Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал. Тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ. Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДС: Објавете ја снимката. Не медиумски наслов. Не партиска интерпретација. Не туѓо прераскажување. Снимката. Ако не можете да ...
На денешен ден, 13 август, се сеќаваме на Струмичката петорка Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Пет млади животи, пет струмички студенти, кои останаа запишани во македонската историја како симбол на една генерација што сонувала за слобода, достоинство и иднина за својот народ, напиша премиерот, Христијан Мицкоски на „Фејсбук“. Нивната трагична судбина, додава тој, е дел од болните страници на нашата ...
Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, се закани дека Варшава ќе ги преиспита годишните трошоци од 50 милиони долари за мрежата „Старлинк“ на Илон Маск поради новите ограничувања за роаминг што ќе ги погодат полските корисници на крајот од овој месец. „Илон, престани да дискриминираш полските корисници на Starlink или можеби ќе размислиме повторно да плаќаме 50 милиони долари годишно за твоите услуги“, напиша Сикорски на ...
Астролошките предвидувања за крајот на летото носат интересни промени во областа на правните прашања и нерешените спорови. Според астролошките толкувања, Вагите особено би можеле да го поздрават решавањето на ситуацијата што ги мачи веќе некое време. Иако ваквите предвидувања не можат да се сметаат за сигурни прогнози, љубителите на астрологијата можат да најдат интересни сознанија за претстојниот период во нив. Неочекуван пресврт на ...
Полицијата во Делчево го приведе А.З. (40), откако било пријавено дека во семејниот дом во делчевско село повеќепати физички ја напаѓал својата 59-годишна мајка и ѝ се заканувал. Според пријавеното, вчера во текот на денот тој агресивно се однесувал кон мајка му и ја заклучил во соба. При преземањето мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта. А.З. бил ...
Со гаранција од 508 илјади евра укинат му е притворот на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиевски. Одредени му се мерки на претпазливост односно одземена му е патната исправа и ќе мора да се јавува во суд. – Одлуките се донесени по позитивно мислење дадено од Обвинителството, велат од Кривичниот суд. Ѓорѓиевски беше уапсен во јуни годинава под сомнение за финансиски малверзации. The post Со гаранција ...
Ако мислевте дека сè е изгубено за вас, можеби судбината ве негира. Дознајте дали сте меѓу „среќните добитници“. Некои хороскопски знаци наскоро би можеле да добијат вести што не ги очекувале, што би можело значително да влијае на нивните планови. Пред нив е период на ненадејни пресврти, нови можности и одлуки што би можеле да го променат правецот во кој оделе досега. Според астролошките толкувања, се издвојуваат Овен, Вага и Јарец. Овен – ...
По гаснењето на пожарот во текот на ноќта, ситуацијата на местото на пожарот во близина на Невесиње е многу помирна. Пожарот се движи кон Хумчани по непристапен терен. Мала помошна зграда во селото Ковачиќи изгоре вечерва, јавува РТРС. На пожарникарите од Невесин вечерва им помогнаа пожарникарите од Гац, Билеќа и ДВД Ластва, Требиње, како и голем број мештани. Од ТВСЈ Невесиње беше потврдено дека очекуваат помош од хеликоптер за гаснење на ...
Жената која стоеше зад американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговиот говор во Белата куќа во понеделник предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што многумина се прашуваа која е таа. Зборуваме за Џејми Френклин, основачот и директорот на конзервативниот медиумски и лајфстајл бренд „The Conservateur“. Френклин беше фотографиран во Овалната соба покрај Трамп и американскиот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди ...
„Свесни сме дека Рамковниот договор различно се доживува и толкува меѓу граѓаните. Историјата не треба да ја приспособуваме на дневната политика, ниту да очекуваме сите да имаат ист однос кон настаните од минатото. Но, наша обврска е од минатото да извлекуваме поуки и да градиме држава во која различностите нема да бидат причина за поделби, туку реалност со која управуваме мудро, одговорно и во рамките на институциите. Охридскиот рамковен ...
Таман човек ќе помисли дека Социјалдемократскиот сојуз го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење, изјави на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за ...
Рускиот претседател Владимир Путин денес го посети островот Итуруп во Курилскиот архипелаг, кој е предмет на територијален спор меѓу Русија и Јапонија, што го натера официјален Токио да реагира. Патем, ова е прва посета на Путин на Курилските Острови. Путин пристигна во Итуруп од Јужно-Сахалинск, каде во среда присуствуваше на последната фаза од вежбите на Тихоокеанската флота од ракетниот крстосувач „Варјаг“ , водечкиот брод на руската ...
Неколку недели пред затемнувањето на сонцето што имавме можност да го видиме вчера, лекарите и експертите предупредија дека тоа не треба да се прави без соодветна опрема, заштитни очила и филтри. Лекарите предупредуваат дека гледањето директно во Сонцето без соодветна заштита може сериозно и трајно да го оштети видот . Општиот лекар д-р Азем Маџед објасни за „Дејли експрес“ дека дури и краткотрајното директно гледање во сонцето може ...
Недоволните инвестиции во геолошките истражувања со децении го ограничувале развојот на нови рударски проекти во Европа, оценува Европската инвестициска банка. Во најновиот технички извештај „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, Банката укажува дека Европа располага со значаен минерален потенцијал, но дека недостигот од истражувања и подготвени проекти претставува пречка за негово искористување. Затоа од ЕИБ ...
Повеќе од половина од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома, во текот на годината, што ја рангира државата меѓу земјите со највисоко ниво на економска сиромаштија во Европа. -Според податоците на Евростат, кои за Европа се однесуваат за 2025 година, околу 53 отсто од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор. Албанија е на второ место, по Романија, каде што овој процент ...
Доктор Андон Чибишев кој работи на Клиниката за токсикологија со свој осврт за информациите што вчера предизвикаа паника меѓу скопјани дека во водата за пиење има Ешерихија коли. Во објава на Фејсбук, Чибишев пишува дека доколку тоа било вистина, тогаш дневно би имало над 50.000 пациенти. Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата ...
Според информациите од Центарот за јавно здравје заклучно со 09.08.2026 година, на територијата на Општина Битола, согласно Планот и Програмата за спроведување на мерки за дезинсекција и стручното мислење на Центарот за јавно здравје – Битола, се реализирани сите предвидени редовни активности, односно три ларвицидни и три адултицидни дезинсекции, извести Општина Битола. „Имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во земјата, ...
Водолија, Стрелец, Јарец, Близнаци и Девица ќе ја почувствуваат промената што ја носи затемнувањето на сонцето во Лав. Затемнувањето на сонцето на 12 август не носи куфер пари, но носи нешто многу позначајно, нова улога каква што не сте очекувале. Оваа среда носи ситуации во кои петте хороскопски знаци ќе мора да се соочат со вниманието на другите и да признаат дека некој ги набљудува повеќе отколку што мислеле. Младата Месечина во Лав не ...
Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија, што попладнето беше демантирано од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ЈП „Водовод и канализација“ и Министерството за здравство. – Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки и активности, се ...
Viber дозволува споделување на локација, но таа опција не значи дека некој може тајно да ги следи вашите движења. Корисникот мора самиот да ја вклучи локацијата и да ја испрати до друго лице преку разговорот. Кога корисникот ќе дозволи пристап до локација на својот телефон и ќе избере да ја сподели во разговор, Viber го користи GPS-от на уредот и другите достапни податоци за да ја прикаже неговата моментална локација. Ова значи дека другата ...
Основачот и извршен директор на „Мета“, Марк Закерберг, изјави дека поширокиот пристап до моделите на вештачка интелигенција е клучен за безбедноста и развојот на индустријата. Основачот и извршен директор на „Мета“, Марк Закерберг, објави манифест од 6.500 зборови за иднината на вештачката интелигенција наречен „Иднината е за сите“, во кој нагласи дека поширокиот пристап до моделите на вештачка интелигенција е клучен за безбедноста и ...
На ден 13.08.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 51 пожар на отворен простор. Од нив, 5 пожари се активни, 4 се под контрола, а 42 се изгаснати. Активни пожари: Општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума). Општина Босилово – с. Старо Балдовци (ниска вегетација и шамак). Општина Новаци – с. Маково (ниска вегетација). Општина Крива Паланка – с. Муждивњак (ниска вегетација и багреми). Општина ...
Македонија денеска одбележува 25 години од потпишувањето на Охридскиот мировен договор потпишан меѓу тогашните најголеми политички партии во присуство на специјалните претставници од Европската унија и САД, Франсоа Леотар и Хавиер Солана и Питер Фејт и Џејмс Пердју. Договорот беше потпишан за време на конфликтот во 2001 година меѓу македонските вооружени сили и албанската ОНА со кој се стави крај на воениот конфликт. Преговорите траеја во ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од село Мралино, Бензинска пумпа Дади компани во Мралино и делови од Населба Дрма, општина Илинден. · во периодот од 08.30 до 14.00 часот, корисниците околу стара Џамија и позади општината во Сарај, општина Сарај. The post Без струја денеска делови од општините Илинден и Сарај appeared first on Во Центар. ...
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-100 мм на улицата Мирослав Крлежа бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со активностите. The post Дел од Центар денеска без вода appeared first on Во Центар. Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради ...
Променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Во ...
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која со 28 години е најмладата личност што ја извршувала оваа функција, ќе ја напушти позицијата на крајот од месецов, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп во средата. Левит беше еден од најгласните и најлојалните бранители на Трамп, особено на честите и често конфронтирачки прес-конференции во Белата куќа. Трамп на социјалните мрежи ја опиша како една од неговите најдоверливи ...
Како одговор на растечката закана од сили како Русија и опасноста од екстремисти и странски сили, германската влада одобри закон за проширување на овластувањата на разузнавачките агенции, пренесува Еуроњуз. Целта е да се зајакне германската Федерална разузнавачка служба (БНД) и нејзината домашна разузнавачка служба (БфВ) и да се намали зависноста на Германија од податоците доставени од сојузничките држави. Овластувањата на германските ...
Во моментот на терен се одвива интензивна интервенција за гаснење на шумскиот пожар во близина на селото Моране во општина Студеничани. Ангажирани се и три ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што, поради тешко пристапниот терен, интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична. – Екипите на терен дејствуваат во постојана координација со сите вклучени структури, со цел пожарот ...
Лос Анџелес Лејкерс наскоро би можеле да имаат нови сопственици откако Џош Кушнер и Боб Игер се согласија да ја купат оваа иконска НБА франшиза за рекордни повеќе од 12 милијарди долари. Славниот клуб на тој начин ќе ја промени својата сопственичка структура само една година откако Марк Валтер го презеде од семејството Бус за десет милијарди долари. Продажбата сè уште чека официјално одобрение од Одборот на гувернери на НБА, но се очекува ...