На 02.04.2026 во 21:15 часот во СВР Охрид, 38-годишен маж од Охрид пријави дека околу 19:00 часот во семејниот дом, неговата сопруга кон него и неговата сестра, упатила закани по нивниот живот. При тоа се заканила и дека поседува материјал, кој можела да го искористи против него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. На 02.04.2026 во 17:15 часот во СВР Охрид, 54-годишна жена од Охрид пријави дека на ...

ГРК Охрид загуби од РК Вардар 1961 во натпреварот од 3 коло од плеј-офот во Супер лигата кој се одигра синоќа во салата „Јане Сандански“ со 31:21. Охрид на натпреварот настапи со подмладен состав без речиси комплетниот прв тим со што очигледно фокусот сезонава е ставен на ЕХФ Европскиот Куп и реваншот од четвртиналето со Олимпијакос што се игра утре вечер во салата “Билјанини извори”. Најефикасен во редовите на Охрид беше Кукуловски со 6 ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени. Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени ...

Не чека уште еден добар и тежок натпревар. Олимпијакос е добра екипа. Останува ние добро да се подготвиме. Знаеме дека овие 5 гола разлика ништо не значат во ракометот може се брзо да се смени. Мораме да го дадеме својот максимум и се надеваме дека пак ќе победиме, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан, пред саботниот реванш натпревар со Олимпијакос во Охрид. OhridNews Не чека уште еден добар и тежок натпревар. Олимпијакос е ...

На 01.04.2026 во 19:55 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 54-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во последно време физички и психички ја малтретирал неговата 48-годишна сопруга. Последен пат тоа се случило истиот ден околу 19:00 часот во семејниот дом. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На ...

ГРК Охрид во сабота во салата „Билјанини извори“ го игра реванш натпреварот од 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот Куп против грчки Олимпијакос. „Гладијаторите“ имаат предност од 5 гола разлика од првиот меч одигран на гостински терен, но и стручниот штаб и играчите предупредуваат дека ништо не е готово и дека конечниот победник ќе биде одлучен по натпреварот во Охрид. Оттаму, потребна е максимална поддршка од трибините, велат од клубот кој ...

Велат дека зад секој успешен бизнис стои добра стратегија, но зад секоја успешна претприемачка стои непогрешлива интуиција. Во новото издание на “Напладне” ја истражуваме женската страна на претприемништвото – како да се препознаат вистинските можности и кога е вистинското време за ризик?Зборуваме и за храброста, визијата и силата на жената во светот на бизнисот. Дали патот до успехот е потежок кога сте жена и како интуицијата станува ...

Унгарскиот репрезентативец е едно од најголемите имиња кои го ставиле потписот за ГРК Охрид! Доминик денес го слави 27-от роденден. Игра на позицијата десен бек (202 cm, 108 kg) и ќе го носи дресот со бр.23 следната сезона. Доаѓа од екипата на Елверум која е прва во норвешкото првенство и бележи успеси во европската лига. Пред тоа настапуваше и за големите ПСЖ и Киелце, како и унгарскиот Балатон. Има одлични настапи и еден од носителите на ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со Министерството за внатрешни работи, започнува национална превентивна кампања насочена кон унапредување на безбедноста на пешаците во сообраќајот. Пешаците претставуваат една од најранливите категории учесници во сообраќајот, а статистичките податоци укажуваат на потребата од континуирана едукација, подигнување на јавната свест и зајакнување на одговорното ...

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец. Во Охрид времето денес облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 8 степени. Под влијание на циклонска активност утре и во четврток ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни ...

Четирикратниот светски првак Италија доживеа нова фудбалска катастрофа и ќе го пропушти третиот Мундијал по ред. Во бараж натпреварот што се одигра вечерва во Зеница, БиХ и Италија одиграа нерешено 1:1. Немаше голови во продолженијата, а во пенал серијата Еспозито и Кристанте шутираа непрецизно, додека домаќините реализираа четири пенали со што ја заверија визата за Светското првенство, прво за нив по тоа во 2016 во Бразил, второ севкупно. ...

Во сабота, 4 април, ракометарите на Охрид ќе го одиграат реванш натпреварот од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп со СФП Олимпијакос. „Гладијаторите“ со поддршка од навивачите ќе бркаат историско полуфинале во ова европско натпреварување. Многу сме среќни за победата, но ништо не е завршено. Ќе тренираме и ќе се подготвуваме за следниот натпревар против Олимпијакос. Верувам во мојот тим дека ќе бидеме уште подобри во вториот натпревар и со ...

Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) викендов учествуваше на Меѓународниот натпревар “ТИРАНА ОПЕН 2026” во соседна Албанија. Под водство на Марјанчо Лазаревски, Саша Поповски и Божидар Димитриевиќ боите на Македонија ги бранаеа 29 натпреварувачи од пет клубови на МТТФ. На овој натпревар учествуваа околу 200 натпреварувачи од 7 земји до Европа, Албанија, Македонија, Србија, Косово, Шведска, Австрија и Украина. Најбројни беа ...

Активно се работи на реконструкцијата на просторот околу плоштадот „Чинар”. Проектот за реконструкција, како што информираат од Општина Охрид предвидува ново партерно уредување со гранитни плочки. Ќе биде поставено модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно уредување, посочуваат. Вредноста на проектот е 45.000.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. ...

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,67 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Тоа е за 18 сантиметри над просекот за март утврден на 693,49 метри надморска височина или 57 сантиметри над дозволениот минимум (693,10). Просекот на температурата на водата за месец март изнесува 7,6 степени. OhridNews Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа ...

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија изрече повеќе казни и суспензии за натпреварот од 2 коло од плејофот во Супер лигата помеѓу Охрид и Алкалоид кој заврши со нерешен резултат. По разгледување на случајот, изречена е казна од 40 000 денари на претседателот на Алкалоид Горан Минов, за тешки навреди и закани кон кон судиите и недолично однесување. На судиите Даниело Божиновски и Виктор Начевски, изречена им е ...

Хрватскиот репрезентативен голман Дино Славиќ (33 години, 185 цм) ќе го носи дресот со бр.12 миниум 2 сезони. Дино доаѓа од екипата на Лимуж по 3 сезони минати таму, а претходно го носеше дресот на Загреб и Адемар Леон. Има одлични и забележителни настапи за хрватската репрезентација. Сметам дека Охрид е еден добар проект, разговарав многу со играчите и управата. Имав неколку понуди, но се одлучив за Охрид, резултатите се се`подобри од ...

На 30.03.2026 во 13:30 часот во СВР Охрид две лица од Охрид на возраст од 72 и 79 години пријавиле дека на 29.03.2026 околу 10:00 часот, поради претходни недоразбирања, додека седеле во дворот од куќата во с.Велмеј, општина Дебрца, нивен сосед им упатувал закани. Според пријавеното, истото се случило и пред околу една недела. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Охрид. OhridNews На 30.03.2026 во 13:30 часот во СВР ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 11 степени. Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во ...

Од ноќеска на полноќ цените на бензините се намалуваат за 2,5 и 3 денари, додека цената на дизелот останува иста. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 84 ден./литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3 денари и ќе изнесува 85,5 ден./литар. Цената на дизелот останува и натаму 95,5 ден./литар. Цената на Екстра лесното масло за ...

На 29.03.2026 во 18:40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 66-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал, физички ја нападнал мајка си и оштетил дел од покуќнината. Според пријавеното, тој и претходно во повеќе наврати физички и психички ја малтретирал мајка си. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура до 13 степени. Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Под влијание на циклонска активност од вторник ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток (локално над 20 ...

Ракометарите на Охрид забележаа исклучително важна победа во Атина над Олимпијакос 26:31 (10:15) во првиот натпревар од 1/4-финалето од ЕХФ Европскиот Куп. Реваншот е на 4 април во салата „Билјанини извори“ каде „Гладијаторите“ со поддршка од навивачите ќе бркаат историско полуфинале во ова европско натпреварување. Како изгледаше ракометната битка во Пиреја, погледнете од фото галеријата на нашиот фото репортер Анамарија Момироска. Фото ...

Викендов во Штип почна новата боксерска сезона на Македонија каде настапија и охридските боксери од клубот “Алексо Огненовски”. Тие настапија со шестмина свои натпреварувачи и забележаа половичен успех ,3 победи и 3 порази. Победи забележаа: Михаил Аврамоски, Петар Трајчески и Наум Стојаноски додека поразени беа дебитантите Филип Мајкиќ, Давид Најдески и Кристијан Стојаноски. Охриѓани продолжуваат со своите подготовки за следните кола како ...

Македонскиот артист Darrus, го промовираше својот прв официјален дует насловен „Suvenir“, во соработка со Меланија Пентелашоска. Песната „Suvenir“ претставува емотивна музичка приказна, инспирирана од љубовта, спомените и убавините на Македонија. Текстот е заедничко дело на Христијан Латкоски (Darrus) и Меланија Пентелашоска, додека музиката и продукцијата се целосно реализирани од Darrus. Видеоспотот, кој визуелно ја надополнува приказната ...

Денеска во просториите на ООУ Братство Единство Охрид се одржа V Рапид турнир Езерски Бисер 2026, на кој учествуваа 50 шахисти од Македонија и Албанија. Турнирот се играше по Швајцарски систем во 9 кола со темпо на игра 10’05”. Најдобро пласирана шахистка беше Јана Анѓелкоска, најдобро пласиран млад шахист Никола Павлески ШК Алкалоид Скопје, најдобро пласиран шахист во категорија 60+ Томица Брзевски ШК Шах Шех Битола. Прво место, златен ...

Остварена е голема победа во Атина, но ништо не е завршено. Ни претстои реванш во Охрид на кој ќе ни биде потребна поддршка од навивачите за да го комплетираме историскиот успех на ГРК Охрид, изјави за Охридњуз тренерот Борис Ројевиќ по триумфот над Олимпијакос 26:31 во првиот меч од 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот Куп. Ројевиќ: Остваривме голема победа во Атина, но ништо не е готово Г.М. Фото/видео: А. Момироска Остварена е голема победа ...

Ракометарите на Охрид го совладаа Олимпијакос во Атина 26:31 во првиот натпревар од четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп и направија огромен исчекор кон најголемиот успех во клупската историја. Играчите на Борис Ројевиќ одиграа перфектен натпревар во кој имаа контрола во текот на сите 60 минути. Одличната одбрана ја предводеше денеска одличниот Пилиповиќ со 16 интервенции од кои три одбранети пенали. Нападот го предводеа извонредните Лиапис ...

Ракометарите на Охрид водат на полувреме против Олимпијакос во Атина 10:15, во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Евроспкиот куп. Четата на Борис Ројевиќ во првите 30 минути доминираше на теренот во двата правци. Пилиповиќ во првото полувреме оствари 9 интервенции, а Лиапис го предводи нападот со 4 гола, Стрмљан постигна 3, Иванковиќ и Ѓукиќ по 2 гола. Следи второто полувреме во кое веруваме дека Охрид ќе оствари поволен резултат пред ...

Ракометарите на Охрид денеска во Атина го играат првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот куп против екипата на Олимпијакос во Атина. Екипата од вчера е во главниот град на Грција каде одработи еден тренинг пред денешниот меч кој се игра во 16 часот по македонско време. Ќе биде тешко на жешкиот терен во Атина, но ГРК Охрид е подготвен за предизвикот, вели разорниот бек Анте Иванковиќ. Љубителите на ракометот натпреварот ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15