Собранието на Република Македонија со 68 гласа „за“ попладнево го избра Ацо Ристов за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Ристов доаѓа на позицијата на Марко Бислимовски, кој поднесе оставка во февруари годинава. Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со три децениско искуство во секторите енергетика, хидроенергија и инфраструктурни системи. Во неговата богата биографија се наведува дека е експерт за управување со ...

Вчера во 12:10 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со Д.Г.(69) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во село Ваташа, кавадаречко, му се заканувал на Ѓ.А.(31) од Кавадарци, кој во селото извршувал работни задачи за градежна фирма од Кавадарци. Кај Д.Г. бил пронајден и одземен пиштол „Чешка зброевка“. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. ...

Односите со Албанија се одлични и ќе останат такви. Но дали вашиот претседател Таравари со скандалот “Ѓока” барал помош од премиерот Еди Рама, па бил упатен да бара помош од Али Ахмети и со тоа Ве паркираа во коалиција со ДУИ, тоа е прашањето на кое треба Вие да одговорите, му порача вицепремиерот Николоски, на пратеникот Халил Снопче, на седницата за пратенички прашања. Вицепремиерот Николоски, од собраниската говорница потенцира дека чудно ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице за угостителство, производство, трговија и услуги од Свети Николе и Б.К.(34) од Свети Николе, одговорен во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“. На 29.11.2025 во угостителски објект во Свети Николе, пријавениот организирал забава, во која на 14 деца овозможил ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на проценките за инфлацијата која е 4,9% и за тоа дали се потребни поголеми мерки, бидејќи потрошувачката кошничка во еден месец не може да се наполни ни со две минимални плати, изјави: „Ако мислите на потрошувачката кошница којашто ја имаат синдикатите, односно Сојузот на синдикати, самите автори на истата рекоа ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“ и против А.Л. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „предизвикување на ...

Вчера во 07:40 часот полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово. Според пријавеното, на 07.04.2026 околу 22:00 часот на спортско игралиште во близина на спортската сала во Куманово, тој се сретнал со М.Ѓ.(23) од Куманово наводно за да расчистат претходно недоразбирање, а биле присутни уште неколку други лица. Како што е пријавено, М.Ѓ. притоа извадил пиштол и нож, по што бил физички нападнат од малолетникот ...

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и сопругата на Премиерот, Рози Мицкоска, денес го посетија новиот објект на ЈДГ „8 Март“ во населбата Потстаница, кој е во завршна фаза на подготовки пред неговото официјално отворање. При заедничката обиколка, г-ѓа Мицкоска донесе подароци, играчки наменети за дечињата кои ќе бидат згрижени во оваа установа. Внатрешноста на градинката е веќе целосно опремена со современи реквизити, а во моментов ...

Општина Центар започна со целосна реконструкција на култното детско игралиште „Славка Недиќ“, попознато како „Дрвен“, лоцирано во Дебар Маало, со цел создавање побезбеден, пофункционален и современ простор за игра на децата. Со реконструкцијата ќе се изврши целосна замена на дотраената урбана опрема и постојните реквизити, кои ќе бидат заменети со нови, современи и безбедни содржини. Во рамки на проектот е предвидена и изградба на нов ...

Во седиштето на U.S. International Development Finance Corporation (DFC) во Вашингтон се одржа свеченото потпишување на договор за финансиска поддршка во износ од 5 милиони долари, наменети за истражување на критични минерали во Македонија. Договорот беше потпишан помеѓу Конор Колман, раководител на инвестиции во DFC, и Ник Јовановски, извршен директор на Pela Global Limited. На настанот присуствуваше министерката за енергетика, рударство и ...

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење на златен накит со вкупна вредност од 581.900 денари. Сторителот се обидел да го внесе накитот без да го пријави, со што би избегнал плаќање на увозни давачки во износ од 207.738 денари. Од Царинската управа информираат дека накитот е веднаш запленет. По документирање на случајот, Одделението за истраги поднесе кривична пријава против лицето за кривично дело ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во рамки на македонската делегација учествуваше на Стратешкиот дијалог со САД во Вашингтон. На средбите во Стејт департментот беше потврдено дека дигитализацијата и безбедноста на мрежите остануваат врвен приоритет во билатералните односи. Андоновски нагласи дека американската поддршка е клучна за зајакнување на македонските капацитети во овој сектор. „Драго ми е што нашиот стратешки ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања до раководството на СДСМ и поранешниот премиер Зоран Заев, тврдејќи дека молчат за случајот поврзан со Деталниот урбанистички план во Тетово и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака. Според Петрушевски, јавноста сè уште нема одговори за тоа каде завршиле милионските суми споменати во јавно објавените аудио снимки. „Нема одговори од СДС, Филипче и ...

Пратеникот и претседател на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната собраниска седница за прашања од опозицијата, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, во однос на менаџирањето на кризата, заштитата на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Филипче посочи дека се случи тоа на што предупредуваше СДСМ изминатиот период, а владата не презема навреме мерки за да ги заштити граѓаните од ценовните шокови. Во продолжение е ...

Во рамки на засилените контроли на граничните премини, официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарствцо (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, навремено реагираа и одбија пратка од над 10 тони јагнешка кожа по потекло од Република Албанија, која требала да транзитира низ нашава држава. Пратката е вратена согласно донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста Чума кај мали преживари која е присутна во соседна ...

Ниските цени на горивата и поевтините прехранбени продукти во Македонија предизвикаа вистински метеж на граничниот премин Ќафасан. Најголем дел од патниците доаѓаат од пограничните места во соседна Албанија на еднодневни посети во Струга, со цел да ги наполнат резервоарите и да набават основни намирници. Според официјалните податоци од СВР Охрид, само на почетокот на овој месец протокот на патници е зголемен за 11 проценти во споредба со ...

Пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница на кој на дневен ред е Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалцијата, посочи дека со овој предлог се предлага намалување на цените на патарините за околу 50%. Трајчулески потенцираше дека цените на патарините се дополнителен удар врз граѓаните и компаниите во оваа криза, бидејќи ...

Македонското Собрание денеска го утврди дневниот ред на 97. седница, по што започна расправата со поставување прашања од опозициските пратеници до членовите на Владата. На оваа седница, пратениците треба да одлучуваат за клучни кадровски решенија во енергетскиот и финансискиот сектор. Најзначајната точка е именувањето на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Како предлог-кандидат на местото на Марко Бислимоски е Ацо ...

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше Предлогот на законот за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата, а кој се однесува на намалување на ацизатата на горивата и на ДДВ-то на нафтените деривати и горивата од 18% на 5%, посочи дека горивата имаат значаен удел во производствените трошоци и дека мора да се третираат на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати силна порака по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, нагласувајќи дека ромската заедница не е „друга“, туку е нераскинливо ткиво на македонската држава. Говорејќи во Собранието, тој истакна дека фокусот на Владата е ставен на образованието како клуч за уривање на бариерите. „Нашата визија почнува со училишта во кои нема да постои поделба, туку можност. Со систем што не прави разлика, туку ...

СДСМ по итна постапка поднесе предлог-закон за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 5%, со цел заштита на животниот стандард на граѓаните и ублажување на инфлаторните притисоци. „Поднесуваме предлог на закон за дополнување на Законот за додадена вредност по скратена постапка. Бидејќи не е предвидена можност за повластена даночна стапка од 5% на бензинот и на дизелот во горивата, сакаме да предложиме намалување на ДДВ-то од 18 на 5% за ...

Македонија влегува во период на претежно стабилно, но исклучително ветровито време. Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека денеска и утре ќе преовладува умерен до засилен северен ветер, кој во источните делови и долж Повардарието повремено ќе достигне брзина од над 60 километри на час. И покрај тоа што се очекува променливо облачно небо, ветерот ќе придонесе за чувство на многу постудено време. Граѓаните се повикуваат на ...

Во Кривичниот суд денеска беа објавени аудиоснимки од бројот 112 кои ги откриваат последните часови од животот на Ивана Јовановска. Снимките покажуваат драматична борба со времето и институционални лавиринти, каде жртвата очајно барала полициска заштита пред да биде убиена. Во клучниот повик, Ивана директно го пријавува сопругот Стојанче дека чува дрога во нејзиниот стан и дека ја држи заклучена вратата. „Сакам да пријавам дека сопругот чува ...

По повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, во Собранието денеска се одржа настанот „Од невидливост кон еднаквост“, каде собранискиот спикер Африм Гаши упати силни пораки за итна институционална акција. Гаши призна дека иако законите се напреднати, реалноста за ромската заедница сè уште е исполнета со препреки и дискриминација. „Невидливоста не значи отсуство на права, туку отсуство на правда. Ромите се неразделен дел од ова општество и ...

По долги години административни лавиринти и чекање, денеска и официјално е соопштено: започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала во Скопје. Министерството за култура и туризам информираше дека Државната комисија за жалби ја одбила последната жалба, со што и дефинитивно е потврден изведувачот. Градежните работи ќе се изведуваат по принципот „клуч на рака“, а амбициозниот план предвидува салата да биде целосно завршена ...

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска се очекува официјално да ја објави одлуката со која на децата под 15 години ќе им се забрани пристапот до социјалните мрежи. Со овој радикален потег, Грција им се приклучува на европските земји кои објавија војна на штетното влијание на онлајн платформите врз младите. Како што пренесува „Ројтерс“, ваквата одлука доаѓа по алармантните извештаи за нарушување на менталното здравје кај малолетниците. ...

Франција се соочува со сериозен колапс во снабдувањето со нафтени деривати, оставајќи илјадници возачи во безизлезна ситуација. Сликите од затворени бензински пумпи и долги редици станаа секојдневие низ земјата, додека властите се обидуваат да најдат решение за новонастанатата криза која се заканува целосно да го парализира сообраќајот. Штрајкови и блокади ја „исушија“ земјата Главната причина за овој недостиг се масовните штрајкови и ...

Додека Вашингтон и Техеран се движат по опасна линија која води кон директен судир, Пакистан се вклучи како клучен посредник во обид да ги смири тензиите. Официјален Исламабад упати директно барање до американски претседател Доналд Трамп да го одложи крајниот рок за постигнување договор со Иран за дополнителни две недели. Трка со времето на Блискиот Исток Пакистанските власти изразија сериозна загриженост дека премногу кратките рокови можат ...

Пет лица се лишени од слобода од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР, изречени се вкупно 27 мерки Во текот на вчерашниот ден (07.04.2026), во периодот од 11:00 до 17:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на подрачјето на општините Куманово, Илинден, Бутел и Кисела Вода, спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, со посебен акцент ...

Додека тензиите на релација Вашингтон-Техеран го достигнуваат врвот, портпаролката на Доналд Трамп, Каролин Левит, јасно порача дека стратешкиот план на новиот претседател останува строго чувана тајна. Во изјава која одекна во меѓународните дипломатски кругови, таа потенцираше дека непредвидливоста на Трамп е неговото најсилно оружје во решавањето на овој повеќедецениски конфликт. Дипломатија зад затворени врати Левит сугерира дека јавноста и ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
76%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
60%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
76%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 7ᴼ
5.66
54%
1014
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
6.36
59%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
1.79
78%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
4.02
53%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
52%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
72%
1013
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
6.69
72%
1014
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
67%
1013
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Калај

49.88

Алуминиум

3.53

Паладиум

49215.93

Родиум

324722.54

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

12.14

Рутениум

55395.74

Цинк

3.44

Платина

66712.80