Скопје
-8ᴼ /
-8ᴼ
За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на Општина Охрид, согласно Законот за младинско учество и младински политики се наметнува потреба од формирање на Локален младински совет на Општина Охрид. Во оваа насока општината објави Јавен повик за членови во Локалниот младински совет. Бројот на членови на младинскиот совет на Општина Охрид изнесува 7 од кои најмалку 40% припаѓаат на помалку застапениот ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77, а ЕУРОДИЗЕЛ БС ...
Отворен зелен телефон на којшто граѓаните ќе може да ги пријават сите проблеми и недоследности во собирањето на селектираниот отпад. Воедно на истиот телефон може граѓаните да ги насочат сите прашања поврзани со воспоставувањето на системот за примарна селекција на отпад во Охрид, велат од ЈП Охридски Комуналец. Потсетуваат дека засега селекцијата е започната на улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми ...
На 24.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12 – годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот. До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник. Врз малолетничката е извршен ...
Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на водата во Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро е стабилно и во рамките на просечните вредности за месец ноември. Зголемено ниво на водата денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце и кај Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Сатеска кај Ботун покажуваат пораст на нивото на водата, ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура до 9 степени. Од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките ...
Од 18 до 24 ноември глобално се одбележува Светската недела за свеста за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week), а на 18 ноември и Европскиот ден за свеста за антибиотиците (European Antibiotic Awareness Day). Целта на овие кампањи, поддржани од Светската здравствена организација (СЗО) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), е да се подигне глобалната свест за заканата што ја претставува антимикробната ...
Светлата во Лас Вегас трепераа, а атмосферата кулминираше – но, зад гламурот и ноќниот спектакл се криеше голема драма која драматично може да влијае на конечниот епилог во трката за светски шампион во Формула 1. Норис почна од пол-позиција и се чинеше дека го контролира темпото од самиот старт. Но, трката не се одвиваше како што посакуваа во тимот на Мекларен. Неговиот болид почна да има проблеми, но водечкиот во генералниот пласман успеа ...
Во полицискиот билтен изминатото деноноќие евидентирани се два случаи на насилство. На 23.11.2025 година во 04:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека 34-годишна жена физички, а потоа и со секира, го нападнала нејзиниот 40- годишен невенчан сопруг. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Случај на насилство во дом бил регистриран и во Струга, а ...
Денес ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, во југоисточните делови со услови за појава на грмежи. Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во Охридскиот регион облачно и постудено со максимална температура до 10 степени. Во понеделник не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните ...
Ракометарите на Охрид се пласираа во 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп откако во два меча беа подобри од претставникот на БиХ Слога Добој. По победата со 18 голови разлика дома, Охрид вечерва славеше убедлив триумф и во Градишка совладувајќи ја екипата на Слога Добој 18:42. Со високата победа на гости Охрид ја оправда фаворитската улога во двомечот со Слога Добој и стекна дополнителна самодоверба за претстојниот тек од сезоната. Следниот ...
Ракометарите на Охрид имаат убедлива предност 8:19 по првите триесет минути од реваншот со Слога Добој што се игра во Градишка во рамки на 3-то коло од ЕХФ Европскиот Куп. Охриѓани слично како и на првиот меч доминираат во играта во двата правци и ја потврдуваат фаворитската улога. За потсетување Охрид го доби првиот натпревар во „Билјанини извори“ со 18 голови разлика со што направи огромен исчекор кон пласман во осминафиналето од ова ...
Во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, денес се одржа традиционалната манифестација „Миладиновско слово“, организирана од Фондацијата „Браќа Миладиновци“. Настанот годинава беше посветен на јубилејните 215 години од раѓањето на Димитрија Миладинов и 195 години од раѓањето на Константин Миладинов. Свечената програма започна со поетско-музички рецитал за делото на Димитар Миладинов, кој беше изведен од Христијан Миладинов. По ...
Во Охридско-Преспанскиот регион сеуште се високи водостоите на реките со тенденција на намалување и постепено повлекување на водата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според последните податоци од УХМР водостојот на Сатеска кај Ботун е 81 cm денес за разлика од вчерашните мерења кога бил 106 cm. Водостојот на Охридско Езеро е 693.35 м.н.в што е 6 сантиметри над просекот за ноември. Од Регионалниот центар за управување со ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната темепература до 14 степени. Денес и утре ќе се задржи променливо облачно ...
Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони. Во Охридскиот регион забележано е значително покачување на водостоите на реките, излевања на повеќе места и ризик за поплавување на поединечни станбени објекти. Активирани се екипи за интервенција во Косел, Опеница и кај Скребатска река, информираат од ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394 од Кривичниот законик. Тој, на 29.10.2025 година, на социјалните мрежи поставил текст со расистички и ксенофобичен материјал, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. На 20.11.2025 во 16:50 часот, во ОВР Струга е ...
Екипите на јавни претпријатија на Општина Охрид постојано се на терен и активно интервеираат за справување со последиците од обилните врнежи од дожд, кои го зафатија охридскиот регион во изминатите неколку дена, информираат од Општина Охрид. Се работи на неколку локации низ градот каде што имаше поплавување на улици и јавни површини, предизвикани од излевање на водотеци и атмосферска канализација. Во делови од градот, водата достигна ...
Обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на реката Черава која извира во Република Албанија и се влева во Охридското Езеро на македонска страна. Поплавени се куќи и дворови во близина на езерото во селото Љубаништа. Вакво нешто не се памти од поплавите во 1962 година, велат мештаните. Дождот предизвика проблеми и во повеќе населби во Охрид. Пријави за поплавени дворови и куќи има на улица „Железничка“, „Прилепска“ и други. Според ...
Вчера започна поставувањето на бетонските греди на натпатникот кај Подмоље. Планот e, како што информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, до крајот на следниот месец комлетно натпатникот биде ставен во функција. Интезивно работиме на реализација на проектите кои ќе обезбедат брз и сигурен пристап од и до населените места кои гравитираат долж автопатот Кичево – Охрид, посочи Трајановски. За многу скоро, ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура до 14 степени. Во деновите од викендот ќе ...
Согласно Календарот за 2025 година за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми Март” дека утре ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот ...
Македонската репрезентација во полуфиналето на мундијалскиот бараж за противник ја доби селекцијата на Данска. Нашата репрезентација доколку ја победи Данска, во последната пречка ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Чешка и Република Ирска. И двата меча Македонија ќе ги игра на гостински терен. Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, кој го следеше извлекувањето во Цирих, вели дека во оваа фаза нема лесни ...
Во рамки на програмата на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“, утре ќе биде прикажана детската претстава „Црвенкапа“ работена според оргиналната приказна на Браќата Грим кој претставува култно дело во светската детска литертура. Целосната приказна „Црвенкапа“ е целосно адаптирана во театарска претстава и ги задржува оргиналните делови и секако оргиналните ликови: Црвенкапа, бабата, волкот и ловџијата. Низ многу убави ...
Во изминатото деноноќие, поради обилните врнежи, екипите на Регионалните центри за управување со кризи интервенираа на повеќе критични локации низ државата. Во Охрид и Кичево водостоите се зголемени, но нема излевања. Во Охрид се интервенира по пријавено поплавување на подруми во населбата Железничка, предизвикано од диво ископани канали, информираат од Центарот за управување со кризи. И наши сограѓани реагира до нашата редакција за ...
Денес во Култ културен центар ќе биде отворена изложба на младата српска уметница Теодора Нешковиќ. Изложбата е плод на соработката на Култ културен центар од Охрид и независниот кустоски проект Круг од Белград. Теодора Нешковиќ е една од најталентираните и најперспективните сликари во Србија. Веќе има позади себе повеќе групни и самостојни изложби, а после Охрид ќе изложува во Брно, Чешка. Отворањето на изложбата ќе биде збогатено и со ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени. Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Утре и во деновите ...
Ракометарите на Охрид го продолжија победничкиот низ во Супер лигата. Вечерва во салата „Билјанини извори“ Охрид како условен гостин ја совлада Струга во езерската пресметка 23:29 (8:18) и го задржа чекорот со водечките на табелата. Охрид кој на мечот настапи без повеќемина стандардни првотимци, имаше водство од почеток до крај на мечот. Струга и покрај желбата не можеше да парира на домаќинот. Најефикасни во редовите на Охрид беа Ристески ...
И покрај реализираните акции (редовни и вонредни) за подигнување зелен отпад од уредување на градини и земјоделски површини, како и кабаст отпад, повторно создадени диви депонии на повеќе локации со енормни количини отпад. Како што информираат од ЈП Охридски Комуналец само во текот на вчерашниот ден биле подигнати 105 м3 зелен отпад. Оперативните служби, со ангажман на расположливата специјална механизација, вчера и денес, реализираа акција ...
Неповолните временски услови проследени со силен јужен ветер кои го зафатија Охридскиот регион, предизвикаа сериозни проблеми. На повеќе локации се скршени дрвја и гранки од дрвја. Екипите на „Паркови и зеленило” веднаш излегоа на терен за санирање на ситуацијата. Се интервенира на „Мостот на желбите”, на ул. „Гоце Делчев”, ул. „15-ти Корпус” и други локации, за да се обезбеди непречено одвивање на сообраќајот и движење на пешаците, ...