1 јуни – рокот на Христијан Мицкоски за исполнување на сите 10 точки од Реформската агенда. 4 дена до уште едно неисполнето ветување, се вели во соопштението на СДСМ. Опозициската партија вели „4 дена до нови докази дека организираната криминална група ВМРО-ДПМНЕ намерно ја блокира европската иднина на Македонија. Од 10 клучни точки, само две се делумно имплементирани за две години. Сега, осум требаше да бидат ...

Стејси и Бабаџиде Омирин од Нигерија имаат близнаци кои изгледаат сосема различно. Даниел има темна кожа, додека Дејвид е роден со албинизам, светол тен и златна коса. Стејси и Бабаџиде Омирин од Лагос очекувале идентични близнаци , но при раѓањето ги дочекало изненадување какво што не можеле ни да замислат. Едното момче е родено со темна кожа и црна коса, додека другото имало многу светол тен и златна коса. Причината е окуларно-кутан ...

Македонија во четврток ќе остане под влијание на нестабилна воздушна маса, со променливо облачно време, сончеви периоди и попладневни услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места. Локално, атмосферските процеси може да бидат поинтензивни, особено во попладневните часови. Според најавата на УХМР, времето на 28 мај ќе биде нестабилно, со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека температурите ќе останат во ...

ЕУ го повика рускиот претставник по заканата на Москва до дипломатите во Киев Европската Унија го повика рускиот вршител на должноста амбасадор во Брисел по заканата од Москва до дипломатите во Киев, изјави денес портпаролката на ЕУ . – Руската закана упатена до странските граѓани и дипломати да го напуштат Киев претставува неприфатлива ескалација – изјави денес претставничката на ЕУ, Анита Хипер, на социјалната мрежа X. Таа рече дека ...

Лина Медина од Перу стана медицински феномен како најмладата мајка во историјата, роди син на возраст од само пет години и седум месеци. Мајското утро од 1939 година во главниот град на Перу беше запишано во историјата на медицината како настан што ги поби границите на биологијата и разумот. Во клиника во Лима беше извршено породување кое би било сосема нормално доколку жената во породувањето не беше девојче од само пет години и седум ...

Кина бара мировниот договор меѓу САД и Иран да биде одобрен од Советот за безбедност на ОН, а министерот за надворешни работи Ванг Ји рече дека тоа би „дало легитимитет и авторитет“ на тој документ. Доколку САД и Иран постигнат мировен договор, тој мора да биде доставен до Советот за безбедност на Обединетите нации на разгледување за да се обезбеди неговата легитимност, изјави денес кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји , ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
74%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
2.68
70%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
80%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.65
76%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.06
86%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
57%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.96
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
76%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
1.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Калај

53.60

Платина

55170.68

Цинк

0.00