Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Рокот за предлагање кандидат за нов словенечки премиер истекува вечерва на полноќ, а речиси е сигурно дека Словенечката демократска партија ќе го предложи својот долгогодишен лидер Јанез Јанша. Доколку добие поддршка во парламентот, тој по четврти пат ќе стане премиер на Словенија. Досегашниот премиер Роберт Голоб, иако беше релативен победник на изборите, не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство. Неговото Движење Слобода сега оди во ...
Три лица сè уште се водат како исчезнати по уривањето на станбена зграда во Гролиц, во источна Германија, додека спасувачките екипи цела ноќ пребаруваа под урнатините. Според информациите на германската новинска агенција ДПА, властите истражуваат дали експлозија на гас е причина за несреќата што се случила во понеделник вечерта во близина на железничката станица во градот. Полицијата соопшти дека првично пет лица биле пријавени како ...
Мажот кој во понеделникот дивееше низ турскиот град Тарсус и уби 6 лица, а рани уште 8, е пронајден мртов откако извршил самоубиство при полициска потера. Турските медиуми јавуваат дека осомничениот Метин О. (37) се сокрил во куќа во шумска област во близина на Мерсин. Кога сфатил дека полицијата го опколила, си пресудил. Според досегашните информации, нападот започнал во локален ресторан и месарница во Тарсус, каде напаѓачот работел пред ...
Туристичката и патничката индустрија во светот ќе порасне за 3,2% во 2026 година и да поддржи околу 376 милиони работни места во 2026 година, што значи едно од девет во светот, проценува Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC). Советот соопшти дека предвидувањата за 2026 година се базираат на моменталните економски и геополитички услови и вклучуваат претпоставки поврзани со инфлацијата, цените на енергијата, побарувачката за туризам и ...
Катар, земја која со децении беше синоним за невидено богатство и економски раст, во моментов се соочува со целосна парализа на економијата. Нападите на Иран и блокадата на поморскиот сообраќај во Ормускиот теснец ги прекинаа виталните рути за извоз на гас, доведувајќи го економскиот мотор на земјата во застој. Земјата добива повеќе од 60% од своите приходи од извоз на природен гас, што го трансформираше поранешниот рибарски рај во една од ...
Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски каматни стапки и подолга рочност, што претставува индикатор за зголемена доверба на меѓународните финансиски институции кон македонската економија, рече во интервју за Алфа ТВ министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Министерството за финансии испратило барање до 14 банки, а доило понуда од 8. Каматните услови кои се добиени за кредитот ...
Македонија има претрпено многу промени на својот Устав на патот кон ЕУ, но спорни или наликуваат на уставен инженеринг се оние кои се иницирани однадвор, како тие од што призлегоа од Рамковниот договор, потоа и од Преспанскиот, за кои нè убедуваа дека се последни. Вака изјави претседателката Гордаана Сиљановска-Давкова која денеска одржа предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или ...
41-годишен жител на скопското село Кондово пријавил дека бил нападнат и повреден со кундак од пиштол пред својот дом, откако се обидел да ја заштити својата малолетна ќерка. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил во неделата вечер околу 21:30 часот. Н.Ш. пријавил дека 18-годишниот Б.И. физички го нападнал и му нанел повреда удирајќи го со кундак од пиштол. Како што навел во пријавата, претходно во текот на денот неговата ...
Барањето на албанските студенти за полагање на правосудниот испит на мајчин јазик се решава институционално. На работната средба со претседателот на Владата постигнат е конкретен договор институциите да најдат решение и веќе активно се работи на тоа решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните, соопшти Вреди. „Студентите побараа правосуден испит, но Вреди самоиницијативно ја мапираше целата соодветна проблематика. Нема да застанеме само тука, ...
Министерот за правда, Игор Филков, испрати реакција за протестите за полагање на правосуден испит на албански јазик. „Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на ...
30-годишен државјанин на Косово бил приведен откако полицијата го фатила како вози со брзина од дури 203 километри на час на автопатот А1 кај клучката Смоквица, во близина на Гевелија. Инцидентот се случил во неделата вечер околу 22:18 часот, кога полициски службеници при радарска контрола забележале дека возачот управува „ауди А6“ со косовски таблички со брзина далеку над дозволената. На делницата каде што бил запрен, максималната дозволена ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски ги повика СДСМ и Венко Филипче да покажат одговорност и да овозможат институциите да работат откако ја обвини опозицијата дека со банални оправдувања денеска не дозволила да почне со работа Комисијата за финансирање и буџет. – Денес повторно сведочиме на неодговорен и неодржлив пристап од страна на СДСМ, Венко Филипче и целокупната опозиција со банални оправдувања дека немало место каде да седнат и ...
Македонија се наоѓа во групата земји со умерено пренатрупани затвори, каде што се бележат 104 затвореници на 100 расположливи места, а истовремено е меѓу европските држави со најдолг просечен период на издржување затворска казна, кој изнесува 18 месеци. Ова го покажуваат податоците од денеска објавената годишна статистика на Советот на Европа за затворската популација (SPACE I) за 2025 година, која укажува на сериозен глобален тренд на ...
Бројот на пациенти со инфламаторните цревни заболувања, како во светот така и во Макеоднија, се зголемува. Речиси 200 заболени на 100.000 жители има во земјава. Често пациентите доаѓаат во многу тежок стадиум на болеста, со изгубена телесна тежина, крвават, анемични, малаксани, постојано земаат боледување, а им е непријатно поради природата на болеста да се јават на лекар. Превентивните прегледи се клучни за раното откривање на овие ...
Пожарот на депонијата во Радовиш и натаму не е целосно ставен под контрола, а чадот што се шири над градот ги натера локалните власти да издадат сериозни препораки до граѓаните. Градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб, Љупчо Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно здравје, апелира граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено, особено во периодите кога чадот е најгуст. Според информациите од ...
Со презентација на електронски докази и документација од болничкиот систем „ХИС“, денеска, вторник, во Основниот кривичен суд Скопје продолжи доказната постапка за предметот „Онкологија 2“, во кој поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев и организацискиот директор Нехад Нухи се обвинети дека преку фиктивни набавки и злоупотреби со скапа терапија го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Според обвинението, ...
Во рамките на 54-тото издание на престижниот меѓународен фестивал „Мајски оперски вечери“ на 20 мај со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини, која важи за едно од најемотивните и најизведуваните дела на светскиот оперски репертоар. Диригент на претставата е гостинот од Грција, Мирон Михаилидис, а режијата ја потпишува Александар Текелиев (Бугарија). Сценографијата ...
Иран испратил нов мировен предлог до Соединетите Американски Држави, а според првите детали, Техеран повторно поставил слични барања како претходно, пишува Ројтерс повикувајќи се на новинската агенција ИРНА. Меѓу нив се: прекин на непријателствата, повлекување на американските сили од областите блиску до Иран, укинување на санкциите, ослободување на замрзнатите средства, крај на американската поморска блокада и репарации за уништувањето ...
Филипче и натаму не го осудува говорот на бугарската министерка која нѐ нарече „северномакедонци“, напротив соработува со нашите негатори, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. – Венко Филипче скоро две недели наоѓа изговори и не го осудува недостоинствениот говор на бугарската министерка Петрова Чамова која нѐ нарече „северномакедонци“, Филипче дури и се гордее на тие успеси со кои ја потчинија државата пред останатите. Венко ...
Соединетите Американски Држави ќе го продолжат ослободувањето од руските санкции за нафта, со кои се овластува испорака и продажба на сурова нафта и нафтени производи од руско потекло натоварени на бродови, за дополнителни 30 дена, изјави вчера американскиот министер за финансии Скот Бесент, како што објави новинската агенција ДПА. Бесент напиша на X дека мерката „ќе им обезбеди на најранливите нации привремен пристап до руска нафта“. Тој ...
Актерот Џон Траволта објасни дека имало посебна причина зошто во текот на викендот во Франција, во рамките на Канскиот Филмски фестивал, дури трипати ја носел елегантната беретка по повод своето режисерско деби. Во интервју за CNN објавено во понеделник, 18 мај, 72-годишниот Траволта ја објасни својата инспирација. – Режисерите од старата гарда носеа беретки и очила. Помислив, токму тоа и јас ќе го направам – рече тој. Траволта пристигна на ...
Времето во среда, 20 мај, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 км/час, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. В четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, ...
Златна плочка со проценета вредност од околу 4,5 милиони денари е запленета од страна на царинските службеници на граничниот премин Богородица, откако при детална контрола била пронајдена скриена во обувка на патник. Според информациите од Царинската управа, автобус кој сообраќал на релација Гостивар–Истанбул бил издвоен за контрола, по што бил извршен претрес на еден македонски државјанин поради основани сомневања. При проверката, во чевелот ...
Дел од мостот на граничниот премин Градишка меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина се урнал рано утрово околу 3 часот. Според босански „Кликс“, попуштил дел од оградата на мостот на стариот граничен премин, по што движењето на возила и пешаци било целосно запрено. „Кликс“ објави дека структурата на оградата попуштила под засега непознати околности. „Создаден е огромен безбедносен ризик“, наведува медиумот. Поради големата фреквенција на товарен ...
Европската Унија разгледува правила што би барале од европските компании да набавуваат делови од најмалку три различни добавувачи, во обид да ја ограничат зависноста од Кина. Новите мерки би биле насочени кон компаниите во неколку клучни сектори, вклучувајќи хемикалии и индустриски машини и би ги ограничиле купувањата од кој било поединечен добавувач на околу 30%-40%, објави „Фајненшл тајмс“. Останатите компоненти би морале да доаѓаат од ...
Ќерката на Мајкл Џексон, 28-годишната пејачка Париз Џексон сподели ултразвук на своето стори на Инстаграм и објасни дека резултатите не покажуваат никакви сериозни здравствени проблеми. – Правам ултразвук за да ги проверам лимфните јазли бидејќи многу луѓе коментираа колку чудно ми изгледа вратот во моето последно видео – напиша таа покрај видеото снимено за време на прегледот. Неколку часа подоцна, ќерката на Мајкл Џексон и Деби Роу призна ...
Златна плочка со проценета вредност од околу 4,5 милиони денари е запленета од страна на царинските службеници на граничниот премин Богородица, откако при детална контрола била пронајдена скриена во обувка на патник. Според информациите од Царинската управа, автобус кој сообраќал на релација Гостивар–Истанбул бил издвоен за контрола, по што бил извршен претрес на еден македонски државјанин поради основани сомневања. При проверката, во чевелот ...
Вицепремиерот Александар Николоски соопшти дека процесот на решавање на проблемот со системот за влез и излез во ЕУ на превозниците, откако Хрватска донесе Законот за странци со кој на професионалните возачи од Западен Балкан ќе им се даваат долгорочни визи. „Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во ...
Со видео со броевите 26 и 5 поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, најави враќање во активната политика со формирање нова партија. Според „Прототема“, официјалното претставување е закажано за 26 мај. „Ниту прерано ниту предоцна, сега е време“, порача поранешниот грчки премиер под видеото. На снимката се појавуваат две момчиња на фудбалски терен со дресови со броевите „26“ и „5“. Тоа симболично го најавува датумот на промоцијата. ...
Најмалку две лица загинаа, а четворица се повредени во вооружен напад што се случил во текот на ноќта во Ел Ехидо, во јужна Шпанија. Според информациите од полицијата, по пукањето бил уапсен еден осомничен, а истрагата за мотивите и околностите на нападот е во тек. Според „Мирор“, меѓу повредените во пукотницата во близина на популарното шпанско крајбрежно одморалиште се едно 18-месечно и едно седуммесечно бебе, кое е однесено на интензивна ...