Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот куп ќе се одигра во Татабања на 23/24 мај, а реваншот во Охрид на 30/31 мај. Вака одлучи ждрепката што се одржа денеска во седиштето на ЕХФ во Виена. Охрид на патот до своето прво европско финале стигна по драматичната победа над Целје, а ништо помалку неизвесно не беше во второто полуфинале во кое Татабања, исто така тесно, го совлада Извиѓач од БиХ. Г.М. Фото: ЕХФ Првиот финален натпревар од ...
Одржано 8-то во низа квалитетни изданија на меѓународниот карате турнир „Охрид опен” во организација на охридските карате клубови „Кун-су-то” и „Чоле”. На турнирот во СРЦ Атина Бојаџи-Билјанини Извори учество зедоа над 40 клубови од земјата и регионот. Организаторите упатуваат благодарност до сите карате клубови и нивни натпреварувачи кои го збогатија овој турнир. Воедно, најавуваат ново издание на „Охрид опен” во 2027 година. OhridNews ...
Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облaчност. Максималната температура ќе достигне до 21 степен. Од среда попладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во петок. Од четврток локално ќе има и услови за појава на ретки грмежи. До петок ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а од сабота ветерот ќе го смени ...
Од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за 2,5 денари, а цената на дизелот се зголемува за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Согласно одлуката ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по цена од 85 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 87, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 93,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 98,50 денари за литар. ...
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,58 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Тоа е седум сантиметри под просекот за мај утврден на 693,65 метри надморска височина или 48 сантиметри над дозволениот минимум (693,10). Неделната анализа покажува мало зголемување на нивото од измерените 693,55 м.н.в. првиот ден до денешните 693,58 м.н.в. OhridNews Нивото ...
Општина Струга и оваа година традиционално е дел од националната еколошка акција „Генералка викенд“, која ќе се одржи на 8 мај (петок). Оваа акција, велат од Општина Струга, е можност уште еднаш да се покаже дека грижата за природата започнува од секој од нас. Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, институции и компании да се вклучат и заедно да придонесеме за почиста и поздрава животна средина, посочуваат. Збирно место е пред зградата на ...
Ракометарите на Охрид во рамки на 7-то коло од Плеј-офот утре гостуваа кај екипата на РК Алкалоид. Повторно не очекува еден тежок натпревар против екипата на Алкалоид. Имаме напорен ритам на натпревари, така што прво мораме да се регенерираме, па во вторник да покажеме срце на терен. Натпреварот ќе биде интересен, затоа ги повикувам нашите навивачи да ни се придружат и да ни пружат поддршка која сигурно ќе ни биде потребна, изјави ...
Од денес во основните училишта почнува уписот на ученици во прво одделение за учебната 2026/2027 година. Уписите ќе траат до 29 мај. Родителот односно старателот е должен во основно училиште да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години. По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни 6 години до 31 јануари 2027, по претходно барање од родител/старател и мислење од педагог/психолог. ...
Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени. Следува период на релативно топло време. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, а кон крајот на седмицата се ...
Пласманот на ГРК Охрид во финалето на ЕХФ Европскиот куп денеска е топ тема во ракометната јавност како кај нас така и во Европа. Тие го направија тоа! ГРК Охрид ја зграпчи победата и со тесен триумф над Целје се пкасира во ЕХФ Европскиот куп, објави ЕХФ. Честитки за успехот на ГРК Охрид стигнаа и од двократниот Европски шампион Вардар. Актуелниот ракометен шампион на Македонија Еурофарм Пелистер исто така го честита успехот на ГРК Охрид. ...
Пласманот на ГРК Охрид во финалето на ЕХФ Европскиот куп денеска е топ тема во ракометната јавност како кај нас така и во Европа. Тие го направија тоа! ГРК Охрид ја зграпчи победата и со тесен триумф над Целје се пкасира во ЕХФ Европскиот куп, објави ЕХФ. Честитки за успехот на ГРК Охрид стигнаа и од двократниот Европски шампион Вардар. Со јавна објава успехот на Охрид го честиташе и МРК Куманово. До клубот пристигнуваат честитки од ...
Втори мај со големи букви ќе биде запишан во спортската историја на Охрид. Три илјади гледачи во преполната сала „Билјанини извори“ синоќа беа сведоци на еден од најголемите успеси на охридскиот спорт – пласманот на ГРК Охрид во финалето од ЕХФ Европскиот куп остварен по епска 60-минутна битка со извонредниот тим на РК Целје која заврши со триумф на „Гладијаторите“ по изведувањето пенали 29:27, за делириум на трибините. Кристијан Пилипивиќ ...
Ракометарите на Охрид го совладаа Целје во реваншот 29:27 по изведувањето пенали и се пласираа во финалето на ЕХФ Европскио, куп, што е историски успех на охридскиот спорт. Реванш натпреварот од полуфиналето во исполнетата сала „Билјанини извори“ донесе атомски ракомет и вистинска драма. По голема борба мечот во регуларниот дел заврши 25:24 за Охрид по што одлуката падна по изведувањето пенали, бидејќи во првиот меч Целје славеше 27:26. ...
Охридскиот DJ музички селектор и домаќин на натпреварите на ГРК Охрид Ванчо Јованоски – Vanco Play заедно со својот пријател Nikola J – Никола Јосифоски денес, на реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот куп помеѓу Охрид и Целје, ќе ја промовираат навивачка песна “Охридска Тврдина”. Песната е аедничка инспирација и реализација на двајцата, и ќе биде подарок од Ванчо и Никола за одличните успеси на охридските ракометари. Охридскиот DJ музички ...
Фудбалерите на Охрид во 27 коло од Втората лига денеска му гостуваат на Скопје. Натпреварот е од исклучително значење, бидејќи двете екипи се бодовно израмнети и имаат амбиции за влез во Првата лига. На табелата води Брегалница со 61 бод, следат Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново со по 59. Натпреварот Скопје – Охрид се игра од 16 часот на стадионот во Автокоманда. Г.М. Фудбалерите на Охрид во 27 коло од Втората лига денеска му гостуваат ...
ГРК Охрид вечерва (19:00 часот) во салата „Билјанини извори“ го игра реванш полуфиналниот натпревар од ЕХФ Европски куп против словенечкиот Целје. Охриѓани во решавачкиот дуел влегуваат со минимална негатива, откако во првиот натпревар во Словенија загубија со 27:26, резултат што најавува голема борба за финалето. Реваншот доаѓа по меч во кој Охрид покажа карактер, откако се врати во игра и го намали заостатокот на само еден гол, иако во ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h). Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 16 степени. Во недела ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за повремени слаби врнежи од дожд во југозападните делови. Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со пораст на ...
Екипата на Мол Татабања од Унгарија во која настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески, во реваншот вечерва славеше над Извиѓач од БиХ 37:34 и се пласира во финалето каде ќе се сретне со подобриот од второто полуфинале Охрид – Целје. Реванш натпреварот кој ќе го даде вториот финалист се игра утре вечер од 19 часот во салата “Билјанини извори”. Словенечкиот претставник има предност од еден гол по победата остварена во Целје 27:26, а ...
На 01.05.2026 во 02:30 часот, жител од охридско село, во СВР Охрид пријави дека на 30.04.2026 година, од семејниот дом се оддалечила неговата 16- годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. На 30.04.2026 во 00:22 часот во СВР Охрид е пријавено дека охриѓанец во семејниот дом бил агресивен кон членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе ...
По повеќегодишни подготовки конечно започнува изградбата на катната гаража на паркингот од градското пазариште, со што градот ќе добие капитален инфраструктурен објект кој значително ќе ги подобри капацитетите за паркирање и ќе придонесе за растоварување на сообраќајот во центарот на градот. Ова денеска на прес конференција го најавија градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски ...
Подготвени сме да дадеме се од себе на реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп со Целје и веруваме дека заедно со публиката чија енергија ни е многу потребна, можеме да ја анулираме предноста на противникот и да оствариме историски влез во финале, порачаа на прес конференција тренерот Борис Ројевиќ и играчот на ГРК Охрид Анте Иванковиќ. Здравствениот билтен на екипата, со исклучот на еден играч е добар, а ракометарите најавуваат дека ќе ...
Ноќта во НБА донесе драматични пресметки во плејофот, а најголемото изненадување е елиминацијата на Денвер Нагетс. Второпласираниот тим во Западната конференција предводен од Никола Јокиќ не успеа да ја продолжи сезоната, откако беше поразен од Минесота 110:98 во шестиот натпревар од серијата која Тимбервулфс ја добија со 4:2 иако играа без неколку клучни играчи поради повреди. На истокот Њујорк ја декласира Атланта со 140:89 и со 4:2 ...
За продолжениот празничен викенд ќе имаме променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, што ќе придонесе за значително опаѓање на температурите. Па така, максималната температура во Охридскиот регион денеска ќе достигне 13 степени. Во сабота не очекува променливо облачно време и посвежо со повремени локални ...
Санацијата на големиот дефект на улицата “Асном” е завршена и за кратко време се очекува нормализација во водоснабдувањето, информира вечерва ЈП Водовод. Проблемот со водоснабдувањето во Пештани се уште не е решен и се работи на негова санација. Екипи на ЈП Водовод Охрид се уште се во Пештани и ќе се работи и во текот на ноќта до завршување со санацијата, соопшти јавното претпријатие. Настанат е уште еден голем дефект, пукната е цевка со ...
Во периодот од 27 март до 26 април 2026 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе засилени теренски контроли за фискализација на територијата на државата при што биле извршени вкупно 257 контроли. Од низ 59 биле на трговски, 118 на угостителски, 78 во услужни и 2 во објекти од дејноста игри на среќа. Од вкупниот број контроли, кај 118 објекти не биле утврдени неправилности, а биле изречени 139 санкции. Во пет случаи биле преземени ...
Од страна на градежна компанија при вршење ископ за изградба на станбен објект на улицата „АСНОМ“, оштетена е цевка со голем профил ф 350 мм и денес од 14:00 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Никола Карев“, „Мирче Ацев“, „Галичица“, дел од „АСНОМ“, дел од бул.„Туристичка“, „Карпош Војвода“ и дел од „Лазо Трпоски“, информираат од ЈП Водовод Охрид. Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно ...
Во организација на Интернационална полициска асоцијација (ИПА) Охрид, од 12 до 14 јуни годинава во Охрид ќе се одржува јубилејниот 10. Меѓународен ИПА Вело-викенд „На точак, Охрид и Струга да видам“, со централна рекреативна велосипедска тура Охрид–Струга–Радожда закажана за 13 јуни. Стартот ќе биде од градското пристаниште во Охрид во 08 часот од каде, ќе се вози по охридскиот кеј и низ неколку улици низ Охрид, потоа по стариот пат кон ...
Волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид, која е насочена кон унапредување и зголемување на грижата за повозрасните лица, ја посетија просторијата на Центарот за дневен престој со активно стареење во Охрид, кој е во завршна фаза пред отпочнување со работа. Од Црвен крст Охрид посочуваат дека како едни од иницијаторите за отворање на ваков центар на територијата на Општина Охрид, со големо ...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од населбата Рача (на потегот од Боевци до Хотел Парк), информираат од ЈП Водовод Охрид. Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата. OhridNews Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од населбата Рача (на ...
Претстојниот продожен викенд, по повод празникот „1 Мај“, очекувано е да се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите. Дел од граѓаните ќе останат во своите домови, но некои граѓани ќе ја искористат оваа празнична можност да отпатуваат кон некој од многуте туристички центри или на прошетка во планина, покрај езеро и сл. РСБСП потсетува дека искуствата од минатите години покажуваат дека за време на ...