Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека Македонија е целосно подготвена да се справи со последиците од растот на цените на горивата, предизвикан од кризата на Блискиот Исток. Тој на прес-конференција во Владата истакна дека нема проблеми со снабдувањето и дека и државата и компаниите располагаат со доволни резерви. Според него, во моментов нема потреба од ограничување на купувањето гориво за странските државјани, иако постои зголемена ...

Електроенергетскиот систем во Македонија е стабилен, изјави премиерот Христијан Мицкоски по владината седница. Во моментов во функција се блоковите 1 и 3 во РЕК Битола, додека залихите на јаглен изнесуваат околу 80 илјади тони во Битола и 160 илјади тони во Кичево. Акумулациите се исполнети околу 40 проценти, што, според премиерот, би било доволно за производство на електрична енергија во период од околу еден месец дури и во случај на прекин ...

ПО ОБЈАВУВАЊЕТО НА ДЕКЛАСИФИЦИРАНАТА ИНФОРМАЦИЈА ОД АМЕРИКА СЕ ПОЈАВУВА ГОЛЕМА ДИЛЕМА – ДАЛИ МАКЕДОНИЈА Е СЀ ШТО (НЕ) ИМАМЕ? Неодамнешната јавно објавена информација дека ЦИА ја тргнала тајноста на нејзините податоци дека поранешниот прв претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, одбил 100 милиони долари понудени од Грција за да го смени името, траеше според народната – секое чудо за три дена! Дали е ова точно или се работи нешто на ...

Фотографијата Слобода на авторот Влатко Донев е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. -Слободата не секогаш има форма,понекогаш е само чувство што те носи над хоризонтот. Во тишината на височините, човекот и небото стануваат едно, оттурнувајќи ги границите на секојдневието – вели Донев. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. Фотографијата е избрана од ...

Владини мерки против ценовен шок Владата на вчерашната вонредна седница усвои пакет мерки со кои треба да се ублажи евентуален нагол раст на цените на горивата на домашниот пазар. По состанокот, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека приоритет е зачувување на животниот стандард, во услови кога глобалните пазари се под притисок поради случувањата на Блискиот Исток. Клучната мерка предвидува намалување на данокот на додадена вредност од 18 на ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во моментов нема простор за зголемување на платите во правосудниот сектор, но нагласи дека Владата е подготвена да инвестира во ресурси и услови за работа. Одговарајќи на изјавите на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, кој побара поголема финансиска поддршка за поефикасна борба против криминалот, Мицкоски посочи дека може да се разговара за подобрување на алатките и капацитетите, како во ...

Во периодот од 19 до 22 март 2026 година, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа засилени контроли насочени кон санкционирање на прекршувања на законите, со посебен акцент на точење алкохол на малолетници. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, биле извршени контроли во 12 угостителски објекти на подрачјето на Аеродром. Во три од нив биле затекнати малолетни лица на кои им биле послужени ...

Во време кога македонската дијаспора сѐ појасно ја чувствува потребата од организирано економско поврзување и заеднички настап, во Торонто беше одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско-македонската стопанска комора, иницијатива која има амбиција да стане централна точка на македонскиот бизнис живот во Канада. Во состав на Основачкиот одбор се Милосов Лукароски, Теа Пешева, Диана Индовски, Иван Лукароски и Кирил Колемишевски, ...

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија, полициски службеници лишиле од слобода 14 возачи поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерство за внатрешни работи. Од нив, осуммина управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и еден малолетник. Еден возач управувал и покрај изречена забрана, четворица биле под дејство на алкохол, а едно лице возело со брзина над дозволената. Случаите се регистрирани во ...

Новинската агенција „Ројтерс“ пренесе изјава од Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) како одговор на американскиот претседател Доналд Трамп, кој му дава на Иран 48 часа да го отвори Ормутскиот теснец за бродови или ќе се соочи со уништување на својата енергетска инфраструктура. Во ново соопштение, ИРГЦ изјави дека Иран целосно ќе го затвори теснецот ако Трамп продолжи со своите закани за напад врз иранските енергетски ...

Владата внимателно ги следи цените на прехранбените производи во маркетите, при што е забележано зголемување кај маслото за јадење и јајцата, изјави на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски. Тој нагласи дека Државен пазарен инспекторат е постојано на терен и врши контроли, додека Владата ги анализира причините за поскапувањата. Според премиерот, растот на цените се оправдува со глобалните движења на берзите, особено кај суровините – ...

Со изградбата на браната Отиња, која е реализирана околу 70 проценти, источниот дел на Македонија ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. При увид на терен, тој истакна дека проектот се реализира според планираната динамика и дека се обезбедени доволно средства. Од вкупно 488 милиони денари, досега се реализирани 311 милиони денари. Според најавите, изградбата на ...

Ормутскиот теснец останува отворен за сите бродови освен бродови поврзани со „непријателите на Иран“, објавија иранските медиуми во неделата, цитирајќи го претставникот на Иран во поморската агенција на ОН, пренесе „Ројтерс“. Коментарите на Али Мусави доаѓаат од интервју објавено во петокот од кинеската новинска агенција Ксинхуа, пред заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги нападне иранските електрани ако теснецот не ...

Две згради се урнаа во централниот истанбулски кварт Фатих по експлозија на гас, што предизвика итна операција за пребарување и спасување. Властите соопштија дека експлозијата се случила околу пладне, оставајќи девет лица заробени под урнатините. Спасувачките екипи беа испратени на местото на настанот кратко време по инцидентот. Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, изјави дека седум лица се извлечени од урнатините и се на лекување во блиските ...

Повеќе од 1.500 луѓе загинале во Иран од почетокот на воениот конфликт со САД и Израел пред три недели, објави иранската државна телевизија, повикувајќи се на податоци од Министерството за здравство. Според истите информации, над 200 од жртвите се малолетници, додека повеќе од 21.000 лица се повредени. Дополнително, евакуирани се околу 220 медицински установи, а 21 здравствен работник го загубил животот во текот на конфликтот. Овие податоци ...

Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на минатата недела спречи увоз на околу 50 тони небезбедна храна која била наменета за македонскиот пазар. При контроли на граничниот премин Ќафасан, официјалните ветеринари забраниле влез на 27 тони говедско мелено месо со потекло од Парагвај. Според АХВ, месото потекнувало од објект кој не е одобрен од институцијата, што значи дека не ги исполнува основните стандарди за безбедност и ...

Владата на Македонија донесе пакет мерки за ублажување на ценовниот раст на горивата, информираше премиерот Христијан Мицкоски по владината седница. Клучната мерка е намалување на ДДВ за нафтените деривати од 18 на 10 проценти, што ќе важи во наредните две недели и ќе резултира со поевтинување на горивата за 6 до 7 денари по литар. Одлуката стапува во сила од понеделник на полноќ. Дополнително, Владата одлучи да ослободи количини мазут од ...

Шест лица се лишени од слобода за семејно насилство, изминатото деноноќие, а вкупно имало седум пријави, информира денеска Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 23:50 часот го лишиле од слобода Н.Д. (44) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. ...

Владата на Македонија денеска напладне ќе одржи седница на која ќе се разгледаат и усвојат мерки за ублажување на растот на цените на горивата. Од Владата информираат дека поради континуираниот пораст на цените на светските нафтени пазари, се очекува дополнително поскапување на дизелот и бензините и на домашниот пазар. Иако цените во земјава и натаму се пониски во споредба со регионот, најавено е ново зголемување веќе од понеделник. Како дел ...

Владата на Словенија воведе ограничување на полнењето гориво, дозволувајќи максимум 50 литри за физички лица и 200 литри за правни субјекти. Мерката доаѓа по неколкудневни проблеми со снабдувањето на бројни бензински пумпи низ земјата. Недостигот е најизразен на пумпите на Петрол, што го потврди и премиерот Роберт Голоб. Тој ги повика трговците со нафта да разгледаат мерки за ограничување на полнењето од страна на странски државјани, ...

Изведувачот „Бехтел и Енка“ продолжува да работи на изградба на автопатите според утврдената динамика и сите давачки од државата во моментов се платени, истакна во гостување во емисијата „Стадион” на Канал 77, вицепреиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, растот на цената на горивата во овој момент нема да предизвика дополнителни трошоци. – Не постои поголем договор во градежништвото каде што не постои така ...

За година и половина имаме 24 нови дестинации од двата македонски аеродроми, а Скопскиот аеродром е со најголем процент на раст во регионот. Следува зголемување на капацитетите и модернизирање на аеродромите – изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. – До денес имаме 24 нови дестинации од двата аеродроми. Ги има од „Визер“, но ги има и други компании. Пред неколку дена ги објавивме новите ...

Министрите за надворешни работи на Г7 изјавија дека се подготвени да преземат координирани мерки за поддршка на глобалните енергетски резерви, во услови на зголемени геополитички тензии, пренесе „Ројтерс“. Во заедничка изјава, тие ја истакнаа клучната важност на безбедноста на поморските трговски рути, особено на Ормутски теснец, кој е од витално значење за глобалното снабдување со нафта. Министрите изразија поддршка за партнерите во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и Иран разменија сериозни закани за ескалација на конфликтот, со можни напади врз енергетски и нафтени постројки во Персискиот Залив, пренесе „Ројтерс“. Ваквиот развој на настаните повторно ги зголемува ризиците за глобалните енергетски и финансиски пазари и може дополнително да ја продлабочи регионалната нестабилност. Трамп во саботата предупреди дека ќе ги „уништи“ иранските електрани доколку Техеран ...

Тело на жена во фаза на распаѓање е пронајдено денеска во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река. Жената не е идентификувана, а причините за смртта сѐ уште не се утврдени. Телото ќе биде предадено на обдукција, информираат од полицијата и ЈОРСМ. Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на ...

Иранскиот објект за збогатување уран во Натанз беше погоден денеска во напад од воздух, објави официјалната новинска агенција Мизан, наведувајќи дека немало зголемена радијација. Нуклеарниот објект во Натанз се наоѓа околу 220 километри југоисточно од Техеран. Властите во Техеран ги известиле МААЕ за нападот. Главниот објект за збогатување на ураниум во Иран беше исто така погоден во првата недела од нападите, а според сателитските снимки, ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја поздрави „секоја иницијатива што може целосно да ја заврши војната“, нагласувајќи дека конфликтот му бил „наметнат“ на Иран. Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-би-си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер за надворешни работи рече дека „не изгледа ...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека ОН соработува со Одборот за мир во Газа, што го основа американскиот претседател Доналд Трамп, но ја опиша пошироката улога на тоа тело како „личен проект“ на американскиот лидер. Во интервју за „Политико“, Гутереш рече дека ОН ја поддржува целта на Одборот за финансирање и спроведување план за реконструкција на Газа, што вклучува обнова на палестинските домови и инфраструктура. – ...

Во рамки на проектот „Пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, финансиран од Бирото за регионален развој, а како дел од одбележувањето на Денот на пролетта, денеска во Прилеп беше реализирана акција за пошумување на еден од најзначајните природни локалитети на подрачјето на Општина Прилеп. Дел од локалитетот Маркови Кули, кој се наоѓа над новите градски гробишта на патот за Трескавец, беше пошумен со 6.000 садници на даб, ...

КОЛКУ ДАЛЕКУ МОЖЕ ДА ОДИ ДРЖАВАТА ВО АМОРТИЗАЦИЈА НА ЦЕНИТЕ? Растот на цените на нафтата и гасот не останува ограничен само на енергетските пазари. Тој создава верижна реакција што ги зафаќа транспортот, производството и, на крајот, малопродажните цени. Во такви услови, владите, вклучително и македонската, се соочуваат со сложена задача: како да го ублажат ударот врз стандардот на граѓаните без да го загрозат буџетот Енергетската криза ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.41
27%
1010
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
0.89
70%
1015
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
3.1
77%
1016
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.61
42%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
5.67
36%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
78%
1015
weather icon

Атина

31ᴼ / 27ᴼ
2.68
41%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.02
41%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.67
43%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
52%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.58
40%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.83
52%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.46

Злато

139690.59

Платина

57324.78

Сребро

2269.46

Бакар

13.10

Кобалт

45.39

Паладиум

42535.44

Калај

53.60

Иридиум

253540.09