Двајца тинејџери извршија вооружен напад пред Исламскиот центар во Сан Диего, САД, при што убија три лица, а потоа си ги одзедоа сопствените животи. Нападот се случил во понеделникот околу 11:40 часот по локално време, а напаѓачите се идентификувани како 17-годишниот Кејн Кларк и 18-годишниот Калеб Васкез. Неколку часа пред крвавиот пир, мајката на еден од напаѓачите очајнички се обидувала да ја предупреди полицијата. Таа во полицијата ...

Руските вооружени сили започнуваат воени вежби насочени кон подготовка и распоредување на своите нуклеарни капацитети, во период на зголемени глобални тензии. Официјалните активности на терен се планирани да траат во следните три дена. „Од 19 до 21 мај 2026 година, руските вооружени сили ќе спроведат вежба за подготовка и распоредување на нуклеарни сили под закана од агресија“, се вели во соопштението. Според официјалните информации од ...

Собранието попладнево, во рамки на својата 102. седница, усвои повеќе предлог-закони по скратена постапка. Меѓу поважните законски измени кои ја добија поддршката од пратениците се оние за ЈП Македонска радиодифузија, за внатрешни работи, за полиција, како и измените на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. За време на расправата, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, истакна дека со новите решенија во МВР се става крај на ...

Ноќеска околу 00:10 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(50) од Богданци, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник С.П.(52) од Богданци, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија. Ноќеска околу 00:10 часот во ОВР ...

Вчера во 21:40 часот во битолско село, полициски службеници од СВР Битола го приведоа И.К.(50) од селото затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување. По извршен службен разговор, тој бил спроведен во здравствена установа. Додека, на 19.05.2026 во 00:35 часот во СВР Битола, неговата 44-годишна жена пријавила дека на 18.05.2026 околу 18:30 часот, агресивно се однесувал во семејниот дом, ѝ се заканувал и физички ја ...

Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, Република Литванија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари билатерална средба со заменик-министерот за национална одбрана на Република Литванија, Томас Годлиаускас. На средбата се разговараше за зајакнување на соработката во областа на сајбер-безбедноста, размена на искуства и градење поотпорни институционални капацитети за справување со современите дигитални ...

Радовишката депонија гори веќе петти ден по ред, а надлежните служби и покрај големите напори сè уште се обидуваат да го стават пожарот под целосна контрола. На терен е ангажирана тешка механизација која врши насипување со земја за да се спречи натамошното ширење на огнот. Поради сериозноста на ситуацијата, градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб, Љупче Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно здравје-Штип, ...

Градоначалникот на Градишка, Зоран Аџиќ, изјави дека градот сега е во колапс откако делумно се сруши бетонската конструкција и оградата на мостот преку реката Сава на граничниот премин. Инцидентот се случил во текот на ноќта, при што само поради среќни околности е избегната поголема трагедија на самиот објект. „Околу еден часот по полноќ се случи несреќа и дефект на мостот. Пешачката лента со оградата се сруши и за среќа немаше никој таму“, ...

Шест лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 18.05.2026 во 04:30 часот во скопско село на подрачјето на општина Чучер-Сандево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.А.(33) од скопско, по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. На 18.05.2026 во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од ...

„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци. На свеченоста по повод јубилејот, министерот истакна дека Разловци претставува „највисок пантеон на македонскиот опстој“ и симбол на непокорот што, како што рече, „никој не успеал да го замолчи“. Во своето обраќање, министерот нагласи ...

Членот на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески, на денешната прес-конференција ги демантираше тврдењата на опозицијата и јавноста дека со новиот Закон за студентски стандард се кратат стипендиите и се зголемува цената за престој во студентските домови. Според него, бројот на стипендиите воопшто не е дел од законското решение, туку тие се носат на годишно ниво, согласно Буџетот и потребите на државата. Тој објасни дека се ...

Вчера околу 18:00 часот на ул.„Димитрие Чуповски“, пред започнување на протест пред Министерството за правда, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Б.Џ.(28), Р.А.(27) и С.Д.(22), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Вчера околу 18:00 часот на ул.„Димитрие ...

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола, еден со брзина поголема од дозволената и еден со активна забрана и под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без возачка дозвола, еден со брзина поголема од дозволената и еден со активна забрана и под ...

Со презентација на електронски докази и документација од болничкиот систем „ХИС“, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи доказната постапка за предметот „Онкологија 2“. Во овој случај, поранешниот директор на Клиниката Никола Васев и организацискиот директор Нехад Нухи се обвинети дека преку фиктивни набавки и злоупотреби со скапа терапија го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра. Според обвинението, двајцата обвинети во ...

Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска одржа редовна седница на која беа донесени неколку клучни одлуки за справување со летните предизвици и за енергетската независност на општините. Како што информираше претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, една од најважните одлуки е формирањето на кризен противпожарен штаб, кој ќе овозможи побрза и поефикасна меѓуопштинска координација при евентуални пожари во ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ги посети полициските службеници кои посетуваат обука во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство – Фаза 3”. Проектот се спроведува од Центарот за обука на МВР и УНФПА, со поддршка од Британската амбасада во Скопје. Оваа обука е дел од осумте предвидени циклуси на тема „Почетна едукација на професионалците за родово базирано насилство врз жените и семејното ...

Во основното училиште „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда се одржа едукативно предавање на тема „Пубертетот и менструалниот циклус кај девојчињата“. Настанот е организиран во соработка меѓу Институтот за јавно здравје и Општина Гази Баба, со цел младите навремено да се информираат за промените при растењето. Ова предавање е дел од пошироката иницијатива за подигнување на свеста кај младите за важноста на биолошкото, репродуктивното и ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференција на портпаролот Валентин Манасиевски упати сериозни обвинувања до претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Од партијата тврдат дека опозицискиот лидер веќе две недели избегнува да го осуди говорот на бугарската министерка Петрова Чамова, во кој македонските граѓани беа наречени „северномакедонци“. Според Манасиевски, ваквиот однос на Филипче покажува одобрување на политиките со кои се потчинува ...

Македонија претрпе многу уставни измени кои наликуваат на уставен инженеринг инициран однадвор, како тие од Рамковниот и Преспанскиот договор, а сега повторно се бара вметнување на Бугарите во Уставот за почеток на преговорите со ЕУ. Ова го порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за време на предавањето на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“. Претседателката ...

Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) преку прес-конференција на Стефанија Кузмановска излезе со остри критики кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја дека преку новите законски измени директно удира врз студентскиот стандард и крати од поддршката за младите. Според Кузмановска, наместо подобрување на условите, власта воведува категоризација на студентските домови во два типа – енергетски ефикасни и нереновирани објекти, што ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати по повод 150-годишнината од кревањето на Разловечкото востание во селото Разловци, општина Делчево. Во својот говор, тој упати порака за зачувување на државата и повика на национално обединување околу државните интереси, нагласувајќи дека личните амбиции не смеат да бидат поважни од иднината на децата. Мицкоски потенцираше дека Разловечкото востание не било само оружен отпор, туку почеток на ...

Денеска во Скопје официјално беше отворен 11-тиот Форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), во организација на Министерството за европски прашања и во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива. Форумот, кој оваа година се одржува под мотото „Accelerating EUSAIR: From Commitment to Impact“, обедини министри, претставници на Европската комисија, регионални ...

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...

Поранешниот функционер Андреј Жерновски преку статус на социјалните мрежи упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, министерот Тимчо Муцунски и владејачката коалиција, обвинувајќи ги за двојни стандарди по одржувањето на политичкиот собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ во Куманово. „Замислете само што ќе се случеше ако утре во Македонија се организира, на пример, митинг за поддршка на Радев. Мицкоски, Муцунски ...

Главниот град Скопје денеска е домаќин на 11-тиот Форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), значаен регионален настан кој отвора простор за дијалог и размена на искуства. На настанот, покрај министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, како говорник се обрати и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски во своето излагање посочи дека во време на брзи геополитички предизвици, економски ...

Грчките власти донесоа одлука за промена на терминот за воведување на новите сообраќајни правила кои се однесуваат на сите возила кои влегуваат во земјата. Станува збор за воведувањето на ново барање за содржината на комплетот за прва помош во возилата кои влегуваат во Грција, кое првично требаше да стапи на сила со почетокот на ова лето. Како што информираат од Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“, примената на оваа мерка сега е ...

Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати порака во која го нагласува значењето на спасувањето човечки животи и враќањето на надежта кај семејствата. Тој во својата куса објава потенцираше дека ова чувство е незаменливо за секој лекар и медицински работник. „Не постои поубаво чувство од спасување човечки живот и од надежта што повторно им се враќа на луѓето и нивните семејства“, напиша Филипче. ...

Вчера во 21:10 часот во село Неготино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате, го привеле В.А.(52) од село Неготино. Тој бил баран со наредба од Основен суд Гостивар за издржување на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Тој е спроведен ...

Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица. Случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела ...

Шест лица се убиени, а осум повредени во пукотница во Турција. Според локалните медиуми, напаѓачот прво ја убил својата сопруга, а потоа влегол во автомобил и продолжил да убива луѓе на неколку различни локации. Според Хуриет, Метин О. (37) ја убил својата поранешна сопруга Ариза Озден (32) во населбата Дарипинари, а потоа избегал и отишол во ресторан во населбата Кадели Дертлер во округот Тарсус, каде што ја продолжил својата крвава гозба. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
95%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
89%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
67%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
46%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
46%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.31
60%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Родиум

257205.97