Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social, каде што откри што ќе се случи со околу 450 килограми високо збогатен ураниум што наводно го поседува Иран . Трамп замина неколку часа откако доби информации од Иран дека Техеран сака да го пренесе ураниумот во Кина , а не во Русија, како што претходно се шпекулираше. „Збогатениот ураниум (нуклеарна прашина!) или веднаш ќе биде предаден на Соединетите ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио во вторникот изјави дека разговорите за договорот со Иран се забавени поради спорови околу формулацијата на договорот. „Ќе бидат потребни неколку дена за да се среди тоа… сè се сведува на несогласувања околу еден збор, една реченица“, им рече Рубио на новинарите во авионот на пат кон Индија, повторувајќи ги претходните коментари на американските претставници. „Ќе мора да го средиме тоа“, рече тој. ...

Доналд Трамп, најстариот американски претседател кој некогаш бил инаугуриран, треба да се подложи на рутински физички преглед во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ во близина на Вашингтон во вторник, соопшти Белата куќа, што е негов трет таков преглед за 13 месеци. Неговиот последен годишен преглед беше во април 2025 година. Белата куќа претходно овој месец соопшти дека Трамп ќе се подложи на „рутински годишни стоматолошки и ...

Полната Месечина (Сина Месечина) нè очекува на 31 мај во огнениот знак Стрелец и е симбол на крајот на животниот циклус. Сината полна Месечина силно ќе влијае на Стрелец, Девица, Риби и Близнаци. Полната Месечина во Стрелец носи силна потреба за слобода, вистина и големи животни промени. Ефектот на полната месечина ќе се чувствува две недели, па затоа претставува поттик за завршување на нешто што повеќе не функционира во нашите животи. ...

Жителите на Њу Орлеанс во американската држава Луизијана се соочуваат со можноста градот да биде поплавен поради зголемувањето на нивото на океанот во иднина, а експертите предупредуваат дека градските власти мора да го започнат процесот на преместување сега за да се избегне хаос. Заклучоците од студијата се сериозни, но не е тајна дека Њу Орлеанс е многу ранлив на покачување на нивото на морето како што се затоплува планетата. Крајбрежниот ...

На Германија моментално ѝ недостасуваат засолништа, обучен персонал и опрема. Во интервју за „Здојче цајтунг“, Херман Гре, претседател на Германскиот Црвен крст (ДРК), повика на итен „голем напор“. „Ако не се подготвиме подобро за вакви кризи , ќе го оставиме населението на оваа земја заглавено во вонредна состојба. Најавувањето со впечатливи изјави на напорите на Бундесверот да го достигне заостанувањето, а во исто време заостанува во ...

Прмиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ, кој е во посета на Македонија, истакна дека нашата стратешка цел е да бидеме дел од Европската Унија. -Нема повеќе можности за идентитетски отстапки, за чекор назад кога станува збор за нашите национални одредници, колкава и да е за тоа цена. Ако тоа е цената што треба да ја платиме и покрај тоа што сме вистинскиот фронтранер, додека е оваа ...

По преписките преку социјалните мрежи на власта и опозицијата околу задолжувањето од 260 милиони евра денеска на пленарната седница, опозицијата ја побара министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски рече дека не го спори правото предложените закони пред пратениците да ги брани заменик-министерот, но дека за важни прашања како што се фискалната стратегија и задолжувањето ...

Некогаш беше меѓу најпопуларните млади актерки, но денес малкумина можат да ја препознаат, особено во ова издание. Поранешната детска ѕвезда Аманда Бајнс беше фотографирана како шета низ улиците на Лос Анџелес, а слободното време го искористи така што прво застана во едно кафуле, а потоа уживаше во шолја кафе. Беше облечена лежерно, целата во бело – бела маица и бели широки фармерки, и се чини дека удобноста ѝ била најголем приоритет , па ...

Уделот на безготовинските плаќања во Русија ќе надмине 90 проценти на крајот од оваа година или на почетокот на 2027 година, изјави денес директорката на Одделот за Национален платен систем на Банката на Русија, Ала Бакина. Според неа, Банката на Русија не гледа зголемување на побарувачката за готовина, пренесува ТАСС. Уделот на безготовинските плаќања во малопродажниот сообраќај во Русија се зголеми во првиот квартал од 2026 година за 0,9 ...

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, разговарал телефонски со американскиот државен секретар Марк Рубио и го информирал дека руските вооружени сили започнуваат систематски напади врз објекти во Киев, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Лаворв ја информираше американската страна дека руските вооружени сили започнуваат систематски напади врз објектите во Киев што ги користи украинската армија. „По налог на претседателот ...

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Ствечо Јакимовски, денес на прес-конференција истакна дека неговиот наследник Сотир Лукровски, кој според официјалните информации е на боледување веќе 20 дена, бил забележан како пазари во Сити Мол и околни маркети, а до овој момент не оди на работа. Лукровски претходно ги пренесе овластувањата на неговиот заменик градоначалник, Неделчо Крстевски. Јакимовски истакна дека Сити Мол ...

САД и Иран разговараат за план за повторно отворање на Ормутскиот теснец 30 дена откако постигнаа договор за мир. Ова е извештај на финансискиот весник „Никеи“, повикувајќи се на дипломатски извор од Блискиот Исток, пренесува „Телеграф“. Висок американски функционер претходно изјави дека Иран се согласил „во принцип“ да го отвори теснецот – кој беше блокиран за комерцијален сообраќај поголемиот дел од војната, зголемувајќи ги глобалните ...

Вицепремиерот и министер за градежништво и транспорт, Александар Николоски, објави видео во кое соопштува дека се во завршна фаза од измените на законот што ќе ја стимулираат изградбата на центри за податоци. „Со новите законски измени што ги подготвува Министерството за транспорт, ги следиме најновите светски трендови во развојот на центрите за податоци. Со напредокот на вештачката интелигенција и целосната револуција што се случува во ...

Малолетничка со породилни болки била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен од Клиниката во 13:40 часот, по што полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 38-годишната С.К. од Скопје. Со таткото на малолетничката, исто така 38-годишен, бил извршен службен разговор, а за ...

Оперскиот пејач Ристе Велков (51) загина заедно со синот Адам Велков (20) и негови другари Марко Ѓорѓиевски и Петар Миланов. Тие загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи во четвртокот на 21. мај. на обиколницата на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. До несреќата дојде откако Б.Б. (76) од Косово, управувајќи камион изгубил контрола и преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот. ...

Пред пратениците денеска на пленарна седница е Предлог-законот за задолжување кај странски банки во висина од 260 милиони евра поради кој опозицијата ја напушти расправата на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Владата бара заем од 260 милиони евра кој ќе биде наменет за општи буџетски потреби. Заемот треба да се повлече во една транша, рокот за отплата е седум години, на девет еднакви полугодишни рати, со вклучен грејс-период од ...

Минатиот викенд, синот на американскиот претседател Доналд Трамп организираше раскошна свадба со Бетина Андерсон на Бахамите, а отсуството на првата дама дополнително ги разгоре шпекулациите и прашањата за нејзиното неучество на важната семејна прослава. Според информирани извори, нејзиното отсуство не било случајно, туку наводно укажува на подлабоки семејни и лични причини, за кои сè повеќе се шпекулира. Според упатените, Меланија Трамп ...

Од политичката партија Левица бараат Македонија да излезе со официјален став за предлогот на германскиот канцелар Мерц за постепено пристапување на Украина и Западен Балкан во ЕУ. Во продолжение нивото соопштение: – Левица изразува сериозна загриженост поради отсуството на официјален и јасно образложен СТАВ од министерството за надворешни работи и надворешна трговија во однос на нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц околу ...

Душан Савковиќ од Синдикатот на градското сообраќајно претпријатие (ГСП) „Центар“ вели дека трамвајот што денес излета од шините свртувал кон депото каде што се поправаат трамваите. Тој истакна и дека трамвајот е стар 40 години, а неговиот работен век е 30 години, пренесува Н1. При излетувањето на трамвајот од шините во Белград и удирањето во зградата, повредени се 15 лица, кои биле пренесени во здравствени установи. Овој трамвај, на ...

Ќе има ли средба меѓу министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и економскиот тим на опозициската СДСМ? Откако Димитриеска-Кочоска во саботата по изјавата на лидерот на СДСМ дека буџетот е во колапс, упати покана за средба до економскиот тим на СДСМ за да ги соочат аргументите, вчера пратеникот и поранешен вицепремиер за економски прашања од СДСМ Фатмир Битиќи ја повика министерката денеска да дојде во Собранието и таму да ги ...

Директорот на Канцеларијата за ИТ и е-влада, Михаило Јовановиќ, денес во Пекинг потпиша Меморандум за разбирање помеѓу Канцеларијата и Националната комисија за развој и реформи на Кина, кој се однесува на подобрување на соработката во областа на вештачката интелигенција. Меморандумот беше потпишан во рамките на официјалната посета на српската делегација на Кина, во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и кинескиот претседател ...

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Пекинг изјави дека Кина и Србија треба да ја продлабочат меѓусебната доверба и да ја прошират соработката за понатамошно зајакнување на нивното стратешко партнерство. Според соопштението од кинеското Министерство за надворешни работи, Шји рекол дека двете земји треба да ги интензивираат размените, да ја зајакнат практичната соработка и да се ...

Група измамници во италијанскиот регион Тоскана фалсификувале и пуштиле во оптек десетици илјади монети од две евра. Експертите ги опишале овие фалсификати како исклучително успешни и многу опасни за економијата, бидејќи речиси е невозможно да се разликуваат од вистинските пари. Група измамници во италијанскиот регион Тоскана фалсификувале и пуштиле во оптек десетици илјади монети од две евра. Експертите ги опишале овие фалсификати како ...

Фудбалерите на Комо направија вистинска сензација оваа сезона во Серија А. Во последното коло одиграно синоќа, тие официјално го потврдија учеството во Лигата на шампионите за следната сезона. Тренерот на Комо, некогаш познатиот фудбалер Сеск Фабрегас, по натпреварот изјави дека квалификациите за Лигата на шампионите се огромно достигнување. „Кога пристигнав пред четири години како играч, се пресоблековме во бар, денес сме во Лигата на ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најавува нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“. Тошковски: И навистина сум крајно разочаран, крајно сум разочаран од она коешто беше како чекор преземен од страна на Јавното обвинителство не заради друго, заради тоа што овде има очигледна теорија на случај којашто можеби се граничи со теорија на заговор, како што кажавте и вие, од старт. Многу чудно зошто во овој временски ...

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез ги облече фармерките од видеото за песната „Ain’t It Funny“ по 25 години, а со својот изглед ги воодушеви обожавателите. Зборуваме за фармерки од Версаче што се врзуваат напред. Таа носеше и кратка маица на која се гледаше нејзиниот трениран стомак. Сега направи видео со Мајк Абдал во кое пресоздаде сцена од серијата „Надвор од кампусот“. It’s a new Jeneration of party people… ...

Путер или маргарин? Тоа е прашањето што многу луѓе си го поставуваат за време на појадокот. Додека љубителите на путерот се колнат во неговата арома, поддржувачите на маргаринот ги нагласуваат придобивките од растителните масти. Но, дали е подобар избор животински или растителен производ? Путерот се прави од млечна маст, додека маргаринот најчесто се прави од растителни масла како што се репка, маслиново или сончогледово масло. Дознајте ...

Нивната приказна започнува во летото 2021 година, кога првпат решиле да посетат свингерска забава. Иако изгледало возбудливо, Џен признава дека моментално била нервозна. „Се сметам за многу слободна и сензуална личност, но сè додека не влегов низ таа врата, не ни сфатив колку всушност бев напната. Бев толку нервозна што добив осип на вратот“, вели таа искрено. Пред да влезат, тие поставија јасно правило, ќе останат само десет минути и ќе си ...

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека ерменскиот премиер Никол Пашинјан, како што изјави, ја турка Ерменија по тажниот пат на бандеровата Украина, објавија руските медиуми. Во интервју за руската агенција РИА Новости, Медведев остро ја критикуваше политиката на ерменскиот премиер, оценувајќи дека Пашинјан не знаел да ги цени, како што рече, бројните примери на братска помош и поддршка што Ерменија ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
74%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
2.68
70%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
80%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.65
76%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.06
86%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
57%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.96
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
76%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
1.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Калај

53.60