Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
По три часа од стартот на 39. Охридски пливачки маратон и испливани околу 15 километри маратонците стигнаа до Пештани. Во првата петорка беа двајцата италијанци Алесио Окипинти и Николо Ричарди, Филип Лакас од Канада, македонецот Петар Цеков и аргентинката Мајте Ајлен Пука. Трката се одвива во одличен ред, временските услови се исто така одлични, а температурата на водата е околу 23-24 степени, изјави за OhridNews главната судијка Катерина ...
По повеќе од час и половина од стартот на 39. Охридски пливачки маратон маратонците стигнаа до третата контролна точка кај Трпејца. Во водство беше група од пет пливачи. Маратонците пливаат кон Пештани. Патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри од Свети Наум до Охрид ја пливаат пет натпреварувачки во женска и единаесет во машка конкуренција. Се очекува првите пливачи на целта, на Градското пристаниште, да пристигнат околу 16 ...
По околу 1 час и 15 минути од стартот на 39. Охридски пливачки маратон и испливани 5 километри маратонците стигнаа до втората контролна точка кај Св. Богородица Захумска. Маратонците пливаа во група а водството се менуваше. Во првата петорка беа двајцата италијанци Алесио Окипинти и Николо Ричарди, Филип Лакас од Канада, како и аргентинката Мајте Ајлен Пука. Маратонците продолжија кон Трпејца. Патеката „Климе Савин“ во должина од 25 ...
Шестанесет пливачи од осум држави, пет во женска и единаесет во машка конкуренција денес ja пливаат патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри од Свети Наум до Охрид во рамки на 39-от Охридски пливачки маратон. Боите на Македонија ги бранат четворица маратонци Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева. На маратонот учествуваат и пливачите Матеа Видовиќ од Србија, Умит Кемал Џенгиз од Турција, Филип Лакас од ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во Охрид времето денес сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура до 35 степени. Од недела и во следните денови температурата ќе биде во ...
Денеска ќе се одржи 39. издание на Охридскиот пливачки маратон, една од најголемите и најпрепознатливи спортски манифестации во земјава. Стартот на маратонот е во 11 часот кај Св. Наум, од каде 16 пливачи од осум држави ќе запливаат по легендарната патека „Климе Савин“, долга 25 километри. Целта е на Кеј Македонија во Охрид. На стартот ќе се појават 11 пливачи и пет пливачки, а Македонија ќе ја претставуваат Александар Илиевски, Петар ...
Викса Пром и Инекс Олгица обезбедија пласман во четвртфиналето на 28. издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино, по убедливите победи во синоќешните осминафинални натпревари. Викса Пром го совлада Киоск Кај Бироно со 9:2, додека Инекс Олгица со 8:2 беше подобар од Охридски бисер Филеви. Резултати – 1/8 финале, 21 август: Викса Пром – Киоск Кај Бироно 9:2 Инекс Олгица – Охридски бисер Филеви 8:2 Осминафиналната фаза ...
ГРК Охрид ќе го брани трофејот на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“. Охриѓани вечерва одиграа 30:30 со Загреб и благодарение на подобрата гол-разлика го освоија првото место во групата и обезбедија пласман во големото финале, каде ќе се сретнат со Вардар 1961. Дуелот со Загреб понуди драматична завршница. Хрватскиот тим во финишот имаше и четири голови предност, но Охрид не се предаде и успеа да се врати во натпреварот. ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги изрече санкциите по црвените картони на натпреварот од првото коло во Втората МФЛ меѓу ГФК Охрид Лихнидос и ЗФК Новаци 2005. Фудбалерот на Охрид Лихнидос, Албнор Каба, е казнет со забрана за настап на четири натпревари поради директниот црвен картон добиен на средбата. Иста казна од четири натпревари доби и фудбалерот на Новаци, Стефан Спироски, кој исто така беше исклучен со директен црвен ...
Со натпреварите од последното коло во групната фаза денеска продолжува петтото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Во фокусот е вечерната пресметка меѓу ГРК Охрид и Загреб, која директно ќе одлучува за првото место во групата А и пласманот во финалето. Двете екипи во пресрет на меѓусебниот дуел имаат максимални четири бода од два натпревари. Охрид досега ги совлада Египет У20 со 31:27 и Војводина со ...
Заврши асфалтирањето на патот кој води до црквата „Свети Наум“ во село Орман, информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. По долгогодишното очекување, жителите на Орман, како и сите верници и посетители на црквата, конечно добиваат уреден и пристапен пат, вели Пецков. Средствата за реализација на проектот, посочува, се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште. Воедно, потенцира ...
Утре со почеток во 11 часот во водите на Охридското Езеро ќе се одржи 39-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Шестанесет пливачи ќе ја пливаат добро познатата патека „Климе Савин“ во должина од 25 километри, со старт од Свети Наум и финиш на Кеј Македонија. На овогодинешниот пливачки маратон учествуваат 16 пливачи од 8 држави, и тоа од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина. Од нив 11 пливачи се ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степени. И утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови ...
Познати се првите три четвртфиналисти на „Богородица куп 2026“ во Волино. Сатеска, Асп Пак и Аце Најдески славеа во синоќешните осминафинални натпревари и го продолжуваат настапот на турнирот. Сатеска го совлада Др. Баткоски со 4:2, додека најнеизвесна беше пресметката меѓу Асп Пак и Златара Бени Ерол, која заврши со минимална победа на Асп Пак од 5:4. Во последниот натпревар од вечерта Аце Најдески беше убедлив против Мики Про Керамика и ...
Меѓународен настан „Штафетно нуркање за мир“ (пливање под вода-нуркање на здив) во должина од 25 м., ќе се одржи на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид на 24 август, понеделник, со почеток во 13 часот во организација на Црвен крст Охрид, а во рамки на овогодинешното издание на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival 2026. Ги покануваме сите оние кои се психофизички здрави и се чувствуваат способни за учество на овој, единствен ...
Пожарот што вчера утрината избувна на депонијата „Буково“ е локализиран, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. Во гаснењето на пожарот, велат, биле ангажирани екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и цистерната на Јавното претпријатие. Екипите беа постојано на терен и активно работеа на гаснење на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење. Дополнително, на депонијата е направен ...
Со три осминафинални натпревари вечерва во Волино започнува елиминационата фаза на 28. издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“. Програмата во 20:30 часот ја отвораат Сатеска и Др. Баткоски. Еден час подоцна ќе се сретнат Асп Пак и Златара Бени Ерол, додека последниот натпревар вечерва ќе го одиграат Аце Најдески и Мики Про Керамика. 1/8 финале – 20 август: 20:30 Сатеска – Др. Баткоски 21:30 Асп Пак – Златара Бени Ерол 22:30 ...
Во сабота, 22 август, ќе се одржи 39. издание на Охридскиот пливачки маратон, една од најстарите и најзначајни спортски манифестации во земјава. На стартот кај Св. Наум, кој е закажан за 11 часот, ќе се појават вкупно 16 пливачи – 11 во машка и пет во женска конкуренција. Тие ќе ја пливаат традиционалната патека „Климе Савин“, долга 25 километри, со цел на Градското пристаниште во Охрид. Во машка конкуренција ќе настапат тројца македонски ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Во Охрид времето денес сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени. Следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе има услови за ...
Од денеска до 23 август, на спортскиот комплекс „Билјанини Извори“ во Охрид, ќе се одржи 15. издание на Фер Плеј Куп, традиционалниот меѓународен турнир во детски фудбал. На турнирот ќе учествуваат околу 100 екипи од седум држави, со повеќе од 1.500 млади фудбалери, кои во текот на четирите дена ќе се натпреваруваат во повеќе возрасни категории. Фер Плеј Куп низ годините прерасна во препознатлив регионален спортски настан, чиј акцент, ...
ГРК Охрид ја забележа втората победа на петтото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, совладувајќи ја Војводина со убедливи 29:19. Натпреварот од второто коло во групата А имаше двојно значење за охриѓани, бидејќи воедно беше и нивни прв домашен натпревар во новата Регионална ракометна лига. Охрид одигра квалитетен натпревар против српскиот тим и со сигурна игра стигна до победа од десет голови разлика. За ...
ГРК Охрид денеска го очекува нов силен предизвик на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“. Во рамки на второто коло, охриѓани од 18:45 часот во СРЦ „Билјанини извори“ ќе се сретнат со Војводина. Натпреварот има двојно значење, бидејќи воедно се бодува и во Регионалната ракометна лига, а за ГРК Охрид ова ќе биде прв натпревар на домашен терен во новоформираното регионално натпреварување. Охрид успешно го започна настапот на ...
Во утринските часови избувна пожар на депонијата „Буково“, на дел од депонијата кој подолг временски период не се користи, односно на кој во подолг период не е депониран отпад. Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“ нивните екипи се на терен заедно со екипите на Противпожарната единица – Охрид и активно работат на локализирање на пожарот. Се врши пресек и создавање заштитна линија со цел да се спречи неговото понатамошно ширење. Во ...
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во официјална посета на земјава престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Денес министрите ќе остварат билатерална средба, по што ќе следува пленарна средба меѓу делегациите на двете министерства. OhridNews На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Охрид времето денес сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура до 33 степени. Од утре следува период на претежно стабилно и многу топло ...
Заврши групната фаза на турнирот „Богородица куп 2026“. Денескав е слободен ден, а фудбалските возбудувања во Волино продолжуваат утре, кога започнува елиминационата фаза. Во осминафиналето на 28. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал се пласираа 16 екипи, а во следните три вечери ќе бидат одиграни осум натпревари по кои ќе бидат познати четвртфиналистите. Елиминациите утре ги отвораат Сатеска и Др. Баткоски, по што следува ...
ГРК Охрид со победа стартуваше на петтото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, што денеска започна во СРЦ „Билјанини извори“. Охриѓани ја совладаа репрезентацијата на Египет до 20 години со 31:27, откако на полувремето имаа предност од 15:12. За најкорисен играч (МВП) на натпреварот беше прогласен Адама Кеита, кој беше и најефикасен во редовите на Охрид со 7 погодоци. Лиапис постигна шест гола, додека Савревски, ...
РК Вардар 1961 со убедлива победа го отвори петтото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, кој денеска започна во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Вардар во првиот натпревар на турнирот го совлада грчки Олимпијакос со 39:27, најавувајќи интересни и квалитетни ракометни пресметки во продолжението на најсилното издание на турнирот досега. На програмата денеска се уште два натпревари. Од 18:45 часот, домаќинот ГРК ...
На 17.08.2026 во 20:00 часот во СВР Охрид, 43-годишна жена од Скопје, со престој во Охрид, пријави дека на 16.08.2026 околу 22:30 часот во нејзиниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг, со кого не живееле заедно, информираат од СВР Охрид. Посочуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 17.08.2026 во 19:05 часот во струшко, полициски службеници лишија од слобода 22-годишно лице од струшко, со престој во ...
Фудбалската федерација на Македонија и аптеките „Виа Фарм“ потпишаа договор за соработка и спонзорство, со кој ќе биде обезбедена дополнителна поддршка во медицинската грижа за македонските фудбалски репрезентации. Согласно партнерството, „Виа Фарм“ ќе ги снабдува националните селекции со потребни медицински средства и суплементи, со цел обезбедување соодветни услови за медицинска грижа, опоравување и подготовка на фудбалерите. Поддршката ...