СВР Скопје расчисти случај на уцена, лишен од слобода 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди пари од 61-годишник На 14.05.2026 на подрачјето Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Е.И.(26) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од Кривичниот законик. Имено, на 13.05.2026 во полициска станица, ...

Шест лица лишени од слобода, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 15.05.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ц.Ц.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 14.05.2026 околу 14:45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 52-годишна мајка, по што во дворот од семејната куќа го оштетил патничкото возило. На 15.05.2026 во 05:40 часот во СВР ...

Министерството за внатрешни работи ќе постапи во рамките на своите надлежности доколку се преземат потребните процесни чекори во врска со информациите од ФБИ дека двајца македонски државјани се бараат во САД за измама и кражба на идентитет, а во моментов се наоѓаат во земјава. Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со главниот извршен директор ...

По повод Меѓународниот ден на семејството, Орце Ѓорѓиевски денеска го посети СОС Детско село, каде оствари средби со децата и младите кои таму го наоѓаат својот дом. Нагласувајќи дека ова била една од неговите најемотивни посети досега, тој најави конкретни чекори за поддршка на овие херои. Најважната вест е дека со следниот ребаланс на буџетот, Град Скопје ќе обезбеди директни субвенции за секое згрижувачко семејство. Целта е на овие дечиња ...

Општина Аеродром, во соработка со компанијата ЕКОТИП, воведе современа Tersano SAO® технологија за чистење, дезинфекција и дезодорирање во сите објекти на детската градинка „Буба Мара“, со што се поставуваат нови стандарди за хигиена, безбедност и грижа за здравјето на децата. Денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и комерцијалната директорка на ...

Управата за јавни приходи продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, при што во првите четири месеци од 2026 година кај над 40% од контролираните субјекти се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од кои 30% се неправилности кои директно значат неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса. Во овој период, Управата за јавни приходи (УЈП) ...

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи. По цела деценија, „Реплек“ останува единствена ...

На 14.05.2026 во 14:30 часот во СВР Велес, 58-годишна жена од село во општина Градско, пријави дека била измамена за сума од 240.000 денари. Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар во Општа болница Велес и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болницата со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат, за што требало да плати, а парите да ги донесе во болница. Како што е пријавено, во ...

Вчера во 11:05 часот вo СВР Скопје е пријавено дека во с.Инџиково, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.С.(70). Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а сопственикот Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Вчера во 11:05 часот вo СВР Скопје е пријавено дека во ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.А.(44) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Во периодот од 13.03.2026 до 24.03.2026 пријавениот следел и вознемирувал 15-годишна малолетничка преку апликација на мобилен телефон. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.А.(44) од гостиварско, ...

Утрово во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата мајка Ѓ.У.(35) од с.Конче, радовишко, го родила во домот. Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Штип. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг К.У.(33) од с.Конче, при што било утврдено дека околу 02:00 часот ...

Полицијата со полни раце работа изминатото деноноќие. На 14.05.2026 во 23:00 часот во ОВР Неготино, М.А.(33) од Неготино пријави дека на улица „Маршал Тито“ во Неготино, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, а друг малолетник снимал со телефон. Известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 14.05.2026 во 14:20 часот во Скопје, полициски службеници ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави жестока офанзива на полицијата против несовесните возачи на мотори кои го загрозуваат јавниот ред и безбедноста во градовите. Тој повлече јасна линија меѓу вистинските љубители на мотори и оние кои ги користат двете тркала за дивеење по улиците. Министерот беше дециден дека МВР повеќе нема да толерира опасно возење, неносење кациги и прекршување на сообраќајните правила. „Слободно можам да ...

ВРЕМЕТО ИСТЕКУВА ЗА НИНА – БЕЗ ИТНА ПОМОШ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА Нина е дете кое секој ден го живее во болка. Нејзината состојба поради болеста се влошува, телото слабее, а ризикот од неповратни последици расте. За Нина постои шанса за лекување во САД што може да ѝ го промени животот, но без потребните средства, таа шанса исчезнува. Дел од сумата веќе е собрана, недостасуваат уште 30% од истата. Вкупно потребни средства се 54.361 евра, како и ...

Целата територија на државата утре, 16 мај, ќе биде зафатена од нестабилна воздушна маса која ќе донесе поинтензивни метеоролошки процеси. Според метео-алармот, се очекуваат локални невремиња придружени со обилни врнежи од дожд и силен ветер. Метеоролозите предупредуваат на бурен развој на облачноста кој ќе предизвика поројни дождови, со количина која на места ќе надмине 20 литри на метар квадратен. Особено внимание се препорачува поради ...

Министерството за внатрешни работи и А1 Македонија денеска официјално ја претставија националната општествено одговорна кампања „Одговорно со технологијата“, насочена кон подигнување на јавната свест за ризиците од користење мобилен телефон и дигитална дистракција во сообраќајот. Кампањата има за цел да поттикне поголема одговорност кај сите учесници во сообраќајот – возачи, пешаци, велосипедисти и корисници на електрични тротинети, ...

Системот „Сејф сити“ добива значително проширување и во иднина ќе опфаќа многу поширок спектар на сообраќајни прекршоци, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Камерите веќе не се користат само за пребрзо возење, туку преку нив се евидентира сè што се случува на асфалтот. Тошковски нагласи дека целта е подигнување на безбедноста во сообраќајот и поефикасна контрола на оние кои не ги почитуваат правилата. „И сега констатираме ...

Опозицискиот СДСМ денеска јавно обвини за наводна нова координирана шема за преземање и финансирање на Алфа ТВ. Како што изјави портпаролката и членка на Извршниот одбор на партијата, Богданка Кузеска, информациите до нив стигнале од свиркачи, а целиот процес наводно го координира вицепремиерот Александар Николоски по директна насока на премиерот Христијан Мицкоски. Според партијата, промените во Унгарија ја загрозуваат досегашната медиумска ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали Владата ќе ја исполни на реформската агенда, изјави: „Имавме состанок со господинот Герт Јанг Копман којшто во рамките на Европската комисија тоа го движи. Сите сме оптимисти, од оние десет дека можеме девет и пол да испорачаме, од оние, а може и десет, буквално така заклучивме, коишто се во грејс период. ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали активно се работи на патно поврзување на Кичево, изјави: „Па ние пред некој ден имавме со новинарите, посета на градежните активности коишто се случуваат на автопатот, најпрвин Гостивар-Букојчани, а потоа Кичево-Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам да делницата ...

Министерот за транспорт, Александар Николоски, во рамки на Самитот „Македонија 2025“ оствари средба со претставници на организацијата и нивни блиски соработници, со кои разговараше за промоција на земјава на светската сцена и за економските реформи. Николоски преку социјалните мрежи информираше за деталите од разговорите, потенцирајќи ја улогата на истакнатите претставници на македонската дијаспора во Канада. „Во рамки на Самитот „Македонија ...

Македонскиот здравствен систем е подготвен за справување со евентуална појава на хантавирус – андес варијанта, а ризикот од појава и ширење на овој вирус во државата е низок, оцени Комисијата за заразни болести по одржаната седница. На состанокот свикан во Министерството за здравство детално се разгледуваше состојбата со појавата на кластер со хантавирус на светско ниво, при што беа мапирани домашните капацитети за дијагностика и третман. ...

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10-ти до 20 мај спроведува интензивни контроли во сите ланци маркети во државата. Доколку се утврди дека има неосновано зголемување на маржите, надлежните ќе преземат соодветни мерки, најави денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Според министерот, на терен во моментов се активни 30 инспекциски тимови. Првичните неофицијални информации по првите четири дена од почетокот на надзорите ...

Опозицискиот СДСМ денеска упати остри критики до Министерството за образование и наука поради зачестените инциденти, физички пресметки и појава на ладно оружје во образовните институции. Претседателот на партиската Комисија за образование и наука, Јованче Манасков, на прес-конференција истакна дека системот за превенција целосно потфрла. Според социјалдемократите, актуелната состојба во училиштата и ученичките домови бара итна институционална ...

Владата ќе продолжи да го помага развојот на Општина Кичево преку поддршка на локалните инфраструктурни проекти, најави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на општината, каде изврши увид во тековните активности заедно со претставници од извршната и законодавната власт. Мицкоски изрази задоволство од динамиката на работата на локалната самоуправа и потенцираше дека започнатите проекти ќе бидат комплетно реализирани во ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на заедничката министерска средба со министрите за енергетика на Република Грција, Република Србија и Република Бугарија, Ставрос Папаставру, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и заменик-министерот Кирил Темелков, којашто се одржа во Атина, Грција. Станува збор за средба која е единствена во ваков формат, а која е фокусирана на регионалното енергетско ...

Родителите на учениците кои вршат насилство во училиштата ќе се соочат со парична казна од 250 евра, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Казната ќе се применува и во случаите кога родителот ќе одбие соработка со училишните служби и надлежните институции. Овие новини се дел од измените на Законот за основно образование, кои се подготвуваат по серијата регистрирани инциденти на врсничко насилство што ја вознемирија ...

Опозициската СДС предводена од Венко Филипче ја продолжува антинационалната и антидржавната политика започната од Зоран Заев, која директно оди во интерес на бугарските власти, обвинија денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. На прес-конференција, членот на Централниот комитет на партијата, Валентин Манасиевски, истакна дека раководството на СДС нема никаков проблем со негирањето на македонскиот идентитет. „Заев започна со бришење на терминот ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нови правила за кибербезбедност кои се однесуваат на објектите за производство, складирање, како и за системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија. Со овој потег, регулаторот ја засилува својата улога во заштитата на енергетскиот систем на државата од потенцијални дигитални напади и технолошки ризици. Новите правила се подзаконски акт усогласен со европските стандарди и имаат за ...

Пет италијански туристи загинаа додека нуркале во пештера на Малдиви, што предизвика полициска истрага за трагедијата, соопштија властите во четврток. Жртвите биле дел од група која ја пребарувала внатрешноста на едно од најпопуларните подводни локации во овој дел од светот. Моника Монтефалконе, професорка по морска биологија на Универзитетот во Џенова, и нејзината 20-годишна ќела Џорџија Сомакал биле 50 метри (160 стапки) длабоко во водите ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.27
65%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.5
90%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.45
93%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.47
65%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.75
57%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.39
92%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
0.45
67%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.85
69%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.89
60%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
66%
1010
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
53%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
1.41
59%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Цинк

0.00