Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Според најновите лабораториски анализи, водата од артерската чешма „Џамија“ на улицата „Даме Груев“ е исправна за пиење, информираат од Општина Охрид. Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 22 мај 2026 година беше забранета употребата на водата за пиење, откако анализите извршени од ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“ покажаа дека таа не е исправна за употреба. По спроведените контролни испитувања и добиените резултати од ...
Со извонредна игра, борбеност и шампионски карактер, ГРК Охрид испиша нова блескава страница во историјата на македонскиот ракомет, совладувајќи ја екипата на Татабања во финалето и освојувајќи го европскиот трофеј. Овој триумф претставува голем успех за македонскиот ракомет и огромна гордост за македонскиот спорт, велат во честитката од Министерството за спорт до ракометарите, стручниот штаб и раководството на ГРК Охрид за историскиот успех ...
Градот Охрид го живее ракометниот сон по триумфот на ГРК Охрид над МОЛ Татабања во финалето од ЕХФ Европскиот куп. По тој повод вечерва на градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи голема прослава. Прославата започнува вечерва во 19ч. на градскиот плоштад, а во 20ч. ќе ги пречекаме шампионите на ЕХФ Европскиот Куп! – соопшти ГРК Охрид. ГРК Охрид синоќа во извонреден амбиент во преполната сала „Билјанини извори“ славеше и во реваншот над МОЛ ...
Татабања падна и во реваншот, титулата останува на брегот на Охридското Езеро. Охрид испиша нова златна страница во македонскиот и европскиот спорт. ГРК Охрид за прв пат во својата историја го освои ЕХФ Европскиот куп, откако вечерва во преполната сала „Билјанини извори“ го совлада унгарскиот МОЛ Татабања со 31:25 во реванш финалниот натпревар. По победата од 29:28 на првиот меч во Унгарија, охриѓани до трофејот стигнаа со вкупни 60:53. ...
ГРК Охрид вечерва од 20 часот го игра реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот куп против МОЛ Татабања и е на чекор до најголемиот успех во историјата на охридскиот спорт. Понекогаш спортот е многу повеќе од игра. Понекогаш е приказна што ја живее цел град. Таков е денешниот ден во Охрид. Вечерва од 20 часот во спортската сала „Билјанини извори“, Градскиот ракометен клуб Охрид ќе го одигра најголемиот натпревар во својата историја. Противник е ...
Три шампионски титули, три сребрени и четири бронзени медали за младите охридски атлетичари во Скопје. Атлетскиот клуб „Охрид трчаТ“ оствари одличен настап на Националното првенство на Македонија за пионери и пионерки, кое се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, освојувајќи вкупно 10 медали – три златни, три сребрени и четири бронзени. Најголемиот успех го остварија новите шампиони на Македонија Илијана Димитровска, која ...
Со свечено отворање во Домот на писателите во Бургас, на 26 мај започна дваесеттото јубилејно издание на Меѓународниот литературен фестивал „Свето слово“ (Свято слово), кој траеше до 29 мај и годинава собра поети, писатели и преведувачи од осум држави – Полска, Чешка, Србија, Република Северна Македонија, Хрватска, Црна Гора, Ерменија и Бугарија. Меѓу гостите и учесниците на фестивалот беа реномирани литературни имиња од повеќе европски ...
На Европското “Challenger” првенство во атлетика што се одржува во Монако, Стојоски настапи во неговата дисциплина 400м со пречки и се закити со бронзен медал во силна конкуренција. Продолжуваат подготовките за понатамошните натпревари и Стојоски е кандидат за Балканското првенство во Атлетика кое ќе се одржи при крајот на месец јуни, информира АК Охрид. OhridNews На Европското “Challenger” првенство во атлетика што се одржува во Монако, ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне на места ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне 25 степени. Во понеделник не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен ...
Францускиот шампион Пари Сен Жермен (ПСЖ), ја освои титулата во фудбалската Лига на шампиони втора година по ред, откако вечерва во финалето на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта го совлада Арсенал по лизведување пенали со 4:3, откако во регуларниот дел мечот заврши нерешено 1:1, а промена во резултатот немаше и по продолженијата. Арсенал подобро го отвори натпреварот и поведе уште во раната фаза преку Хаверц, но парижаните израмнија во второто ...
Историјата е веќе испишана. Со самиот влез во финале на ЕХФ Европски Куп сметам дека ГРК Охрид направи еден огромен успех. На чекор сме до освојување на трофејот што би бил исклучителен успех за клубот, за градот, за државата и за сите, рече на денешната прес конференција пред реванш натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот куп тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ. Можам да кажам во име на момците дека ќе го оставиме и последниот атом од ...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, оствари средба со потпретседателот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Предраг Бошковиќ. На средбата како што имформира Пецаков разговарале за иднината на ракометот, за возбудата пред претстојниот финален натпревар, но и за визијата и амбициозните планови на ГРК Охрид. Посебно ме радуваат честитките кои ги добивме за нашиот проект и за досегашните успеси. Тоа е силна потврда дека се ...
Ракометарите на Охрид утре го играат реваш натпреварот во финалето од ЕХФ Европскиот клуб против екипата на Татабања. По победата со гол разлика во првиот натпрвар, ракометарите се надеваат на европскиот трофеј. Во недела не очекува реваншот против Татабања, во последниот и најважен натпревар за нас оваа година. Сите знаеме за каков противник станува збор. Тие се навистина силна екипа и уште од самиот почеток на ова натпреварување се ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер. Во Охрид времето денес сончево со температура до 24 степени. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и среда времето ќе биде променливо облачно со сончеви ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Попладне нестабилно со дожд. Максималната температура ќе достигне до 26 степени. Утре и во сабота времето ќе биде стабилно со ...
Од утре, 28 мај, ќе почне да функционира ограничениот режим за движење на возила во стариот дел од градот. Режимот и начинот како ограничениот режим на движење на моторните возила, велат од ЈП „Билјанини Извори“ е регулиран и утврден со Правилник за издавање на картички за движење во стариот дел од градот, донесен на 11. 05. 2023 година од страна на Управниот одбор на претпријатието. Во таа насока ги известуваме сите граѓани кои имаат ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до сограѓаните со исламска вероисповед. Во мое лично име и во име на локалната самоуправа, Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам, со искрени желби за мир, здравје, благосостојба и спокој во секој дом. Курбан Бајрам е празник што ни ги покажува вистинските вредности во животот, а тоа се човекољубието, хуманоста и меѓусебната ...
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,70 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Тоа е пет сантиметри над просекот за мај утврден на 693,65 метри надморска височина или 60 сантиметри над дозволениот минимум (693,10). Неделната анализа покажува благо зголемување на нивото од измерените 693,66 м.н.в. првиот ден до денешните 693,70 м.н.в. OhridNews Нивото ...
На 26.05.2026 во 16:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом во Охрид физички го нападнал неговиот 64-годишен татко. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни ...
Околу 100-тина учесници земаа учество на турнирот во гаѓање со кусо и долго огнено оружје „Охрид Опен 2026“ што за првпат оваа година беше во организација на стрелачкиот клуб „Охрид“ од Охрид под покровителство на Општина Охрид. Натпреварувачите учествуваа во две дисциплини, гаѓање со кусо и долго огнено оружје на 25 и 80 м. Во дисциплината пиштол мажи на 25м, првото место му припадна на Мартин Гелевски од СК „Стрелец“, вицешампионската ...
Времето денес сончево со умерена облачност. Ќе има изолирана појава на нестабилност, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Максималната температура до 28 степени. И утре процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, ...
Екипата на Охрид го совлада Тиквеш 29:22 (17:12) во последното коло од плејофот во Супер лигата, што се одигра попладнево во салата „Билјанини извори“. Технички домаќин беше Тиквеш, но тоа многу не им помогна на кавадарчани кои и покрај желбата немаа сили за нешто повеќе од пристоен пораз против комбинираниот тим на Охрид. Тренерот Ројевиќ, разбирливо, ги одмараше играчите од првата постава, а шанса добија неколкумина играчи од младинскиот ...
Екипата на Охрид го совлада Тиквеш 29:22 (17:12) во последното коло од плејофот во Супер лигата, што се одигра попладнево во салата „Билјанини извори“. Технички домаќин беше Тиквеш, но тоа многу не им помогна на кавадарчани кои и покрај желбата немаа сили за нешто повеќе од пристоен пораз против комбинираниот тим на Охрид. Тренерот Ројевиќ, разбирливо, ги одмараше играчите од првата постава, а шанса добија неколкумина играчи од младинскиот ...
Македонската традиционална таеквон-до федерација оствари забележителен успех на меѓународниот турнир „Barletta Challenge 2026“ што се одржа во Барлета, Италија, освојувајќи вкупно осум медали во конкуренција на повеќе од 300 натпреварувачи од девет европски држави. Македонските претставници настапија со пет натпреварувачи во дисциплините спаринг и форми и освоија пет златни, две сребрени и еден бронзен медал. На турнирот учествуваа ...
Уште една успешна сезона е зад младинските категории на ГФК Охрид Лихнидос, кои и во натпреварувачката 2025/26 година успеаја да го задржат клубот во најсилната младинска фудбалска конкуренција во Македонија. Со вкупно освоени 150 бода, оГФК Охрид Лихнидос го освои 9-тото место на заедничката табела и обезбеди настап во младинската Супер лига и во сезоната 2026/27, трета година по ред, што претставува значаен успех за младинскиот погон на ...
Не беа сами. Ниту на теренот, ниту во финалната битка за европскиот трофеј. ГРК Охрид направи голем чекор кон титулата во ЕХФ Европскиот куп, совладувајќи ја МОЛ Татабања на гости со 28:29. Покрај ракометарите, свој удел во историската победа имаа и околу 250 навивачи кои од Охрид допатуваа во Унгарија. Во Татабања пристигнаа и бројни охриѓани кои живеат и работат низ Европа, а меѓу најгласните поддржувачи беа и семејствата на ...
ГРК Охрид денес во рамки на 10-коло од плејофот во Супер лигата игра со екипата на Тиквеш на домашен терен. Ракометарите ветуваат дека ќе го дадат максимум за да ја завршат сезоната во домашното првенство со уште една победа, Од клубот упатуваат повик до навивачите да бидат поддршка на момците во последниот меч од Супер лигата. Натпреварот со Тиквеш ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 17 часот. OhridNews ГРК Охрид ...
СВР Охрид ги известува сите граѓани на Охрид дека денес поради престојот на премиерот на Република Хрватска во Охрид, ќе се извршат одредени измени на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Охрид односно на бул.„Туристичка“, бул.„Св.Наум Охридски“ и Стар град. Се известуваат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според измените на режимот на сообраќај, посочуваат од СВР Охрид. OhridNews СВР Охрид ги известува ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од с.Подмоље, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.11.2025 во с.Велешта, струшко, полициски службеници го забележале пријавениот како фрлил пакување со кокаин, кое било пронајдено, информираат од ...
На 24.05.2026 полициски службеници од ОВР Струга вршејќи редовна контрола во близина на „Дрвен мост“ кај истекот на река Црн Дрим во Струга лишија од слобода 45-годишно лице од Струга, поради тоа што во негова близина била пронајдена риба-крап и средства за ловење, односно трска со канџа. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“ по чл.229 од КЗ, а за време ...